Author Topic: LTspice IV  (Read 587 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
LTspice IV
« on: 21.05.2013, Tuesday, 03:40:33 »
Ова е еден од ретките бесплатни програми за симулација ;). Моделите на компонентите се базираат на SPICE моделот, што значи дека може да импортирате компоненти од други софтвери кои го користат истиот модел за нивните симулатори ;). Искрен да бидам, програмот не е баш најпрактичен за работа (се гледа дека не се мислело баш на интерфејсот, користењето на дупли или единечен клик за селектирање или прикажување на својства на компонента го нема, треба да се избере од лентата со алатки селекторот :S, што е непрактично и одзема време), но симулациите ги извршува исто како и платените програми ;). По default доаѓа со база на компоненти од Linear Technology (компанијата која го развива софтверот), но постои една yahoo група на која имате многу повеќе компоненти отколку во оригиналната верзија, односно комоненти кои (по default) не се поддржани од производителот ;). Базата на компоненти се update-ува постојано (се поправаат некои грешки, се додаваат нови, се подобруваат моделите, итн.), што значи дека можете да ги симнете SPICE моделите од по популарните операциски засилувачи, транзистори, диоди, итн., кои не ги произведува Linear Technology (third party components).

Code: [Select]
http://tech.groups.yahoo.com/group/LTspice/
Сепак, да не излезе дека „не го бива симулаторов“ ;D, ќе пишам и неколку негови предности ;). Едната е auto update. Значи, само што ќе го подигнете програмот, истиот автоматски проверува дали има некои updates на серверот на Linear Technology ;). Ова би го сметал како недостаток во определени случаи, но во конкретниов случај е предност бидејќи цело време ве држи up to date со најновите SPICE модели за компонентите на Linear Technology, како и со најновата верзија (exe) од програмот, но истовремено не го пренатрупува програмот со непотребни работи ;). Другата предност е неговата големина, која е прилично мала (околу 12-тина MB), што значи дека може да се пренесува скоро било каде на USB flash меморија или да се праќа заедно со проектот (шемата) која ја работите на mail како attachment, итн. ;). Како трета предност, би ја спомнал неговата брзина на симулација, односно побрзо ги извршува симулациите во однос на другите по „габаритни“ софтвери за симулација (како што се Multisim и PSpice).

Еве еден screen shot од симулирано коло во LTspice IV ;).


Бидејќи (во принцип) не сакам installer-и, еве една portable верзија од симулаторов update-уван до последната верзија, 4.19c ;).

download link:

Code: [Select]
http://bitupload.com/file/p/id/p17r29u27r1jov1bsu1d1p1at91t4o5
permanent mirrors:

Code: [Select]
https://www.box.com/s/mmzkfd6p8kuks80rnesd
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/7aCBC65DGk6/LTSIV419C.rar
Најновата верзија (со installer) на LTspice IV можете да ја симнете од официјалната страна на Linear Technology.

Code: [Select]
http://www.linear.com/designtools/software/#LTspice
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."