Author Topic: Видливост на шемите на форумов  (Read 3380 times)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Видливост на шемите на форумов
« on: 08.11.2014, Saturday, 11:00:44 »
Имам предлог за администраторите,дали е можно шемите и линковите кои се постираат во темите на форумов,да не можат да се видат додека некој не се логира,или регистрира па потоа логира,со ова мислам дека форумов би имал повеќе членови а не гости,кои пребаруваат само шеми и потоа чафка патот :o позз
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #1 on: 08.11.2014, Saturday, 12:36:04 »
Не знам колку би било тоа добро, и ние самите некогаш од друго место може да ги погледнеме шемите без да се логираме. Или друг проблем, секој да прави акаунт како сака само заради една шемичка.

Од друга страна пак, не е убаво ние тука што правиме и се трудиме некој на готово се да си добие...

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #2 on: 08.11.2014, Saturday, 13:31:23 »
Она што го прикачувате на форум, кога ќе се појават малите сликички долу под пораката, ако не си логиран на форум не можеш да ги видиш, односно ги гледаш во такви мали димензии
Тоа важи за се што е во атачмент
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #3 on: 08.11.2014, Saturday, 16:20:43 »
Имам предлог за администраторите,дали е можно шемите и линковите кои се постираат во темите на форумов,да не можат да се видат додека некој не се логира,или регистрира па потоа логира,со ова мислам дека форумов би имал повеќе членови а не гости,кои пребаруваат само шеми и потоа чафка патот :o позз

Не е воопшто целта на Форумов да се криеме.Во правилата стои да се става изворот од каде се земени шемите или проектот(да се наведе изворот),ама тоа често не се прави.Од друга страна не гледам зошто би ги криеле шемите.Ако имаш некоја твоја градба,која ја постираш на Форумов,не мораш да постираш шема или пример- програмот (.hex фајлот за PIC-от).Тоа е твоја работа дали се ке дадеш комплет или нешто ќе преќутиш  8).Значи тоа е лична работа.Ако може проектот да се комерцијализира не треба да го образлагаш до детали,тоа се подразбира.Ако имаш такво нешто не треба да правиш реклама(за тоа има посебен начин - договор со Администрацијата).При логирањето на членови никој од напред не знае дали членот ке биде активен,дали се зачленил само да стави оглас (најчест случај!) или само да копира шеми.Но така се работи на сите форуми и тоа е во ред.Не гледам зошто би требало да ги криеме шемите на Форумов.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #4 on: 08.11.2014, Saturday, 19:06:02 »
Не знам колку би било тоа добро, и ние самите некогаш од друго место може да ги погледнеме шемите без да се логираме. Или друг проблем, секој да прави акаунт како сака само заради една шемичка.

Една од причините поради која решивме се да биде видливо беше оваа. Само attachment-ите не може да се симнуваат ако не си логиран.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #5 on: 08.11.2014, Saturday, 19:15:34 »
Само attachment-ите не може да се симнуваат ако не си логиран.

Може, со Google Chrome, десен клик на линкот и Open link in new tab  :)
Жан

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #6 on: 08.11.2014, Saturday, 20:34:25 »
Оневозможено е тоа, фала Zan што напомена дека има таков пропуст, мислам дека сега е решено тоа :D

Провери ако не ти е проблем, кај мене на хромот не може да се гледаат атачментите.

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #7 on: 08.11.2014, Saturday, 20:37:43 »
Да, средено е :)
Жан

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #8 on: 08.11.2014, Saturday, 21:03:07 »
Батака не ми е намерата да се криеме,или кријам некоја моја шема-(па таква шема што несакам да ја има некој друг, нема ни да ја постирам) само ми падна на памет една ваква идеја пребарувајќи по форумиве од индонезија и америка,додека не се логираш,апсолутно ништо и неможеш да видиш од страна на шеми,а со тоа и поголем број членови.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #9 on: 08.11.2014, Saturday, 22:32:04 »
Мислам дека нашиот Форум би имал повеќе штета ако на него се логираат сите што само сакаат нешто да видат од шемите.Јас лично сум иритиран од ставовите на некои форуми.Не гледам зошто некој непознат да не ѕирне на форумот.Ако се наплатува  на нет-от по број на посетители,пологично е да им дозволиш на повеќемина да пребаруваат по форумот и да заработиш нешто на тоа 8).Исто така бројот на членови ништо не значи ако на Форумот се активни едвај дваесетина-триесет.Јас би сакал на форумот да има повеќе само-градители,луѓе што сакаат да експериментираат ( ама не *ѓутуре*,туку поаѓајќи од теорија и знаење).Она што понекогаш некој ми замераат што *као* претерувам во некои работи е со цел да поттикнам дискусија.Сакам секој да си го искажува својот став,исто и јас својот.Можеби некогаш ставовите се различни или спротивни,ама сепак тоа води до некој напредок и форумот станува интересен. ;D
Би сакал што повеќе нови конструкции или модификации не шеми да видам на Форумот.Штета што Форумов не постоеше барем пред 10 -ина години,кога бев многу поактивен во градбите на уреди . ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #10 on: 09.11.2014, Sunday, 22:56:08 »
Јас сум за да се гледаат атачментите од страна на гостите Батка е во право, на крајот битна е посетеноста сепак.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #11 on: 10.11.2014, Monday, 21:47:51 »
Имаше порано на форумов, мислам се викаше "VIP секција" или така нешто. Само членовите над 200 пораки можеа да ги гледаат шемите и да читаат од материјалте кои беа ставани таму.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #12 on: 10.11.2014, Monday, 22:48:18 »
Што се деси со вип-от?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #13 on: 11.11.2014, Tuesday, 00:13:17 »
Беше исклучен, а најголем дел од темите префрлени во нормалниот дел од форумот, го исклучивме затоа што кога ќе достигнеше некој до тоа, запираа да постираат и немаше смисла да постое, тоа беше мотивација и награда за тоа што секој ден придонесуваа за форумот, но откако ќе го добиеа тој статус се запираше тука.

Секоја чест на исклучоците
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #14 on: 11.11.2014, Tuesday, 23:07:37 »
Имаше и уште една причина зошто го исклучивме тој дел, многу пати се случуваше да се изнесуваат материјали од тамо на трети лица кои не беа членови во тој дел. Педерски работи...
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.