Author Topic: FoldScope- Микроскоп за секого  (Read 2502 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
FoldScope- Микроскоп за секого
« on: 11.03.2014, Tuesday, 15:05:36 »
Ова е една револуционерна идеја за користење на лесно достапни материјали, за создавање на најпростиот и најефтиниот микроскоп на светот, FoldScope.
Имено, FoldScope е составен само од хартија и малку електроника, целата шема можете да ја видите подолу, оваа слика се печати на некоја подебела хартија, се сечи, и се составува.

Системот на осветлување е само со една LED, батерија, и по можност, тастер. Овој микроскоп нуди зголемување и до 2000 пати, со што еден микрометар изгледа голем колку 2мм, инаку, можноста за зголемување зависи од леќата што се користи... Една леќа од постарите фотоапарати си ја врши работата за до 1000 пати...
Еве го официјалното претставување на FoldScope, како и некои слики кои се направени низ него...

https://www.youtube.com/watch?v=h8cF5QPPmWU


Научникот кој го дизанирал, Manu Prakash е биоинженер во институтот во Стенфорд, и верува дека на овој ефтин и лесно достапен начин ќе може да се открива маларија, и други опасни болести во африканските земји..
« Last Edit: 12.03.2014, Wednesday, 18:51:57 by KiloVolt »
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #1 on: 11.03.2014, Tuesday, 15:18:35 »
Е,па Киловолт да те пофалам ,ова ти е добра работа ,а јас би додал само- ако мислите да ја правите ова конструкција прво испечатете ја ,пластифицирајте (ламинирајте) ја хартијата ( 120 грамски кунсдрук) ,а  на окуларот монтирајте некоја помала web камера,за да можете да ги гледате на мониторот зголемените слики од скопирањето,а воедноимате можност за снимање како слики или да направите видео.Добра работа како проект за натпревар,пример конструкторство.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #2 on: 11.03.2014, Tuesday, 15:24:10 »
Јас сакам да го правам во најскоро време, мајка ми работи во една фирма, увоз на хартија, па може да ми донеси еден табак, А0, па јас да го кратам, (или нешто вишок од сечење...) а тоа што викаш со пластифицирањето, да, ќе биде поотпорно на вода... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #3 on: 11.03.2014, Tuesday, 19:10:18 »
Како со леќата? Тоа од апарат тешко веројатно, инаку до сега сите така ке гледаа на хистологија :D

Микроскопот е систем од 2 леќи, најчесто едната зголемува 10 пати (онаа до окото) и другите на шаржерот за леќи се од 10 до 100 пати зголемување што значи имаш можност да зголемиш до 1000 пати, но за да може да се гледа на толкаво зголемување, потребно е кедрово масло.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #4 on: 11.03.2014, Tuesday, 21:13:06 »
Се слагам со ова - тешко 2000 пати,а богами и 1000 пати.Ова леќа што е дадена е пластична ,посебно направена за ова намена .Го најдов објаснет проектот.Ова е КИТ -уред направен за Афричките земји ,а конструкцијата е специфична.Јас одамна,пред уште нешто такво да испадне во Емитер,правев микроскоп од ефтин кинески сет ( оној детски комплет кој се продава сега и во книжарите ;D).Се вади окуларот и се става само  web камера,па преку нејзината оптика и со објективот само,се добива јасна слика на екранот на компјутерот.Е ,сега само до 1000 х мислам дека најмногу беше појачувањето,толку дозволува самиот микроскоп.Светлото го добивав на ЛЕД преку оние 5V од УСБ -то на камерата.Две такви камери и ден денес работат во една средна школа во Велес. :) ;)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #5 on: 11.03.2014, Tuesday, 21:26:13 »
Мислам максимумот на тие кинеските е 40х10 = 400 бидејки имаат само такви објективи. А максимумот на светлосен микроскоп е 1500 ама тоа со кедрово масло испитување. Не е така проста тематикава :D Мора да има и микро и макро винт за да може да се испитува со остра слика бараниот предмет.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #6 on: 11.03.2014, Tuesday, 21:38:37 »
Имаше една серија со 4-5 објективи и беше комплетот во поголема кутија . 8) Имаше окулар и со 1000х .Знам дека беше така,бидејќи имав проблем со светлината  ( прејаката бела светлина правеше проблем па морав да ставам *визир* и * бленда*  8) ,односно ставав хартија пред диодата за да се намали осветлувањето,а на окуларот ставав прстен од картон.Иначе микроскопот имаше микро и макро гвинт,постоље,држач за стакленце,покровно стакло, ( можеше и кедрово масло да се стави) ,дури и неколку готови препарати во прилог на комплетот.Слична конструкција имаше и во еден број на ЕМИТЕР.Такви микроскопи направив за ССОУ Димитрие Чуповски во Велес и мислам до ден денес се користат во кабинет за биологија и микробиологија. 8) 8)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #7 on: 12.03.2014, Wednesday, 13:49:56 »
Ако ако, убаво :) Сега само уште да ни каже Киловолт како ке го изведе тоа со леќата.
Околу јачината на светлината се користи дијафрагма-како округла вратичка која пополецка се затвара со вртење а со тоа се намалува влезната светлина.
Инаку студирам медицина па затоа ги знам овие работи :D

