Author Topic: Далечински прекинувач со инфрацрвени зраци  (Read 1766 times)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 407
  • Gender: Male
Овај проектот е од Емитер 09/2012, го направив се, напојувањето преку адаптер од 4,2V, бидејќи од 5V немав, ама ко ке го уклучам светат двете лед и релето исклучва и уклучва без да прицнам на дугме од делечинското, се понаша како приемната ИР диода да е расипана. Иначе при уклучвање на склопот не треба да светат лед диодите, ко ке му дам сигнал на ИР, тогаш кратко трајно светнува зелената па понеа црвената лед, а заедно со црвената се активира и релето. Црвената свети се додека ИР не добие нов сигнал па повторно светнување на зелената и гасење на црвентат и релето заедно.  Го проверив склопот, се си е во ред, нема кртки споеви, се е убо наместено, наместо тсоп1738 користам тсоп31238  оти во алфа немаше, ваљда нема голема разлика пошто на иста фреквенција работат.
Напони не измерив кај  интегралните пошо во еден момент релето почна да се понаша како неизменичен напон да му имам пуштено.

« Last Edit: 17.06.2018, Sunday, 06:12:13 by GigaWatt »

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Нешто грешка да не си со бројот на Емитер?
Еве ти го ти што го наведуваш тој:

Code: [Select]
http://emiter.com.mk/prethodni.php?godina=2012
Нема таму ИР прекинувач  ???
« Last Edit: 20.09.2013, Friday, 21:56:25 by GigaWatt »
Life is too short to remove USB safely ..

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Овај проектот е од Емитер 09/2012, го направив се, напојувањето преку адаптер од 4,2V, бидејќи од 5V немав, ама ко ке го уклучам светат двете лед и релето исклучва и уклучва без да прицнам на дугме од делечинското, се понаша како приемната ИР диода да е расипана. Иначе при уклучвање на склопот не треба да светат лед диодите, ко ке му дам сигнал на ИР, тогаш кратко трајно светнува зелената па понеа црвената лед, а заедно со црвената се активира и релето. Црвената свети се додека ИР не добие нов сигнал па повторно светнување на зелената и гасење на црвентат и релето заедно.  Го проверив склопот, се си е во ред, нема кртки споеви, се е убо наместено, наместо тсоп1738 користам тсоп31238  оти во алфа немаше, ваљда нема голема разлика пошто на иста фреквенција работат.
Напони не измерив кај  интегралните пошо во еден момент релето почна да се понаша како неизменичен напон да му имам пуштено.

Нешто грешка да не си со бројот на Емитер?
Еве ти го ти што го наведуваш тој:

Code: [Select]
http://emiter.com.mk/prethodni.php?godina=2012
Нема таму ИР прекинувач  ???

 ;D
Не сакам да бидам модератор во сенка ама оваа со цитирање на комплетен претходен пост многу ми пречи ;D
MarkoMK дали тебе не ти пречи овој мој пост !!!
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Не еднаш сме расправале за ова,но помладите членови лесно посегнуваат по цитати.Стварно нема потреба од тоа!! Цитат е неопходен ако се сака да се напомене,односно оспори нешто.Сигурно цело време не треба да оспоруваме нешто.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 407
  • Gender: Male
Не брат, не грешам, тој си е бројот и годината  ;D

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Добро во иднина нема да цитирам.
Само сакам да нагласам нешто:
Сметам дека претерано се форсираат некои небитни работи, како на пример кој цитира, кој не пишува литературно, кој пишува на дијалект, како е насловот на темата, каде треба точка или запирка, уште малце ќе биде проблем и кој која стилска фигура ја употребува  ::)... и се оптоваруваат темите.., на пример оваа тема од 6 поста 4 се однесуваат на тоа кој како пишува а не на самата тема.. ова се случува често.
Сепак ова е форум за електроника, а не е за уметност и литература.
Јас ќе бидам презадоволен ако има некој доволно стручен да ми објасни нешто што прашувам, да ме упати.. ич нема да ми смета дали пишувал на дијалект или користел мали букви, или ми го цитирал прашањето или не употребил точка.... ??? стварно не разбирам.

Инаку, како што кажав, бидејќи тоа се бара, јас досега гледам да ги почитувам правилата, и тоа ќе го правам и понатаму.
Life is too short to remove USB safely ..

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Затоа што јас сум „црната овца“ тогаш

MarkoMK... Протолкувај ги овие две реченици.

1. Во војна не  ја губиш главата.

2. Во војна не, ја губиш главата.

Па да видиме дали се небитни работи...
Quote
Сметам дека претерано се форсираат некои небитни работи, како на пример кој цитира, кој не пишува литературно, кој пишува на дијалект, како е насловот на темата, каде треба точка или запирка, уште малце ќе биде проблем и кој која стилска фигура ја употребува...

