Author Topic: Кинески лемни станици  (Read 6461 times)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #15 on: 01.03.2017, Wednesday, 18:42:05 »
Фала Гига за исцрпната информација :D

Јас ја имам оваа лемна станица на сликата, дигитална, Hakko 937...не ни знам дали е оригинал или не (ваљда не :D ), не сум презадоволен (мада  шо не ја имам истестирано прописно)....врвот шо го имат е чисто  сра*е, само незнам дали ако купам други врвови, дали ќе бидат подобри. Имам исто уште една рачка, со метален конектор (оваа дојде со станицата и е со пластичен), мислам дека е подобра, ама има различен пинаут, шо требит да го корегирам за да можам да ја испробам таа рачка.

Пред то користев weller-ова рачка со магнестат (или како се вика :D ) на искрина лемна станица и мислам дека е најдобра лемилица шо сум ја имал, исто и саломон рачка со аналогна контрола на искрина станица, исто многу бев задоволен.
Мн ми беше мерак да земам дигитална, ама не сум засеа импресиониран, мада шо мнооогу малку е хако-во користена, во 2 години сат-два е активно користена :D

само рачките им се катастрофа... многу лоша изработка. До сега два пати ми се случи да ми се стопи пластичниот држаш за греачот. Која глупост ја имаат направено со рачките... Кинеска работа... рачката цела е бакелитна (или некоја друга пластика која е многу издржлива на топлина), ама делот на кој се навртува металниот држач за греачот е од некоја пластика со релативно ниска точка на топење ::). Нема логика ::).
не ја имам доволно користено да можам да потврдам за ова :D




Споено мислење: [time]01 Март 2017, 18:44:44[/time]
п.с. овие шо се преден панел на ибеј од хако, каква регулација имаат? (подобра или полоша) од мојава?

пошо регулацијава не ми е баш веродостојна (иако треба да ја мерам прво), ако не сум задоволен може аналогна предна маска да земам и да ја сменам :D
« Last Edit: 11.04.2018, Wednesday, 02:55:57 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #16 on: 02.03.2017, Thursday, 02:53:12 »
Препорачајте некоја лемна станица како за мене, па макар и кинеска.

Ако сакаш само леткум, копиите на Hakko 936 се одлични. Ако сакаш заедно со дувалка, копиите на Hakko 852. Кај нас копиите на 852 се околу 6000 денари, копиите на 936 се околу 2500 денари. И од ebay да ги купиш, тука некаде се цените.

Ако имаш трафо што дава на излез 24V~ (може и малку поголем да е напонот, не е проблем, само да не е помал, јас имам искористено трафо што дава 27V~), купи ја само предната маска со регулацијата, ја има на ebay за 5 долари (не ме земај за збор за ценава, тука некаде беше) и монтирај ја во некоја кутија, купи рачка од некоја од нашиве продавници (HQ, Solomon...) и терај ;). До кај 1000 денари би требало да те фати, под услов да имаш се останато (трафо, кутија, кабли...). roliver имаше ваква станица направено, со тоа што тој ја нарачал само електрониката за контрола, без предната маска. Така уште поевтино изглегува ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13718.0
....врвот шо го имат е чисто  сра*е, само незнам дали ако купам други врвови, дали ќе бидат подобри.

Да, така е кај сите Кинески леми станици. Врвот со кој доаѓаат се фрла, си купуваш други од ebay и да, одлични се. Си купив 10-тина, тек пред една година го фрлив првиот ;).

Изгледа намерно го прават тоа, за да им се продаваат и врвови а притоа да не биде муабетот дека си купил лемна станица без врв ::).

Имам исто уште една рачка, со метален конектор (оваа дојде со станицата и е со пластичен), мислам дека е подобра, ама има различен пинаут, шо требит да го корегирам за да можам да ја испробам таа рачка.

Види од кои два пина доаѓа 24V~, кој пин е GND (маса, врзан е за заземјување), останатите два се за термопарот ;).

Пред то користев weller-ова рачка со магнестат (или како се вика :D ) на искрина лемна станица и мислам дека е најдобра лемилица шо сум ја имал...

Одлични се, но ме нервира менувањето на врвовите за да добијам пониска или повисока температура. Во денешно време, тоа е излишно, тоа е технологија која се користеше пред 30 години.

само рачките им се катастрофа... многу лоша изработка. До сега два пати ми се случи да ми се стопи пластичниот држаш за греачот. Која глупост ја имаат направено со рачките... Кинеска работа... рачката цела е бакелитна (или некоја друга пластика која е многу издржлива на топлина), ама делот на кој се навртува металниот држач за греачот е од некоја пластика со релативно ниска точка на топење ::). Нема логика ::).
не ја имам доволно користено да можам да потврдам за ова :D

Има разлика од копија до копија, во различни фабрики се прават, ама овие најефтините (што се продаваат за 1.5 долари) се катастрофа. Греачите се добри, ама рачките, како изработка се катастрофа. Затоа пишав, сакам да преправам една рачка од некој стар леткум и да ја користам место таа, да не биде на навртување туку да биде на шрафење (со три шрафчиња, како што имаат Solomon и Weller). Треба само едно парче месингано да се направи на дреар, другото е лесна работа ;).

