Author Topic: Solve Elec 2.5  (Read 502 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Solve Elec 2.5
« on: 30.04.2013, Tuesday, 17:10:20 »
Еве едно интересно бесплатно програмче за симулација на електрични шеми ;). Се разбира, може и шеми да цртате со него, но некако малку непрактично е за брзо цртање на шеми :S (елементите мора да бидат поставени во некој „невидлив grid“, така да, ако ги пуштите било каде, самата програма си ги распределува во некој невидлив grid најблиску до позицијата во која сте ги пуштиле, па шемите и не се баш најубави за гледање :S). Исто така, ако префрлувате меѓу наизменична и еднонасочна симулација, морате да го зачувате проектот, бидејќи изгледа наизменичната и еднонасочната симулација се два различни модули од истата програма, па мора да се зачува проектот. Освен тоа, нема right click pop-up menu на нитуеден од елементите (што, барем според мене, е голем недостаток :S), но за среќа авторот ги имплементирал типичните shortcuts, како Ctrl+C и Ctrl+V за copy и paste на елементи ;), што е една од функциите кои најмногу ги користам во сумилатори при цртање на шемите (на пример, ако имате на 10 места GND, најпрактично е да правите copy и paste на една иста маса место 10 пати да ја бирате од листата на елементи... или мене барем најпрактично ми е бидејќи, општо, многу често ги користам Ctrl+C и Ctrl+V shortcut-ите). Освен ова, морам да признаам и дека преместувањето на елементите од една локација на друга е малку тешко :S. Прво морате да ја маркирате компонентата (да посини), па потоа да ја клинете по втор пат за да ја преместите :S. Повторно, според мене, непрактично :S. Има zoom копчиња, но не се врзани со scroll-от на маусот :S... непрактично :S.

Но од друга страна, програмчето има една одлична функција која мислам дека многу ќе им се најде на почетниците ;). Може да го „реши“ колото и да ви ја даде равенката за влез-излез од колото, што е прилично добра функција ;). Не пробав на покомплицирани шеми да видам што ќе врати назад (пред се бидејќи начинот на кој е изведено цртањето на шемите, како што наведов, е прилично непрактичен и тоа ме демотивираше да цртам покомплицирани шеми), но, барем за еднонасочната анализа, верувам дека ќе даде правилен резултат ;).

Уште еден голем недостаток е тоа што често знае да crash-ува при наизменична анализа на колото :S. Програмов не е update-уван од 2008-ма, што значи дека авторот најверојатно нема намера да ги поправи овие bug-ови :S.

Еве screen shot од апликацијата ;).




download link:

Code: [Select]
http://bitupload.com/file/p/id/p17pdn30j41f19puf1sb41qfkq3o5
permanent mirrors:

Code: [Select]
https://www.box.com/s/ac9uuo3nsiioqpxmgdbb
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/0aBvmAiHHsA/SE25.rar
« Last Edit: 01.05.2013, Wednesday, 10:30:58 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."