Author Topic: Носталгија и потсетување на старите времиња со компјутерите (PC ветерани)  (Read 4443 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
LordZi, таа игра ми е позната, јас тогаш како тебе исто поминував цели ноќи на 286 играќи ја Blues Brothers

The Blues Brothers [PC, Titus 1991] Level 1 of 6

звуците беа само преку pc speaker
« Last Edit: 15.02.2015, Sunday, 21:13:27 by GigaWatt »
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Па вие сте биле живи легенди ;D ;D ;D ;D ;D ;D. Се шалам поздрав за темава конечно и јас го дознав тоа што ми требаше се кладев со другарче дека имало игри во 1989 1988 он вика абе тогаш компјутери немало. ;D ;D.Ама сега се увери и деведесетите вика имало нешто супер.Јас сум слушал и сум читал за DOS ама немав видено долго време пошто сум млад.Само два пати имам гледано како се програмираат радиостаници преку DOS на пример како Маxon SM моделите.Maxon SM4150.Програмата за програмирање на Tx и Rx на максонката се стартува преку флопи ;D  ;D ;D.И некој модели на Yaesu kako серијата FTL.FTL7002 на пример исто вака се програмираат.Mногу интересно дури научив и како се подига DOS.И некои основни работи.Но незнаев дека и волку игри имало.Сега кога се програмираат EEPROM-ите на радио станици се оди преку Windows со кабелчиња за програмирање.А колку било тешко во осумдесетите или на почетокот на деведесетите да програмираш радио станица. 8) 8).Се користи USB портата денес а порано се одело преку сериската порта RS232.Сега е каде по олесната работата и по едноставна 8).Ме интересира во деведесетите колку коштале овие компјутери :D ;) 8)
« Last Edit: 15.02.2015, Sunday, 10:12:46 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ме интересира во деведесетите колку коштале овие компјутери :D ;) 8)

Многу, 286-ката тогаш татко ми ја плати околу 2000 марки, збориме за PC со 1МВ RAM и херкулес монохроматска графика, а денес телефонот на баба ми од 1 ден. има милион пати подобри перформанси од него... :o 8)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
386ката беше 3300 марки, денешна вредност на тоа еквивалентна е околу 4000евра можеби и повеќе. Да купиш компјутер тогаш беше слично како денес да купиш некоја посаглам кола на старо :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Кога сме веќе кај сериски портови и употреба на компјутерите порано (ова може да ги интересира и радио-аматерите) се сеќавам дека во 1990та во радио клубот во Струмица еден од главните таму (Запров) имаше поврзано сателитски примо-предавател преку кој работеше пакет-радио (packet radio) врска и читаше и праќање email на Commodore 64. Да, користеше Commodore 64 за да комуницира преку email (тогаш) со своите пријатели низ светот.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
Еве каква била понудата на компјутери во 1995 година.
Рекламата е од списанието Емитер.



Еве ја и мојата мала колекција од стари процесори.





Еве и привезок за клучеви со AMD 386 процесор  ;D

« Last Edit: 15.02.2015, Sunday, 15:20:29 by Zan »
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@Zan: А, и јас приврзоци си правам од стари чипови ;) ;D. Имам направено и обетки ;).

Кога сме веќе кај сериски портови и употреба на компјутерите порано (ова може да ги интересира и радио-аматерите) се сеќавам дека во 1990та во радио клубот во Струмица еден од главните таму (Запров) имаше поврзано сателитски примо-предавател преку кој работеше пакет-радио (packet radio) врска и читаше и праќање email на Commodore 64. Да, користеше Commodore 64 за да комуницира преку email (тогаш) со своите пријатели низ светот.

