Author Topic: Случајни муабети  (Read 294728 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6540 on: 11.03.2018, Sunday, 15:13:39 »
Топ е дојдено тоа со њуз :)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6541 on: 14.03.2018, Wednesday, 09:33:11 »
Денес, за жал, човештвото изгуби еден од најголемите научни умови, Стивен Хокинг.

« Last Edit: 15.03.2018, Thursday, 00:09:16 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6542 on: 15.03.2018, Thursday, 00:07:11 »
Да, навистина штета... еден ретко позитивен и интелигентен човек... тешко се наоѓаат такви луѓе во денешно време... без разлика дали бил научник или не, пред се се дивам на неговата позитивност и истрајност. Почивај во мир...
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6543 on: 26.03.2018, Monday, 12:40:51 »
Неодамна бев во Загреб, Хрватска. Го посетив техничкиот музеј Никола Тесла, и фотографијата е во "неговата" лабараторија каде се и дел од неговите пронајдоци. На сликата има само дел од нив. Ме воодушеви Теслиниот трансформатор. Па, така имаше и Фарадеев кафез и побараа доброволец да застани внатре. Од 50 души кои присуствуваа на предавањето, само јас се пријавив и влегов.  ;D ;D
Имам и фотографија од тоа, но не сакам да ја прикачувам јавно.


Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6544 on: 26.03.2018, Monday, 17:18:10 »
Убаво би било да ја видеме фотографијата, замагли го лицето ако е до толку.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6545 on: 26.03.2018, Monday, 21:16:16 »


« Last Edit: 28.03.2018, Wednesday, 02:29:18 by GigaWatt »

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6546 on: 26.03.2018, Monday, 21:30:23 »
Одлично, не било страшно :)

Него дај искоментирај ја ситуацијата во која што си бил, имаше струја, колку струја и.т.н... ептен ме интересира Фарадеев кафез.
И да, браво за храброста. :)
tnx

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6547 on: 27.03.2018, Tuesday, 00:55:28 »
Фарадеев кафез во принцип само треба да блокира електромагнетни бранови во внатрешноста на кафезот, така да, од електричен аспект, не е ништо интересно ;). Евентуално се врзува за маса (земја) за подобра изолација на предметот во кафезот од електромагнетните бранови надвор од кафезот.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6548 on: 27.03.2018, Tuesday, 01:18:19 »
Ем високофрекфентната струјане е опасна.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6549 on: 27.03.2018, Tuesday, 01:31:47 »
фарадеевиот кафез нема везе со високофреквентни струи. Се користи само за електромагнетна изолација на определен предмет, ништо повеќе од тоа. Дека може да си „играш“ со него и да го врзеш за мал милион работи освен маса, апсолутно, ама тогаш веќе не е Фарадеев кафез.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6550 on: 27.03.2018, Tuesday, 09:35:39 »
GigaWatt објасни се. Во овој случај имаше десетици kV и искрата ( односно излезот од секундарот ) беше поставена блиску до фарадеевиот кафез, на некои 25-30cm. Не е боопшто страшно, но за некој кој го гледа тоа првпат и кога ќе слушни дека има висок напон, го фаќа страв.  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6551 on: 27.03.2018, Tuesday, 15:11:15 »
Од висок напон и висока фреквенција нема потреба да се плашиш ;). Скин ефектот си го прави своето, најмногу што може е да ти се наежат влакната на кожата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6552 on: 27.03.2018, Tuesday, 19:44:44 »
Осем во моментот ако не затаи кондензатор :) али сепак не е опасно во фарадеев, ем срујаа е прилчно мала.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6553 on: 15.04.2018, Sunday, 17:59:13 »
Џабе се изнапиша толку брат, сега и ти напаѓаш, нешто класично за модераторите од форумов. Дај критика, тој веднаш ќе ти најде контра реплика, и тоа неподдржана.

Неподдржана ???. Мислиш на неиздржана ::).

И која од шесте точки кои ги наведеов не беше издржана со факти? Искрено, баш ме интересира. Посочи која од нив и зошто не беше издржана со факти, ќе дискутираме, не е проблем, не бегам од дискусија.

Бегањето од реалноста никогаш не е решение.

Бегање од реалноста? Јас сметам дека имам прилично добра перцепција за реалноста. Ако не мислиш така, слободно пиши, дај аргументи, како што пишав и претходно, не бегам од дискусија.

