Страници: 1 ... 417 418 [419] 420 421   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: Случајни муабети  (Прочитана 245309 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
bicikle
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2619



« Одговор #6270 пратена : 21 Април 2017, 00:46:33 »

Поентата ми беше малце теорија видеа и туторијали како што има за електроника. Сепак математиката е столб на електрониката, а и на мн други работи. Секако никој никого ме тера да решава збирки од фалкс, него насоки и кратки одговори. Ај да ве видам: колку изнесува плоштина на правоаголен триаголник со основа 11цм и восина спуштена кон него 6цм ?  Зеленко
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12361



« Одговор #6271 пратена : 21 Април 2017, 09:12:18 »

Еееее, дај не зезај, ова во трето или четврто одделение го работевме. Ако за вакви работи ја отвораш темата, подобро не ја отворај.

Уствари... како сакаш... ако сакаш отвори ја... не гледам поента за вакви работи да се отвора тема, се ова може многу лесно да се најде online... односно по книги, ама ОК, како сакаш.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
bicikle
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2619



« Одговор #6272 пратена : 21 Април 2017, 09:40:50 »

Е ај де де ако е толку лесно пресметај Смешко ако мислиш 33 грешка си  Шмекерко
Инаку не баш за такви, како што спомнав ваљда ќе е добро на куп да има книги туторијали и за по сложени задачи, збирки решенија итн, па ако заглави некој да си помогнеме нели кој колку што може. Моментално сум на 4г мрежа, да дојдам до кабел ќе уплоадирам неколку книгичиња и некое видео па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Тогаш и ќе ја отворам темата, да не стои празна.
Сочувана
Atanas
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 466



« Одговор #6273 пратена : 21 Април 2017, 10:10:03 »

На пример може да се обработуваат задачи од Електротехника ( Кирхофови закони, Амперов, Био-Саваров, Методи за решавање сложени електрочни кола итн ). Бидејќи сето ова се работи и на факултет како предмет "Основи на Електротехника 1 и 2" ( ако ја има некој книгата нека ми пише ПП, на македонски да биди ). Само идеја е ова...
Сочувана
DX-er
Администратор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 8836


Народен Херој!


WWW
« Одговор #6274 пратена : 21 Април 2017, 11:23:18 »

Може за 20 год ќе вредат како антиквитет Смешко

Потполно се согласувам.
Сочувана

СТОП за приватни репетитори во HAM !

кликни тука за инфо околу форумот.
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12361



« Одговор #6275 пратена : 21 Април 2017, 12:32:50 »

Ќе ја решам кога ќе ми го нацрташ она што треба да го пресметам Зеленко. Не знам што подразбираш под основа, хипотенуза?
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
bicikle
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2619



« Одговор #6276 пратена : 21 Април 2017, 12:37:40 »

Yep, хипотенузата како основа 11цм и висина спуштена кон неа 6цм. Инаку ова прашање било на и тервју за работа во микрософт, бааѓи испопаѓале.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12361



« Одговор #6277 пратена : 21 Април 2017, 12:44:09 »

Половина од (должината на хипотенузата помножена со висината на триаголникот), (11*6)/2=33cm2.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12361



« Одговор #6278 пратена : 21 Април 2017, 12:48:42 »

@bicikle: Очигледно немаш купувано нови кондензатори (од продавници) кај нас Зеленко. Имам ставано секакви кондензатори, и нови и стари, и при изработка на уреди и при сервисирање, ретка била ситуацијата да ми вратиле назад уред со стари кондензатори (вадени од уреди). Од друга страна, со нови, од продавница... по максимум 2 години пак ми ги враќаат назад со истиот проблем (подуени електролити најчесто).
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
bicikle
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2619



« Одговор #6279 пратена : 21 Април 2017, 13:34:39 »

Висината во правоаголен троаголник не може да биде поголема од половона на хипотенузата  Ладен секако,соодветната висина.
Зборот ми е мали ситници може да доведат до големи грешки. Затоа сметам дека е добро да размениме некои цаки и финти во решавањео задачи, забелешки, добра литература и слично.
Нели има и по млади членови на кои нема да им е на одмет некоја збирка плус од делот на математика и електроника.
Како што ветив деновиве ќе прикачам литература од наведените области.
Да не испадне сега јас сум паметен, и мене не ми текна на прва Смешко
Сочувана
bicikle
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2619



« Одговор #6280 пратена : 21 Април 2017, 13:41:17 »

Да, точно може да се наде во одредеми уреди неповторлив квалитет, али јас сум имал лошо искуство со стари кондензатори, па не би ставил пак. Не знам новите од кај ги набавуваш, но сум немал проблем до сега.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12361



« Одговор #6281 пратена : 21 Април 2017, 23:09:37 »

Висината во правоаголен троаголник не може да биде поголема од половона на хипотенузата  Ладен секако,соодветната висина.

