Author Topic: L-метар (адаптер за мерење калеми)  (Read 1298 times)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
L-метар (адаптер за мерење калеми)
« on: 24.11.2014, Monday, 13:51:48 »
Имам потреба од мерач на калеми за мерење на калеми од скретници во звучници,па така пребаруваќи на интернет и ја најдов следнава шема,се работи за адаптер кој се приклучува на обичен дигитален мултимер за мерење кој го поседува секој кој се занимава со електроника.Доста едноставен и прост,деловите се порачани и во тек е изработката на пцб.



« Last Edit: 25.11.2014, Tuesday, 06:12:14 by GigaWatt »
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #1 on: 24.11.2014, Monday, 20:04:11 »
Има многу вакви додатоци за DVM,ама најголем проблем е подесувањето.Многу работи влијаат врз точноста: прво толеранцијата на елементите,квалитетот  итд. За да го подесиш треба да најдеш фабрички еталони,со чија помош ќе направиш калибрирање.И тоа треба да се направи неколку пати ,во различни услови .
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Maxwell

  • Guest
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #2 on: 24.11.2014, Monday, 20:05:14 »
Гледам авторот на темава заборавил да објасни како се подесува и на кое мерно подрачје треба да се намести дигиталниот мултиметар...

Еве, ама на англиски

The circuit is very simple, containing only one voltage regulator chip and one NAND gates chip. This inductance meter adapter provide two measurement range, low range for measuring 3uH to 500uH  inductor values, and high range for 100uH to 5mH. Calibrating this inductance meter is easy. First you need to calibrate the zero offset. Connect your DVM to the output of this circuit, and select 200mV range for the DVM. Short the inductor measurement probe and adjust the zero calibration to give zero volt reading on your DVM.  To calibrate the low range, pick a known inductor around 400uH. Select 2V range for your DVM. Measure the inductor and adjust the low-cal pot to give 1mV per uH inductance. For example if you use a 390uH then you should adjust the low calibration pot to give 390mV reading on your DVM. To calibrate the high range, switch the range of the adapter circuit to high, and use it to measure a known inductor with values around 5 mH. Calibrate the high-cal pot to give 100mV reading per 1 mH inductance.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #3 on: 24.11.2014, Monday, 21:08:21 »
Quote
најголем проблем е подесувањето
Тоа е проблемот со оваа шема...
« Last Edit: 24.11.2014, Monday, 21:11:50 by slidermc »

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #4 on: 25.11.2014, Tuesday, 09:47:03 »
Случањо додека да ми втасаа деловиве да ги избегнам турскиве серии си прелистувам така постари броеви на емитер,и ете ти сега,истава шема ја имало и во емитер број 4/04год. со различна пцб.начин на поддесување е.

-се става мултимерот на подрачје од 200mv,се нагодува зеро,т.е. нула,со краткоспоени испитни крокодилки,преклопникот го ставаме на low,ставаме фабричка намотка од 390мH,со тримерот LOW нагодуваме на мултимерот во подрачје од 2 волти да покажува 0,390v,истата постапка се прави и на HI подрачје со фабричка намотка од 4,7mH,на мултимерот ќе покажува 0,470v.

-За точност незнам кога ќе го составам ќе пишам.еве пцб





-Обично малите плочки ги ваѓам во затворена тегла,не мириса и не испарува.



-И еве доста солидно без кратки споеви и прекини.потоа очистена со нитро и премачкана со колофониум.

Споено мислење: [time]25 Ноември 2014, 17:31:12[/time]