Прилично сум толерантен тип, и не би го заклучил тоа што го напишав базирано само на една тема, туку низ сите теми откако сум член гледам само шерифување од кое веднаш самите членови губат воља да одговорат или да помогнат.

Пак ќе кажам, не сметам дека сме само шерифи. А дека треба да бидеме и шерифи на форумов, да, апсолутно сметам дека е така и дека треба да биде така. Не се за џабе некои луѓе поставени како модератори или администратори на форумов. Да, секој си има свои позитивни и негативни особини, некој можеби ќе делува и малку арогантно и чудно, но тоа не го менува фактот дека тие луѓе се избрани да бидат дел од тимот кој го води форумот поради некоја причина... во конкретниот случај, најчесто нивното техничко знаење и искуство во определени области, како и тоа што решиле да бидат активни членови на оваа заедница. На пример, тебе Danielco верувам дека никој не би те изгласал да бидеш дел од овој тим, не поради тоа што сметаме дека немаш доволно познавање од конкретната област која јапокрива форумов, баш напротив, се гледа дека имаш солидно познавање, туку бидејќи не си активен на форумов. На пример, последен post пред овие два кои ги имаш пишано се пред да се затвори форумот во Октомври претходната година, а форумов е повторно online од средината на Февруари оваа година, до денешниот ден цели три месеци... и твојот прв post по овој долг период е post за критикување на администрацијата ???. Наместо да ни посакаш добредојде, добиваме само негативна критика, и тоа не за дизајнот на форумот и неговата функционалност, како може да се подобри, итн. (секогаш сме отворени за ваква критика, што е технички изводливо се има имплементирано до сега, што е комплицирано, останало можеби како иден план, но не е заборавено), туку негативна критика за начинот на водење на форумот.

Како што спомнав претходно многу пати, пак ќе наведам. Кој не сака да биде член од оваа заедница, не мора да биде. Никој никого не присилува да биде тука. Ако не сакаш да бидеш член од оваа заедница, едноставно веќе не се најавувај на форумов и готово ;), решен проблем. Како што пишав и претходно, нудиме и опција ако сакаш да си го избришеш профилот/налогото ;). Се што треба да направиш е да поднесеш барање (се поднесува преку профилот) и најверојатно ќе ти биде одобрено ;).

Запрашај се зашто форумот секогаш има минимален број на посети и се едни исти членови се постојано тука, нема голем прилив на нови.

Не, не е до незаинтересираноста за електроника, има илјадници електроничари низ државава кои си го сакаат занаетот и имаат со што да придонесат, меѓутоа големиот дел од нив се одбиени што од сиромашната содржина, што од однесувањето и на членовите и на модераторите. 2018-та сме, луѓе веќе работат на велико со AI, ние уште правиме туторијали како да репарираме кулер од 50-100 денари. И ти мислиш дека ќе привлечеш професионалци? Не, само неискусни луѓе кои немаат големо познавање од тематиката и сакаат да заштедат некој денар или да научат нешто со тоа што ќе се обратат овде, и нормално наидуваат на тоа на кое што се наидува на форумов. Мислам дека разговаравме јас и ти околу проблематикиве па се сложивме до некаде.

Овој проблем е дискутиран многу пати и верувај дека не е проблемот само во тоа што го наведе, има и многу други фактори кои влијаат, а ги имаме и дискутирано кои се. Сиромашната содржина (иако не се сложувам во целост, но ајде, нека биде така), малата посетеност, посетеноста на едни исти членови, итн., се последица пред се на слободното време на луѓето кои навистина имаат познавања од конкретната проблематика, но едноставно немаат време... а и заинтересираноста за електрониката и техниката, разбирливо, им опаѓа, и јас сум го имал истиот проблем. По напорен ден на работа, едноставно сакаш да бленеш саат или два во телевизор и да си легнеш, а не да читаш по форуми проблеми на други луѓе или да пишуваш post-ови со туториали, најнови AI решенија, да гледаш низ страници и страници код или нешто трето.

