Author Topic: Кинески лемни станици  (Read 5311 times)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Кинески лемни станици
« on: 13.05.2013, Monday, 22:53:54 »
Оваа тема ја отварам за да споделиме искуства околу кинеските лемни станици, кои брендови може да се најдат на нашиот пазар, која каков квалитет е, дали вреди за парите и дали може да се подобри.
Ќе почнам со мојата лемна станица, од прочуената кинеска марка Lion King 8) :), модел LK-852D, цена околу 100евра (кој како ќе се исценка ;)).

Вака изгледа од надвор:


А вака од внатре:



Типично кинеско склопување, сите делови на криво... ;)


Прва и основна работа што не ми се допаѓа кај оваа лемна станица е што трафото е цело време под напон, дури и кога ништо не работи и сите прекинувачи се исклучени. Бидејќи немам доверба во кинеско трафо да го оставам вклучено кога не сум дома, за да не го вадам цело време кабелот од штекер додадев прекинувач од задната страна кој ги прекинува фазата и нулата кога не се користи станицата. Паралелно со контактите има по еден кондензатор 0,1uF ~250V за да се намали варничењето при вклучување/исклучување. За да не заборавам да го исклучам прекинувачот на предната страна монтирав LED која трепка цело време додека е станицата под напон.




Втора работа што ја приметив е дека некои делови превише греат за мој вкус, после само една минута работа двата низа отпорници во средината (два реда 4x20k/2W паралелно) се вжештуваат до толку што не можат да се допрат, дури и металниот капак над нив станува врел на допир, тие се сменети со по два отпорника 10k/11W врзани паралелно за да се добијат потребните 5к, при што греењето е сега драстично намалено. Од десната страна има едно мало отпорниче од 82к од 1/4W кое целото беше поцрнето, дури и плочката под него беше потемнета од греење, го сменив со ист таков но многу помоќен, не знам колку ватен е, ама сега комотно може да се држи со прст. Од левата страна доле има отпорник 300ома/2W за леткумот, иако не се грееше нешто претерано, и тој го сменив со помоќен. Исто така на тријакот над него ставив ладилниче што кинезите „заборавиле“ да го монтираат ;).

 Пред:


Потоа:


Плочката е вратена на место и станицата е спремна за работа:



За крај - мое мислење е дека за аматерска употреба и за тие пари вреди, дувалката си ја врши работата, плус ако затреба има резервни комплетни рачки за 400-500ден., за летмумот ми кажале дека не чини и одма гори, ама еве го овој мојот намерно го оставав вклучен да работи со саати, уште не се стопил.

Кој има да додаде некое мислење, критика или искуство, позитивно или негативно, околу оваа или некоја друга кинеска станица, нека пише... ;)
« Last Edit: 14.05.2013, Tuesday, 00:43:38 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #1 on: 14.05.2013, Tuesday, 05:23:07 »
Одлично си ја преработил лемната станица ;). И јас ќе поставам слики од мојата Кинеска лемна станица, а кој знае, можеби и јас нешто ќе преправам ;) ;D. Инаку, „сличен“ модел е ;D, Lucky 852D ;D, само што мојата е постара и има индикација за температурата само за SMD лемната станица, не и за обичниот леткум, а индикацијата е изведена со ICL7107, не со микроконтролер (претпоставувам дека кај тебе е изведена со еден микроконтролер ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #2 on: 14.05.2013, Tuesday, 09:32:21 »
Би требало да е некој микроконтролер, ама кинезите ја избришале ознаката, под него на плочката пишува само 8052, иначе е дваесет-пински, напојувањето му доаѓа на пиновите 1 и 20.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #3 on: 06.03.2016, Sunday, 02:20:37 »
Баш денес менував црево на лемната станица и ми текна да ги измерам димензиите на старото црево. Цревото има надворешен дијаметар од 12mm и внатрешен дијаметар од 9mm. Ќе одговара и некое црево со слични димензии (на пример, 13mm со 10mm), не е критично ;).

Сметам дека информацијава е корисна бидејќи за да ги измерите димензиите на цревото кое треба да се смени, прво, треба да го извадите цревото од рачката и второ, треба да го скратите бидејќи на местото на кое се поставува во рачката, најверојатно ќе биде проширено, така да, нема поента таму да мерите.

Значи, не мора цревото да биде некое специјално и да го купувате специјално за таа намена ;). Сепак, препорачливо е да е силиконско (поради лесна свитливост) и да ги има адекватните димензии ;).

