Author Topic: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3  (Read 1356 times)

Offline toni_pl

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
  • Gender: Male
Моля, помогнете с datasheet за ценеров диод BZ 3  !

« Last Edit: 21.04.2014, Monday, 20:45:55 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #1 on: 20.04.2014, Sunday, 16:01:15 »
Слика? Било што? Куќиште, пакување?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 411
  • Gender: Male
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #2 on: 21.04.2014, Monday, 18:31:19 »
Т1 е струен генератор во склоп за заштита со R4 а Т5 стабилизатор на напон зенер од 3V,
P1 струјна регулација, а P2 напонска регулација

Offline toni_pl

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
  • Gender: Male
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #3 on: 21.04.2014, Monday, 22:48:56 »
Благодаря много!

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #4 on: 22.04.2014, Tuesday, 00:12:08 »
BZ3 = е зенер диода за 3V.

Само внимавај, кога мериш со инструмент, порано овие зенер диоди за мал напон ги правеа во проводливиот смер (проводлива насока на PN спојот) да стабилизираат.

За разлика од сите зенер диоди кои ги поврзуваш "како во непропуслива насока" и да настане пробивот (зенер ефектот), овие за мал напон може да бидат изработени да стабилизираат во пропусливата насока. Да не речам како внатре да се изработени во серија од неколку "обични" PN диоди (се разбира со некоја друга постапка за да се температурно релативно стабилни) за да постигнат напон од 3V.

Имај во предвид дека со оваа шема како најмал напон неможеш да добиеш 0V, туку можеби најмал напон од 3.7V.

Trolko

  • Guest
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #5 on: 22.04.2014, Tuesday, 00:22:55 »
Имаш нешто подетално за ова ? Во никоја производна постапка не сум го сретнал ова, а не верувам дека некогаш се користело. Во проводна насока напонот многу зависи од амбиентната температура, за разлика од зенеровиот напон кој настанува поради квантно-механички ефект и многу помалку зависи од температурата (кривата е по-стрмна)..
« Last Edit: 22.04.2014, Tuesday, 00:27:21 by LordZi »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #6 on: 22.04.2014, Tuesday, 01:33:39 »
МКФЕ веројатно мисли на извори на константен напон од типот TL431 и сл.За стандардните зенерки тоа не важи.Впрочем ,нареди 3 силициумски диоди сопад на на пон по 0,7V обратно свртени и ке добиеш извор на константен напон од 2,1V.Сепак ова не е класична зенерка,ако ги гледаш сите карактеристики.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #7 on: 22.04.2014, Tuesday, 23:20:19 »
Не, не мислам на извори на напон.

Порано (пред 1990), немаше во MK (а во YU/СФРЈ околности) така лесно да најдеш зенер диода од напон кој Ви одговара/треба. Имаше на располагање само она што можеш да го најдеш моментално во продавница, или да вадиш од некоја расходована плочка. (од денешно време, ми изгледа дека во продавница да имаше само електронски елементи/компоненти кои останале како вишок од производството на некој продукт во некоја фабрика, па го пуштиле во малопродажба.)

А пак за поснажна зенер диода да најдеш, беше научна фантастика.

Така мораше да се комбинира.

Било се комбинираше одредени напони од неколку зенер диоди во серија.
Било се комбинираше зенер со конбинација со транзистор како замена за снажна зенер диода (која се разбира е помалку температурно стабилна).

Често имаше потреба од употреба на вредност на зенер од 1V. (А како најстабилен зенер напон беше зенер од 6.8V.)

Тешко им беше технолошки тогаш да произведат зенер за мал напон. Па тоа некако го правеа поинаку.

На пример, да мериш тогашна зенер од 1V со нормален Ohm метар од универзален инструмент кој има внатрешен извор на напон поголем од 2V, нели, диодата би требало да води во двете насоки: еднаш за нормалниот PN спој со пад на напон на спојот ~0.7V и во обратна насокa зенеров напон од 1V. Но не беше така, водеше само во една насок со пад на напон од 1V.

Во моментот сум во гужва, и неможам да барам литература како било тоа тогаш изведено. А како примерок на таква зенер диода, можно е да можам да најдам некој заостаток.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #8 on: 23.04.2014, Wednesday, 15:48:43 »
Не разбирам на што алудираш.Ако сакаш да добиеш некој напон помал од наведениот на зенер диодата,стави тример од 5-10К паралелно со зенер диодата,а на средниот клизач ке добиеш потребен напон.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #9 on: 23.04.2014, Wednesday, 21:30:12 »
Пак размислувате за потреба за да се добие стабилен напон како извор, кој напон понатаму за нешто (за компарација) може да се користи.

Не.

Значи, замисли, имаш некоја готова шема, каде е употребена зенер диода, која таму служи не само како извор на напон, (пример) туку како стабилизатор, како ограничувач да не се повиши напонот....

Е во таа шема, на нејзиното место Ви треба да имаш (пример) зенер од 13V. Ама немаш и неможеш да најдеш, мораш да употребиш неколку други зенер диоиди во серија. Пример 12V + 1V.

