Recent Posts

Pages: [1] 2 3 ... 10
1
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by bicikle on 17.07.2018, Tuesday, 11:36:53 »
Чим има димензии немат как да бегат :)
2
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by GigaWatt on 17.07.2018, Tuesday, 03:45:51 »
Кога било тоа пишано, го имало тој производ на продажба, сега го нема. Затоа се и ставени сликите, како водич, да знаеш што да бараш ;). Пиши на ebay или aliexpress "multi chuck" и први резултати што ќе ти ги извади се 100% вакви чаурчиња ;).

Еве едно кое сега се продава на ebay ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/122801766089
Само од листата избери "long-8x075" (8mm напречен пресек со чекор од 0.75mm) ;).
3
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by bicikle on 16.07.2018, Monday, 22:53:08 »
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/152534791231ended, е тоа излага кај мене  :)
Али ќе разбарам чим има димензии.
4
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by GigaWatt on 16.07.2018, Monday, 18:58:08 »
Само мултичук на линкот од темата не ми излезе, ваљда се стандар нема да го грешам.

Е како не излезе, ај види го името на темата и зошто е ставена во „Документи“ ::).

Има различни, пази да не земеш каков што не треба. Кинеските копии на Dremel користат навој со напречен пресек од 8mm и од (чекор на навојот) од 0.75mm. Пишува во темата за кои гравирки какви се навоите, а има и некои други информации.

Ако продавачот нема наведено димензии на навој, не земај од него, најди некој друг кој има наведено колкави се димензиите на навојот ;).
5
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by bicikle on 16.07.2018, Monday, 16:11:14 »
Па барем е проверена работа :)
Само мултичук на линкот од темата не ми излезе, ваљда се стандар нема да го грешам.
6
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by GigaWatt on 16.07.2018, Monday, 11:32:47 »
Немам загледано макита/мактек дали имаат вакви глодалици, некако ептен сум задовилен од ними, а мактек и прилично поефтини се, а ист е квалитетот ( некој ват се послаби ).

Не, за жал, вакви алатки не прават :S. И јас барав, ама немаат такво нешто на каталог :S.

Како сакаш, ама јас пак ќе ти кажам, ако не се брзаш, земи ги копиите на Dremel од Кинезите. Не се скапи, а се навистина стабилни и немаат ексцентар. До сега три имам нарачано од три различни продавачи, ниедна немала проблем ;). Јас од мојата, не можам да се пожалам, еве веќе вторра или трета година година ја користам, а останатите две се нарачани за пријатели, кај нив се, немам чуено да се пожалат ни они. Еве ти линк на ebay. Значи ако бараш, ќе бараш ваква, копија на Dremel 100 MultiPro. Нема така да ја бараш, ќе пишеш само rotary tool во Search и ќе ти извади резултати ;). Кога ќе го видиш ова моделче, тоа е тоа што ти треба ;). За 1000 денари, мислам дека се исплати да пробаш ;). И да не е нешто како што треба, секогаш може да му пишеш на продавачот да ти ги врати парите ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/172876347836










Исто како и за сите останати нискобуџетни гравирки, multi-chuck и се останато ќе мораш посебно да си нарачаш. На Кинескиве копии се фаќаат футеру со напречен пресек од 8mm и со 0.75mm од. Имаш повеќе во следната тема ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14071.0
7
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by bicikle on 16.07.2018, Monday, 01:26:25 »
Затоа реков да прашам, од една страна се лажиш на попуст, ко бајаги ако има проблем ќе ти ја средат одма, кога ќе ја однесеш в сервис сосем друга приказна. А и не си ја земал нова за да се зезаш по сервиси. Ако е за така со крпена се зезам 15 год, па не е проблем да почекам уште некое време. Мене не ми е проблем и таа од али, барем е проверена :) Ама па мора некој и овие да ги провери :)
Зш не ги земаат, што знам има повеќе фактори, да му се невиди и "пазарска" брусалка на пример да земиш првите 15 мин (не сек) ќе биде брич, после ќе почниш да веруваш дека можеш да полеташ заедно со неа од вибрации :)
Немам загледано макита/мактек дали имаат вакви глодалици, некако ептен сум задовилен од ними, а мактек и прилично поефтини се, а ист е квалитетот ( некој ват се послаби ).
Инаку таков тип сум што за една работа 15 пати ќе се премислам, али ете и такви не има :)
8
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by GigaWatt on 15.07.2018, Sunday, 23:59:20 »
Па ова обичен футер само да пасова на осовината :)

Е да, ама не стига заедно со ниедна во пакет :S.

Ај ќе гледам утре да видам да ја пробам ако дозволат, гледам слабо одат па може и некој попуст да се дочека во догледно време, ако не се моментално.

Сигурно има причина зошто слабо одат 8)... не е тоа за џабе.

Ај пробај ја убаво, разгледај да не нешто не е како што треба, ако се изгледа како што треба, ОК, земи ја, ама ако ти е сомнителна, ако не ти се брза, пак би ти ги препорачал копиите на Dremel од ebay ;).
9
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by bicikle on 15.07.2018, Sunday, 23:35:51 »
Да ја купев што ќе прашував :) . Па ова обичен футер само да пасова на осовината :)
Ај ќе гледам утре да видам да ја пробам ако дозволат, гледам слабо одат па може и некој попуст да се дочека во догледно време, ако не се моментално.
10
Алат / Re: Гравирки и слични електрични машини
« Last post by GigaWatt on 15.07.2018, Sunday, 19:15:28 »
Каков е тој мултичук футер, на кој мислиш?

Ваков.



Па ваљда дозволуцаат проба во хубо пред да го гупиш.

Ако не си ја купил веќе, задолжително пробај ја пред да ја купиш, да не излезе потоа дека има ексцентар, па да тресе и да шантра, бидејќи за такви работи, најчесто не дозволуваат да ги вратиш назад уредите (според нив, исправна е, работи). Барем порано беше така, сега може да земеш и друга или да си ги вратиш парите со образложение „не ми се доапаѓа“, ама па ако е секоја таква (серијата е утната), пак џабе ти е, на крајот ќе си ги бараш парите, ич нека не ти е гајле ;).

Значи, тест проба пред да ја купиш, 10, 15 секунди во празен од, на максимум, види дали бучи или осеќаш вибрации на рацете ;).
Pages: [1] 2 3 ... 10