ПП. Ако модераторите сметаат дека не сум во право нека се изјаснат и отсега па натаму нема ниту збор од мене на тема цитати, литературно, ознаки и.т.н.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Просторов на Форумот не дозволува да се прават километарски постови.Ако на секој одговор ја * цитираш* целата предходна преписка- кој на кого што му рекол - тоа веке го оптоварува Форумот.За она дека не мора ни запирка ,ни точка- не се слагам.Ако треба да се негува на Форумов Македонскиот јазик и кириличното писмо ( за тоа сме 99% сите изјаснети),значи дека треба да пишуваме литературно,со  прифатлива писменост ,употреба на сите атрибути на писменост и пред се - литературно. Кој како дома или на улица си зборува,како се допишува со пријателоте на Фб,тоа си е негова работа.Сепак ова не е Фејзбук и треба тоа да се зема во предвид.Форумот е доброволна форма на комунукација и ако некој смета дека му е тешко така да комуницира,тогаш нека не се зачленува! Има и на Фејзбук луѓе да ти помогнат за некој проблем,па можеш и таму да споделуваш проблеми.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Тома, не мислев само за тебе, општо кажав

Споено мислење: 23.09.2013, Monday, 20:43:52
За цитирањето реков повеќе нема да цитирам, па ваљда на тој што се однесува мојот пост ќе знае некако дека е за него.
Инаку, за употреба на литературниот јазик, правопис, интерпукциски знаци, наслови и сл. МОЕ МИСЛЕЊЕ е дека малку се претерува, инаку секако јас го почитувам тоа како правило на форумов, никој не рече дека не го почитувам.
Инаку Фејзбук ретко уклучувам, така да не се допишувам таму, незнам од каде ти е таа идеја. А и што ако е Фејзбук, па не ли треба и таму литературно да се пишува според тебе?
« Last Edit: 23.09.2013, Monday, 20:43:52 by MarkoMK »
Life is too short to remove USB safely ..

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
MarkoMK исто и јас не мислам само за тебе, тоа е како непишано правило за сите членови и стари и млади...

Иако на тема цитирано има и тема и тоа поставена од MarkoMK http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10774.msg91760#msg91760, за цитат е пишувано и објаснето сепак многу често се користи Цитирано наместо ОДГОВОР. Не е поентата да не се користи цитат туку да не се користи целокупниот текст од претходниот пост како цитат а кој може да има, да речеме 432 симболи (карактери) а одговорот е  да речеме со ДА (два симбола(карактери)

Quote
Како прво членовите кои се заинтересирани да учествуваат со свои мислења во одредени теми, треба прво да расчистат со поимот “Цитат“ или како овде е дадено “Цитирано“.

Цитат (Цитат е буквално наведување на туѓи зборови или наведување по смисол, а со цел потврда или посликовито објаснување на сопствениот исказ.)
мн. цитати
Вид збор: Именка, машки род
Точно, буквално пренесен дел од некој текст.
Англиски: quotation
Употреба: Литература
Примери:
Ракописот обилуваше со цитати.
Проверување на цитати.

Не е спорно дали да се користи “Цитирано“, туку спорно е зошто да се одговара со “Цитирано“ кога за тоа постои прозор со “ОДГОВОР“. Секако дека треба да се користи и цитат но под одредени услови, пример кога се сака да се потенцира на кои изрази или мислења од претходно дадено мислење (не од претходен пост) треба да се реагира или да се даде сопствено мислење или гледиште.
Секој кој што пишува може да прави разни “егзибиции“ со текстот или сликите, само тоа да го “филтрира“ преку “Прегледај“ пред да притисне “Испрати“ и така рафиниран пост да излезе во јавноста.
Се на се членовите треба да не брзаат туку прво да одделат малку време да се запознаат со можностите кои им ги нуди форумот а посебно полето  (прозорецот) во кој го пишуваат одговорот и да ги користат “иконките“ одозгора кои што овозможуваат добро и квалитетно напишан пост.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10774.msg91767#msg91767
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Е,Марко,ако ти покажам како изгледа комуникацијата помеѓу двајца колеги на ФБ - ќе речеш дека се работи за комуникација на неписмени луѓе! Не е кај сите така, ама повеќето претеруваат,користејќи кратенки,без знаци на  интерпункција,без употреба на литературни изрази,да не зборувам за големи букви или наслови. За * претерување* на Форумов нема збор! Никој од Админите и Модераторите не претерал кога укажал на правилата за однесување на Форумот. Прва премиса ни е да го негуваме Македонскиот јазик и кириличното писмо! Па не ли е ова * Македонски форум за електроника*!?И што е тука чудно и  спорно?? Мене не ми смета кога некој правилно се изразува и пишува,дури и ми годи.
Јазикот МОРА да си го штитиме  и  негуваме!! Тоа е поентата.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас ќе бидам презадоволен ако има некој доволно стручен да ми објасни нешто што прашувам, да ме упати.. ич нема да ми смета дали пишувал на дијалект или користел мали букви, или ми го цитирал прашањето или не употребил точка.... ??? стварно не разбирам.

