Author Topic: Предлог за пораките  (Read 2146 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Предлог за пораките
« on: 16.12.2013, Monday, 13:30:27 »
Мислам дека треба да се воведи некое дугме -ми се допаѓа- , -се сложувам- или нешто од тој тип. Имам видено доста пораки во некоја тема како, се согласувам, одлично, и.т.н.. Зарем според вакви пораки ќе се зголемува репутацијата?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Предлог за пораките
« Reply #1 on: 16.12.2013, Monday, 13:42:31 »
Ова  не е Фејзбук,па репутација да ставаме.Порано имаше нешто слично,ама се виде дека има и негативни работи,па го отфрливме тоа.Впрочем,темите и одговорите се  наменети за сите членови,а напредувањето не зависи само од лајкови. 8) Само ти постирај теми и не бери гајле.И смисли нешто подруго од темите за ВН трансформатори и високи напони. ;)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Предлог за пораките
« Reply #2 on: 16.12.2013, Monday, 13:47:38 »
Ова  не е Фејзбук,па репутација да ставаме.Порано имаше нешто слично,ама се виде дека има и негативни работи,па го отфрливме тоа.Впрочем,темите и одговорите се  наменети за сите членови,а напредувањето не зависи само од лајкови. 8)

Па не ни мислев тоа на репутација да влијае, само да се отфрлат беспотребни пораки.

Quote
Само ти постирај теми и не бери гајле.И смисли нешто подруго од темите за ВН трансформатори и високи напони. ;)

Незнам, нискиов напон не ми е интересен  ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог за пораките
« Reply #3 on: 16.12.2013, Monday, 15:49:28 »
Имаше порано ваква функција, но подоцна почнаа да се појавуваат „фантомски“ account-и кои ништо не пишуваа, туку само репутација додаваа на определени членови за некои нивни post-ови. Се знаеше дека станува збор за истите луѓе (multiusing), ама немавме ни време ни нерви сите кои мамеа да ги банираме и опоменуваме, многу членови беа. Освен тоа, имаше давање на репутација и на „другарска база“ (другарчиња сме од средно, ај ќе ти акнам еден +rep). Некои членови одеа и до тој степен што се логираа од различни места, со различни IP адреси (на пример, од дома со еден user, од школо со друг) па и тоа беше додатен проблем (ако беше преку ист провајдер, лесно е да се забележи промена на IP, ама вака, во сосема друг range се IP адресите и тешко е да го докажеш тоа). И покрај сите опомени и банирања, голем дел од оние кои мамеа си тераа по старо. Па потоа имаш проблеми од типот на банирано е цело школо, бидејќи се банира по глобална IP, а цело школо дели иста глобална IP адреса... едноставно, премногу замарање за кое немавме нерви и време и решивме да ја изгасиме репутацијата.

Затоа, веќе нема репутација... и нема да се врати... барем не во нејзината оригинална форма.
« Last Edit: 16.12.2013, Monday, 15:53:16 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Предлог за пораките
« Reply #4 on: 16.12.2013, Monday, 16:26:14 »
ако е некоја порака сосем не соодветна си има админи, ќе си ја решат , на пример гурни два прста в штекер :)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Предлог за пораките
« Reply #5 on: 16.12.2013, Monday, 16:59:37 »
Имаше порано ваква функција, но подоцна почнаа да се појавуваат „фантомски“ account-и кои ништо не пишуваа, туку само репутација додаваа на определени членови за некои нивни post-ови. Се знаеше дека станува збор за истите луѓе (multiusing), ама немавме ни време ни нерви сите кои мамеа да ги банираме и опоменуваме, многу членови беа. Освен тоа, имаше давање на репутација и на „другарска база“ (другарчиња сме од средно, ај ќе ти акнам еден +rep). Некои членови одеа и до тој степен што се логираа од различни места, со различни IP адреси (на пример, од дома со еден user, од школо со друг) па и тоа беше додатен проблем (ако беше преку ист провајдер, лесно е да се забележи промена на IP, ама вака, во сосема друг range се IP адресите и тешко е да го докажеш тоа). И покрај сите опомени и банирања, голем дел од оние кои мамеа си тераа по старо. Па потоа имаш проблеми од типот на банирано е цело школо, бидејќи се банира по глобална IP, а цело школо дели иста глобална IP адреса... едноставно, премногу замарање за кое немавме нерви и време и решивме да ја изгасиме репутацијата.