Не знам кои се цените на силиконските црева моментално кај нас, ама пред едно 2 или 3 години разгледував низ некои продавници, изгор скапи беа. Ми бараа некои си 900 денари за метро :O... и тоа не беше некое дебело црево, не ми текнува сега точно кои димензии ги имаше, но од прилика, одговараше за лемна станица. За споредба, еве цени на силиконски црева на ebay ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/sch/i.html?_from=R40&_trksid=p2050601.m570.l1313.TR0.TRC0.H0.Xsilicon+tube.TRS0&_nkw=silicon+tube&_sacat=0
5m ќе земам за нешто повеќе од 1000 денари ;D.

Се разбира, не мора да биде црно, било каква боја ќе си ја врши работата ;).
« Last Edit: 06.03.2016, Sunday, 02:22:57 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #4 on: 07.03.2016, Monday, 20:37:26 »
Ме инспирира темава да ја отворам и потсредам мојата лемна станица, BAKU 936D - кинеска копија на HAKKO.

Жиците нигде не прицврстени и скоро се залемено на криво.







Ги прелемив сите компоненти како што треба, ги наместив и прицврстив жиците, ги променив диодите за грец бидејќи беа апла кинески и катастрофално залемени, го променив прекинувачот со поквалитетен, додадов држач за осигурувач и го променив кабелот со поквалитетен и со правилен завршеток.







Следно отварање кога ќе нарачам железен конектор за рачката наместо пластичниот ќе ги променам и кондензаторите. Не ми се одеше по продавници за 2 кондензатори, а немам ESR мерач да ги проверам тие што ги имам низ работилница.
« Last Edit: 11.04.2018, Wednesday, 02:54:03 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #5 on: 08.03.2016, Tuesday, 01:13:50 »
Следно отварање кога ќе нарачам железен конектор за рачката наместо пластичниот ќе ги променам и кондензаторите. Не ми се одеше по продавници за 2 кондензатори, а немам ESR мерач да ги проверам тие што ги имам низ работилница.

Кондензаторите задолжително ;).

Изработката и не е баш така лоша. Сепак калајот свети и се гледа дека не е премногу штедено. Какви лемови имам видено во Кинески направии ::).

Што микроконтролер користи станицата?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #6 on: 08.03.2016, Tuesday, 01:40:42 »
Не го запишав точниот модел но беше од производител SONIX.

Дали некој има изработено станица на топол воздух? Најефтините што ги најдов се околу 5000 денари во МегаМобил. Толку пари не планирам да давам сега за сега.

Сакам да пробам да изработам таква со рачка што се користи во 858D станиците, се наоѓа за ~10 евра. Најдов шема на интернет, па еве ја споделувам.

Се наоѓа и firmware-от за микроконтролерот, така да не е нешто премногу комплицирано да се направи.

Code: [Select]
https://github.com/madworm/Youyue-858D-plus/raw/master/Docs/Datasheets/858D_RevEng_Schematic.pdf
« Last Edit: 08.03.2016, Tuesday, 01:42:53 by DimitarMK »

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 331
  • Gender: Male
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #7 on: 08.03.2016, Tuesday, 02:39:00 »
Станица на топол воздух
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9794.0
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #8 on: 08.03.2016, Tuesday, 08:42:32 »
Дали некој има изработено станица на топол воздух? Најефтините што ги најдов се околу 5000 денари во МегаМобил. Толку пари не планирам да давам сега за сега.

Имаше во BT за околу 7000 денари заедно со обичен леткум, но цените се тие. Поевтина нема да најдеш.

Ако правиш, ќе мораш да правиш онаква со кулер (вентилатор), не со пумпа. Искрен да бидам, јас не ги сакам тие со вентилатор (принцип на работа на фен за коса) бидејќи ќе мораш да ја чистиш на определено време од прашина. А ако планираш да купуваш воздушна пумпа и да правиш копија на Кинеските SMD лемни станици, подобро купи си ја лемната станица ;)... не се исплати трудот, а не се прескапи Кинеските копии на Hakko ;).

Се наоѓа и firmware-от за микроконтролерот, така да не е нешто премногу комплицирано да се направи.

Не е проблем софтверот, проблем е да се најде пумпата. И кога ќе пресметаш се на се, кутија, прекинувачи, пумпа, ова она... па на крајот ќе се вратиш на тоа дека најевтино е да се купи. И јас ги имам правено истите калкулации, верувај, на крајот купив фабричка ;D.

