Author Topic: Хибридни микропроцесори со FPGA  (Read 1114 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Хибридни микропроцесори со FPGA
« on: 13.10.2014, Monday, 23:17:57 »
[float=left][/float]Постои гранка на електрониката која е една од најголемите мистерии за хобистите: мрежите од логички порти. Проблемот лежи во тоа што производителите на овие специфични електронски компоненти досега воглавно беа насочени кон воената индустрија и заради тоа информациите за нив и достапноста на овие кола беше лимитирана. Исто така професионалните развојни алатки и програматори беа скапи и недостапни за најголемиот број хоби електроничари.

Овој тип на електронски кола потекнува уште од самите почетоци на дигиталната електроника кога се размислуваше околу начинот на градба на интегрираните компјутери и едни дизајнери отидоа во правец на градба на универзален компјутер со употреба на микропроцесори додека други отидоа во правец на градба на компјутери за специфична намена (најчесто воени) изградени од мрежи од логички порти. Во текот на развојот овие дигитални кола се разделија во две посебни гранки, едните наречени CPLD (Complex Programmable Logic Device) а другите FPGA (Field-Programmable Gate Array). И двата типа на кола имаат слична примена со единствена разлика што првиот тип на кола се трајно програмабилни додека вториот тип може (и мора) да се конфигурира при секое вклучување на напојувањето.

Предноста на овие кола е што може да се конфигурираат да решаваат одреден специфичен математички или логички проблем со огромна брзина, далеку поголема отколку тој ист проблем да се решава со итеративна програма со микропроцесор. Сепак, мааната е во тоа што одредено конфигурирано коло може да го решава само тој одреден проблем и за решавање на друг проблем треба негово репрограмирање. Исто така проблем претставува и тежината при дизајн на конфигурацијата на овие кола за кои хоби електроничарите треба да имаат големи познавања.

Сепак, денес како генијална идеа во целата оваа ситуација е спојувањето на флексибилноста на микропроцесорите и брзината на мрежите од логички порти во една компонента наречена хибриден микропроцесор кој се состои од јадро што содржи стандарден микропроцесор и една или повеќе мрежи од логички порти кои микропроцесорот може во текот на својата работа да ги реконфигурира во зависност од проблемот што се решава во моментот (програмата). Исто така позитивна страна е што сложеноста на програмирањето на овој микропроцесор е намалена со употреба на некои стандардни конфигурациски блокови за вградените мрежи од логички порти кои можат да се повикаат од страна на корисникот во самата програма која работи на микропроцесорот.
« Last Edit: 13.10.2014, Monday, 23:27:38 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.