Во слабата посетеност на форумот играат улога уште фактори, меѓу кои како најзначаен би го посочил следниот. Несакањето да се споделат јавно информации. Разгледај ја содржината на post-овите на Македонци по Балканскиве форуми за електроника и техника. Никој никаде не придонесува со содржина, сите отворени теми се во принцип само прашања за едно или за друго. Не е ни важно што е прашањето, важно е дека сите Македонци по Балканскиве форуми само бараат помош, де за едно, де за друго... никој не сака да придонесе за развојот на тој форум. Тука е веќе игра улога менталниот склоп на Македонците. „Ако може да земам, а ништо да не дадам, најдобро ќе биде“. Секогаш било така и секогаш ќе биде, така да, дури и да знаат нешто, најчесто, не сакаат да го споделат тоа. Зошто? Одговорот е лесен, зошто да го дадам бесплатно тоа кога може да дојде кај мене или кај некој друг и да го наплатам тоа знаење. За среќа, не се сите наши членови такви, па затоа и успеавме да го одржиме форумов жив.

Како што напоменав, и многу други фактори се во игра, како што е и техничката неспремност на дел од овие кадри (пред се мислам на непознавањето на форумските софтвери и скрипти, принципот на функционирање на овие заедници, итн.), незаинтересираноста за споделување на нивното знаење („е сеа, ќе куцам, ќе се замарам, неам друга работа ::)“), а и многу други.

Конкретно за туториалот за кулерите, има многу добра причина зошто го имам пишано. Барем 100 пати се имам најдено во ситуација каде што поради неисправноста на само еден кулер, целиот систем страдал. Пред се мислам на кулерот за напојувањето. Работам во IT, пред се хардвер и комплицирани софтверски проблеми. Работното место го делам во заедница со над 200 вработени. Знаеш ли колку ми се имаат намалено хардверските проблеми со примена на само овој туториал на кулерите на напојувањата на работните станици на вработените? Практично веќе и ми се намаат јавено за вакви проблеми откако почнав да го применувам ова (компјутерот не се пали, итн.), бидејќи 90% од проблемите кај custom склопуваните конфигурации, спаѓаат во овој домен (кулерот не врти, електролитите се подуле). А да не ги спомнувам и пропратните проблеми кои се јавуваат со овој проблем (зезнато напојување), проблеми со матични плочи, зезнати дискови, итн. Се тоа чини пари, а може лесно да се елимираат скоро сите овие проблеми само со примена на овој туториал за репарација на, како што кажа, кулер од 50 или 100 денари. Верувал или не, така е. Па сега види дали е оправдано тоа што го post-ирав овој туториал или не. Не беше поентата да се репарира кулерче да не ти брчи. Да, евтини се, нема поента, во право си. Поентата беше да се спречат други проблеми кои се последица на ова едно кулерче кои ќе затаи. Тоа беше поентата на тој туториал ;).

И, кога веќе вие се однесувате некултурно во "својата куќа", што очекувате од другите? Еве бе рачунај дека првпат доаѓам на форумов и ова е прва тема што ја гледам. Што гледам? Гледам сосема легитимно прашање од член кој бара помош затоа што веќе ги пребарал сите можни решенија што му паднале на памет и сега не знае како понатаму, а во продолжение дури три дрски одговори од модератори кои зборуваат за бонтон а не се гледаат самите, ова поготово важи за Батка.

Никој никаде не спомна бон-тон... барем не во оваа тема. Мислеа на „бон-тон на форумска култура“, во кое спаѓа и да вратиш повратна информација во теми кои ти си ги започнал, но поради некои причини, не си вратил назад до каде е ситуацијата со тој проблем. Како што веќе пишав, тоа се вика „решен проблем“ (solved topic) на другу форуми, само кај нас тоа се интерпретира како „гњавење на членот“.

batka, само спомна каков е епилогот на сигурно над 70% од отворените теми во... па во скоро било кој секција на форумот, но најмногу во овие секции, за сервисирање и одржување на уреди. Тоа е револт од страна на администрацијата. И да, и јас сум изреволтиран за таа ситуација, како и фактот дека на форумов има тема во која детално се објаснува како се post-ираат слики во тема со помош на image tag-от, но ретко кој ја чита таа тема, дури и откако ќе му биде посочена неколкупати на членот ::). Па ајде кажи дека не сме толерантни, по не знам кој пат средувам post-ови со линкови до слики кои, практично, не водат до слика ::). Линкот до темата е post-иран не знам колку пати, темата ја има во секцијата „За потенцијалните и новите членови“... па ако си нов член, нели е редно да ја прочиташ барем таа секција ???. Нема премногу теми во неа. Најважни се 4 или 5, другите се и до некаде outdated. Па зар навистина бараме премногу ???.

