Author Topic: Печатење на плочки, трансвер хартија, сито печатење и с.л.  (Read 33874 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
но дали има разлика меѓу таа фолија за графоскоп и термо фолијата?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
истата е, само поинаку ја викаат
инаку според мене за мали потреби ( неколку плочи ) најдобро е да се пегла со обична хартија
само како го имам развиено добро тој метод појма немате :D, 100% од тонерот на листот се префрлуваат на плочата ;D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Иста е и фолија за графоскоп и термо фолија правилно се вика термо фолија,ама обично ја викаат фолија за графоскп.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е сега вака, го прочитав цел thread и сакав да поставам едно прашање. Кога читав пред едно 5, 6 години на net за тонер трансфер постапата, во неколку од blog-овите/сајтовите имаше напишано и модели на ласерски принтери со кои се вадат најдобри резултати. Пишување дека (као демек) со понеквалитетни принтери се вадат подобри резултати бидејќи не се лепел толку добро тонерот за хартијата, па можел полесно да се префрли тонерот на плочката. Имаше наведено и конкретни модели на принтери кои ваделе најдобри резултати, меѓу кои беше и HP LaserJet 6 (ова беше напишано во времето кога LaseJet 6-ките беа „шема“, освен некоја расипана LaserJet 6-ка на „бувљакот“, не верувам дека ќе го најдам на некое друго место овој принтер).

Јас имам дома три матрични принтери и сите три ми се подарок од некаде. Знам дека не може се изработи со матричен принтер оваа постапка, но само сакав да наведеам дека моето познавање од принтери завршува кај матричните принтери. Сум ги поправал, сум им менувла ленти, ама па не знам ништо за ласерски принтери, за inc јet по нешто знам, ама за ласерскиве сум tabula rasa.

Бидејќи гледам дека повеќето од вас работеле со тонер трансфер постапката, а на некој му излегувале „топ“ плочките, а пак на други не и излегувале баш толку добри, има доста голем шанса да е проблемот и до принтерот. Ако може да наведете кои ласерски принтери сте ги користеле или ако имате информација со кои принтери се вадат најдобри резултати, би било супер ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3213
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
јас користам принтер кај што ке начекам, дека дома немам ласерски принтер. во школо професорот по пракса плочките така ги прави, ама па пред да ја „пегла“ плочката ја мокри со 96% алкохол и вика дека така подобро искачале. Пробав дома и...стварно супер искачаат плочките, од прва искачаат...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ова е интересно, ја мокри плочката или хартијата, колку става алкохол, пиши нешто повеќе околу ова...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3213
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ја мокри хартијата, а става колку само хартијата цела да е покриена со алкохол, значи не да се цеди алкохол од хартијата него да е само навлажнета хартијата, и кај што алкохолот испарил после пеглањето таму е залепена...а тонерот го чисти со нитро разредувач, за да не се намалува дебелината на водовите кои и се веќе тенки...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
јас имам пробано со алкохол,но ми се лизга хартијата за време на пеглање,јас првин ја загревам плочката,потоа ја ставам хартијата,од самата топлина таа се залепува на плочката и после убаво со пегла ја поминувам,откако ке ја испеглам ја мачкам плочката со сјај,потоа плочката ја потопувам во врела вода во која исто така има сјај и ја оставам петнаесетина минути да се накисне,на крај хартијата ја одтсранувам под млас вода,и никогаш немам утнато плочка со оваа постапка   8)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Уствари, сите различно си правите :D... ај ако не ќе пробам од се по нешто, па што бидне нека бидне ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline socaoh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
А дали некој знае каде може да се набави спреј за пркање на паус за да се
зацрни повеќе?
 

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3213
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
таков спреј можеш да најдеш во продавници за графика, такви продавници ги има после соборна кај автобуската (од центар накај ѓорче/карпош кога одиш по партизанска) има таму на автобуската обложувалница една и позади нејзе има уличка ке тргнеш по таа уличката што е позади и има таму продавници за графика..прографика, весна и други продавници таму има 100%...ако не свати кај е кажи ке ти нацртам на мапа од гугле кај се тие продавници...само те молам свати за да имам повеќе време за играње...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline cekaj

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
  • Електроничар за занимација
Тие УВ ламбите, во каква форма се? Како оние флуросцентните или само како неонки (долгите)?
„Електрониката да беше лесна, сите ќе беа електроничари..“

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
како неонките, ама гледам сега по нетов кружат некој ув лед диоди
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да да има, ама мала моќ имаат, ќе ти требаат барем 50 такви за да можеш да ја изедначиш нивната моќ со моќноста на една неонка, така да, не се исплати, подобро да си земеш неонка. И онака сега се евтини, околу 200 денари. Јас на времето (пред едно 10 години) купив една, и тоа ја нарачував од странство, и ми ја наплатија 2500 денари :O. Мада стварно квалитатена е и до ден денешен ја користам, ама кога ќе ми тене колку пари фрлив за неа... ми се плаче :D.

Само да не купувате од оние електронскине евтини стартери за неонки, не ги бива, со стандарден стартер и трансформатор многу подголемо UV зрачење ќе добиете од истата неонка ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline cekaj

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
  • Електроничар за занимација
Барав низ темата во врска со сито-печат постапката за ППК, ме интересира повеќе околу овај метод, оти чичко ми има еден пријател кој работи во печатница, па мислам дека може да ми набави сито.
Однапред благодарам.
„Електрониката да беше лесна, сите ќе беа електроничари..“