Author Topic: Печатење на плочки, трансвер хартија, сито печатење и с.л.  (Read 33907 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Eдното е плоча од напојување другата е појачало :D

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Не знам дали е спомнато, а и да е спомнато добро е да се освежи. :)
Мене ми изгледа доста едноставен начин на тонер трансфер без пеглање, во скоро време ќе го пробам и овој начин (не ме бива за пеглање, пробав повеќе пати). :)


btw ... Дали се наоѓа кај нас FeCI3, ми изгледа поедноставно отколку со киселина и хидроген?
« Last Edit: 03.09.2018, Monday, 23:46:50 by krema »

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Како да си направиш дома FeCL3
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Не е баш така глатко како на видеото, користи чист ацетон ( диметил кетанол,го има во еурофарм) а може и со нитро ќе успееш. FeCl3 едино интерхем да прашаш или некоја индустрија.

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Инаку оваа киселина што ја има по продавниците во литарски шишиња е толку многу разредена што просто не верувам воопшто на концентрацијата, а хидроген 3% мослам дека може да се набави или во аптеки или од некоја болница, клинци сите имаме по дома. :)

Вака не изгледа тешко да се направи во домашни услови овој FeCI3, а и башка кога ќе направиш пример „литро“ може да стои подолго време без да изгуби од својството што го има.

користи чист ацетон ( диметил кетанол,го има во еурофарм) а може и со нитро ќе успееш.


Не разбрав за што чист ацетон или нитро?

Инаку пробал ли некој на овој начин што го поставив погоре за тонер трансфер без пеглање?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Ацетонот од продавница не е ацетон, него е отстранувач на лак за нокти, што и не е баш ацетон, има и масла и витамини во него. Исто како на пример што ликерот не е чист алкохол, и не може да го користиш за чистење на пример пошто ќе лепи.
Слични својства има и нитро разредувачот т.е. го раствара тонерот и може да се проба нитро
+ вода/алкохо за оваа намена. Инаку да,сум пробал, но користев многу повеќе ацетон и малце алкохол, но не секогаш ми испаѓаше штампата како што треба.
Може да се проба со отстранувач на лак за нокти, но тој не треба да се раствара и хартијата треба да се притисне озгора, но притоа да не се измести.
Хидроген во слободна продажба има 35% по аптеките, а киселината е 15% (теоретски максимум е околу 30% ) мислам, повеќе не може. Во интерхем има 50% хидроген, но не сум земал.
Алкохол по регулатива е 70% макс, нема појак. 
А гледам има и некоја "специјална" течност, но и најобичен отстранувач на лак за нокти ( не мора да е од Шатци :) ) ќе брка работа. Еве ја постапката за обичен ацетон

« Last Edit: 04.09.2018, Tuesday, 00:47:55 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Алкохол по регулатива е 70% макс, нема појак.

Мислам дека грешиш, тоа е алкохол за медицинска употреба. За индустриска, има и 97%-ен, ама не знам дали може да се купи во аптека. Имав купено од Алкалоид „90 и нешто“ процентен алкохол, пред повеќе од 12, 13 години сигурно, дали уште го продаваат, не знам. Искрено, ме ми текнува баш дали беше 97%-ен, ама дека беше над 90%, беше.

А, сега го прочитав тоа за регулативата. Можно е ова да се некои нови регулативи, но тогаш, се продаваше и појак, сигурен сум во ова ;).

@krema: Е ова, да, би го пробал, ама тоа со пеглите, тракатанците... никогаш повеќе :P :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Не сум пробал до сега со ацетон и алкохол но ми изгледа дека е по сложено од тонер трансфер со пегла, има повеќе чекори и потребни се повеке работи.

Дали има некој работено плочки со ситопечатенје во домашни услови?
Кои бои се содветни за печатенје колку ситно треба да биде ситото?
Сепак се ВРТИ !!!

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Минатиот месец земав литро :) од Зегин 95% алкохол, така да тој е најакиот, има и нешто послаб.

