Author Topic: Кинески лемни станици  (Read 5307 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #30 on: 10.05.2017, Wednesday, 02:25:53 »
Погодете од што е кутијата  ;D

Нема што да гаѓам. Слеп да сум, ќе се кладам дека на сликата има кутија од PC напојување ;D. Скоро секаде така веќе ги прават DIY лемните станици ;). Кај и да начекаш online клипови, скоро сите на крај скоцкуваат се во кутија од PC напојување ;). Лесни се за преправка, а имаш доста простор за манипулација (може да ставиш какво сакаш трафо ;)).

Врвот :)
На првата слика се гледа колку е потемнет од греење.
Тримерот за калибрација е на минимум, потенциометарот е на 250 степени, а на врвот има 380°C

Можно е бројот на намотки на греачот да е помал (да крателе Кинезиве ::), Кинеска работа ::)), па повеќе грее греачот... или евентуално трафото ти дава нешто повисок напон.

Види, овие копиите на рачките се направени за „мали трафоа“... Кинеска работа ::)... гледаат секаде да скратат ::). Така да, кога греачот ќе го оптовари трафото, „се очекува“ напонот на краевите на трафото да падне, а бидејќи трафото не работи континуирано во „преоптоварувачки мод“, туку само кога греачот грее (а тој си прави ON/OFF на определени интервали), Кинезиве сметаат на тоа дека и поддимензионирано трафо ќе заврши работа во ваква ситуација. Ти си му ставил адекватно трафо и... не ваља работата ;D.

Која и да е причината, ќе треба да ја прештелуваш лемната станица. Post-ирав шема од лемната станица, последната од трите во PDF фајлоте е онаа која ти треба ;). Пробај зголеми ја вредноста на VR2 и намали ја вредноста на R6, ама нивната вкупна отпорност да остане скоро иста како оригиналната. Можно е да не се тие вредности кои се на шемата, не е проблем, види кои се и направи адекватна калкулација врз база на тоа ;). А не е лошо и да ги измериш. Кој знае што може да имаат направено Кинезиве, можно е да имаат измешано некои компоненти или VR2 и R6 да имаат едни ознаки, а други вредности ::). Ништо не ме изненадува кај нив ::).

EDIT:

Термоелементот (грејачот) ти е А1322, а тебе ти треба А1321.
Го имав истиот проблем, нарачав нов, го заменив и работи како што треба.

Тек сега прочитав. Добра информација ;). Добро е да се знае дека не мора да се замараме со преправки, туку дека едноставно може друга рачка да нарачаме ;).

Инаку, не знам за ознакиве за греачов, ама на плочката би требало да има и опција за преправка за термо-сензор кој го користат оригиналните Hakko рачки (за да може да си приклучиш оригинална Hakko рачка ако сакаш ;D). Термопарови користат копиите, а оригиналните користат... PTC или NTC отпорник, не ми текнува сега, баш читав online кога ми требаше, кога ја правев лемната станица, ама бидејќи немам оригинална Hakko рачка, сум заборавил ;D.
« Last Edit: 10.05.2017, Wednesday, 02:35:00 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #31 on: 10.05.2017, Wednesday, 16:15:50 »
Тек сега прочитав. Добра информација ;). Добро е да се знае дека не мора да се замараме со преправки, туку дека едноставно може друга рачка да нарачаме ;).
Не мора да се нарачува друга рачка, може да се купи само термопарот А1321, да се направи замена во рачката и толку.
Чича мича, готова прича.

Најлошото е тоа што мора пак да се чека околу 3 недели за тој термопар кој што може да се најде на ибеј или Али за околу $2.
« Last Edit: 10.05.2017, Wednesday, 16:18:07 by krema »

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #32 on: 10.05.2017, Wednesday, 21:48:28 »
Апдејт :D

На плочката има опција за двата модели на греачи.
Сменив 4 отпорници и ја преправив од А1321 во А1322.
Тримерот за калибрација треба да биде 20К, но немав таков, па остана тој од 10К. Сега леткумот работи добро, со тоа што температурата е за 20-30 степени пониска од таа што е напишана на предната маска. За мои потреби е доволно добро и ќе работи вака како што е сега.

« Last Edit: 06.10.2017, Friday, 18:09:04 by Zan »
Жан

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #33 on: 10.05.2017, Wednesday, 21:59:41 »
Може и така, си се снашол, супер :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #34 on: 10.05.2017, Wednesday, 23:23:26 »
Со среќа долго да си го користиш
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #35 on: 10.05.2017, Wednesday, 23:59:54 »
Јас од ко почнав со телефоните ја користам и досеа да не е за подрек е топ ни сум ја отворил ни сум имал некаков проблем со Baku-702B не дека е некоа марка ама арна е и леткумот е супер доста го користам

« Last Edit: 11.04.2018, Wednesday, 02:57:42 by GigaWatt »
d.t

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #36 on: 11.05.2017, Thursday, 01:29:50 »
На плочката има опција за двата модели на греачи.
Сменив 4 отпорници и ја преправив од А1321 во А1322.