Значи убаво си пишав, и пресметка има згора на тоа, ако тоа што го пишав некој не го свати Зеленко.

Ти како го сваќаш „половина од (бла бла бла бла)“? Јас го сваќам како половина од тоа што во заградата... кога е прашањето во математички контекст, во секој друг контекст, се разбира, можно е на друг начин да се свати.

А пресметката не ми е точна Зеленко? Ако не свати од реченицата, тогаш барем пиши ми дали пресметката ми е точна Зеленко. Ако хипотенузата ја ознчиме со c (це), а висината со h, плоштината на правоаголниот триаголник е:

P = (c * h) / 2

Ваљда сега е појасно Зеленко.

Зборот ми е мали ситници може да доведат до големи грешки. Затоа сметам дека е добро да размениме некои цаки и финти во решавањео задачи, забелешки, добра литература и слично.

Литература имате на форумов колку сакате. Да не наведувам колку академска и професионална литература јас лично ја имам скенирано и post-ирано на форумов Превртување со очи.

Како што ветив деновиве ќе прикачам литература од наведените области.

Слободно, повеќе литература никогаш не е на одмет Шмекерко.

Да, точно може да се наде во одредеми уреди неповторлив квалитет, али јас сум имал лошо искуство со стари кондензатори, па не би ставил пак.

Изгледа не си ги мерел. Јас секогаш ги мерам пред да ги ставам и добив... па прилично добро искуство дали некој изваден кондензатор „го бива или не“. Ако добијам контрадикторни или нелогични вредности при мерењата (ESR и капацитивност), да, не го ставам... особено ако видам дека е некој brand name кондензатор. Brand name производителите не прават грешки и пред да ги стават на продажба или во некој уред, кондензаторите поминуваат низ серија проверки, така да, шанисте да им се мушнала таква грешка се мали.

Од друга страна, кај Кинескине кондензатори може да добиеш свашта Превртување со очи Зеленко... што не значи дека кондензаторот е неисправен. Да, во повеќето случаи е така, но не во секој. На пример, кондензаторот е деклариран на 1500uF/16V. Гледаш, малку е поголем од останатите Кинески кондензатори со таа капацитивност и си викаш, оооо, глеј ги Кинезиве, овие ќе да се од оние по асалнине. Жими таквото Превртување со очи. Мериш ESR и добиваш некоја ниска вредност, ОК, очекувано за 1500uF. Мериш капацитивност и... гледаш 2500uF Шокиран. Е сега, до толку да имале совест Кинезиве, не верувам Зеленко. Да имале совест до кај 1600, 1700uF, ај, ОК, можеби и ќе поверувам, ама за 2500uF... не Зеленко. Ова не ми се случило еднаш, повеќе пати и затоа почнав да размислувам во друга насока освен во таа „овој кондензатор не го бива“. Освен тоа, стави го во SMPS, ни грее ни ништо... најнормално си работи Молам?. Ако нешто не беше во ред со кондензаторот или ќе пукнеше или ќе грееше, трето нема Зеленко.

Што е всушност финтата Шмекерко. Споредувајќи ја големината со 3300uF/16V кондензатор, сватив дека се исти по големина. Тие 1500uF/16V се оние кондензатори кои не успеале да станат 3300uF Зеленко... значи тоа се оние „Пиокиа“ од кои никогаш не биднало деца, па затоа ги направиле кутриња Зеленко. Најверојатно поради промашување во процесот на мотање на кондензаторот, направени се помал број на слоеви и затоа капацитивноста е помала. Е сега, на група такви мерени кондензатори, Кинезиве забележале дека најмалата капацитивност на тоа промашување е до 1500uF. Па ово не смее да се баци, дајте браќа Кинези, па ово је прва лига 1500uF кондензатор Зеленко. И да, тука не грешат Зеленко. За денешно време, тоа е прва лига кондензатор од 1500uF Зеленко.