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #8 on: 12.03.2014, Wednesday, 14:09:16 »
Во комплетот дословно стои дека овој микроскоп може да се сврти кон светлосен извор и така да се гледа препаратот.Иначе ,на ова видео не се гледа најдобро,ама во оние две-три *бленди* се вметнува мал окулар од пластика. 8) Дека функционира,ова функционира и е составен дел на медицинските тимови кои ја крстарат Африка. 8)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #9 on: 12.03.2014, Wednesday, 18:39:04 »
Како со леќата? Тоа од апарат тешко веројатно, инаку до сега сите така ке гледаа на хистологија :D

Микроскопот е систем од 2 леќи, најчесто едната зголемува 10 пати (онаа до окото) и другите на шаржерот за леќи се од 10 до 100 пати зголемување што значи имаш можност да зголемиш до 1000 пати, но за да може да се гледа на толкаво зголемување, потребно е кедрово масло.
Јас со една леќа од апарат успеав да добијам зголемување од 1000 пати, една диода од оние point-contact, изгледаше 1,5m долга, леќата ми беше веднаш пред окото, исто како во овој случај... А 2000 пати, тоа со тие што ги користеше, пишува пластични топчиња, уште не сватив за што се користат...
Quote
А максимумот на светлосен микроскоп е 1500 ама тоа со кедрово масло испитување.
А што е тоа кедрово масло, ако може да кажаш, или кажи на англиски како е, па јас ќе разгледам на интернет...
Ако ако, убаво :) Сега само уште да ни каже Киловолт како ке го изведе тоа со леќата.
Околу јачината на светлината се користи дијафрагма-како округла вратичка која пополецка се затвара со вртење а со тоа се намалува влезната светлина.
Инаку студирам медицина па затоа ги знам овие работи :D
Ова го видов вчера на фејсбук, го имаа објавено "Relax, I'm an entomologist" и реков да го споделам ;D Ова сакам да го правам, бидеќи имав порано еден микроскоп, кинески беше, но бев задоволен, вадеше чисти слики, пластични му беа леќите, само едната од 1000x беше нешто пукната, но другите две од 200x и 500x работеа супер, имаше и дијафрагма, ламбиче и можност за обојување на светлината, со пластичен филм. Штета што немаше микро и макро винт... Брат ми го скрши окуларот, па се одлучив да го направам ова...  ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #10 on: 12.03.2014, Wednesday, 18:59:36 »
А што е тоа кедрово масло, ако може да кажаш, или кажи на англиски како е, па јас ќе разгледам на интернет...

Кедровото масло има висок индекс на рефракција и служи за да се зголеми разолуцијата на микроскопот така што и препаратот и објективот (станува збор за посебни т.н. олеоимерзиони објективи), се потопуваат во него, т.е. во пракса се става капка кедрово масло врз препаратот и внимателно се спушта објективот додека не се допре до маслото, па после се нагодува.
За повеќе информации барај под олеоимерзиона микроскопија...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #11 on: 12.03.2014, Wednesday, 19:15:00 »
Значи се елиминира воздухот помеѓу објективот и препаратот, а тоа масло е сосема проѕирно, нема прашина што би го уништила квалитетот- добро разбрав?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #12 on: 12.03.2014, Wednesday, 19:52:27 »
Прашината нема врска со ова, туку поради тоа што кедровото масло има висок индекс на рефракција, ист како стаклото, се елиминира прекршувањето на светлината при проаѓање помеѓу објекти со различни индекси на рефракција (покривно стакленце и воздух) со што доста се зголемува резолуцијата на тоа што го гледаш...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #13 on: 12.03.2014, Wednesday, 21:36:01 »
much clearer... 8)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: FoldScope- Микроскоп за секого
« Reply #14 on: 12.03.2014, Wednesday, 22:41:52 »
еве лордзи објасни наједноставно за кедровото. За секое зголемување над 400 пати треба да се користи кедрово. Инаку изгледа страшно матно.

Доколку навистина зголемува 1000 пати, би требало јасно и убаво да ги гледаш сите еритроцити од човечка крв. Ете ти добар тест на микроскопот ;)

На еритроцитите не им треба хистолошко боење па затоа ке можеш лесно да ги препознаеш и видиш. Што не е случај и со другите клетки, ткивата бараат специфично боење со хистолошки бои.

Еве како тоа од прилика изгледа ,