Author Topic: Серво звучници - иднина или минато?  (Read 4956 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Серво звучници - иднина или минато?
« on: 26.02.2013, Tuesday, 00:22:44 »
[float=left][/float]Со развојот на дигиталното процесирање на сигналите (DSP) и минијатуризација на механичките компоненти веќе е возможно да се создаде звучник кој би имал дигитална контрола на позицијата на мембраната со што значително би се намалиле хармониските изобличувања - најголемиот проблем кај денешниве звучници.

Оваа метода вклучува активна повратна врска која дава информација за позицијата на мембраната во секое време и нејзино точно позиционирање со користење на PID контрола, притоа создавајќи единствен серво уред кој верно и точно би ја движел мембраната на звучникот на ист начин како што звукот ја движел мембраната на микрофонот при снимањето на самиот звук.

Бидејќи теоријата скоро секогаш е доста тешко да се примени во пракса докажува и тоа што во моментов (со сегашната технологија) во лабораториите е создаден серво звучник за репродукција единствено на ниски и средни тонови што ја лимитира употребливоста на оваа технологија засега само како нискотонски звучник во големите и скапи филмски студија.

Дали со развојот на технологијата ќе се успее со помош на оваа метода да се создаде релативно евтин звучник кој ќе може да го репродуцира целиот аудио спектар или со развој на нови материјали за мембрани оваа технологија ќе се покаже како излишна останува да видиме.
« Last Edit: 13.10.2014, Monday, 14:07:10 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.