Author Topic: Како да вградам влез на авто-радио Sony CDX-L350  (Read 4103 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве што и каде треба да залемиш.

Како што пиша DimitarMK, ќе си снимиш CD со тишина и ќе го ставиш на repeat и ќе си приклучиш што сакаш, телефон, MP3 плеер, што и да е. Кога ќе сакаш да слушаш на CD, ќе го извадиш џекот и ќе си ставиш друго CD. Кондензаторите C1 и C2 треба да бидат пластични, не електролитски. Може да имаат и поголема вредност, не е критична вредноста.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Супер објаснување @GigaWatt, па @dare532 чекаме да пишеш како звучи. ;)

Offline dare532

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
Утре ке одам да ги земам двата кондезатора па ќе го отворам радиото да го најдам тоа кај се наоѓа ќе видам како ќе се снајдам да залемам бидејќи  изледа е доста ситно и прецизно лемење, и ќе мора цд да има што ќе нема звук и ова ќе работи кога на цд ќе се пушти радиото така
« Last Edit: 17.09.2013, Tuesday, 21:57:31 by dare532 »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
...и ќе мора цд да има што ќе нема звук и ова ќе работи кога на цд ќе се пушти радиото така

Да, бидејќи инаку ќе се „миксаат“ двата сигнала. А влезот се активира само ако има CD во авто-радиото така да, мораш да имаш снимено CD со „ништо“ ;).

Можно е да е активен влезот и само ако го поставиш авто-радиото да пушта CD без да има CD во него. Треба да пробаш. Не знам како се активира CD-то на ова авто-радио. Ако автоматски не менува на радио во случај да не најде CD во него и ако е активен влезот, можно е и без CD да работи ;).

И не мораш да ги лемиш жиците баш на пинчињата од интегрираното коло. Може на било која компонента која е споена за тој пин. Пожелно е да користиш оклопен стерео кабел.
« Last Edit: 17.09.2013, Tuesday, 22:41:12 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dare532

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
Кажи ми сеа што кабел е тој ели стави некоја слика да го зирнам, со онаков ќе имам загуби нешто ели
« Last Edit: 18.09.2013, Wednesday, 01:20:32 by GigaWatt »

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1166
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Малку Off-topic
dare532 Кога одговараш користи ја иконката  ОДГОВОР наместо Цитирано зашто вака постовите не личат на ништо или се многу грди!
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Па еве уште малку офф топик- советите да наснима *тишина* и да префрли и стиша нешто се упатени на погрешна адреса.Очигледно дека дечково -*сака-не сака,знае - ништо не знае * од електроника и автоелектроника,па мислам дека секој аргумент за помош од Ваша страна се повеќе го буни и очигледно нема  да се снајде со  советите! Сметам дека ако веќе сака нешто со тој авто -радио ЦД приемник да направи е да не го растура ( оти нема да го склопи никогаш!), туку да го замени или продаде и да си купи друг со функција и можност за поврзување на надворешен уред!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Можда ќе му се најдат на друг некој советите.  :D

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1166
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Quote from: Toma
Малку Off-topic
dare532 Кога одговараш користи ја иконката  ОДГОВОР наместо Цитирано зашто вака постовите не личат на ништо или се многу грди!

DimitarMK цитатираното важи за секого кој ги чита темите и сите постови !
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Извинете, несакајќи, ете пред ова не сум цитирал  :)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Па ДимитарМК, оние поискусните не треба да бараат воопшто вакви совети!  8)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ајде сега, доста кудите ;D, да видиме што ќе направи dare532, бидејќи, јас барем колку што знам, многу членови побарале вакви преправки и во секоја тема со ваква преправка (без разлика дали е системче или авто-радио или нешто трето), секогаш имам post-ирано, но, колку што знам, никој не се нафатил до крај да ја истера работата.

Кажи ми сеа што кабел е тој ели стави некоја слика да го зирнам, со онаков ќе имам загуби нешто ели

Тоа е стандарден оклопен кабел. Може да биде стерео, може да биде моно, со тоа што ако е моно, ќе ти требаат два и ќе треба да им ги врзеш ширмовите (масите). Еве, на сликиве долу е прикажан еден моно и еден стерео оклопен кабел.

Можеш да искористиш и стерео кабел од CD/DVD-ROM. Тоа се оние тенкине сиви кабелчиња што на времето ги ставаа во PC-иња за да го врзат CD In влезот од аудио картичката со Audio Out излезот од CD/DVD-ROM. Сега веќе не се користат бидејќи и онака веќе скоро целото декодирање на сигналот се прави софверски и не е преголемо оптеретување за PC-то.

PS: Инаку, да, Toma е во право. Не цитирај цели post-ови, не е прегледно. Ти ги корегирам, ама не го прави тоа во иднина. Ако post-ираш веднаш зад post-от на член и твојот следен post се однесува токму на тој post (претходниот), нема потреба од цитирање ;).
« Last Edit: 18.09.2013, Wednesday, 01:37:05 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dare532

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
Денеска ги земав кондезаторите (двата ме коштаа 40 да не е многу) па ќе видам деновиве кога како сум слободен да го растурам да видам што како, иначе како да наснимам тишина на цд и дали може да се очисти ласерот јас пред некој ден го чистев со чепкалка со памукче ама суво памукчето друг начин да се очисти поубаво

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Исчисти го со дестилирана вода (може и обична ако немаш дестилирана). Едната страна на стапчето натопи ја, а другата остави ја сува. Со натопената помини ја леќата на ласерот, со сувата исчисти ја водата од леќата.

Тишина на CD можеш да снимиш ако изгенерираш тишина со некоја програм за обработка на аудио. Јас го користам Adobe Audition 1.5 (Cool Edit 2.0 Pro), но може и некој друг. Има и бесплатни програми за аудио обработка, може и со нив.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dare532

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
се проблеми до проблем сега како пак да ја направам оваа тишина кажи некоја бесплатна програма не многу голема. И извини што те испозамарав вака
« Last Edit: 19.09.2013, Thursday, 01:24:09 by GigaWatt »