Мојата е аналогна, Lucky 852D (не е со микроконтролер), има дигитален приказ само за температурата на фенот, не и на леткумот, а приказот е изведен со ICL7107. Не сум ја сликал од внатре, а планирав да правам некои преправки, изгледа има некој отпорник кој е поддимензиониран (се осеќа од надвор дека на едно место грее), така да, ќе гледам да ја отворам и да ја сликам и да пишам што преправки имам направено, па ако може и да го скенирам долниот дел од плочката ;). Ќе биде, само чекам малку да се ослободам ;).
« Last Edit: 08.03.2016, Tuesday, 08:45:15 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 691
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #9 on: 08.03.2016, Tuesday, 09:01:22 »
За смд дувалка еден мој пријател има искористено индустриски фен со незнам која моќност, ама има направено преправка да се регулира температурата со потенциометар на греачот. Него му е поодамна купена тогаш немаше индустриски фен со регулција на температура, сега мислам дека има :) Доста добро му се има покажано до сега, ја користи најчесто за одлемување смд чипови на матични плочи зашто тоа работи човекот :D И тоа е друга варијанта на смд дувалка, мислам дека некаде околу 700-800 денари се индустриските фенови во еуротулс ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #10 on: 08.03.2016, Tuesday, 16:09:29 »
Што знам... можеби добро е за одлемување, ама за прецизна работа, особено ако правиш BGA reflow често... што знам... не мислам дека е добар избор :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #11 on: 08.03.2016, Tuesday, 17:06:02 »
Идејата ми е да користам рачка со вграден вентилатор како што посочи. Нема да ми е проблем чистењето, впрочем нема ни нешто којзнае колку да ја користам, но ќе ми се најде во ситуации каде што треба да променам некој конектор, чип каде што лемилица не ми врши работа или ми одзема премногу време.
Не се занимавам професионално со електроника, само како хоби и гледам да си завршам работа за помалку пари. За машински алати не се штедам воопшто бидејќи многу почесто се занимавам со механика наместо со електроника.

Моја пресметка е околу 2000 денари, со оглед на тоа што веќе имам микроконтролери (3 ATMEGA328P и неколку PICови), трансформатори, прекинувачи итн. Компонентите кои се користат се ефтини дури да се набават од скапа продавница како Логинг. :)

Сакам овој проект да ми биде вовед во дизајнирање на печатени плочки. Имам неколку направено но никогаш ги немам довршено и испечатено. Од микроконтролери и нивно програмирање имам познавање и не мора да користам готов код, туку може да си направам сопствен.

Дали некој ја разгледа шемата што ја прикачив и дали некој има да даде некоја препорака за промена на некој компонент и сл. ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #12 on: 09.03.2016, Wednesday, 08:36:31 »
За тие рачките со кулери (вентилатори) имаш готови проекти, не знам зошто се замараш да преправаш и доправуваш шеми, dr-mr ти има ставено линк до готов проект ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #13 on: 01.03.2017, Wednesday, 02:13:29 »
на муабетот, шо мислење имате за Hakko? и за овие на ибеј/алиекспрес шо се продаваат :D

Ако мислиш на копиите, супер се ;), само рачките им се катастрофа... многу лоша изработка. До сега два пати ми се случи да ми се стопи пластичниот држаш за греачот. Која глупост ја имаат направено со рачките... Кинеска работа... рачката цела е бакелитна (или некоја друга пластика која е многу издржлива на топлина), ама делот на кој се навртува металниот држач за греачот е од некоја пластика со релативно ниска точка на топење ::). Нема логика ::).

Се друго, освен рачката, е супер. Греачите им се одлични (на првиот кој го имав, маста му ја извадив, 8 години го гњавев со лемење на секакви работи, дури и бакарни, месингани и железни цевки имам лемено со него ;D), а и да не беа, рачка со греач е џабелеску (1.5 долари ги имам начекано на ebay, купив 4 ;D). Само греач не нарачувај бидејќи се керамички и при транспорт може да се скршат. А и не се исплати. Само греач е околу 1 долар. Во споредба со цената на цела рачка... не гледам поента да купувам само греач. Вака ќе имаш и делови ако евентуално нешто ти се зезне од рачката ;).

Имам намера да ја преправам мојата рачка со рачка од било која друга лемна станица која користи шрафови за зацврстување на грејното тело со пластичниот држач. Ако го направам тоа, ќе пишам и како треба да се направи и се останато ;).
« Last Edit: 01.03.2017, Wednesday, 02:15:39 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #14 on: 01.03.2017, Wednesday, 14:44:13 »
Препорачајте некоја лемна станица како за мене, па макар и кинеска.