Затоа, веќе нема репутација... и нема да се врати... барем не во нејзината оригинална форма.
Mислев за ова како за начин на искажување мислења, но ВООПШТО да не влијае на рангот.
« Last Edit: 15.03.2014, Saturday, 17:38:51 by KiloVolt »
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Предлог за пораките
« Reply #6 on: 16.12.2013, Monday, 17:38:29 »
Би било добро да има некаква репутација или копче "Благодарам".
Доколку некој член ми помогне со некоја порака, јас би кликнал на копчето "Благодарам". Така ќе се знае за тој член, колку пораки пратил и колку од пратените пораки биле од корист за некој друг член.
Вака како што е сега, има членови што праќаат многу бескорисни пораки.
Жан

Offline i_ivica

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
  • Gender: Male
Одг: Предлог за пораките
« Reply #7 on: 16.12.2013, Monday, 17:49:59 »
Можеби лајкови и рејтинзи не, ама сум сретнал на повеќе форуми и мислам дека ќе биде корисно, да има нешто како Correct Answer. Во некои големи теми, ако некој не сака да ја чита целата тема за да дојде до точното решение на поставениот проблем, да биде издвоен точниот одговор, со друга боја или да биде поставен веднаш под прашањето. А кое ќе биде точното решение, односно, кое решение му помогнало да го реши проблемот, да одлучи тој што ја отворил темата, односно, тој што побарал помош.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог за пораките
« Reply #8 on: 16.12.2013, Monday, 21:47:21 »
Кислев за ова како за начин на искажување мислења, но ВООПШТО да не влијае на рангот.

Па тек тоа ќе биде бетер. Сега ранкот се генерира врз база на бројот на post-ови. Кога имаше репутација, репутацијата не значеше ништо, само пишуваше колу е и тоа е тоа, не влијаеше на ранкот. Ако влијае на ранкот, ехееееееее... тек тогаш имаме проблем. Имавме караници по форумов меѓу членови од стилот на „чива репутација е поголема“, и тоа кога не влијаеше на ранкот. Ако воведеме таква работа, сме го обрале бостанот.

Видете, не сакам да „покажувам со прст“, ама најголем проблем беа средношколците. Немаме ништо против нив, баш напротив, чест и драго ни е млади луѓе да се интересираат за форумов и општо, електрониката. Но, од друга страна пак, да бидеме искрени, овие работи најчесто се случуваа баш со нив (дури и да не пишале, знаевме колку се стари, не е голема Македонија, се дознаваат работи, а освен тоа, веќе голем дел од нас се искусни во ова поле и може по 2 или 3 post-а да дознаат која е возраста на членот). Доказ за нивната возраст е токму ова: карање за репутација и кој колкава имал ::). Да бидеме искрени, ова возрасни и сериозни луѓе не го прават.

Ако пак воведеме нешто вакво, како рептуација, да, на почетокот, исто како и претходно, нема да има проблем. Потоа, кога ќе се расчуе дека има репутација на форумов, може да почнат да се зачленуват членови само за да си играат „кој има поголема репутација“ и цело време да си додаваат едни на други репутација, да се делат на табори, итн... верувајте, немаме нерви за ова. Голем дел од администрацијата се сериозни луѓе, дел и со фамилии, вработени... немаме време да се замараме со вакви работи.

Колку за информација, краток период по вадењето на репутацијата, решивме да направиме „чистка“ на дуплите, тројните, четворните и какви се на account-и од членовите кои мамеа со копчето за рептуација. Според оние информации со кои ние располагавме, требаше да избришеме барем 100-тина account-и. Решивме да не излезе муабетот „еве, администрацијата без некоја причина брише членови“, туку јавно да им соопштиме на членовите дека без никакви реперкусии (казни), само преку PM на било кој член од администрацијата, ќе може да ги пријават нивните дупли account-и и дека нема да бидат казнети за тоа. Значи, им даваме clean slate, никаква казна, само пријавуваш кој ти е дупли account, згора на тоа може да бираш кој account сакаш да го задржиш да ти биде "default" (активен) account и тоа е тоа. Знаете колку корисници се пријавија? Двајца или тројца, не ми текнува точно, но мислам дека волку беа. Некаде во секцијата за Известувања стои ова известување, побарајте го, ќе го најдете.

И пак да пробуваме и поминуваме низ истите работи како и претходно... немаме намера.

Би било добро да има некаква репутација или копче "Благодарам".
Доколку некој член ми помогне со некоја порака, јас би кликнал на копчето "Благодарам". Така ќе се знае за тој член, колку пораки пратил и колку од пратените пораки биле од корист за некој друг член.
Вака како што е сега, има членови што праќаат многу бескорисни пораки.