п.с. овие шо се преден панел на ибеј од хако, каква регулација имаат? (подобра или полоша) од мојава?

Тие имаат основна функција, само регулација и LED индикација за греачот (работи, не работи). Твојата би требало да е подобра, но за парите, се исплати да ја купиш регулацијата со маската. Лесно се монтира во стандардни кутии и ако имаш трафо, не мора ништо да правиш (плочка, да бараш шема, ова она). За парите, вреди, имам купено, одлично си работи ;).
« Last Edit: 02.03.2017, Thursday, 03:01:24 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #17 on: 02.03.2017, Thursday, 09:08:10 »
Quote
И од ebay да ги купиш, тука некаде се цените.
Ако се тие цените, немојте од ибеј зш иста цена е, а на царина пакетче со таа големина/тежина сигурно ќе го застанат, ќе ја искинат кутијата и ќе ви бараат 400денари за ракување и препаковање (читај мотање со селотејп).

Јас мојата околу 3000 ме фати, ама со дигитална контрола е. Се зае*авав со царина ова-она документи...од 1500 царина ми бараа, со 390ден успеав да поминам.


За врвот...ваљда...значит да си порачам, дефинитивно ќе сум позадоволен од лемилицава со поарни врвови  ;D

Quote
Види од кои два пина доаѓа 24V~, кој пин е GND (маса, врзан е за заземјување), останатите два се за термопарот

Абе јас ја врзав по исти редослед од оригиналнава, изглеат термопарот беше обратно, се усвити врвот, не згасна греачот...среќа ја видов и навреме ја исклучив, највероватно ќе изгореше. Ко ќе имам време ќе ја наместам точно и ќе пробам :D

Велерот ми беше нај олд скул нешо! Уште си ја чувам...магнестатот го имам поврзано да ми побуди реле, за да страда релето, магнестатот да ми е здрав ;D . А за температурата,  секоаш иста си фурав...2 врвови користев еден подебел еден по тенок, имав 100 други ама не ги користев. :)

Quote
Има разлика од копија до копија, во различни фабрики се прават, ама овие најефтините (што се продаваат за 1.5 долари) се катастрофа.    

Кај ги најде по 1.5долари жити све, и преден панел за 5 долари....па хако рачка под 7 долари неам видено и панел под 10 xD

Бтв, ако сакаш нацртај каков дел ти требит, ко ќе иам шанса да работам на струг, охрид ко ќе сум, ќе ти го сработам :D

« Last Edit: 03.03.2017, Friday, 01:14:14 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #18 on: 03.03.2017, Friday, 01:46:18 »
Кај ги најде по 1.5долари жити све, и преден панел за 5 долари....па хако рачка под 7 долари неам видено и панел под 10 xD

Извини, не биле 1.5 долари, 3.27 била една. Сега баш се логирав на ebay. Ама пак евтино излегува ;). Toj sale веќе го нема ама најдов едни уште поевтини, 2.68 долари ;D.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/131905530970

А еве ја и контролата, без маска ($2.94) и со маска ($7.73). Добро, не била 5 долари, поскапа била, ама не е 10 долари ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/272370845287
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/131598700386
Не знаете да барате ниски цени ;D, не знам што да ви кажам ;D.

Бтв, ако сакаш нацртај каков дел ти требит, ко ќе иам шанса да работам на струг, охрид ко ќе сум, ќе ти го сработам :D

Треба да го цртам во Corel или SketchUp. Не е голема работа, ама треба да најдам време :S. А за правење на делчето, и јас имам кој да ми го направи, не е тоа проблем, ама пак треба да му однесам нацрт :S.

Кога ќе имам повеќе време, ќе го фатам тоа да го правам, па ќе го презентирам и на форумов, со нацрти и се останато ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #19 on: 04.03.2017, Saturday, 14:38:13 »
Не знаете да барате ниски цени ;D, не знам што да ви кажам ;D.

дефинитивно :( ...или пак ти имаш некоја многу влашка семка  ;D

Quote
Треба да го цртам во Corel или SketchUp. Не е голема работа, ама треба да најдам време :S. А за правење на делчето, и јас имам кој да ми го направи, не е тоа проблем, ама пак треба да му однесам нацрт :S.