Поентата ми е, треба да им влезеш малку во менталитетот за да сватиш како функционираат Шмекерко. Дружи се малку со Егејци и Власи Зеленко (ако имаш пријател влав егеец, од Егејска Македонија, уште подобро Зеленко) и ќе ти стане јасно која логика ја тераат Шмекерко. Ништо не смее да се фрли, се може да се реискористи, ребрендира и рецилкира... и на крај да се продаде како нешто трето Шмекерко.

Не знам новите од кај ги набавуваш, но сум немал проблем до сега.

Ги набавувам од истите места од кои сите ги набавуваме, Гац, BT, Loging... сите се исто Кинеско ср*ње. Од кај сакаш земи ги, само може да се разликуваат „производителите“ (истите се, ама ги менуваат налепниците Превртување со очи).

За евтиниве Кинески кондензатори, имам сватено една работа. Ако не ги ладиш (ако не се во SMPS со кулер), што сакаш стави, по максимум 2 години се дујат. Ма имам пробано и со наддимензионирање, џабе, пак на крајот ќе ставам некој Nichicon 20 години стар и тера уште 20 години Зеленко... абе сакаш да се расипа мониторот, се молиш, да имаш изговор да си купиш нов, некој 24" со HDMI, џабе бе брат, не цркува Зеленко.
« Последна промена: 21 Април 2017, 23:13:41 од GigaWatt » Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
bicikle
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2619



« Одговор #6282 пратена : 22 Април 2017, 08:59:21 »

Пресметката ти е на место, нели спомнав правоаголен триаголнк, е сега ако се навратиме на теоријата за правоаголен траголник ќе забележиме дека висината спуштена кон хипотенузата (како основа) не може да надминува 1/2 од хипотенузата(це) односно во конкретниот случај не треба да биде подолга од 5,5цм, во спротивно триаголникот не го исполнува условот да е правоаголен. Ова е трик прашање, поентата е да се воочи грешката, а не да се провери дали некој знае да ја пресмета плоштината. Како што спомнав било дадено на интервју од страна на микрософт со цел да се види колку идните работници ќе ја воочат нелогичноста.
За кондензаторите
Како што споменав, не знам која марка се конкретно мониторите што ги имаш, али во последно све е "made in china. Последно користев кондензатори од алпина засилувач, испукаа како каписли, па од тогаш накако не ми е верно да ставам стари кондензатори. Точно дека може да се најде добар кондензатор, али секако немам моментално залихи на стари уреди па пре би зел нов кондензатор него стар уред.
Секогаш сум гледал кутијата да ја одржам на некока нормална температура, па сум немал проблем со нови кондензатори, да претежно сум вградувал вентилаторче да луфтира.
Инаку, жената ми има егејска жичка, така да уходан сум во егекските работи  Cheesy
Другар од детството (сеуште дружиме) е влав, врска нема со муабетите за власите, не се сеќавам ни уред кој му се расипал да однесе на поправка, него одма го фрла и си зема нов Смешко
Сочувана
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1098


« Одговор #6283 пратена : 22 Април 2017, 12:19:48 »

Во шала го кажа тоа Гига ама се разбравте на место вие се околу кондензаторите а знам тој е муабетот за власите мада и наши некој пат има бетер Ладен Зеленко Зеленко Зеленко Зеленко ме изнасмеавте еј  Зеленко Зеленко Зеленко
Сочувана

Talk Hard Steal The Air
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1053


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #6284 пратена : 22 Април 2017, 14:26:27 »

Во шала го велиш тоа (нели) nsu, само не сум сигурен дека толку добро „поткован„ колега како тебе во областа на многу полиња од науката, а не го знае македонскиот правопис со сите негови нишани како што се интерпункциските знаци !
Код:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BD:%D0%98%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BF%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8
Код:
https://izvorcemk.files.wordpress.com/2014/09/d182d0bed187d0bad0b8-d0b8-d0b3d0bed0bbd0b5d0bcd0b8-d0b1d183d0bad0b2d0b8_o.doc
Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
Страници: 1 ... 417 418 [419] 420 421   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: