Author Topic: Електромеханички мигавец  (Read 729 times)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Електромеханички мигавец
« on: 26.02.2014, Wednesday, 00:13:14 »
Ова шема е многу стара ,уште од времето кога автоматиката се сведуваше на употреба на релиња . ;D Едноставно,ако сакате со 12V напојување ,реле,диода ,отпорник и електролит да добиете ефект на *тактер* - пали гаси-светло - што би рекол еден мој комшија :D.Мислам дека не треба многу да објаснуван дека отпорникот го спојува на кратко електролитот,па кога релето отпушта тој се полни - спроведува и циклусот се повторува.Брзината на полнење празнење зависи од големината на електролитот и отпорникот од 100 оми ( пробајте и други вредности) .Значи,ако релето има контакти од 10 или 16 А ,може да поврзете многу низи лед диоди или сијалици на 12 V.Не се препорачува за халогенки и неонки.Добро е и евтино за реклами,светла во излог итн. Колку да ја имате шемата.
« Last Edit: 26.02.2014, Wednesday, 01:54:50 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.