Други технологии > Компјутерска Технологија

Проблеми и решенија за новите Green и Red дискови на Western Digital

(1/8) > >>

GigaWatt:
Ја отворив темава бидејќи имам видено многу нови дискови кои се имаат зезнато за година или две, некогаш и по половина година. Не е проблемот тоа што се зезнале... проблемот е тоа што било на нив... најчесто, за жал, неповратно е изгубено.

Некој ќе рече „капацитетот им е голем, големо ниво на компресија на податоци на плочи со иста големина останата од 90-тите... не е ни чудно што откажуваат“. ОК, ајде да речеме дека тоа „држи вода“... до некаде. Сепак, зошто тогаш би правеле HDD-иња со тој капацитет, ако очигледно моменталната технологија не може да го поддржи тоа?

Пред да се појават денешните проблеми со "random" откажување на глави (под „проблеми со новите дскови“, пред се мислам на ова, откажување на електрониката за контрола е веќе реткост, но сметам дека исчезнувањето на едното е причина за појавување на другото), head crashes (до степен да видам струготини во внатрешноста на дискот од гребење на главите на површината на плочите... податоците се буквално уништени), заглавеност на мотори (повторно, најчеста причина е head crash... ситуација која не мора да значи „кажете им bye bye на податоците“, но сепак, непожелна), итн., во првата деценија од овој милениум, се појавија проблеми од типот на горење на електрониката за контрола на дисковите. Мислам дека во тој период, производителите експериментираа со се поголем број на вртежи на дисковите, намалување на нивната дебелина (можеби ќе ви текне на Maxtor slim сериите на дискови) и ред други работи и не обрнаа доволно внимание како се тоа ќе се одрази врз електрониката за контрола на дисковите. Поголемиот број на вртежи значеше и поголемо загревање на моторот за ротирање на дискот и место да ја остават висината на дисковите иста, Maxtor решија дури и да ја намалат (???), со што ефективно се намали алуминиумската површина за ладење на моторот на дискот. Maxtor тврдеа дека slim сериите се само тенки, а не и дека е извадена „алуминиумска маса“ од дискот (што можно е да е точно, тие дискови беа прилично тешки за slim HDD), но затоа, се намали ребрастата површина на долната страна од дисковите :S. Една од функциите на оваа ребраста површина беше ладење на моторот на дискот... и општо, ладење на целиот диск. Освен тоа, зголемениот број на вртежи на моторот (релативно наглата промена од дискови со 5400 RPM на 7200 RPM) доведе до дополнително загревање на електронските компоненти за контрола на дисковите, кои, во тој период, пред се беа наменти за дискови со 5400 RPM. Кратко кажано, дел од компонентите работеа како да се overclock-увани. На пример, често знаеја да се користат исти контролери за моторот кај дискови со 5400 RPM и 7200 RPM. Се разбира, оние кои се користеа на дисковите со 7200 RPM, грееја повеќе. Некои од нив, дури не можеа ни да се допрат. За среќа, тогаш сеуште се користеше (колку толку) поквалиетен калај, а и SMD form factor-от на компонентите беше поголем, па ладните лемови сеуште не беа толку честа појава. Но, како што викаат старите, некаде мора да пукне ;D, затоа, тој период, за жал, најмногу страдаa чиповите од електрониката за контрола.

Е сега, поучени од претходните искуства, а и во контекст на светскава "Green" кампања (::)), попознатите производители (WD, Seagate...) решија да воведат некои новитети. Го зголемија spin-up time-от, за да не влечат премногу струја дисковите при start-up (пуштање во работа) на дисковите. Ова е добра функција и е голема предност. Компјутерското напојување не се оптеретува премогу при пуштање на компјутерот во работа, а и со појавата на се поголем број на транспортни кутии за дискови (USB rack-ови), се намали потребата за „предимензионирање“ на напојувачката секција на екстерните напојувања на овие дискови. Мислам дека единствен недостаток им беше глобалното усвојување на PS/2 конекторот како power конектор за овие rack-ови, но, за среќа, по некое време си ја увидоа грешката и се преориентираа. Бенефит од ова имаа и 2.5 инчините дискови кои се напојуваа исклучиво преку USB портовите на PC-њата или лаптопите. Веќе нема потреба од двојните USB конектори, како што имаше до пред 5 или 6 години ;).

Но, за жал, се воведе и една многу проблематична „функција“. Head parking. Теоретски, да, треба одлично да функционира, но, во пракса, ги зезнува дисковите. Што е проблемот? Многу добро е објаснето на следниот линк:


--- Code: ---https://forums.freenas.org/index.php?threads/hacking-wd-greens-and-reds-with-wdidle3-exe.18171/
--- End code ---

Бидејќи сметав дека е прилично просто и добро објаснето, го зачував текстот (само од првиот post и не се, само она што е од релеватно значење за конкретната проблематика) во doc и можете да си го симнете од attachment.

И мене не ми беше јасен проблемот со се почестото random откажување на Green сериите на WD, се додека не направив подлабока анализа на SMART податоците на некои зезнати дискови и видов резултати многу слични на оние кои се прикажани на линкот. Се зачудив, почнав да барам која е причината и дојдов до тој линк.

Како што е објаснето, проблемот е head parking-от кој се активира по 8 секунди неактивност на дискот. Главите се ставаат во parking позиција и не излегуваат од неа се додека не се побара запишување или исчитување на податок од дискот. WD тврдат дека со ова се штеди струја и затоа ја крстиле таа серија Green ::). Значи, сепак, разликата меѓу оваа и поскапите серии ќе да е само firmware и ништо повеќе ::).

Но, како што е објаснето во текстот, има солуција и за ова ;). За да си го продолжите животот на дискот (кратко кажано, да го претворите во Red серија ;D), се што треба да направите е да го зголемите времето на некоја реална вредност (8 секунди е смешно малку). За среќа WD сепак направиле алатка за менување на ова време: WDIDLE3. Работи исклучиво под DOS и можете да ја симнете од сајтот на Western Digital, но е прикачена и на форумов. Има еден текст фајл спакуван заедно со алатката, објаснети се командите и како да го смените ова време или како сосема да го исклучите (иако, според некои тврдења, кај новиве дискови, дури и да ја искористите командата за комплетно гасење на parking-от, дискот пак ги става во parking позиција, но наведена е и една недокументирана команда која целосно го гаси head parking-от... не знам, ja немам пробано).

Ја пробав алатката со постари WD дискови (пред да се појават Green, Red, Black сериите) и чудно е тоа што алатката враќа назад дека idle parking time не е дефинирано кај овие дискови... и да видите, чудо, дисковите работат до ден денешен без ниеден bad sector, а као демек, head parking било бенефит ::). Но, тоа е тоа... маркетингот е најмоќната алатка.

За Red сериите се користи друга алатка: WD5471. Но, на линкот наведено е дека кај некои сопственици на Red серии, оваа алатка не функционирала, туку функционирала WDIDLE3 ::)... уште еден доказ дека дисковите се исти, се разликува само firmware-от... односно дел од firmware-от. И оваа алатка можете да ја најдете на сајтот на WD, но ја прикачив и на форумов.

Има и една трета алатка, WdSSpd, со која се подесува во кој мод ќе работи дискот (1.5GB, 3GB, 6GB), но некаде прочитав дека ова не го менува само модот на работа на дискот, туку дека се менува и бројот на вртежи. Официјално, WD тврдат дека Green сериите користат dynamic RPM (???) и се менува меѓу 5400 и 7200 врз база на работата на дискот (пак, као демек, за штедење на струја ::)). Од некои практични мерења кои ги прочитав некаде online (не знам каде, од премногу места црпев информации), и при максимално оптеретување на дискот, трофазниот сигнал за побуда на моторот не мрднал многу над 5400 RPM. Мерењето било вршено со осцилоскоп и не знам колку е валидно, немаше слики. Во секој случај, не можам да тврдам колку е ова вистина, ја немам пробано оваа алатка и не знам дали работи со Green сериите, но ако работи, тоа значи дека со помош на овие две алатки (WDIDLE3 и WdSSpd), не само што ќе си го продолжите животот на дискот, туку и ќе си го „конвертирате“ од Green во Red серија ;D.

Единствена алатка која ја пробав беше WDIDLE3 и навистина функционира. Ја употребив на 1.5TB WD Green диск. Пред да ја употребам, од време на време, од дискот ќе чуев некој чуден клик. Ама ова не беше ретко, баш напротив, се повторуваше на неколку минути. Мислев дека дискот откажува... се додека не ги начекав овие информации online и не сватив дека тоа е всушност "feature", а не проблем со дискот ::).

Еве download link за сите алатки и текстот од линкот:


--- Code: ---https://app.box.com/s/itnvbxjn0wziiq1ck69p
--- End code ---


--- Code: ---https://www.asuswebstorage.com/navigate/s/CFD60C8EAF774072ACD05793BD9426BEY
--- End code ---

BorceBT:
Супер информации, јас веќе одавна не купувам WD само заради откажувањата ама мој другар има интернет кафе каде скоро се е WD така да со оваа информација ќе може да спаси што е можно повеќе дискови пред да откажат сите.