Со нитро мислам дека ептем ќе се размачкува, можеби со овој ацетон од аптека ќе брка работа, но мислам дека мешавината на ацетон и алкохол не му дава толку бргу да го топи и лепи тонерот за бакарот  (затоа и го остава 10 минути да реагира) а со тоа се избегнува размачкување на штампата.
Додека не пробам нема да знам :)

Дефинитивно ова за мене е полесно отколку пегла, кај пегла мора погодиш температура и куп други марифети. :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Да да порано имаше 97% алкохол и можеше да се купи, но сега можеш само како фирма или слично.
Др-мр, топло би ти препорачал да пробаш со ацетон што ќего најдеш во прваа продавница, ако му го фатиш редот ептен профи испаѓаат.
За сито не знам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не сум пробал до сега со ацетон и алкохол но ми изгледа дека е по сложено од тонер трансфер со пегла, има повеќе чекори и потребни се повеке работи.

Мене пак поедноставно ми изгледа :). Никако не можев да го погодам тоа со пеглата >:(. Или не се лепеше тонерот, или се размачкуваше или се сплескуваше, па водовите се допираа... никако да излезе како што треба :S. Тек по 5, 6, 7 пат ми излегуваше како што треба. Не дека имам направено стотици плочки со тонер трансфер, ама кога прв пат ја објаснуваа постапката (не знам каде читав) беше објаснето како „ова е многу лесно, нема веќе маркери, нема веќе ова, она, боза работа, само принтај и пеглај, бла бла бла“ ::). И јас помислив, ај да пробам... ма не бе, нема шанси, никако да погодам како што треба. Ај, си викам, прв пат ми е, ќе се испраксирам ;). Прави втор пат... бетер :o... првиот пат од 3-ти пат, вториот од 5-ти, 6-ти... ај, пак си викам, трета среќа ;). Ма не бе, јок, третиот пат беше најдолг >:(. Пола тонер истрошив, никако да направам асален трансфер. Можеби уште еднаш или два пати потоа да правев, ама видов ова не иде на поарно, или тапкам во место или одам на бетер и се откажав :S.

Дефинитивно ова за мене е полесно отколку пегла, кај пегла мора погодиш температура и куп други марифети. :)

Да да, како што пишав, ова дефинитивно би го пробал ;).

Дали има некој работено плочки со ситопечатенје во домашни услови?
Кои бои се содветни за печатенје колку ситно треба да биде ситото?

Никогаш немам пробано. Кога видов што се треба да имам за да направам сито печатење на плочка, се откажав.

Јас сум на ниет да преправам ласерски штампач... ако успеам тоа да го направам, тоа е раат работа 8). Е, тогаш, фабрика ќе отворам :D.

Ама се нема времеее :S... ах, што би дал да има само за мене денот 48 часа :).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Јас немав проблеми сплескуванје допиранје или слично понекогаш некаде прекинат вод. Целиот процес не траеше повеке од 5-6 мин без нагризуванјето. Имам читано дека завизи и тонерот, дали е нов, полнет каков принтер е   на сите модели на принтери тонерот не се топи на иста температура.
Постапката која ја објаснува тој на видеото  изгледа доста едноставна исто како тоа што си читал за постапката со пегла, едноставна се додека не земеш да ја правиш потоа излегуваат разни з.....( требало повеке тоа помалку другото требало така не така итн итн итн).
Модифицираните печатари за домашно правенје плочки се добри, уште  и ако може да се печати легенда на плочката. конкуренција на Кина  ;D
Е кога денот би имал 48 часа !
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Во аптека може да се купи 97% алкохол, знам пошто нон-стоп купувам... ;)
Иначе, јас не се откажувам од пеглата, кога ќе стекнеш пракса околу пегла-температура-притискање-време после сите плочки ќе ти излегуваат како што треба, јас лично не памтам кога последен пат ми се утнала плочка. Целата постапка од печатење до готова употреблива плочка не трае повеќе од саат време, тука вклучувајќи и најмалце пола саат киснење во топла вода со сјај, бушење на дупчињата и времето потребно да се исуши калафониумот. Самата постапка пеглање и нагризување во киселина не трае повеќе од десетина минути.
За нагризување секогаш користам солна киселина на Алкалоид и 30% хидроген + малце вода, во однос од око, можда 20:1 киселина:хидроген. Може да се користи и 12% хидроген од аптека без проблем (со тоа што односот на хидроген треба да биде поголем), па и 9%, но 3% е веќе слаб.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
30% хидроген од каде? Не сум налетал до сега на таков.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ако имаш некоја позната фризерка барај од неа да ти набави, за обична раја мислам не е достапен да се купи. Иначе и 12% ќе ти заврши работа.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio