Author Topic: Кинески лемни станици  (Read 6519 times)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #60 on: 23.05.2017, Tuesday, 17:35:02 »
Добра рачка е оваа, јас имам користено иста таква, врвот не се троши брзо и доста време ја користам немало нешто да изгорело на неа сега за сега ;D

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #61 on: 23.05.2017, Tuesday, 21:16:03 »
Мислам дека термопарот се разликува, а не греачот. А дури и да се разликува, преправката е многу лесна, на плочката дури има обележано кои компоненти треба да се сменат, така да, барем за мене, не е проблем ;).
Мојата плочка со преден панел што ја земав не е со таква изведба за преправка.


« Last Edit: 24.05.2017, Wednesday, 00:08:37 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #62 on: 24.05.2017, Wednesday, 00:05:31 »
Не знам кога си ја нарачал, ама мојата ја нарачав пред околу... година или две, не ми текнува точно кога, ама ја имаше опцијата за преправка.

На плочката што ти си ја нарачал, пишува дека е од 2012, така да Кинезите очигледно си ја увиделе грешката и направиле понова верзија од плочката ;).

Вака изледаше плочката јас што ја нарачав.



Само што таа јас што ја нарачав беше и со преден панел.

Сеуште ја има и таа ти што ја имаш ставено на ebay и е за околу 0.7 долари поевтина од оваа (таа е 2.6, оваа е 3.3 долари). Но, иако за нијанса поскапа, барем според мене, подобро е да се нарача оваа од горната слика отколку онаа ти што си ја нарачал ;).
« Last Edit: 24.05.2017, Wednesday, 00:10:34 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Одг: Кинески лемни станици
« Reply #63 on: 24.05.2017, Wednesday, 02:42:51 »
Да, подобра е заради можноста за евентуална преправка.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #64 on: 24.08.2018, Friday, 02:26:37 »
Совет за оние кои се нови во користењето на Кинеските дувалки.

Полека зголемувајте ја температурата на излез од дувалката. Што значи ова? Значи не ја подесувајте температурата, па потоа да ја пуштите дувалката или да ја пуштите па потоа директно да рипнете со потенциометарот на 400 степени. Полека зголемувајте ја температурата од минимумот до посакуваната температура. Значи, ја пуштате дувалката во работа со потенциометарот за температура на минимум и почнувате полека да вртите со од од неколку степени во секунда се додека не ја подесите посакуваната температура ;).

Ова важи и за оние лемни станици кои имаат дигитална контрола (со тастери), освен ако самата лемна станица полека не ја накачува температурата (не знам дали има Кинески копии со софтвер кои го прават ова).

Имам изгорено два греачи вака дур не сватив дека тоа е проблемот. Греачите се од кантал жица, канталот брзо загрева, ама ова загревање не се пренесува лесно на централниот дел (керамичкото цевче) и термопарот кој се наоѓа на врвот од керамичкото цевче. Му треба време на термопарот да изреагира, а додека изреагира, кантал жицата од греачот е веќе жар усвитена и животниот век и е скратен :S. Освен ова, проблем се и наглите температурни промени што предизвикува виткање на кантал жицата, што може да предизвика спој меѓу намотките (не се изолирани меѓу слоевите, намерно, заради подобар проток на воздух), како и самиот квалитет на кантал жицата (се разбира, не е супериорен :S).

Откако го применувам овој принцип на постепено накачување на температурата, немам сменето рачка или греач на дувалката ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Re: Кинески лемни станици
« Reply #65 on: 24.08.2018, Friday, 09:31:36 »
Ова е старо правило Гига. :) Уште кога работевме со обични лемилици ставав сериски со лемилицата по една диода (пример 1N4007) и прво ја уклучуваш преку диодата! Така може да стои уклучена подолго време и кога ти треба за полна сила со прекинувач ја преспојуваш  диодата и даваш максимален  напон на греачот па за 5 секунди се добива максималната температура за лемење.Така никогаш лемилица нема да ти прегоре!! ??? 8)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #66 on: 25.08.2018, Saturday, 03:51:43 »
Епа мене подоцна ми станаа некои работи јасни ;D. Како неонка сум за некои работи, треба време дур ми светнат ;D.

Пишав за да не се зезнат и други ;)... мада, ако се како мене, прво ќе изгорат барем еден греач :D. Јас, за жал, ако не згрешам, не учам :S.

Добро, барем да не бидат два или повеќе ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #67 on: 01.09.2018, Saturday, 22:23:50 »
Пошто имам лемилка 60w за погруби работи, али често се случува да ја заборавам и да ппрегрее, па се мислам да земам некој по асален греач, да менувам греачи, наместо лемилки. Од тоа што гледав
1.
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/Original-Japan-GOOT-KS-KX-Replaceable-Solder-Ceramic-Heater-Core-Ultra-durable-Soldering-Iron-Heating-Element/32778225402.html?spm=2114.search0604.3.123.272211a0EmbsZQ&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_4_10065_10068_10059_10696_100031_10084_10083_10103_451_452_10618_10307_5014715_5014615,searchweb201603_16,ppcSwitch_5&algo_expid=12ff52d8-5a45-44b9-afe5-c96802c789e5-18&algo_pvid=12ff52d8-5a45-44b9-afe5-c96802c789e5&priceBeautifyAB=02.
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/Free-Shipping-Solder-Iron-Heater-External-Heated-Type-For-NO-630-640-650-660/32829247314.html?spm=2114.search0604.3.24.185f11a0nSYEWi&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_4_10065_10068_10059_10696_100031_10084_10083_10103_451_452_10618_10307_5014715_5014615,searchweb201603_16,ppcSwitch_5&algo_expid=2b5ed3ce-58d7-467a-b4de-9a41c37cb6d0-3&algo_pvid=2b5ed3ce-58d7-467a-b4de-9a41c37cb6d0&priceBeautifyAB=0
3.
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/Free-Shipping-Solder-Iron-Heater-External-Heated-Type-For-HS-100C-80C/32822769274.html?spm=2114.search0604.3.17.185f11a0nSYEWi&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_4_10065_10068_10059_10696_100031_10084_10083_10103_451_452_10618_10307_5014715_5014615,searchweb201603_16,ppcSwitch_5&algo_expid=2b5ed3ce-58d7-467a-b4de-9a41c37cb6d0-2&algo_pvid=2b5ed3ce-58d7-467a-b4de-9a41c37cb6d0&priceBeautifyAB=04.
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/2x-High-Quality-220V-60-Watt-Long-Life-Heating-Element-Core-for-Soldering-Iron/192554027195?_trkparms=aid%3D555018%26algo%3DPL.SIM%26ao%3D2%26asc%3D20131003132420%26meid%3D4df04b0999364b7aaf14796eabcd180a%26pid%3D100005%26rk%3D2%26rkt%3D3%26sd%3D192549028615%26itm%3D192554027195&_trksid=p2047675.c100005.m18515.
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/Soldering-Iron-220V-30-40-60W-External-thermal-heating-core-Heater-Element/252974732819?hash=item3ae6781613%3Am%3AmJhtqCgCk-0Fq5PimpszaoQ&var=552009485614
Па кој како има искуство нека пише. Исто така добредојден е и совет за врв за соломон 30w, и за погорните греачи (0,6мм широк, телото во греачот е 6,5мм плус врвот). Фала.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #68 on: 02.09.2018, Sunday, 02:40:20 »
Исто така добредојден е и совет за врв за соломон 30w, и за погорните греачи (0,6мм широк, телото во греачот е 6,5мм плус врвот). Фала.

Во Loging имаш такви врвови. Истите се фаќаат и на HQ рачките, така да, можно е да има и во BT.

