Author Topic: Помош околу електронски компоненти за полнач на акумулатор  (Read 4760 times)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ако разбираш српски, има на elitesecurity.org неколку теми баш за овој полнач...
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t465539-Punjac-akumulatora-RK
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t343222-Hitno-Mnogo-se-greje-RK-automatski-punjac
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t462889-Plocica-za-automatski-punjac-akumulatora-RK
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Така е убаво ви кажа  батка претходно не треба за полнење на акумулатор стабилизиран извор на напојување.Наједноставно е како првата шема трафо и еден јак ама јак доста снажен грец.Инаку и вака не е добро ќе треба волтметар да се контролира стално напонот на акумулаторот.Јас ако би правел полњач би го направил наједноставниот со најмалку компоненти.Но членовиве на форумов ти дадоа многу интересни шеми а и низ форумов има и доста други постари теми во врска со ова.Мислам во врска со полнач за акумулатор нели.Е сега интересна шема беше и онаа со диодите.Кога свети жолта сигнализира дека работи,кога свети црвена се полни и зелена тоа значи дека е полн.Незнам колкаво е твоето искуство со електроника.Ако си почетник пробај со поедноставна шема.А ако имаш искуство пробај ѓи и другите шеми.Како втората и третата.Нај убаво да си размислиш што како ќе правиш.Сепак треба да се гледа и на цената на склопот. ;D ;D ;D.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DS

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 99
  • Gender: Male
ја направив следнава шема на плочка све спастрено, скоцкано :)



пред тоа ме интересира, во кој оспег треба да се менува напонот со потенцимометарот на излез, за проба го поврзав на влез // 18V (се менува од 12.6V-15V), // 12V (се менува од 7V-10V).
Дали е тоа во ред?Да не треба да се менува од 0V па нагоре?
« Last Edit: 12.12.2013, Thursday, 20:27:01 by GigaWatt »
loading...

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Па чекај нели ти со ова ќе полниш акумулатори не ти треба нула волти ако полниш мало акумулаторче 6 волти ете ти си добил седум волти напон супер секад се полни со еден волт па и малце од еден волт поголем напон од напонот на акумулаторот.Ако сакаш дванаесет волти ете ти пиша дека си добил 12,6 волти не ти препорачувам на петнаесет волти да полниш акумулатор кој е дванаесет волти ќе дојде до оштетување во плочите максимун се полни со 13,6 волти.Е сега не треба да покаже нула волти па ова не е со регулација наменето е за полнење на акумулатори разни исправно ти е според мене со здравје да го користиш.Јас барем така сватив цело време ти ова го направи за да полниш акумулатори и батерии нели. ;) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Значи ,за 12v автоматиката треба да се намести на 13,6V да искулучува(наполнет) Кога полни светат црвена и жолта ЛЕД! Кога се наполни зелена - полнењето е готово и се закочува тиристорот.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Е така како што реков 13,6 волти и јас претходно.Вие му објаснивте баш кратко и јасно само дванаесет волти ќе си полни акумулатори нели.А може да се подеси и за друг сигурно нели.
« Last Edit: 12.12.2013, Thursday, 21:31:12 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Zilata

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Со оваа шема погоре дали е можно полнење на акумулатор од 100 Аh, ако се стави грец од 30 А
и тиристорите да бидат за поголема струја ??

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
и со 1А ќе наполниш акумулатор од 100аЧ само ќе ти требаат 120-130 саати(100 теоретски)  :)  за надополнување може и со 5А за некое пристојно време, зависи колку е испразнет. не мора да го полниш100% (иако е пожелно). Подобро се полни со пулсна струја. Грецот не е тој што ја ограничува струјата, него колото за детекција на струја и "overcharge". Значи, ако мениш појаки тиристори, ништо нема да се смени. Колото е ограничено од неколку амп до десетина ампери, не може горната граница да  му е безконечност, па така да таа е далеку испод 30А. Ако најде објаснување за колото би требало да пишува кои делови го сочинуваат делот за детекција. Пожелно е до крај 10в да се полни со 2-5% од капацитетот, само во делот од 10-13,8в може да се полни со поголеми струи, а од 13,8 до 15,7 се големува процесот на десулфација, но и на греење и електролиза, па во овој дел од напонот стуите опаѓаат од 10% до 0% од капацитетот. Значи графикот на напонско-стујното полнење треба да биде како триаголник. Исто така акумулатрите се отпорни на краткотрајно интензивно понење, некогаш поголемо од 100% од капацитетот, но тоа трае неколку секунди. Тоа е случај кога се верга, а потоа алтернаторот со сиот свој капацитет го наополнува исцрпениот акумулатор, бидејќи акумулаторот во тој момент „влече„ многу повеќе струја одколку при нормална работа. Сепак тоа се случува во тек однеколку секунди, при што акумулаторот постигнува некој номинален напон и струјата на полнење драстично е намалена. За убрзано полнење во подолги периоди, максимално препорачана струја на полнење е 20%. Значи ако имате пулсна струја на краевите од полначот, која има однос пулс-пауза од 50%-50%, тогаш може да се полни со двојно поголема струја, бидејќи акумулаторот пола од времето "одмара".