Во дадена шема каде има проектирано да има зенер диода, неможеш секогаш да замениш така како што предложи, со некоја зенер диода од поголем напон, и со потенциометар како разделник на напон.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #10 on: 23.04.2014, Wednesday, 22:10:15 »
Ако мислиш на ова горнава шема,тука се работи за 3В зенер која дава референтен напон,значи нема потреба од дополнителни тримери.Во случајов место 3,може и 3,6V зенер да се употреби.Ке се сменат само малку некои позиции во регулацијата и ништо повеќе.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #11 on: 23.04.2014, Wednesday, 23:20:43 »
Почитувани,

Ако мислиш на ова горнава шема,тука се работи за 3В зенер која дава референтен напон,значи нема потреба од дополнителни тримери.Во случајов место 3,може и 3,6V зенер да се употреби.Ке се сменат само малку некои позиции во регулацијата и ништо повеќе.

Јас споменав потенциометар, поради Вие што споменавте во претходната порака клизач, цитирам:
"Не разбирам на што алудираш.Ако сакаш да добиеш некој напон помал од наведениот на зенер диодата,стави тример од 5-10К паралелно со зенер диодата,а на средниот клизач ке добиеш потребен напон."

Значи Вие на местото на зенер диодата (според погорната шема) која фиктивно претпоставуваме корисникот ја нема (3V), истата ја заменивте пак со зенер диода (3.6V), и во нејзината околина дополнително ги менувате елементите во шемата (во случајот по вредност).

Мојот пример беше општ, не се однесуваше на погорната шема. И имаше друга мисла - како да симулираш една компонента во дадена шема без ништо да менуваш на други места во шемата - поради немање на дадената компонента. А оној што има големо знаење, се разбира, можеби може и да си нацрта/проектира шема која исто ќе работи како и другата, а ќе биде изведена само со компоненти кој дома ги поседува.

Само со замена на елемент кој го немате - со неколку елементи кој го глумат баш тој елемент, не треба знаење за да менувате на други места во шемата, во други нејзини делови.

Прво, оваа промена не е идентична од мојата опишана, имено ја менувате шемата во другите компоненти, различно од компонентата која ја немате и сакате да ја замените.

Второ, можеби некој за 3V можеби може да стави 1V+2V наместо да постави 3.6V, и без да има дополнително друго знаење за да менува во други делови во шемата за да ја заврши работата.

Трето, во шемата погоре, ако со зенер диодата од 3V најмал напон што може да се добие/подеси на излез е околу ~3.7V, така со замена во друга зенер диода од 3.6V (на местото на зенер 3V), најмал напон што ќе може да се подеси ќе биде ~4.4V (без разлика на вредностите на околините отпорности) - што е различно како резултат.

Поздрав.
« Last Edit: 23.04.2014, Wednesday, 23:27:25 by mkfe »

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #12 on: 23.04.2014, Wednesday, 23:25:16 »
Само мала напомена во врска со шемата, регулацијата не е од 0-24V, туку почнува од околу 4V па нагоре, овој исправувач беше објавен на времето и во списанието SAM, тогаш го направив и до денешен ден работи кај мене на маса, скоро секојдневно, од тогаш единствено еднаш му се сменети електролитите поради старост и тоа е тоа... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #13 on: 23.04.2014, Wednesday, 23:36:56 »
Не мислев јас конкретно за ова поставена шема.Еве шематски за што мислам.Имам пример -зенер 4V7 и од неа добивам што знам од 1 до 4V континуирано,колку митреба.За ова зборувам.

« Last Edit: 24.04.2014, Thursday, 17:06:58 by GigaWatt »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Потребен ми е datasheet за зенер диода BZ 3
« Reply #14 on: 24.04.2014, Thursday, 00:42:10 »
Почитуван batka,

Јас Ви ја разбирам мислата Ваша. Дека со оваа дополнителна шема можеш да имаш напон со колкава вредност сакаш.

Јас би рекол Да, така е, ако и само ако на излез (после клизачот од потенциометарот) не го оптеретиш со никаков потрошувач, односно го носиш на операционен засилувач кој има висока врезна отпорност.

Но, проблемот е што оваа шема неможе да замени зенер диода во коло во било која шема.

Дополнително, излезниот напон на клизачот од потенциометарот е нестабилен. За да биде стабилен напонот, мора да се земе од краевите од зенер диодата.

Ево да замислиме да имаме прегорен готов уред (без разлика дали имаме или немаме шема од него, важно е готов склопен - купечки). Има прегорено зенер диода од 13V. Ја немаме. Со Вашата шема неможеме да му ја замениме и симулираме зенер диодата. А со оние зенерки што ги имаме, со поврзување во серија (пример 12V+1V), можеме да му залемиме на местото на прегорената зенер диода без никакви измени никаде на друго место.

Дали сум сега појасен? - со мислата која за друга ситуација ја кажував (за зенер диоди со мал напон) а забега во друга (замена на зенер диода).

Поздрав.


« Last Edit: 24.04.2014, Thursday, 00:45:00 by mkfe »