Author Topic: Кондензаторгејт - реалност или измама?  (Read 1223 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
[float=left][/float]Денес нема електроничар кој не слушнал за проблематични кондензатори во електронските уреди. Но, пред дваесетина и повеќе години никој воопшто и не се сомневаше во исправноста на кондензаторите кога поправаше некој електронски уред и на кондензаторите се гледаше како на стабилна и издржлива компонента која се проверуваше сосема на крајот пред да почнат да се проверуваат и отпорниците. Што всушност се случи во меѓувреме?

Една теорија вели дека индустриската шпионажа е крива за се. Имено, во средината на 90тите години главните центри на високата технологија сеуште се наоѓаа во Тајван. Во овие центри се развивала посебна формула на електролит кој се користи во електролитските кондензатори кој бил револуционерен и овозможувал скоро двојно поголем капацитет за иста големина на кондензатор отколку што дотогаш било можно. Индустриските шпиони од Кина успеале да дојдат до формулата за овој електролит и сами да почнат да произведуваат електролитски кондензатори. Но, да е иронијата поголема формулата која тие успеале да ја украдат била ран прототип кој имал свои недостатоци од кои најголеми два недостатоци биле нестабилноста на високи температури и краток животен век. Но, веќе било предоцна… Кина почнала да произведува електролитски кондензатори кои биле многу евтини а добри (кога се нови) и истите почнале да се користат во се и сешто и да ги купуваат сите. По неколку години почнало да биде јасно какви проблеми имаат овие кондензатори но самите компании сфатиле дека со предвременото расипување на овие кондензатори си отвориле "златен рудник" на роба која континуирано се троши и расипува и затоа цела работа била оставена како што е и денес.

Но, сево ова е само теорија. Дали навистина е така или се е една голема лага знаат само потрошувачите.
« Last Edit: 16.11.2014, Sunday, 01:49:05 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.