Author Topic: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420  (Read 2475 times)

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Незнам зошто се ствара толкава галама, мислам стварно.. 500ден??? да го однесеш во отпад ке земеш повеке.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
@batka драјверот има во однос на хартијата. Ако хартијата е над 120гр. преносот треба да е поспор. Ако потешка хартија (успее) да помине со драјвер наместен на 80гр, тонерот не е испечен и може да остане на ваљакот (што со наредно вртење пред принт треба брисачот да го исчисти) и може да се налепи на тефлонскиот ваљак во печката. Кај големите колор принтери ова останува на транспортната трака (што овој принтер ја нема).

Друго, кај ласерски принтер не би требало да има cleaning page. Самиот процес пред принт кога има круг пред принтерот да ја повлече хартијата е cleaning процес, во случај нешто да останало за бришачот.

E,еее каде ти отиде.Не правиме овде тестирање и разглобување на печатари,вакви или такви.Јас не знам дали има некој 120 грамска хартија да става во ваков печатар??Убаво си пишува во упатството.Човекот кажа дека пуштил неколку листа и сега било добро.Веројатно транспортот имал малку прашина и сега е во ред.Темата нека остане на стенд бај или може и даа се затвори.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Не се работи за 500денари ,не се ни големи пари ,јас прашав бидејќи првпат се среќавам со овој тип на принтери и доколку неможе да се среди зошто ми е да ми прави гужва дома(физички и не е баш така мал) :) ,до сега сум користел ink jet и Hp и Epson разни модели и сум ги полнел и ресетирал ,одпушувал глави но ова е сосема друга технологија.
Еве какви се линиите,во прилог сликата.
Па ќе го отворам утре да зирнам што се има во него и да ги видам сите тие ваљаци и сл. па очекувам ваша помош доколку заглавам негде. :)

« Last Edit: 03.08.2014, Sunday, 11:40:27 by GigaWatt »

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 85
Според ширината ова е од фоторецепторот - зелениот ваљак. Можно е брисачот да пушта или „ножот“ (доколку не е гумен брисач) да е олабавен. Исчисти внимателно како што пишаа погоре.

Quote
E,еее каде ти отиде.Не правиме овде тестирање и разглобување на печатари,вакви или такви.Јас не знам дали има некој 120 грамска хартија да става во ваков печатар??Убаво си пишува во упатството.Човекот кажа дека пуштил неколку листа и сега било добро.Веројатно транспортот имал малку прашина и сега е во ред.Темата нека остане на стенд бај или може и даа се затвори.
Дечкото имаше пишано дека ставил кунзруг/кунсрух... пишав дека колку што знам тоа е веќе тешка хартија или по крута

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Не знам зошто треба да се допишуваме и докажуваме * црно-бело*!По стилот на пишување би требало  Z3nesto да биде еден бивш член со сменет ник,ама не е тоа ни важно. Да не се допишуваме дали е*кунзруг/кунсрух* или е * кунсдрук* кој го има и 60 /80/100 и 120 грамски,не е ни важно! Човекот си заврши работа,мислам, и едини совет е да си набави нов тонер .Рефил има за 700-800 денари,а оригинал е 1500-1600 денари.Со тоа дефинитивно ке заврши работа.Кунсдрук од 120 г не е предвидено да ставаш ,особено не во овој модел на НР !
« Last Edit: 03.08.2014, Sunday, 16:36:09 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Оваа хартија беше 120 грамска и ја испринта без проблем... :)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Ako прочиташ подобро во упатството на овој модел.120 гр .кунсдрук не е предвиден.Само ке си направиш проблем и ке го расипеш механизмот за транспорт.Ти како сакаш/
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Ја извадив касетата и го тргнав заштитниот поклопец над фоторецепторот и имаше некои флеки од тонер на него го избришав со сува тоалетна хартија и го вртев на запчаникот во полутемен простор меѓутоа цело време додека го вртев јавуваше флеки од тонер (можеби 6-7 круга го завртев).
Пробав да испринтам и се деси хаос на листот.

Quote from: Администрација
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)



« Last Edit: 04.08.2014, Monday, 00:56:11 by ShAdOw »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Купи си дефинитивно нов тонер,а не е лошо и механизмот да го поминеш со алкохол ( механизмот,а не тонерот! 8))
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
А од што се јави овој проблем?

Механизмот мислиш на сите места каде што проаѓа хартијата

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Брисачот не ти работи ,па од резервоарчето се растура прашина! Купи си нов тонер (касета) ,ама не е лошо со вата и алкохол даго избришеш внатре гумениот ваљак,округлите гумици и другите делови каде мине хартијата.Потоа кога ке пуштиш листови со новиот тонер ке ти требаат 5-6 листови за да се изгуби црнилото.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Прво тоа канистерчето кај што се збира вишокот тонер испразни го, не мора многу да го ганцаш само истури го вишокот тонер.. Потоа бриши што ќе бришиш...

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Ја извадив касетата,ја растурив како на клипов,го испразнив вишокот тонер и се направив како што е покажано го исчистив фоторецепторот,брисачот и уште едно ваљаче.
Другиот дел од касетата не го дополнував туку го оставив со стариот тонер само што го исчистив магнетниот ваљак ,брисачот и се во нивна околина.

Cartridge Tutor - How To Refill Printer Cartridges

Го пробав,и пак појавува нешто слично ,во прилог на сликите ама приметив разлика во однос на квалитетот на принтањето,црната боја е поизразита ,пробав да испринтам и слика изгледа ок во однос на квалитетот и резолуцијата но сеуште ги има овие флеки.
Ја извадив повторно касетата и го погледнав фоторецепторот беше чист за разлика од предходниот пат,го вртев во насока како што беше покажано на клипчето и не појавуваше флеки од тонер.
Може ли да е нешто друго во прашање ?

« Last Edit: 11.08.2014, Monday, 13:52:26 by ShAdOw »

Offline ShAdOw

  • Глобален Модератор
  • Експерт
  • *****
  • Posts: 882
  • Gender: Male
  • shadow@elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Не прикачувај слики на форум, веќе еднаш си опоменат, секоја наредна прикачена слика ќе ти ја бришам!

Имаш надворешен хост како tinypic (клик тука), сликите прикачи ги таму па линкот во [img] тагови стави го тука на форум!

Quote from: Правила на овој форум
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)
« Last Edit: 11.08.2014, Monday, 13:53:45 by ShAdOw »
Јас со моето знаење несебично помагам на другите на кои им е потребна помош. Кога ќе дојдеш да читаш на форумот не дреми и не биди скржав помогни! Нема ништо лошо да ти се случи ако споделиш знаење со некој друг.

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Го пробав,и пак појавува нешто слично ,во прилог на сликите ама приметив разлика во однос на квалитетот на принтањето,црната боја е поизразита ,пробав да испринтам и слика изгледа ок во однос на квалитетот и резолуцијата но сеуште ги има овие флеки.
Ја извадив повторно касетата и го погледнав фоторецепторот беше чист за разлика од предходниот пат,го вртев во насока како што беше покажано на клипчето и не појавуваше флеки од тонер.
Може ли да е нешто друго во прашање ?

Толку музика за тие пари :-) Сакаш нешто асално ? Вложи 50е и купи нов принтер :-)