Абе знам дека имаше некоја преправка, на плочката, веќе пишав за тоа, ама јас колку што читав, таа преправка е за оригиналните термо-сензори на Hakko... веќе пишав, тие користат PTC или NTC, не термопар.

Изгледа си нарачал рачка со оригинален термо-сензор, како што користат оригиналните Hakko ;D.

Со среќа да си ја користиш ;). Ќе видиш, изджливи им се греачите, ама рачките :S... катастрофа :S. Ај, ќе гледам откако ќе ја направам преправката со рачките (имав претходно во темава пишано, само да ја направам), ќе post-ирам ;).

Јас од ко почнав со телефоните ја користам и досеа да не е за подрек е топ ни сум ја отворил ни сум имал некаков проблем со Baku-702B не дека е некоа марка ама арна е и леткумот е супер доста го користам

Оваа мислам дека е со микроконтролер. 852D и 852D+ се со ICL за температурна индикација, а регулацијата им е аналогна. Јас таква имам. И темературна индикација има само за лемната станица на топол воздух, не и за леткумот.

Мислам дека користи некој ATmega, ама не сум сигурен, а колку што знам, изгребани му се ознаките. Не е лошо да ставиш некоја моќна зенерка од 5.6V меѓу пиновите за напојување на микроконтролерот... да не случајно се случи некоја скаламуција, па да отиде... бидејќи колку што имам читано заштитени се, не можеш да го исчиташ софтверот од микроконтролерот.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #37 on: 11.05.2017, Thursday, 02:26:52 »
Ќе видиш, изджливи им се греачите, ама рачките :S... катастрофа :S. Ај, ќе гледам откако ќе ја направам преправката со рачките (имав претходно во темава пишано, само да ја направам), ќе post-ирам ;).

Баш ко ми рече Гига дека само првиот врв е лош, а другите се супер одма си порачав еден за проба...долар ме кошташе. Презадоволен сум...првпат од ко ја купив (пред 2 год) си ја засакав лемилицава...ептен си ја бркат работата. Си порачав 10 различни врвој сега...се надевам ќе се најдат :D

Жан, создравје да си ја користиш! :D
« Last Edit: 11.05.2017, Thursday, 14:17:42 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #38 on: 11.05.2017, Thursday, 14:41:38 »
И јас така мислев, као демек 10 различни да нарачам, нарачав и на крајот излезе дека само еден од нив го користам ;D т.е. најчесто го користам. Така да, нарачав такви 10 исти, а останатите... ги користам кога како... многу ретко, мислам дека 5 од нив воопшто и не ми се користени.

Јас овој најчесто го користам. Ознаката му е 900M-T-I.

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #39 on: 11.05.2017, Thursday, 15:26:36 »
Убаво е да се има и еден термопар за резерва, незнаеш кога ќе цркне постоечкиот што го работиш. 2 долара кај не отишле :)

btw и јас како Гига земав едно комплетче на врвови (5 различни), за воља на вистината и јас го користам само тој 900M-T-I.
За покрупни работи користам пиштол леткум - лемилица 100w.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #40 on: 11.05.2017, Thursday, 15:42:38 »
И јас така мислев, као демек 10 различни да нарачам, нарачав и на крајот излезе дека само еден од нив го користам ;D т.е. најчесто го користам.

претпоставувам...ама од појќе зијан немат, ќе се најдат :D

Убаво е да се има и еден термопар за резерва, незнаеш кога ќе цркне постоечкиот што го работиш. 2 долара кај не отишле :)
За покрупни работи користам пиштол леткум - лемилица 100w.

ако даваш 2$ за термопар...кај отишле 2, благодарение на невероватните пребарувачки вештини на Гига, за 3$ има цела рачка  ;D ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #41 on: 12.05.2017, Friday, 00:06:36 »
претпоставувам...ама од појќе зијан немат, ќе се најдат :D

Да, ама послушај ме, нарачај си барем 5 од овие 900M-T-I ;)... ќе видиш, и за цевки ќе го користиш истото врвче ;D. Толку се издржливи, веќе пишав, ги имам користено за лемење на железни парчиња (конкретно, парче од железна шина). Не користев ништо дополнително за загревање на шината :o. Само тоа врвче ;D. Знам, имав и поголеми врвови на располагање од комплетот, ама ме мрзеше да менувам ;D. И требаше време на лемната станица да ја загре шината, ама греачот работеше како луд... не изгаси ниеднаш, термопарот си реагираше токму така како што треба ;). Искрено, јас мислев дека ќе изгори греачот... не бе маме му е*ам... мазга :o. Не знам од што ги прават Кинезиве, ама греачите за конкретно овие рачки... no comment :o. Имам и една Solomon SL-10 (или SL-20 беше... не ми текнува), не бе, нема споредба со оваа Кинескава ;)... многу брзо реагира термопарот бидејќи е на врвот на греачот. А оваа Solomon-от ::)... држ ме мајко ::)... дур изреагира термопарот, ајдееее, се оладило парчето ::).