GigaWatt:
Да да, како не ;). Ја пробав алаткава и на еден WD 2TB Green диск кој прогресивно, секој ден по еден или два bad сектори правеше... и тоа при нормална работа, не беше ни преоптеретен многу. Всушност, тој диск беше првиот „пациент“ :D, но не го наведов во првиот post бидејќи сакав да бидам сигурен дека проблемот е навистина среден. За среќа не стигна до threshold-от BIOS-от да јави SMART Status Bad. Баш и на двата проверив колку им е LCC (Load Cycle Count) вредноста од SMART податоците, која всушност јавува колку пати главите биле ставени во parking позиција... смешно висока беше и кај двата. Откако ја применив алатката, еве, некое време веќе не прави bad сектори. Направив completely disable на idle head parking. Се прави со switch-от /D (wdidle3 /d). Прво проверив кој е статусот на idle3 со switch-от /R. И кај овој и кај вториот (1.5TB-ниот), алатката врати назад 8 секунди idle parking time. Е сега, немам проверено дали LCC се зголемил откако ја применив алатката (дали навистина е изгасен head parking-от)... тоа изгледа ќе остане за некој друг пациент :D.

Изгледа скоро сите Green серии до пред неколку години по default биле подесени да прават parking по 8 секунди. Исто некаде online прочитав и дека поновиве Green серии веќе го немаат тој проблем (изгледа премногу дискови им вратиле назад како неисправни по релативно кратко време), но не е лошо со алаткава да се провери дали навистина е така, дали е изгасен head parking-от по default во firmware-от, бидејќи можно е и да не е изгасен, туку подесен на 300 секунди. Јас лично, сосема би го изгласил. Зошто? Постарите дискови воопшто немаа head parking опција, па голем дел од нив до ден денешен супер си работат ;). Имаат по некој bad сектор, но тоа е сосема нормално за дискови стари по 5, 6, 7 години.

Општо, како што пиша, би избегнувал WD дискови, но еве, на линкот е наведено дека и Seagate вовеле head parking... човек веќе не знае што да избере ???.

stiffy:
Голем процент од хард дисковите не се расипуваат од “паркирањето“. Конкретно овде се дискутира околу green ....па главна тема е паркирањето.
    Општо кај сите понови хард дискови, мааната е што производителот го изработива да трае кратко. Заприметите новите хард дискови од нискобуџетниве модели...како конкретно јас неколку WD Caviar Blue сум поправал, што кај Seagate или WD Raptor се веќе солидни и ретко се среќава ....после само една година користење, throughole (цевчињата кои ги спојуваат горниот и долниот слој) се толку многу оксидирани и испукани, што кај и да е одеднаш престанат да бидат проводни, а тоа е онај момент каде што знаеш дека не произведувал чудни звуци и други знаци на “туберколоза“ (шала  ;D ) а наеднаш откажал.
Производството на ппк е катастрофален а трагичното е што тоа е намерно :/

Еве погледнете хард диск стар преку 10 год...maxtor 40GB


а throughhole дупчињата се беспрекорни...во овај период знаеа често да изгорат контролерите (како што нагласи погоре).
Фрустрира што моментално има технологија со која можат да изработат HDD-a што ниедна компонента не би била “слаба алка“ како некогаш што било греењето, контролерите и сл. па сега што се плочките или “врвните најнови подобрувања“ што најчесто ќе ја “усерат“ работата.

Тие хард дискови што се веќе солидни, се “солени“ во цените. Па како и да гледаш доаѓа она „сиромавиот дупло плаќа“.
На нас останува или да купиме од поелитните серии на WD, Seagate, Hitachi или со челични нерви да седнете да репарирате или превентирате такви дефекти.

Јас имам седнато и и ги имам “закрпено“ сите throughhole дупчиња на WD Caviar Blue 500GB. Макотрпна процедура каде што дупче по дупче со жица .1мм се корегира мизерниот бакар.
      Од тогаш, повторно купувам евтини хард дискови, но само што ќе го купам, цела плочка ја премачкувам со фото боја (таа ми е најпристапна) и ја печам на сонце...па огромен процент подобрување добивам со тоа што се намалува степенот на оксидација. :D
      Друга превенција е процедурата на Гига, за green серијата. :)

За среќа јас досега не сум имал премногу проблеми со хард дискови, еден ми умрел и сум го вратил. И уште со неколку сум се занимавал и експериментирал (не биле мои  ;D ).
    
Додека сме тука, имам Seagate 40GB хард диск со изгорен контролер....доколку некој имате таков, потребна ми е само електрониката и би бил благодарен затоа што имам прилично многу важни податоци на истиот. Ќе напишам точен модел доколку се јавите со нешто слично.

BorceBT:
Оксидацијата на безоловниот калај е познат проблем откако е воведен во широка употреба а богами и фирмите многу си го сакаат овој проблем искрено :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version