Квалитет... дискутабилно... не се нешто кој знае што... подолго ми траеше Кинескиот врв на копиите на Hakko рачките.

А зошто не си нарачаш контрола за лемна станица? Евтини се, само трафо ти треба и рачка ;). За рачка, може да искористиш било каква, одговараат и Кинеските копии на Hakko и HQ/Solomon рачките ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #69 on: 02.09.2018, Sunday, 03:07:59 »
Не е китајска :D баш сега гледав еден многу едноставен DIY контролер за рачка со А1321 термопар.
Kористи DC напојување од лаптоп :)

1 LM358
1 Hakko handle soldring  A1321
1 Socket 8 pin
3 Domino 2
1 Pot 10 kilo ohm
1 Capacitor 100uf/25
1 irf 3205 or z44 and heatsink (во шемата е IRF540 ?)
1 Hole board
2 Led
1 Resistor 2.2 ohm
2 Resistor 4.7 kilo ohm
3 resistor 1.5 kilo ohm
3 resistor 2.2 kilo ohm
1 resistor 100kilo ohm
2 resistor 10kilo ohm

p.s. Некој што ја направил коментирал дека отпорникот од 1,5к што е во паралела со потенциометарот заради подобра регулација го заменил со 2,2к.

p.s.s. ППК за жал нема :( (во воздух правење)  ;)





Па ако некој ја направи нека коментира, а можеби и јас ќе ја пробам :D
« Last Edit: 02.09.2018, Sunday, 05:49:55 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #70 on: 02.09.2018, Sunday, 05:47:51 »
Да де, генерално земено, шемата е таа, само што триакот е заменет со MOSFET ;).

И да, може вака да се преправи и онаа контролата од копиите на Hakko 936, но, сметајте дека нема да може да постигне повеќе од 300, 350 степени со влезен напон од 18.5, 19, 20VDC колку што даваат полначите за лаптопите. Греачите на A1321 им работат на 24VAC, што во „превод“ значи дека еквивалентниот еднонасочен напон би требало да биде 24 * 1.41 =~ 34V. Единствен проблем е тоа. Имам размислувано на оваа тема и генерално земено, тоа е најголем проблем.

Инаку, чисто информативно, не е погрешно ако лемната станица ја работите на за нијанса поголем напон. За копијата на Hakko 936 која ја правев, не можев да најдам адекватно трафо, па искористив некое кое дава 27V~. Трафото не беше премногу моќно (не беше екстремно поддимензионирано за потребите на лемната станица, но генерално земено, беше за нијанса послабо од тоа што требаше), така да, напонот таман си падна на 24V~ кога ќе почнеше да грее лемната станица ;). За разлика од оваа ситуација, на мојата оригинална Solomon лемна станица напонот и паѓа на 22V~ кога ќе почне да грее греачот и автоматски едвај постигнува и 420 степени :S (максимумот на колку е декларирана). А исти рачки имав монтирано и на една и на другата лемна станица, но ете, копијата на Hakko 936 без проблем постигнува повисока температура од мојата дома. И треба време со таа рачка (HQ, Solomon) за да дигне 480 степени (за разлика од A1321, најверојатно со неа многу полесно ќе дигне 480 степени), но затоа некако, по многу загревање, успева да се изгаси контролата за греачот и да крене 480 степени ;) (мерев со температурна сонда, значи, проверено е ;)).

Така да, сметајте дека не е „грев“ ако ставите трафо со напон за нијанса повисок од стандардниот 24V~ ;). Јас би одел и до 30V~ како максимум за напон за напојување на греачот на A1321 ;)... бидејќи сметајте дека напонот сигурно ќе падне барем за 1V~, дури и ако е наддимензионирано трафото, а сигурно за 3, 4, 5V~ ако е поддимензионирано, така да, нема да има проблем ;), напонот ќе си падне на, горе-долу, потребниот напон за греење на греачот на рачката ;). Вака, можете да користите и за нијанса поддимензионирани трансформатори, но кои според „страндардот“ не го даваат адекватниот работен напон за греачот на рачката ;).

Генерално змено, сметајте, греач е (кантал жица) - колу повисок напон му носите, толку повеќе струја повлекува, ;). Ако му дадете повисок напон, повеќе ќе повлече, автоматски побрзо ќе загрее, а ќе може да постигне и повисока температура ;). Е сега, да, ова му го намалува работниот век на греачот, ама па не е напонот драстично повисок, барем не за греач, така да ова скратување на работниот век не е големо ;) (ако требал да откаже по 5 години, ќе откаже по 4, 4.5 ::)... големо чудо :D).

Можно е да треба работниот напон на некои компоненти да се смени (најверојатно кондензаторите)... знам дека нешто менував, ама тоа беше по моја лична иницијатива и тоа само поради тоа што сметав дека искористените компоненти не беа баш со најдобар квалитет и доволно добро димензионирани за конкретната примена, така да, не го разгледував проблемот од аспект на тоа „повисок наизменичен работен напон на греачот и напојување за контролата“.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #71 on: 02.09.2018, Sunday, 14:09:00 »
Па ми е во предвиди тоа, али за понатака, засега колку да имам резерва и летум за така погруби работи т.е. подебели жици, за електроника ми брка работа соломонот преку триак.

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #72 on: 05.09.2018, Wednesday, 22:19:34 »
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10728.msg124392#msg124392
Го изработив  овој контролер за А1321 рачка и работи одлично, проработи од прва. :D
Употребив IRFZ34N и истото воопшто не грее, може да се монтира скромен heatsink чисто како за сигурност.
Го напојувам со малку помасивен адаптер за лаптоп со 20v и 4.3A и со него постигнува максимална температура околу 450-470 степени.
Со еден збор работи како китајското Hakko :) и го препорачувам како солиден и едноставен контролер за А1321 рачки кој врши работа еднакво на Hakko :)
Загревањето од ладна рачка до максимум температура трае околу 1 минута и 20 секунди.

Деловите сигурно ќе ги најдете дома (не мора за нив да давате пари) :D

@GigaWatt
Фала за стручната помош и поддршка :)
« Last Edit: 06.09.2018, Thursday, 03:22:58 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кинески лемни станици
« Reply #73 on: 06.09.2018, Thursday, 03:26:44 »
Го напојувам со малку помасивен адаптер за лаптоп со 20v и 4.3A и со него постигнува максимална температура околу 450-470 степени.

Huh ???... значи сакаш да кажеш дека со 24V еднонасочен напон од SMPS може да постигне и 500, 520, 530 степени ???.

Загревањето од ладна рачка до максимум температура трае околу 1 минута и 20 секунди.

Во ова сум сигурен дека е така, SMPS е, напонот не паѓа ;).

@GigaWatt
Фала за стручната помош и поддршка :)

Нема проблем ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Re: Кинески лемни станици
« Reply #74 on: 06.09.2018, Thursday, 16:06:01 »
Quote
Huh ???... значи сакаш да кажеш дека со 24V еднонасочен напон од SMPS може да постигне и 500, 520, 530 степени ???.
Хммм, не знам, не би ризикувал со 24v ради грејачот (колку максимално може да трпи температура грејачот).

Quote
Во ова сум сигурен дека е така, SMPS е, напонот не паѓа ;).
Баш денес мерев колку ампери влече.
При уклучување на лемната станица (ладна) повлекува околу 4А, и како качува температура рачката така паѓа амперажата.
Кога ќе дојде до максимум пред да исклучи грејачот, амперажата е околу 2 и цело време надогревањето е со околу 2А. :)

Напојувањето кое го користам е од лаптоп Fujitsu Siemens 20v 4.5A.



Quote
Нема проблем ;).
Хаха,
ти си знаеш :) те отеков :)
« Last Edit: 07.09.2018, Friday, 11:35:57 by GigaWatt »