тоа нацрти се за “инжењери“ и слични врагови....дека без нацрт “не можело“
на добар алатничар на ливче ќе му објасниш за добар производ :D
пример ако се сеќаваш една столбна бушилица, ја постирав на форумов, му однесов едно парче хартија нацртан концепт и сјајни шипки од принтер :D

во секој случај, пошо сум скопје на факс...немам многу можност охрид да одам и да работам...некогаш ако го нацрташ, ќе пробам да го изработам...имам солидни вештини со струг и турпија :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #20 on: 07.03.2017, Tuesday, 01:56:16 »
дефинитивно :( ...или пак ти имаш некоја многу влашка семка  ;D

Аман бе луѓе не е толку тешко. Бараш нешто, подредуваш по Price + Shipping: Lowest First, избираш Free Shipping од филтер полињата, скролаш по страните и бараш што ти треба. Тоа што е најевтино од она што ти треба, прво ќе излезе ;).

тоа нацрти се за “инжењери“ и слични врагови....дека без нацрт “не можело“
на добар алатничар на ливче ќе му објасниш за добар производ :D
пример ако се сеќаваш една столбна бушилица, ја постирав на форумов, му однесов едно парче хартија нацртан концепт и сјајни шипки од принтер :D

Да, ама не може секој да ја изработи баш поради тоа што немаше презентирано нацрти. Поентата ми беше секој да може да ја изработи оваа преправка и димензиите на делчето да бидат детално опишани, така да, кој и да сака да ја направи, да може само да ја испечати скицата и да ја однесе на дреар и да му ја нашправи ;). Ако сакав да ја правам само за мене преправката, верувај, одамна ќе беше направена ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #21 on: 07.03.2017, Tuesday, 22:51:21 »
Порачав рачка, врвови и контролна плочка без маска.
Дали некој ја има скенирано маската?
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #22 on: 08.03.2017, Wednesday, 01:12:36 »
Не, видиш, за жал не ми текна :S. А ја немам лемната станица кај мене (не беше за мене) :S.

Еве, најдов една добра слика од ebay, мислам дека лесно ќе можеш во Corel или некој друг програм да ја прецрташ за да си направиш предна маска ;).



Еве и шеми за Кинескиве копии на Hakko 936 ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/krrj3dz7gq2d5h8hevyk6oc98e1i7wvj
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/74B763B0839A40B1946833E5114EC13CW
Мислам дека последната шема е онаа што одговара на оваа копија на Hakko 936. Јас ги сменив некои од компонентите (ставив појаки зенерки, ставив помоќни отпорници, му ставив поголемо ладилно тело на BT137), но и со оригиналните си работеше супер ;). Промените ги направив за секој случај... не прегреваа премногу компонентите, ама гееја малку повеќе од што би сакал па си реков, ај, за секој случај ;).

Инаку, има грешка во последната шема, R8 не е поставен паралелно на D3 туку во серија со D3. Има и некои други мали разлики околу вредностите на компонентите, ама генерално земено, шемата е таа ;).
« Last Edit: 25.08.2018, Saturday, 03:59:07 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #23 on: 08.03.2017, Wednesday, 18:06:47 »
Предна маска ќе нацртам, не ми е важен изгледот, поважно ми беше растојанието помеѓу дупките за LE диодата, потенциометарот и џекот, за да можам да правам кутија. Но не е проблем, ќе почекам да стигне плочката.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #24 on: 10.03.2017, Friday, 00:41:06 »
Е да, ама би требало да ги погодиш ако ја сликаш плочката и ги внесеш нејзините димензии во Corel и потоа црташ врз сликата, а откако ќе ги направиш најважните три дупки (за потенциометарот, LED диодата и конекторот), ја тргаш сликата и си работиш натаму ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #25 on: 09.05.2017, Tuesday, 23:02:16 »
Стигнаа порачаните делови, го склопив уредот, работи, само многу грее. Ќе биде потребна некоја интервенција за намалување на температурата.
Погодете од што е кутијата  ;D






Дупки на предниот лим. Додадено е ново парче лим врз лимот од кутијата.



Налепница


« Last Edit: 06.10.2017, Friday, 18:35:56 by Zan »
Жан

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #26 on: 09.05.2017, Tuesday, 23:33:29 »
Што грее толку, баш ме занима...? Тријакот за регулацијата би требало комотно да може да се држи со прст, а трафото како што гледам е со пристојна големина, мада малце ми личи на премотувано...
Иначе убаво си го спакувал... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #27 on: 10.05.2017, Wednesday, 00:00:16 »
Што грее толку, баш ме занима...?
Врвот :)
На првата слика се гледа колку е потемнет од греење.
Тримерот за калибрација е на минимум, потенциометарот е на 250 степени, а на врвот има 380°C
Жан

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #28 on: 10.05.2017, Wednesday, 00:29:46 »
Од некое свичерско напојување за компјутер или гадно се лажам другар пошто не те знам незнам што се имаш да бидам и краток и да не бегам на тоа ми заличи вака   ;D ;D ;D ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #29 on: 10.05.2017, Wednesday, 02:23:09 »
Термоелементот (грејачот) ти е А1322, а тебе ти треба А1321.
Го имав истиот проблем, нарачав нов, го заменив и работи како што треба.