И уште една работа... водењето на било кој форум не е демократски систем на водење, туку е автократски. Тоа значи дека, дури и ако членовите предложат нешто и биде изгласано од над 50% од членството, не значи дека ќе биде прифатено. Да, во најголем дел од случаите, се прифаќа, но не секогаш. Администрацијата е онаа која ги донесува одлуките, не членовите. Ако не ти се допаѓа овој систем на водење, веќе пишав, не мора никогаш повеќе да се најавиш на овој форум.

Не сме бабароги, не бркаме членови, но системот на водење на било кој форум, не само овој (ако не ми веруваш пиши на Google, ќе видиш што ќе ти извади) е таков, автократски... и верувал или не, на форумите има повеќе демократија отколку во реалниот живот ???. Парадокс, нели ::) :D.

Што е со извичнициве? Во текстуалните дискусии, извичникот на крајот од една реченица се смета за покачен тон и нешто слично како наредба/навреда/предупредување.

Да, токму така, тоа се смета за покачен тон (не дерење, пишување со caps lock се смета за дерење), предупредување, итн. И, како што пишав, нема ништо лошо во тоа. Предупреден си, пази си за друг пат. Никаде нема навреда, закана или нешто трето. Ако го испочитуваш она што ти го имаат пишано модераторите или администраторите, најверојатно нема да имаш проблем друг пат.

Како и да е, стварно некои од нас немаат време да се препукуваат по форуми околу очигледни проблеми за кои не е возможно да докажеш нешто некому.

Ако алудираше на себе, зошто воопшто го пиша овој post? Ако немаш време за препукување, едноставно искоментирај во темата, посочи му на членот каде може да биде проблемот и... тоа е тоа.

Имам иста ваква мрежа, секако дека нема на полноќ кога ја видов темава после целодневно работење како коњ да ја барам и да копам по делови, има утро за тоа, само ептен ми дојде преку глава да гледам вакви работи па морав да одговорам, ви се допаѓал коментарот или не.

Токму она што го наведов претходно во коментаров (кој има нерви да чита, јас читам се, но сваќам дека не се сите исти како мене), една од причините зошто форумов има мала посетеност и бројот на активни членови е релативно мал.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Re: Случајни муабети
« Reply #6554 on: 15.04.2018, Sunday, 19:55:51 »
Многу делувате исфрустрирано бе момци. Да му е незгодно на човек да праша нешто. Одма закани, напаѓања, извичници, баш изгледа глупаво на моменти. Секоја чест ако одлично си ја познавате работата, ама не се сите до толку едуцирани и искусни. Посоветувајте нормално, подучете некого, не настапувајте како шерифи. Вие сте модератори, членовите треба да се угледуваат на вас. Што ако сите членови сега почнат дрско да се обраќаат по темиве?
Дечкото рече дека гуглал, барал, си кажува дека можеби не знае, дури е и сложен да ја даде некому плочата да му ја поправи. Што од кажаното не ви е јасно? Ако е стриктно форумов само за најголеми професионалци со 20+ години искуство, јасно наведете го тоа на почетна страна или во банер или на формата за регистрирање.. Се надевам не сте премногу горди да прифатите добронамерна критика.
Дечкото гуглал, а ти си му како гугле-адвокат!? За вакви барања и постови сме пишувале страници и страници... Сме имале ситуации кога дечкото што гуглал ни кажал едно, на сликата е друго, а тој бара трето! Форумот си има правила кои се за СИТЕ ЕДНАКВИ!! Сите сме еднакви - ти бараш одговор, ама не значи дека и ке го добиеш, поради мал милион работи.Никој , баш никој не е обврзан ( ни модераторите, ниту обичните форумџии) да дадат одговор или а совет, ако не сакаат! Значи се е на добра воља на членовите на Форумот , а мислам и дека со твојот пост ја нарушуваш работата на Тома, кој има добра воља да одговара, советува, укажува и на крај да го предава искуството,пред се за кварови кај ТВ апаратите и сл. А вие дечки гуглајте! Ама мислам дека и Тома гугла...
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.