Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: krema on 17.10.2015, Saturday, 01:43:31

Title: Помош за напојување на Dreambox 500-S
Post by: krema on 17.10.2015, Saturday, 01:43:31
Напојувањето е за Dreambox DM500-S - 12v 2A

Кога нема оптеретување дава приближно 12v, но кога ке се оптерети дава околу 3,8v. LED диодата свети нормално, но видно ослабнува кога ке се оптерети односно кога ќе падне напонот на 3,8v.

Нема ништо сомнително на прв поглед (изгорено или зачадено), сите компоненти изгледаат како нови. Мислев прво да ги променам двата кондензатори 1000mF 16V кај излезот, транзисторот 2N60 (од око) ми изгледа здрав, но пред да почнам нешто би сакал да ми дадете некои насоки и инструкции од каде да почнам.

п.с. Морам да напоменам дека во шемата кондензаторите на излезот се 1000mF 16v, а во ова напојување се ставени 470mF 16v. Напојувањето е мало како за некој мини лаптоп, па 1000mF 16v не би го собрал внатре.

(http://i59.tinypic.com/28gz7o8.gif)
Title: Одг: Помош за напојување на Dreambox 500-S
Post by: GigaWatt on 17.10.2015, Saturday, 02:54:18
Провери го оптокаплерот PC817 и компонентите околу него (LM431, кондензаторите, отпорниците).
Title: Одг: Помош за напојување на Dreambox 500-S
Post by: Milco on 17.10.2015, Saturday, 02:59:48
Мој совет ти е да го провериш повратниот напон,односно референтниот напон составен од малите отпорничиња,ТЛ431 и оптокаплерот.Но,според тоа што напонот опаѓа експоненцијално,можно е и да е некој кондезатор.Но,во реалноста се е можно,затоа совет-дел по дел менувај ги и оптовари,ако не паѓа-пиши што е проблемот. :D (но не може да е се овие горниве работи дефектот,ќе испадне и да е PWM контролерот,транзисторот или пак најлошо да имаш некој ладен лем :D ,што ми се има случувано при сервисирање)
Title: Одг: Помош за напојување на Dreambox 500-S
Post by: Lux on 17.10.2015, Saturday, 09:28:58
Можеш да најдеш и за 200 ден. ваков адаптер,бидејќи Drimboks S 500 умрена работа,а цел дримбокс сосе адаптер во ПП е за 1000 ден,е сега кога си веќе запнал за твојот па напојувајго со PC напојување,бар така јас едно 4-5 Drimboksi во кабелска јас имам поврзано,работат неколку години без проблем.
-Доколку сакаш веќе да го поправиш адаптерот почни од кондензаторите. ;D
Title: Одг: Помош за напојување на Dreambox 500-S
Post by: Toma on 17.10.2015, Saturday, 11:38:31
Наместо да го напојуваш Dreambox-от приклучи светилка од 12V и од 5W до 24W (светилка од автомобил), а притоа мери ја струјата која тече низ потрошувачот. На овој начин се елиминира дали е проблем напојувањето или Dreambox-от !

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/IMAG0134.jpg)
Title: Одг: Помош за напојување на Dreambox 500-S
Post by: krema on 17.10.2015, Saturday, 13:37:46
Пробано е со друг извор на напојување и Dreambox-от е исправен, така и констатирав дека дефектот е во напојувањето.
Инаку овој адаптер треба да придвижува и мотор што ја врти чинијата, па затоа треба да биде 1 до 2 Ампера.
Ке се обидам прво со кондензаторите во секундарот, па потоа како што предложивте погоре со оптокаплерот и компонентите околу него.

Фала на сите за советите.

Споено мислење: [time]17 Октомври 2015, 17:44:32[/time]
Ги променив двата кондензатора во секундарот 1000mF 16v (кај мене беа 470mF 16v и исти такви ставив бидејки физички не ги собира 1000mF 16V), и адаптерот си проработи од прва т.е. не му паѓа напонот под оптеретување.
Ќе треба сега да го тестирам неколку дена за да видам како ќе се понаша и дали пак ќе ги начара кондензаторите :)

Фала на сите уште еднаш на насоките.

Поздрав