Тоа е веќе супериорност во дизајн. Јапонциве навистина увиделе каде е проблемот со времето на реагирање на термопаровиве кај овие „класичниве“ лемни станици и го подобриле дизајнот ;). А Кинезиве со копииве, не спасија ;D. Оригинал Hakko и не е баш така евтина. А и толку копии има веќе, дури и да сакаш да купиш оригинал Hakko 936, навистина не можеш да бидеш сигурен дали си купил оригинал или копија :S. А мислам и дека 936 веќе не се ни произведуваат, затоа и ги копираат Кинезиве ;D. Исто е и со Dremel MultiPro, веќе не се произведува и Кинески копии... колку ти душа сака ;). Но, и тие копии, искрен да бидам, повеќе ја користам копијата на Dremel MultiPro отколку оригиналот Dremel 300 што ја имам купено... едноставно подобра е, помалку тресе, постабилна е, помоќна е, помала е и подобра контрола на брзината има од Dremel 300... а Dremel 300 као демек е понов модел и треба да биде подобар од MultiPro ::). Е ај најди средина ::). А и џабе е во споредба со 300-ката. Dremel 300 ја земав 3000 и кусур со... горе долу, истите додатоци со кои ми стигна и копијата на MultiPro, а копијата на MultiPro ме чинеше 20 долари, третина од цената на 300-ката... смешки ;D. Само што имаше и едно куферче кое личи на папка за 100 CD-а, ама не е проблем, искинав една папка и сам си направив куферче и за копијата на MultiPro ;D. Е, само една мана има, грее повеќе од 300-ката, ама сеа, ј*бига, мора и некоја мана да има ;D.

Кинескиве копии од многу работи се одлични. Изработката често знае да е евтина, ама тоа лесно се средува (менуваш кабли, прелемуваш кај што треба, менуваш компоненти некои ако има потреба), ама освен тоа, реално гледано, за релативно мала сума на пари, добиваш полу-професионален алат кој кај нас може да те чини мноооогу повеќе ;)... а многу често и го нема ::).

ако даваш 2$ за термопар...кај отишле 2, благодарение на невероватните пребарувачки вештини на Гига, за 3$ има цела рачка  ;D ;D

Абе не е комплицирано, аман ;D. Бараш тоа што ти треба, подесуваш филтри (Free shipping, Price + Shipping Lowest first, Buy it now) и толку ;).
« Last Edit: 12.05.2017, Friday, 00:26:22 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #42 on: 12.05.2017, Friday, 20:31:15 »
мислам и дека 936 веќе не се ни произведуваат

Точно, HAKKO 936 веќе не се произведуваат. Има нов модел HAKKO FX-888D, но и од нив има клонови  ;D

« Last Edit: 06.10.2017, Friday, 18:10:48 by Zan »
Жан

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #43 on: 12.05.2017, Friday, 20:41:04 »
името е останато „кинеско не чинит“...баш напротив...има квалитет за сечиј џеб кина...ние колку сме спремни да платиме е прашањето. А со евтината работна сила и масовно производство....баш не спасија! Презадоволен сум јас за многу работи...и да не е врвен квалитет...греота е да се пожалиш на цената, некогаш и ќе преплатиме бренд па ќе разочара :D

малку офф топик...ќе мојт линк (ибеј, алиекспрес) од кинеската копија на дремел? :D
бтв. јас купив екстол за безвезни пари и не чинеше...пошо сиромавиот дупло плаќа....па си купив raider за 3000ден со 6 месеци гаранција, душа му истадов...само од зимава на ладно користење ми пукна кабелот пластичен беше...ставив силиконски и коска е...и дијакот еднаш ојде во регулацијата....ама задоволен многу. Се мислам често за дремел, ама 6-7000 е па се откажувам од купување.

Абе не е комплицирано, аман ;D. Бараш тоа што ти треба, подесуваш филтри (Free shipping, Price + Shipping Lowest first, Buy it now) и толку ;).
не...уметност е хахахахах  ;D


Точно, HAKKO 936 веќе не се произведуваат. Има нов модел HAKKO FX-888D, но и од нив има клонови  ;D
вака на изглед мн ми прават ќејф...ама скапички мислам дека се....а за квалитет не се сомневам :D

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #44 on: 12.05.2017, Friday, 20:55:11 »
вака на изглед мн ми прават ќејф...ама скапички мислам дека се....а за квалитет не се сомневам :D
Над 120 долари е Genuine Hakko FX-888 :)


ќе мојт линк (ибеј, алиекспрес) од кинеската копија на дремел?
Види овде
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/230V-Dremel-MultiPro-Electric-Grinder-Rotary-5-Variable-Speed-Power-EU-Plug-/201828398021?hash=item2efde8f3c5:g:2isAAOSwOVpXbKsv
Жан