Страници: [1]   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: Податоци за компјутер „Марта“  (Прочитана 1752 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
MarkoMK
Експерт
****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 949



« пратена : 07 Јануари 2015, 21:26:40 »

Во времето кога јас бев основно школо (некаде 1994), на секција по информатика имавме компјутери „Марта“. Знам само така ги викаа, имаа 5,25 инчен флопи диск, црно-зелен екран а тастатурата и електрониката комплет беа споени во едно.. па чисто онака барав по интернет не можам да најдам ништо, а ме интересира што како перформанси имале.. Можда под некое друго име се водат незнам.. се сеќавам дека ги викаа само „Марта“ ..па ако знае некој нека каже  Смешко
« Последна промена: 11 Јуни 2017, 23:23:34 од MarkoMK » Сочувана

Life is too short to remove USB safely ..
batka
Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 9502


оптимист до крај!


« Одговор #1 пратена : 08 Јануари 2015, 00:01:03 »

Процесор 286 , 4 RAM, се подигаат од Флопи,користеа graphical user interface (GUI) for its own operating system (MS-DOS) Ладен
32-bit capabilities.
Сочувана

Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.
MURO
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 132



« Одговор #2 пратена : 08 Јануари 2015, 08:16:00 »

Малку е познато, но бившата во Југославија имаше и свои компјутери. Неколку модели беа исфрлени од TRS (Tvornica Racunskih Strojeva) Zagreb. Раните  Девеесети работев како сервисер и затекнав два од нив во полна форма  едниот беше во бивша кланица а другиот во бивша Механика (потоа Асиба и МГ). Тие наместо во куќиште беа вградени во дрвени бироа на местото за фиоките. 5,2'' флопи диск беше вграден на самата фиока. Бироата беа сини со бели фиоки ако се саќавам. Еден од продуктите на TRS Загреб личеше токму на описот на "Марта", црн монитор, зелени букви и тастатура во исто куќиште со електроника. Беше базиран на некој Моторолин CPU, ама на името не ми текнува.
Сочувана
BorceBT
Администратор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2193



WWW
« Одговор #3 пратена : 08 Јануари 2015, 11:43:36 »

Одговорот на ова прашање е малку посложен отколку што изгледа Смешко Имено компјутер Марта не постоеше. Ова име Марта беше измислено и залепено од страна на фирмата која ги увезуваше овие компјутери во Македонија а тоа беше "Јавор Информатика" од Битола. Оригинално овие компјутери се викаа IRIS 8 и беа склопувани од мала домашна компанија од Босна и Херцеговина. Овие компјутери во суштина беа клонови на Apple II компјутерите и користеа ист микропроцесор како и Commodore 64 - MOS6502. Имаа 64КВ RAM меморија и работеа со 5'' 1/4 флопи дискови со капацитет од 630КВ. Овие компјутери од југословенско производство беа наменети специјално за едукативни цели (за во училишта) и беа опремени со мрежни картички и поврзани со мрежа и централен компјутер кај кој имаше хард диск и евентуално печатач. Интересно овде е што централниот компјутер (серверот) беше во суштина 286 IBM компатибилен компјутер Смешко
Најпознати работи што се правеа на овој компјутер беа програмирањето во Basic и играњето на Frogger - жапчето што преминува автопат Смешко
Сочувана

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.
Maxwell
Гостин
« Одговор #4 пратена : 08 Јануари 2015, 18:06:35 »

Еве една тема во врска со старите компјутери

Код:
http://forum.kajgana.com/threads/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%98%D1%83%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D0%A1%D0%A4%D0%A0%D0%88.4236/
Сочувана
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1066


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #5 пратена : 11 Јуни 2017, 22:15:27 »

Правец е произведуван во Бугарија како бугарски компјутер!

Цитирано
„Правец“ е серия български персонални компютри, създадени от Иван Марангозов и разработени в ИТКР, БАН, произвеждани основно в ЗИМ...