Можеби лајкови и рејтинзи не, ама сум сретнал на повеќе форуми и мислам дека ќе биде корисно, да има нешто како Correct Answer. Во некои големи теми, ако некој не сака да ја чита целата тема за да дојде до точното решение на поставениот проблем, да биде издвоен точниот одговор, со друга боја или да биде поставен веднаш под прашањето. А кое ќе биде точното решение, односно, кое решение му помогнало да го реши проблемот, да одлучи тој што ја отворил темата, односно, тој што побарал помош.

И двете идеи се добри, но пак ќе има забушавање. Прво ќе објаснам зошто за идејата на Zan, па потоа за идејата на i_ivica.

Да, ваква опција има rutracker, и мене лично барем, ми се допаѓа, таму има копче „Спасиба“ ;). Е сега, ова може да функционира на форум каде што се разменува warez бидејќи ведаш може да се види дали нешто е онака како што е опишано во темата или не. На пример, некој член од rutracker решава да post-ира torrent од најновата верзија на Adobe Photoshop. Веднаш по симнувањето на torrent-от лесно може да се забележи дали е тоа најновата верзија, дали работи како што треба crack-от, дали има некои проблеми итн. Тоа се забележува веднаш, не мора да се разбираш во една или друга област за да го забележиш тоа. Од друга страна, ова е форум за електроника, а електрониката се има до толку расплинето во субнауки, што не може секој да знае се од секоја од подобластите и веднаш да знае дали ќе му помогне она (на пример, некоја шема) што некој член ја има post-ирано. На пример, post-ирам шема за... што знам, засилувач и пишувам, има вакви перформанси, има ова, има она, и можеби некој член бара шема за засилувач баш со тие перформанси... а дури можеби се и подобри од оние кои ги барал и очекувал дека ќе ги најде. Реално, дур не ја направиш, не можеш да провериш дали ова јас што го пишувам е навистина точно и ти помогнало. А од друга страна, треба да ми се заблагодариш (да кликнеш на копчето „Благодарам“) само ако она што сум го post-ирал ти помогнало. Што ако не ти помогнало? Што ако грешам? Ќе мора да ставиме и копче „Не сум благодарен“ или „Не ми помогна“.

А да, заборавив на уште една работа. Ќе се надоврзам повторно на претходниот муабет во наредниот пасус. Додека постоеше репутацијата на форумот, како што претходно пишав, некои од членовите беа „религиозно“ врзани за неа ::), па се случуваше ако му падне репутацијата на некој од членовите на кои им беше екстремно важна, веднаш да добиваме приватни пораки во стилот на „кој ми дал негативна репутација? знам, 100% е оној и оној, знам дека е он, се имам скачкано со него претходно на еден друг форум / на една забава / ...“... ::)... и приказната се врти во кург. И сега, згора на тоа, ние треба да дознаваме кој му ја намалил репутацијата ::). Извинете, ова беа детски играчки, немам намера да дознавам кој со кого имал проблеми во реален живот или online, па згора на тоа да бидам и медијатор и да им ги решавам проблемите. И што требаше ние да направиме? За да се „смири топката“, бидејќи понекогаш знаеја и јавно да почнат да се караат, па ќе требаше да бришеме post-ови, па да средуваме теми ::), ќе требаше да проверуваме зошто е дадена таа негативна репутација, па да видиме за кој post била, па да видиме кој ја има дадено и зошто... никој од нас не е платен за ова и не „спие“ на форумов, не планирам секој ден да бришам по 10 теми и да средувам и преместувам post-ови од едно место на друго. Во тоа време, реално, повеќе муабети на форумов имаше за репутацијата отколку за електроника ::). А и ние трошевме енергија и време пробувајќи да дознаеме кој за што е одговорен (ММЕ кој прв почна е работава ::)). Веќе немаме нерви за вакви работи. Мала држава сме и тешко е да се искоренат определени работи од менталитетот на луѓето.

Намерно ја дадов и оваа информација за да сватите со какви работи си ги тупевме главите. А иста ќе биде ситуацијата и со копчето „Благодарам“. Некој ќе post-ира некоја шема и ќе му се изнаредат другарчињата од маало/средно (он е „шема“ таму, кај и да е тоа, во маало или во школо, и е експерт за се, па мора и ова да е точно, не мора воопшто ни да ми треба она што го има post-ирано, едноставно ќе стиснам „Благодарам“, маалски ми е ;) ::)) и ќе почнат да му стискаат на копчето „Благодарам“ ::). И ќе се јави следната парадоксална ситуација: постарите членови на форумов (под „постари“ не мислам на „стаж“ на форумов, туку мислам на „не тинејџери“, луѓе со обврски, работа, фамилии... реални проблеми), кои имаат определено предзнаење и искуство во определена област, помагаат на членови и реално се заслужни (но, за жал, оние на кои им помагаат, ретко кога знаат да стиснат „Благодарам“ бидејќи се на форумов само за да си го решат проблемот и ги нема се додека немаат некој друг проблем и тогаш пак се на форумов ::)), имаат едно или две заблагодарувања, а оние кои ќе post-ираат по некоја ситна шемичка 1000 пати ископирана од еден или друг сајт, ќе имаат по стотици заблагодарувања ::). Вакви проблеми имавме и кога ја имаше репутацијата, се случуваше дневно да имаме отворено и по 15 теми со најразлични шеми, превземени само преку Google Search, само за да може „тој и тој“ член да си ја „дига“ репутацијата со неговиот втор account, а ние да не можеме да речеме дека spam-ира ::). Па и ова не е фер. На постарите членови, реално, треба по благодарни да им бидеме. Зошто? Па они реално повеќе имаат да изгубат. Они одвојуваат време и нерви, кое не мора да го прават, и претпоставувам дека го прават од чиста љубов према електрониката, од нивниот секојдневен живот кој е исполнет со секакви проблеми, од фамилијарни до егзистенцијални, и што? На крајот, пак некој средношколец има повеќе заблагодарувања од овие членови. Па уште ако го врземе и ранкот со овие заблагодарувања, средношколците ќе излезат доктори на науки ::).

Слична ќе биде ситуацијата и со предлогот на i_ivica. Да, ова е многу добар предлог... во случај кога имаш луѓе кои сакаат да признаат дека згрешиле и дека post-ирале нешто неточно. Ова и не е баш така ретка ситуација, често имам читано делумно точни или неточни информации (не викам дека сум светец, и јас знам да пишам нешто неточно, но од друга страна, не се лутам ако некој ме корегира, си признавам дека сум згрешил). И потоа ќе се лути некој член ако неговиот одговор не е „маркиран“ со најмногу „точен одговор“ поени, па ќе ни праќа приватни пораки, па гледај зошто не е маркиран неговиот post како „точен“ и дали е навистина тоа што го пишал неточно, можеби некој навистина сака да му ја упропасти репутацијата (и такви ситуации ќе има, 100% сум сигурен во тоа, и претодно сме ги имале кога ја имаше стандардната репутација)... пак додатни проблеми со кои ние треба да се справуваме.

Ќе рече некој „еј, па глеј ги, сакаат само да си лежат и форумот сам да си се одржува и да напредува“. За некои можеби ќе изгледа таква работата, не викам не. Не планирам и не сакам да разубедувам никого, ние си знаеме колку часа дневно сме на форумов и што се правиме за да форумов изгледа, колку толку, спастрен. Чисто информативно, видете дали поминал ден да на форумов да не се логирал модератор или администратор. Доволно е една недела да не чепнеме ништо и ќе почнат да се кршат скоро сите правила. Ние не можеме да ги натераме корисниците кои се нови прво да ги прочитаат правилата (значи... ова е општо позната работа... освен во Македонија, очигледно ::)... на било која online заедница прво се читаат правилата на таа заедница, па потоа се post-ира), а камо ли да развиваме култура за самосвест, морал и правилно користење на копчето „Благодарам“ или „Точен одговор“ ::).

Некоја од овие идеи може да се воведе, но само „локално“. Што значи тоа. Значи, на пример, некој член отвора тема, во неа post-ира некоја шема, без разлика дали е негов личен труд или превземена од некаде и само во првиот post од таа тема да има копче „Благодарам“ и само да може да се прикажуваат оние членови кои се заблагодариле. Ништо повеќе од тоа. Да не фигурура таа „вредност“ (бројот на заблагодарувања) на ниеден аспект од профилот на членот (мислам на она што сега се генерира автоматски, врз база на бројот на post-ови, топ експерт, ентузијаст, итн.). Или нешто слично на она што го има пишано i_ivica, но притоа, да не може никој да види кој кликнал „Точен одговор“ и исто така, да не влијае на ниеден аспект од профилот на корисникот. Ако направиме да влијае... пак ќе ја имаме старата приказна.

Како и да е, знам дека повеќето од вас нема да имаат нерви да го читаат овој роман, така да, во кратки црти, само ќе кажам дека идеите се добри и ќе бидат земени во предвид, но дека, дури и ако се имплементираат, нема да се имплементираат на начинот на кој се имплементирани на повеќето форуми.
« Last Edit: 17.12.2013, Tuesday, 00:08:23 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Предлог за пораките
« Reply #9 on: 16.12.2013, Monday, 22:42:48 »
Како и да свртиш, лошо испаѓа.
А како би било да не се прикажуваат бројот на пораки и ранкот (ентузијаст, експерт итн.)
Очигледно на некои членови им е важно да имаат што поголем број на пораки, па затоа пишуваат било што и било каде.
Жан

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Предлог за пораките
« Reply #10 on: 16.12.2013, Monday, 23:01:09 »
Доколку се согласите мнозинство членови дека сакате нешто такво можеби ќе средиме нешто, мислам на ова Zan што го кажа последно.

Репутација и слично ви образложи GW оти нема
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог за пораките
« Reply #11 on: 16.12.2013, Monday, 23:03:06 »
Можно е нешто вакво да се направи. Ќе се разгледа и оваа опција. На крајот ќе излезе работата „се или ништо“, ама тоа е тоа, мора да се решиме за една или за друга опција :S.

Инаку, не знам дали имаше соопштение за вакво нешто (мислам дека имаше, но не сум сигурен), ако post-от ви е напишан во секцијата Огласи, не ви се брои. Затоа има членови кои post-ирале дека продаваат или купуваат нешто, а бројот на post-ови им е нула, бидејќи post-ирале само во секцијата за Огласи.
« Last Edit: 16.12.2013, Monday, 23:07:38 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Предлог за пораките
« Reply #12 on: 16.12.2013, Monday, 23:27:56 »
Порано имаше се согласувам, и не се согласувам, но ја тргнавме таа опција бидејки дел од членовите правеа глупости и на нас ни ствараа главоболки. Ние админите 90% од времето на форумот читавме пораки како: кој ми дал негативна репутација и зошто; Кој ми пука цело време негативни поени без причина и на секој пост, и се така.... имаше и неколку члена кои си даваа позитивни поени еден на друг на секој пост, секако во договор помеѓу нив. Изгледа на членовите не им беше интересна електрониката туку некои други банални работи, така да тогаш решивме да ја деактивираме таа опција и повеке да не ја пуштаме. А тоа кои се членови со добра репутација, сите знаеме кои се тие, нема потреба од фалење преку давање на поени. На крај краева тука сме за електрониката а се останато прави само дополнителна главоболка.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Предлог за пораките
« Reply #13 on: 16.12.2013, Monday, 23:39:46 »
Мене ми се чини дека добро решение би било следното!
Администрацијата да се договорат да одберат одреден број на членови за кои сметат дека се продуктивни, корисни и достојни за почит и доверба и да ги сместат во група на членови со одредена „титула„ (а и не мора да има титула само да бидат обележани со друга боја).
Зошто би било потребно тоа ! Секако дека на овој начин администрацијата би си го задржала неприкосновеното право за управување и опстанување на форумот, а со тоа би се вовело ред во репутацијата и квалитетот на таа група членови во однос на оние кои „пишуваат за да пишат“!
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог за пораките
« Reply #14 on: 16.12.2013, Monday, 23:59:59 »
И за вакво нешто дискутиравме, ама тогаш сметавме дека ако ние, самите, ја донесеме таа одлука, без некој член претходно да спомне, дека ќе биде гледано како „еве, они си преферираат определени членови, другарчиња си се со нив и им ставаат титули“. Но, еве, штом друг член го спомна ова, ако сакате, отворете си тема за гласање (анкета) со ова прашање, да видиме како ќе се изјаснат останатите членови, дали сакаат да има „титули“ (како што пиша, не мора да е титула, може само со друга боја да се прикажува nick-от на членот) или не, но дури и ако има, да може само администрацијата да ги доделува. Исто важи и за бројот на post-ови или титулите Ескперт, Топ Експерт, Ентузијаст, итн., дали сакате воопшто да ги има или не и двете (и бројот на post-ови, и титулите, или можеби само едното или само другото).

Лично јас сметам дека треба да стои бројот на post-ови. Не поради друго, евиденција. Но, еве, отворете си тема со анкета и за двата предлози ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."