А провајдер/IP? Кој му доделувал IP? Пакетски може каков сакаш тип на податоци да размениш, ама колку што знам SMTP е дел од TCP/IP.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Во право е Гига, но BorceBT најверојатно мисли на BBS (Builten Board System) системите кои претходеа на интернетот, штом ги спомна сериските порти. Србија имаше доста јака мрежа базирана на овој систем. Незнам како се викаше. Кај нас имаше еден ваков систем (Информа BBS) кој функционираше некое време но брзо дојде интернетот и го потисна. Овој систем не работеше со пакетска комутација како сегашниот интернет, туку со изнајмена телефонска линија. Тоа е сосема различна концепција. Кога ти ќе добиеш телефонска линија од операторот (пошта тогашна), тогаш наместо да зборуваш (аналоген сигнал) ти праќаш податоци (дигитален сигнал), а модемот е тој кој дигиталниот сигнал го прави погоден за пренос преку парица (го модулира и демодулира, затоа се вика мо-дем).  Модемот доѓаше на сериската порта. На модемот може да приклучиш дури и сериски терминал немора компјутер само што неможеш ништо да download -ираш иако софтверот на BBS серверот го овозможуваше тоа. За email ти треба само уште софтверска поддршка на BBS серверот и еве ти email систем од раните криминални 90-ти. Така да не те чуди што од Комодоре се праќало мејлови.
« Last Edit: 15.02.2015, Sunday, 18:06:12 by MURO »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Да, тоа беше време на digipiter`s  8).Muro е добро информиран ( очигледно е од постарите по години на форум! :D :D).Да ,сум работел со пакети на времето.Првиот компјутер ми беше Sinclair ZX од 1982г ( мислам тогаш беше) и го платив со фунти од GB  преку претставникот на КРКА за Македонија. ;D Еднини проблем беше што сам морав да го составам.Знам дека немаше добро ладење за 7805 стабилизаторот.Немаше место за тоа во кутијата,па го решивме со поставување надворешен ладилник. ;D Тогаш за почна и Галаксија да прави свој компјутер,па имаше часопис Мој микро,па не се сеќавам веќе.Во QBasic мораше да се пишуваат страници за да се направи само едно движење на раката на роботот. 8)Веќе не би имал нерви пак тоа да го работам!! :D :D ;D ;)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@MURO: Ама ова изглед не бил баш „типичен“ e-mail, базиран на денешниот e-mail стандард. Изгледа била некоја рана верзија на денешниот e-mail стандард.

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 411
  • Gender: Male
Стари добри времиња.
првиот мој компјутер беше комодоре 64, имам и сервисна книга за него и са ЗХ Спектрум, работев и со сајмон бејзик на комодорето, така за да направам едно сликиче ќе се утепаш од бројки пишување, за на секој пискел да му дадеш информација што да биде :) уживанција.ги памтам и галаксија кога како кит го продаваа низ југославија. игри имаше доста ги заборавив. за секоја игра имаше ПОКЕ и ПЕЕК тоа се адреси каде играта складира информации за пари, или животи и кога ќе промениш фурај, и на часописите ќе бараш за некоја игра за да ја “истераш“докрај.
Тоа е времето кога тогашниот иинститут за физика оддел кибернетика Руѓер Бошковиќ имаше алгоритми за индустриските роботи, кој јапонците ги купуваа зошто беа најдобри во Европа, а видете ја денес таа слика каква е.
паметните “мораа“ да отидат по светот, зошто на овие простори се растури заедништвото и интелегенцијата, и сега сме само потрошувачка маса, ништо повеќе  :(

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Браво за темава, малце да се потсетиме на старите денови  :) :)
Norton Commander i ARJ..
За распакување со ARJ уште ја памтам командата.. Вака нешто беше:

arj x -va a:file.arj

 ;D ;D

Иначе што вика Батка за флопи дисковите.. кога искочи windows 95 (првите верзии) беше на 36 флопи дискови... И за инсталација ти треба да не речам цел ден. Ставаш флопи чекаш едно 3-4 минути, па друго флопи... и така.. Па после драјвери инсталираш (исто од флопи), па ако имаш звучна и модем им местиш со џампери IRQ  и DMA да не се поклопуваат и тоа се во биосот сетираш за да ти работи... убавини  ;D ;D

Споено мислење: 15.02.2015, Sunday, 23:59:40
А она што правите привезоци од процесори, ме интересира со што се буши процесорот??? Јас пробував ама ептен јако тоа бургијата не може да пробие.. ???
« Last Edit: 15.02.2015, Sunday, 23:59:41 by MarkoMK »
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Recoil ја има некој играно? hemmit medic cavalry беа шифрите за енергија муниција и штит :) Age of empires? мн култни игри од 90-тите. Инаку да имам подигано виндовд на флопи, тие големите, не се сеќавам баш на командидте 7-мо одд бев... цртавме и некои геометриски фигури.
во дос накористена комадна беше format c:/ xD сеуште немавме појма за што служат вирусите, али накористен беше тројан со слика од памела и служеше за отваране/затвранње цд-ром и рестар и гаснење имаше опција... како одеше во комбинација со мирц хехехе

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А она што правите привезоци од процесори, ме интересира со што се буши процесорот??? Јас пробував ама ептен јако тоа бургијата не може да пробие.. ???

Јас со гравирка ги бушам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Со бетонска ќе пушти секако xD