Бугарски.
Код:
https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%86_(%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%8E%D1%82%D1%80%D0%B8)

Македонски
Код:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%86_(%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%87%D0%B8)

IRIS 8 - Računar proizveden u BiH (компјутер произведен во БиХ, од Енергоинвест).

Код:
http://forum.klix.ba/iris-8-racunar-proizveden-u-bih-t91187.html
Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
batka
Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 9502


оптимист до крај!


« Одговор #6 пратена : 12 Јуни 2017, 13:37:06 »

Постовите се бришани бидејки не се во склоп на политиката на Форумот! nsu и MarkoMK замешаa многу и политика, последна опомена пред банирање!
« Последна промена: 12 Јуни 2017, 13:39:26 од batka » Сочувана

Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.
didy
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 409



« Одговор #7 пратена : 12 Јуни 2017, 20:45:28 »

Се сеќавам дека списанието галаксија имаше еден свој компјутер кој се добиваше како кит и се склопуваше дома.
Код:
https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0_(%D1%80%D0%B0%D1%87%D1%83%D0%BD%D0%B0%D1%80)

сеуште ја имам сервисна книга за комодоре 64 и ЗХ Спектрум
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #8 пратена : 13 Јуни 2017, 01:23:11 »

Од тоа што разгледав на Wikipedia, Галаксија е клон на Commodore, само што има многу помалку RAM.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
batka
Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 9502


оптимист до крај!


« Одговор #9 пратена : 13 Јуни 2017, 13:17:23 »

Не е баш *клон*! Таа е посебно развиена и има друг пристап, само тогаш немаше многу избор околу програмските јазици и дизајнот на компјутерите.Галаксија е мислам уникатен производ.Ако беше копија на Комодоре некој ке настрадаше ! Зеленко Тогаш законите беа многу построги!
Сочувана

Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1197


« Одговор #10 пратена : 23 Јуни 2017, 10:25:46 »

Цитирано
Тогаш законите беа многу построги!
Порано некој сакал да биде конкуренција на Макпетрол Теас. Пример на примопредавателот М2Б10 идеата е на Петре за селективниот повик. Немале услови осумдесетите во Македонија за пик. Со микроконтролер селективниот повик да го направат на примопредавателот. И го направиле со бројчаник. Пример 230 ми значи во обиколка сум и така одело бројка се пишувало и секоја бројка различно значела. Некој се одвоил од кај нив и сакал приватно да работи крадејќи шема од итаљанска радиостаница. Веднаш го дознале кутриот настрадал. Значи Петре како велеше исто како батка. Тогаш престого било. Но велеше ако така гледаш се е плагијат се знае принципот кај компјутерите бил тој или кај станичкиве локален осцилатор меѓуфреквенција ова она излезен ВФ степен ова она. Но велеше се е плагијат и Никола Тесла 1905 бротче возел значи он измислил телекоманда. Па ајде да ги тужиме сега за плагијат фирмите за телекоманда. Не него се е како ќе го решиш проблемот поразличен да е од другите ќе ставиш ете на пример бројчаник излезот поинаку ќе го направиш се е така и ќе се разликува нешто. Па према тоа тие времиња биле други немале македонска АЕК за секоја молба директно во Белград. Па така било и со компјутериве. Различни времиња но неможе да се суди за плагијат изменувале правеле. Важно имале институти бре за се воени па дури и за развој на сметачки машини и компјутери. Тоа е разликата денес само набави си од странство ете тоа и на вести оди набавката од ваму од онаму на ова на она за оружје за нешто друго техника. Во секој случај јас малку претерав во темава се извинувам уште еднаш за тоа тогаш згрешив. Но сепак имаше корисни линкови и имавме и разни ставови разни мислења и гледишта тоа е убавото.
« Последна промена: 23 Јуни 2017, 10:29:35 од nsu » Сочувана

Talk Hard Steal The Air
Страници: [1]   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: