Author Topic: Печатење на плочки, трансвер хартија, сито печатење и с.л.  (Read 33158 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
каква хартија ?
за хартија најдобро е да се користи термо фолија  :)
фото лак
за фото лак се користи најчесто спрејот Позитив 20.
Осветлувањето е малку потешко затоа што ти требаат UV ламби (сијалици ) кој се малку поскапи,
се користат ув сијалиците затоа што овој лакот е нај осетлив на ним.
Постапка
Бакарната страна добро се чисти, се ослојува со фотоосетлив спреј, се суши 24 часа или 15 минути на температура од 75 степени (стави ја во ел. шпорет ). Шаблонот копиран на  термо фолија се става врз бакарната страна и преку него се осветлува со јака светлина (УВ). Светлината која ќе помине на незаштитените делови ќе ги разори површините на спрејот. Додека светлината не поминува преку темните полиња. Времето за осветлување зависи од изворот на јачина на светлина (најчесто е дадено на фото спрејот)
После ова плочата се става во раствор од 1 литар вода и 7-10 грама сода за сапун
За 1 минута осветлената површина се распаѓаат
после ова плочката се става во раствор за нагризување.
За ламби може да користите и од оние што се за улично осветлување , само што постапката ќе трае подолго.
« Last Edit: 20.04.2010, Tuesday, 18:38:32 by BorceBT »
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Како вие печатите плочка, дали со трансвер фолија или хартија или пак на сито печатар.

Зошто да не е со фломастер за ВФ техника? Јас и кога работам со печатена фолија и колку и да излезе од фолијата сепак некои места мора со фломастер да се поминат кај што не се префрлил тонерот  ;)
« Last Edit: 12.12.2009, Saturday, 14:18:07 by DX-er »
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ако правиш плочки со toner transfer методот тајната на успехот е да користиш што потенка  хартија, и тоа од онаа сјајната (во книжара барај ја како кунздрук). Во краен случај можеш да искористиш и лист од старо списание, најдобро некое странско, повеќето од нив се печатени на многу тенка сјајна хартија, само исечи еден лист и штампај на него и со малку експериментирање со “пеглањето“ ќе добиеш сосем пристојни резултати. И обавезно штампачот подесување на најцрно! :)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
леле а јас до сега работев исклучиво со фолија за графоскоп  :D и при вадењето на истата некои делови од тонерот остануваа на плочката. Значи по тенка хартија, а сјајна мислиш на мрсна хартија?

Ми кажаа дека најдобра варијанта е да се однесе плочката на сито печатар (тие што штампаат маички, запалки, пенкала и с.л.) па дали некој знае каде во Скопје има сито печатар па ако знае и која е цената за печатење (од прилика) на една плочка на пример 10 на 15cm?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Ако правиш плочки со toner transfer методот тајната на успехот е да користиш што потенка  хартија, и тоа од онаа сјајната (во книжара барај ја како кунздрук). Во краен случај можеш да искористиш и лист од старо списание, најдобро некое странско, повеќето од нив се печатени на многу тенка сјајна хартија, само исечи еден лист и штампај на него и со малку експериментирање со “пеглањето“ ќе добиеш сосем пристојни резултати. И обавезно штампачот подесување на најцрно! :)
епа јас правам со нај нормална обична бела хартија за печатар, плочата е стакло се излегува без да останат некој ќошиња ова она, излегува како со фото постапка да сте работеле, ама има една финта, после печатењето исечете го лифчето со шаблонот по саканите димензи и ставете го на плочата и тука залепете го за плоча на краевите, ама да не покривате од водовите. Гледајте убаво да е затегната хартијата, после ова земете во еден сад турете вода, макнете ја плочата со се хартија во вода, извадете ја и со прст прицкајте на хартијата се додека не почне да се гледаат водовите, да стане прозирна хартијата, исприцкајте ја цела. После ова само земе на највисоко ниво со нормална пегла притиснете ја околу 30s, после тргнете ја пеглата макнете ја плочата пак во вода, пак пеглајте , пак макнете ја и овајпат убаво со пеглата поминете преку цела плоча за секој случај да не не излезе негде. После пеглање макнете ја плочата во вода и пополека извадете ја хартијата, ќе видите дека е залепена, потријте ја малку и ќе излези цела, ставете ја во раствор и ќе видите супер резултати
со малку обиди ќе добиете супер плоча.
извинете за офф..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Да, сјајна или мрсна, што потенка, пробај после печатењето дали можеш да го изгребеш тонерот со нокт, ако можеш лесно значи дека после лесно и ќе се пренесе на плочката. Иначе после пеглање плочката се потопува во врела вода со малце сјај или сл. детергент, убаво да постои и да впие хартијата и после лесно се одлепува.
Ај стварно доста оф топик, ако треба ќе отвориме тема само за ова  :).
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Devil, премести ја темата на некое посоодветно место. Општо можеби?
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
преместено во туторијали
пишете ги вашите искуства со печатени плочи и методите со кој сте ги правел
јас наведив погоре како правам :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Иначе, да ви се пофалам дека во последно време ме има фатено некоја мрза да правам плочки па скоро исклучиво користам универзална плочка со дупчиња, нареди деловите, пушти врски меѓу нив и готова работа.  8)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Извинете за офтопикот
LordZi со што од електроника се занимаваш? На пример микроконтролери, аудио појачала РФ техника...
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
DX-er, со све освен РФ...до скоро најмногу чепкав околу аудио, појачала, звучници и сл., во последно време тежиштето се префрли кон микроконтролери... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
OK, тие информации ги внесов во твојот профил, еве на пример во мојот профил пишува "Ентузијаст за радио предаватели, засилувачи и антени :)"

Малце за темава  :) Освен со трансвер фолии, листови и фото постапка дали некој испечатил плочка на сито печатар или па ја однел да му ја изгравираат?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
потешко малку за гравирање, незнам дали ќе најдеш некој кај нас да ти гравира освем ако не одиш во некоја фирма која се занимава баш со тоа јас не знам дали има такви фирми. Сито печат е малку полесно, слично е на фото постапката
побарајте на youtube сигурно  има како е, баш некни гледав како се прави со сито печат :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Еве по некоја случајност баш денес после којзнае колку време правев плочка со тонер трансфер методот, па имав шанса да направам некоја слика. Пошто како што ви кажав и претходно, ме има фатено некоја мрза околу правење плочки, работев малце набрзина (читај: не толку квалитетно  ;)), ама мислам дека излезе пристојно.
Ова е предлогот, печатен на лист од старо списание - одберете некој попразен (помалце да има штампано на него)

Ова се добива после пеглањето, пеглата се мести на 2/3 моќност, се пегла 20-30 сек. со благо притискање да се помине целата површина. Ако се притиска многу, тонерот ќе се размачка, ако се притиска премалку нема да фати сегде. Најдобро за ова е да се користи ламинатор за пластични фолии, кој може да најде. После пеглањето плочката се потопува во врела вода со сјај, убаво да впие, ама пошто сум мрза :o ја ставив во обична ладна вода и тоа очигледно прекратко, па на места сосе хартијата се излупи и тонерот.

После поправање на некои места и нагризување, се добива ова - сосема пристојна и употреблива плочка
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio