Author Topic: Вашата музичка плеј листа  (Read 7364 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #30 on: 21.12.2010, Tuesday, 01:24:56 »
ејј Браво и фала, ја најдов на нет нешто као инфо, али се отепав од баеање, не сум го знаел ова до сега Браво!

Во првата постава на Мизар беше, ама тоа беше одаааааамна, јас имав 4 години тогаш ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #31 on: 23.11.2015, Monday, 14:23:40 »
Сега ја видов темава.
Јас имам опсесија да ги имам сите албуми од бендовите што ги слушам, ако не цела дискографија барем албумите да ми бидат целосни. Оние што ги слушам чат-пат ги немам на телефон туку ги чувам на PC.
Имам негде 13GB музика на телефон, а 23GB на PC. Целата колекција ми е тагирана најмалку по Име на песна, Име на бенд, Албум и Жанр и е 320kbps stereo MP3. Исто така без embeded cover art на секоја песна ми е глупо. Дали само јас сум опседнат околу среденоста незнам. ;D
Имам комплетни дискографии од следните бендови:
Megadeth
Metallica
Iced Earth
Týr
Nirvana
Iron Maiden
Sabaton
Rammstein
Pyramaze

Имам само неколку или еден албум од:
Opeth
SMUT
Shock Troopers
Antti Martikainen
Slayer
Dream Theater
Dethklok (Знам дека е виртуелен бенд ама добри ми се)
« Last Edit: 24.11.2015, Tuesday, 17:17:41 by KiloVolt »
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #32 on: 24.11.2015, Tuesday, 00:09:50 »
Имам негде 13GB музика на телефон, а 23GB на PC.

Имаш доста да јадеш ;D. Барем 2TB имам во MP3 (HQ VBR или 320kbps) и FLAC по дискови и DVD-иња, а на аудио CD-иња... не знам, престанав да бројам... две папки од по 250 диска, 5, 6 папки од по 100 диска и барем 300 диска во пластични опаковки (тие ми се оние, омилените ;D, за дел од нив печатев и cover work во боја на ласерски принтер ;D).

Што пари се имам изнафрлано за музичката колекција... во школо не јадев ништо на одмор, ги чував парите за празни дискови, тогаш ѓаол и пол беа, по 150 или 200 денари едно празно CD, ама ене, затоа сеуште ги чита и пушта на скоро секој CD плеер ;)... квалитет си се плаќа ;). Сега и да сакаш, веќе нема кај да начекаш такви празни обични дискови... ако воопшто некаде начекаш, како што гледам, скоро секаде веќе само празни DVD-иња има... а, како што тргнала работава, и тие за некое време ќе станат раритет.

Iced Earth
...
Slayer

Се поштуе ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #33 on: 24.11.2015, Tuesday, 17:17:12 »
Гига, ислушани ти се сите тие? Да не си бил DJ штом
толку CD имаш? И јас треба да почнам на CD да ја режам, сакам да ја имам музиката во тврда форма за да немам ризик дека ќе ја оштетам, само уште тоа не е дојдено на ред... ;D
BTW, Rammstein и Pyramaze сум ги заборавил.

Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #34 on: 24.11.2015, Tuesday, 21:32:35 »
Гига, ислушани ти се сите тие? Да не си бил DJ штом толку CD имаш?

Едно време ;D... сега веќе ретко, само ако некој ептен фино ме замоли ;D.

Нема веќе поента и во тоа поле се изгуби уметноста која, колку толку, ја имаше. Сите веќе пуштаат на лаптопи, USB DJ интерфејсите се веќе џабе, по 50 долари, а и самите програми веќе имаат многу напреднати automix опции, така да, нема поента да се замараша рачно да пробаш да споиш две траки. Дур може и само да го ставиш USB интерфејсот на пултот и да не го врзеш за лаптопот, само да си штракаш на него као демек, WOW, еве глеј шо праам ::) ;D, уствари нема везе, софтверот ја прави целата работа... fake, ама кој знае да познае, ќе познае... повеќето ќе помислат дека овој навистина се утепал од вежбање и работа ;D.

Порано, веднаш можеше да познаеш кој има искуство во миксање, кој не, кој колку го бива, кој знае beatmix, кој знае интересен и оригинален микс да направи, кој знае да спои тешко споиви нумери, да прејде од стил во стил без да познаеш... сега веќе нема поента, се прави софтверот. Една од причините поради која го игубов кеифот е токму таа... јас мкни папки, CDJ-ки и миксер... некој ќе дојде со notebook-че и Traktor инсталирано на него, два клика и и софтверот прави подобар микс од оној кој ти си го мислел и спремал 4 или 5 минути пред да заврши едната и да почне другата трака. Се познава дека е вештачки (машински) миксот, ама за истренирано уво... за поголемиот дел од публиката, подобар е мискот од лаптопот.

