Author Topic: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420  (Read 2474 times)

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Едно другарче ми продава принтер (горе наведениот) ,функционира добро но...има еден проблем со принтањето,се појавуваат некои линии и нешто како замрљано .Тоа повеќе доаѓа до израз ако испринтам некоја test page отколку нешто друго од pc...еве во прилог се сликите од тоа.
И уште нешто ,на дисплејчето ми излегува order cartrige ,less than 900 pages тоа значи дека тонерот му е при крај????
Би му го купил за одприлика 500ден,дали вреди и како би се средил проблемов со линииве во принтањето.
Поздрав





« Last Edit: 31.07.2014, Thursday, 01:26:58 by GigaWatt »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Akо не е првиот тонер ( фабричкиот) треба да тера до 1500 страни.Фабричкиот ( првиот со печатарот!) тонер тера 600-700 страни.Проблемот може да биде ако е полнет тонерот (а гумениот брисач е оштетен,не е заменет или не е добро поставен па се растура црна прашина.Извади го тонерот и погледни го ваљакот ( оној зелениот обично!) и види дали има траги од тонет или линии на него.Замени го или дополни го тонерот.Не знам дали овој модел има чип на тонерот( во тој случај е поскап!).Земи отвори го печатарот извади тонер и со вата и 96% алкохол помони ги и исчисти сите места каде се одвива транспорт на хартијата ( ваљаци,прстени,гумици...)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 85
Се согласувам со она што ти го пишал @batka меѓутоа пази фоторецепторот (зелениот ваљак, бубањот или уште како и да се нарекува) не смееш да го допираш со ништо што би можело да остави отпечаток на него или да го оштети, исто така  не смее да биде подолго време на светлина. Доколку чепкаш повеќе околу короната (бришачот)бубањот покриј го со нешто.
Уште нешто од искуство, после 3-4 полнења бубањот е веќе потрошен (ова е затоа што е предвиден за до кај 3-4000 принтања зависи од производителот), ти треба нов таков или нова касета. Ова е нешто што многу и од фирмите за полнење не го практикуваат а уште помалку им го кажуваат на клиентите, па после 7-8 полнења бараат да ја земат старата касета (тие ставаат нов бубањ и наоѓаат овца за стрижење) и да ти шитнат нова (која може да е средена на ист начин како таа што ќе ти ја земат).

И уште нешто фабричките предвидувања за траење на тонерот се пресемтуваат доколку страната е исполнета 5% со тонер, односно еден А4 со текст. Доколку имаш места кои што бараат повеќе тонер (пример слики) нормално е тонерот да трае по кратко

Споено мислење: 31.07.2014, Thursday, 20:31:31
Улогата на тој бришач е да нема тонер на ваљакот така да ако има тонер тогаш бришачот пушта некаде и треба да се замени

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Би требало со нова оригинална касета да се отстранат проблемите, исто така кај ласетор има едно огледалце, тоа треба да е чисто. Ако е чисто не го чепкај, ако не е тогаш со овие крпиве микро фибер т.е. магични забриши го, тие гледаат понежни.
Ако сакаш да го репарираш стариот, има една касета каде штп се собира вишокот тонер, испразни ја.
Биди претпазлив, вдишување, голтање па дури и допир со тонерот може да предизвика здравствени проблеми како запушување на вени или рак, користи маска за дишење(филтер) макар од 5 денари и санитарни нараквици, оние за вц-а чистење.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
После одреден број на полнења и магнетот сто е после магацинот со прашина и тој попушта не ја држи прашината и пушта повеќе одошто е потребно. Иначе за зелениот ваљак, можеш слободно да го допираш, ама на крај е потребно пред да го монтираш многу убаво да го истриеш со памучна крпа, или пак со чист памут. После тоа гајле нема ;)

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 85
@Hahahaha незнам од каде тоа со бришењето на ваљакот, ама поминав 3 години со сервисери за секаков вид на принтери и она што пазеа без разлика дали е колор принтер од 20к евра или обичен принтер од 100 евра секогаш беа ваљаците. За профи принтерите за секој ваљак има и посебна црна кеса (од незнам каков материјал) за ако мра сервисер да го вади да не стои изложен на светлина.
Прочитај што е функцијата на тој ваљак зошто се вика фоторецептор и што ќе се случи ако е подолго време на светлина или барем малку (механички) се оштети -  се што има на него ќе се појави на принтот