А размислуваш на тоа дека можеби и некој друг го има истото прашање како и ти (или слично), но не знае за форумов и пишал на Google за тоа што му треба и не му вади резултати. Зошто? Па најверојатно бидејќи сите post-ови се напишани на некој дијалект, а Google не препознава дијалекти.

Ајде вака да гледаме на работите. Дали на странски форуми, каде што официјален јазик е Англиски, некој пишува на некој дијалект? Можеби не знаат сите членови одлично Англиски, но ако не повеќе, барем се трудат или користат Google Translate кој сепак, не е добар преведувач, но барем правилно ги спелува (пишува) зборовите на Англиски, па ако некој се заинтересира, ќе најде начин да разбере што пишува во некоја тема од тој форум.

Значи, да се разбереме, апсолутно литературно (баш, како што викаат „по речник“) на форумов никој не пишува, дури ни ние (адмнистрацијата), ама се трудиме колку што може повеќе да нема дијалекти и локални говори. Барем не во главниот дел од форумот, секцијата за забава и општа дискусија е сосема друга работа и таму можете да си пишувате како сакате (без пцовки и навреди се разбира, или барем маскирајте ги, со астериск или некој друг знак). Да бидам искрен, ако сите пишуваме баш литературно, најверојатно нема да се разбереме (мислам на некои стручни термини кои имаат, понекогаш, „несреќни“ преводи на Македонски, а понекогаш се и смешни, целосно неупотребливи како термини, најчесто предолги).

За цитирањето реков повеќе нема да цитирам, па ваљда на тој што се однесува мојот пост ќе знае некако дека е за него.

Тоа за цитирањето е чисто сугестија и важи само ако се пишува веднаш по post-от за кој се однесува твојот post. Ако треба да одговориш на некој post од пред 10 post-а, се разбира дека ќе си го цитираш post-от, тука нема проблем. Ако не се однесува на цел post одговорот, го цитираш, само оној дел на кој се однесува и тоа е тоа. Не гледам каде е проблемот. Да, нема правило за цитирање, ама па зар навистина треба да воведеме такво за да бидеме сватени сериозно ::).

1000 пати имам пишано, ама ајде, пак ќе пишам. Не треба само адмнистрацијата да го одржува форумот, треба и членовите. Не можеме ние секаде да бидеме дежурни џандари за се. Не треба само ние да се трудиме форумот да изгледа читко и средено. Треба и вие, членовите, да го правите тоа. Ако не го осеќате форумов како „пријатно место“, тогаш нема што да се буните ако нешто не ви се допаѓа. Едноставно не го посетувајте. Гледате дека администрацијата сака да се придржува кон определена етика на пишување на post-ови... размислете малку, зар навистина е толку тешко да се држите до таа етика? Ако сметате дека е, нема што да барате на форумов.

Еве, јас на пример, на секое друго место, освен на форумов, пишувам исклучиво на латиница. Буквално секаде! Овен на форумов. Тука се придржувам до правилото дека се пишува на кирилица. Зошто? Бидејќи сметам дека може да научам определени работи кои не сум ги знаел, да го споделам она знаење кое го имам, а и да стекнам нови познанства, пријателства, итн. Затоа, сметав дека не е претешко да се префрлам од мојата нормална „рутина“ (пишување на латиница) и да ја направам оваа „жртва“.

Ништо не е тешко ако се сака. Прашањето е... дали се сака.

Инаку Фејзбук ретко уклучувам, така да не се допишувам таму, незнам од каде ти е таа идеја. А и што ако е Фејзбук, па не ли треба и таму литературно да се пишува според тебе?

Споредуваш баби и жаби - стручен форум со социјална мрежа. Идејата за социјалните мрежи се знае која е. Кој и да ги создал, ги создал со цел да прави пари од нив. FB не постои поради луѓето кои се членови на FB, туку поради рекламите, игрите и што уште не кои му носи пари на креаторот на оваа социјална мрежа. Ако не носеше пари, FB одамна ќе го немаше. И мислиш дека ако прават пари ќе им биде гајле како се изразуваат членовите на социјалната мрежа ;D? Во заблуда си ако мислиш дека им е гајле ;D. Па дури и кога ги биршат оние членови и страници кои имаат навредливи или неадекватни слики, коментари, што и да е, не го прават тоа бидејќи мислат дека е исправно, туку бидејќи некој/и ургирал/е тоа да се направи.

Администрацијата од форумов не заработува од форумов. Баш напротив, во зијан сме. Далеку од голем, ама сепак, се одвојува определена сума на пари за одржување на форумов.
« Last Edit: 24.09.2013, Tuesday, 01:44:18 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 407
  • Gender: Male
А некој да кажи некоја работа со темата поврзана ?

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Quote
напојувањето преку адаптер од 4,2V
Каков адаптер користиш !
Мислам дека 4,2V прават проблем !
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А некој да кажи некоја работа со темата поврзана ?

Без шема, ништо не правиме. Сликај ја само шемата или скенирај ја, да видиме кај може да биде проблемот.