И јас треба да почнам на CD да ја режам, сакам да ја имам музиката во тврда форма за да немам ризик дека ќе ја оштетам, само уште тоа не е дојдено на ред... ;D

Не се гњави со аудио дискови. Веќе го нема оној квалитет на обични CD-R дискови кој го имаше порано. Metal Azo и Audio CD сериите на CD-R на Verbatim се веќе историја. И да ги има, не се тоа што беа на времето. Прави си backup-и на DVD-иња, случајно да не ти рикне HDD или да се зезне нешто file system-от (пу, пу, скраја да е)... сум имал такви ситуации и лични податоци тешко се враќаат... ај вака, за музика, ќе ти текне некогаш дека си го имал, ќе ја најдеш, ќе ја симнеш пак, ама за лични податоци... враќање назад од зезнат HDD понекогаш е... невозможна мисија.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #35 on: 24.11.2015, Tuesday, 22:52:17 »
CD-R дисковите се со нула квалитет. Им се одлепува фолијата после 2-3 години, или се прават надуени кругови. Имам снимани дискови Verbatim Metal Azo, купени пред повеќе од 15 години, и сеуште се во совршена состојба. Чудо од диск, нема такви повеќе. Имам и неколку нови, неотпакувани  :)
Жан

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #36 on: 24.11.2015, Tuesday, 23:55:13 »
Quote
јас мкни папки, CDJ-ки и миксер... некој ќе дојде со notebook-че и Traktor инсталирано на него, два клика и и софтверот прави подобар микс од оној кој ти си го мислел и спремал 4 или 5 минути пред да заврши едната и да почне другата трака. Се познава дека е вештачки (машински) миксот, ама за истренирано уво... за поголемиот дел од публиката, подобар е мискот од лаптопот.
Да, точно, а сега најнов тренд им е 10 песни од вечер (сите ултра-познати и пуштани милион пати дотогаш), shuffle, и случаен ефект или beat во позадина и помеѓу песни, целосно софтверски.
Quote
Прави си backup-и на DVD-иња, случајно да не ти рикне HDD или да се зезне нешто file system-от (пу, пу, скраја да е)...
Па, поефикасно ми изгледа на DVD, ќе можам цели дискографии да снимам на еден диск... Патем, немам јас некои важни документи на компјутер, само backup на Eagle чувам со моите подесувања и конфигурациски фајлови оти работам со него а се ми е со тие подесувања правено.
Quote
CD-R дисковите се со нула квалитет. Им се одлепува фолијата после 2-3 години, или се прават надуени кругови. Имам снимани дискови Verbatim Metal Azo, купени пред повеќе од 15 години, и сеуште се во совршена состојба. Чудо од диск, нема такви повеќе. Имам и неколку нови, неотпакувани  :)
Јас чувам најразлични дискови од пред 2-3 па и 7-8 години и сите се како нови. Незнам што се случува кај тебе...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #37 on: 25.11.2015, Wednesday, 08:56:38 »
Имам снимани дискови Verbatim Metal Azo, купени пред повеќе од 15 години, и сеуште се во совршена состојба. Чудо од диск, нема такви повеќе.

Најдобри се, нема подобри 8) ;).

А фолијата на обичните CD-R дискови им се одлепува бидејќи во самиот старт имаа направено грешка во дизајнот на CD-R дисковите, ама џабе, стандардот се рашири и целиот систем беше базиран на стој стандард и... не може да се менува кога е толку проширен. Главниот проблем кај CD-R дисковите беше тоа што фолијата се „лепеше“ (нанесуваше) директно на еден проѕирен пластичен диск, а врз таа фолија имаше мала или никаква заштита :S. No name CD-R дисковите (оние сребрените што немаше ништо отпечатено на нив), немаа никаква заштита и по некое време „фаќаа сипаници“ (така викавме ;D, се јавуваа оштетени точки на површината на дискот, односно на фолијата на која се снима). По некое време, дискот практично беше неупотреблив :S. Metal Azo серијата на Verbatim го имаше решено овој проблем, но тоа чинеше пари :S.

Увидоа дека ова е голем проблем и затоа дизајнот на DVD-R дисковите го сменија ;). Фолијата се поставува измеѓу сендвич од два потенки проѕирни пластични дискови и вака, нема проблем ;). Фолијата е заштитена ;). Само гледај да не го изгребеш, инаку, ако не го гребеш и ако е некое поквалитетно DVD-R (не Princo ;D), практично, shelf life му е сигурно повеќе од 10 години, а ако ги чуваш во папки, подалеку од топлина и светлина, на суво место, мислам дека драстично им се зголемува времето на живот (барем 2 или 3 пати повеќе ;)).

Имам и неколку нови, неотпакувани  :)

Да не ги продаваш ;D.