-Е стварно било беља сеа штелувањево,всушност не успеав да го штеловам,дојдов до нула на иструментот со краткоспоени испитни жици,како што е опишано од страна на авторот,а и исто и во емитер,но кога му залемив 1mH намотка неможи да се наштелова,бројките стално вртат и е многу осетлив кога се приближуваш до намотката и плочката,пробав и со друга фабричка намотка,но како што пишав бројките вртат и нема начин да застанат.па тоа е тоа  :-[
« Last Edit: 26.11.2014, Wednesday, 06:13:14 by GigaWatt »
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #5 on: 25.11.2014, Tuesday, 18:10:21 »
Батка,има една изрека * евтиното месо - кучињата не го јадат* ;D Нема врска,главно покуша да го направиш и тоа е добро.Сепак вакви * гаџети* на DVM прифаќајте ги со резерва.За озбилна работа  купете си фабрички LCR метар, не штедете.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #6 on: 25.11.2014, Tuesday, 21:48:48 »
Овој проект го има на сајтот на членот на форумов Doca и тоа како негов дизајн. Некако не ми се верува дека не е добар, а Doca го скоцкал  ???
Провери го напонскиот регулатор дали дава 5V.
Скрати ги на минимум водовите на кои се прикачува калемот. Нивната должина би требало да има влијние на мерењата.
Стави на мерно подрачје 2V (на сликите си на mV) кога штелуваш на low i high.
Земи калеми кои се најблиску до горниот лимит на мерното подрачје кое го штелуваш. За low приближно 470uH, за high 4,7mH.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #7 on: 25.11.2014, Tuesday, 22:21:41 »
Незнам за на сајтот на доца,али стварно неможе да се наштелува,постојано бројките вртат,иструментот во моментот кога сликав е на 200 mv,инаку е на 2 волти немам погрешено во тоа само на 200mv се штелова нулата.за жичките на кои е залемена пригушницата имаат само 10cm,како му се приближуваш со рака така се будалее ;D,а 7805 дава 5 волти проверено.и на LOW,и на HI истото е не пробав со батерија да го напојувам ќе пробам.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #8 on: 26.11.2014, Wednesday, 06:19:44 »
Пробај со батерии (3 X 1.5V), ама нови, за да добиеш вредност од околу 5V ;). Ако и така шетаат бројките на мултиметарот, пробај го следново. Стави ја целата конструкција во картонско куќиште (било какво малечко кутивче, може и пластично, само да не е метално) и обвиткај го со алуминиумска фолија која ќе ја врзеш за минусот (маса). Ако се намали шетањето на бројките, пробај и направи ги каблите за мерните сонди од оклопен кабел, а ширмот ќе го врзеш за маса (минус) ;).
« Last Edit: 26.11.2014, Wednesday, 06:21:27 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #9 on: 26.11.2014, Wednesday, 10:38:11 »
...не пробав со батерија да го напојувам...
Со што го напојуваше и со колкав напон?

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #10 on: 26.11.2014, Wednesday, 11:03:50 »
Со лабараториски извор на напон 12в. го пробав.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #11 on: 26.11.2014, Wednesday, 11:23:34 »
Убаво ти викаат, пробај го на батерии, најдобро со 9V пред стабилизаторот, ако така работи, тогаш додај доле на штампата по еден кондензатор 100n (најдобро SMD) директно на изводите од 7805, на влез и на излез, плус електролит 47-100u на излез, би требало да се смири така.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #12 on: 26.11.2014, Wednesday, 17:23:49 »
Убаво ти вика LordZi, 100нФ на влез и излез од регулаторот, тие требаат за стабилност на регулаторот.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #13 on: 26.11.2014, Wednesday, 20:14:36 »
Да кажам само едно свое видување за овакви уреди: не знам прво дали сите елементи вградени во уредот се потполно нови или се вадени од постари уреди.Има доста кондензатори,но и тримери кои се ризични,па даваат вакви ефекти.Друго,можеби проблем е самиот осцилатор (ИК) или некој елемент во негова врска ( можеби и некој лош или погрешен лем).Значи,провери се повторно,дел по дел.Ако се сомневаш на некој тример обавезно замени го.Тоа што со приближување се менуваат броевите,значи дека постои капацитативност и дека инстументот веројатно работи,но имаш некој нестабилен ( механички или електрички) елемент.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: L-метар (адаптер за мерење калеми)
« Reply #14 on: 26.11.2014, Wednesday, 20:50:56 »
Немав време деновиве ќе видам спрема вашите одговори да дотерам нешто ако бива,инаку деловите се нови,и се е спрема шемата,нема ладен лем или слично,плочката е доста солидно изработека,без кратки споеви и прекини,проверено.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.