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Тоа да се што ке остане на него ќе се принта на секој лист нареден, ама послушај, сум полнер 100 пари тонер до сега за мојот принтер, јас кога го вадам него го ставам на крпче и го допирам со прсти, еднаш без да го избришам со памучна крпа го вратив во касетата, на секој лист имаше мој отисоци, после тоа го извадив повторно и го пребришав со памучна крпа и чист памук од аптека и еве го уште си тера ни флека ни нисто не вади :)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Ваљакот не е проблем да се избрише со крпа или дури и со вата и алкохол.Ако брисачот не функционира ,обично на краевите се познаваат црни подрачја на ваљакот преку кои се разнесува тонер на листот.По секој ремонт на тонерот пожелно е да се замени гумениот брисач ( или да се преовери и исчисти постоечкиот!) ,бидејќи најчесто од неговата не-функционалност се појавите на линии или полиња поцрнети на самиот лист.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Епа тој дел страда прв, кај мене сега после 3 пати полнење гледам се скинал бришакот, има еден кај што оди високот и уште еден има кај магнетот што е, барем кај мене е така, тој што е кај магнетот за да го проверите дали е ок, наполни го тонерот и почни да го тресеш да видиш дали ке испаѓа боја, зашто ако не провериш сега и кога ќе го ставиш во принтер почне да испаѓа прашина, можеш да си направиш големи проблеми :)

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Ги читав вашите коментари,деновиве бев зафатен и немав многу време за да му обрнам внимание.
Денес случајно испринтав pdf фајл со некоја шема и текст во неколку копии и ги испринта супер без никакви линии на листот и слично,па на конструх хартија, дури направив и плочка за некое предпојачало (метода со пегла).
Е сега пробав да испринтам слика (некој wallpaper) чисто да видам како ќе ја извади ,но пак ги имаше линиите како на сликите во првиот пост на празните делови над и под сликата.
Не ми е јасно како може така? или има проблем или нема проблем :)

Поздрав
« Last Edit: 02.08.2014, Saturday, 18:36:19 by MARK123 »

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 85
Ај први провери во драјверот до која тежина може да принта принтерот.
Не верувам дека можеш потешка од 120 гр. Консруг или како да се вика мислам дека е над 250. Ако имаш линии и надвор од принт зоната може веќе ваљакот да е при крај или магнетната корона (линии набиени на растојание од 1-2mm).
 Имаше во некој од коментарите како да ја исчистиш.
Може ли да поставиш слика какви се линиите?
« Last Edit: 02.08.2014, Saturday, 19:49:58 by Z3nesto »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Нема врска драјверот со црните линии.Ако е стоен принтерот подолго време,треба да пуштиш неколку листови за да се исчисти меанизмот ( воѓици,ваљаци,гумици) ако имало растурена прашина врз нив.Исто се случува и при транспорт.На сите им велам ако го транспортираат некаде печатаррот да го вадат тонерот посебно во кеса,за да не се растура прашина.Зачисти го малку со вата и алкоол(транспортот) и користи го со здравје,
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2725
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
За 500ден. не знам што уште се мислиш, убаво ти вика Батка, зачисти го, пушти му cleaning page нека изврти неколку пати и терај... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 718
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Дури и да не работи мислам дека вреди за 500! Ласерот и високонапонското генераторче веќе надминуваат 500 денари сами од себе... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 85
@batka драјверот има во однос на хартијата. Ако хартијата е над 120гр. преносот треба да е поспор. Ако потешка хартија (успее) да помине со драјвер наместен на 80гр, тонерот не е испечен и може да остане на ваљакот (што со наредно вртење пред принт треба брисачот да го исчисти) и може да се налепи на тефлонскиот ваљак во печката. Кај големите колор принтери ова останува на транспортната трака (што овој принтер ја нема).

Друго, кај ласерски принтер не би требало да има cleaning page. Самиот процес пред принт кога има круг пред принтерот да ја повлече хартијата е cleaning процес, во случај нешто да останало за бришачот.