Да, точно, а сега најнов тренд им е 10 песни од вечер (сите ултра-познати и пуштани милион пати дотогаш), shuffle, и случаен ефект или beat во позадина и помеѓу песни, целосно софтверски.

Да да, јасно ::). Јас дури имав идеја и преку аналоген synth ефекти да додавам, целосно аналоген, само врзан за миксер, без никаква софтверска или хардверска синхронизација, со една или две ножни педали за некои погруби контроли. Ја разгледував една шема од едно постаро списание, сакав да ја преправам за мои потреби, ама... џабе, нема поента.

Па, поефикасно ми изгледа на DVD, ќе можам цели дискографии да снимам на еден диск... Патем, немам јас некои важни документи на компјутер, само backup на Eagle чувам со моите подесувања и конфигурациски фајлови оти работам со него а се ми е со тие подесувања правено.

Абе сега немаш, со време, да видиш како ќе се натрупаат податоци. Овде си бил, си сликал, онде си бил, клипче си направил, па копија од некое DVD од свадба, backup-и од слики и клипови од стари телефони, твои лични проекти и фајлови... плус, еве, како што пиша, имаш твои settings за EAGLE. Тоа се мали фајлови, не мора да правиш backup на DVD за нив, ама чувај ги на две или три рзлични локации (физички дискови, не различни партиции на ист диск, flash меморија, било што), случајно да не се случи нешто со едните, да ги имаш другите како backup ;).

И, најважно, држи си ги дисковите ладни ;). Превенирај HDD failure ;).

Јас чувам најразлични дискови од пред 2-3 па и 7-8 години и сите се како нови. Незнам што се случува кај тебе...

Зависи каде ги чуваш и зависи колку ги користиш. Ако правиш вади-стави во папката на дискот (што е честа ситуација ако пушташ музика), колку и да е мека памучната подлога, пак го гребе дискот :S. Не дека е тоа нешто страшно, нов режач ќе го исчита и ќе направи копија од него, ама треба да купувам нов режач секој пат кога ќе сакам да направам копија на некои оштетени дискови... и ова не е решение. Ако ги чуваш во пластични опаковки на темно и суво место (плакар) и не ги користиш премногу често (од време на време, еднаш на неколку месеци, ако ти притреба некој фајл или нешто слично), да, нема да има проблем, CD-R дискот практично ќе биде како нов дури и по 7 или 8 години ;).

А и режачиве за обични CD-R дискови не се како што беа порано. Затоа чувам еден стар TEAC режач 2X Max ;D. Уште реже и чита, дури и многу подобро од новиве режачи ;).
« Last Edit: 25.11.2015, Wednesday, 08:59:27 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #38 on: 25.11.2015, Wednesday, 09:08:58 »
Јас дури имав идеја и преку аналоген synth ефекти да додавам, целосно аналоген...

Еве ако се решиш да правиш, јас правев некои модули за еден муштерија, нема што нема овде... ;)
Code: [Select]
http://yusynth.net/index_en.php
Code: [Select]
http://www.musicfromouterspace.com/index.php?MAINTAB=SYNTHDIY&PROJARG=ALIENSCREAMER/ALIENSCREAMER.php&VPW=1338&VPH=500
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #39 on: 25.11.2015, Wednesday, 13:10:38 »
Ги имам гледано овие сајтови ;). А зошто падна изборот на тој synth тогаш... не знам, не ми текнува ;D.

Во секој случај, фала за линковите ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #40 on: 25.11.2015, Wednesday, 23:20:04 »
Да не ги продаваш ;D.

Не ги продавам, имаат историска вредност.
Само ќе ставам слики да ги видиш  ;D
Ако сакаш, може да добиеш еден на поклон.
Спакувани се во целофан.

Овој е снимен, има Visual Basic 6.0, не знам пред колку години е снимен.
« Last Edit: 25.11.2015, Wednesday, 23:55:00 by Zan »
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #41 on: 26.11.2015, Thursday, 08:06:31 »
Не ги продавам, имаат историска вредност.

Баш така ;).

Ако сакаш, може да добиеш еден на поклон.

Е ова може ;D.

Ај, некогаш ќе исконтакитраме ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вашата музичка плеј листа
« Reply #42 on: 26.11.2016, Saturday, 06:09:53 »
Once again... in another thread ;).

Единствениот добар тест за моќно озвучување 8)... освен dubstep :D.

The Chemical Brothers - Elektrobank

Ако преживее озвучувањето на „максимум“ (оние кои се разбираат, ќе знаат зошто стојат наводниците ;)) на ова, ќе преживее скоро се 8)... скоро 8)...

Ама секогаш го чувам последниот џокер во џеб ;D ;D ;D.
« Last Edit: 26.11.2016, Saturday, 06:11:51 by GigaWatt »