Author Topic: Носталгија и потсетување на старите времиња со компјутерите (PC ветерани)  (Read 4241 times)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
ме интересира со што се буши процесорот?
386-ките се бушеа со обична бургија за железо. 486-ките и пентиум 1, се многу поцврсти, не знам од каков материјал е направено куќиштето, најверојатно некој вид на керамика, а тоа може да се буши само со бургија со дијамантски врв. Понови процесори не сум пробал да бушам  ;D
Жан

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
PC картици од 386-ка, оваа првата дури и целосно е through hole, башка што има променливи калеми и тример кондензатори и сл. на неа...


People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
ISA slot - сум заборавил како изгледа! ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Добро ги паметам SCSI скази хард дисковите кои има 15000 вртежи во минута. За разлика од SATA скази дисковите имаа и интетегриран процесор. Иако се исфрлени од употреба поради прескапата цена и капацитет, сепак беа подобри и од денешните
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Е ова било електроника а сега сите тие компоненти ги менува еден микро SMD чип
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Е оваа е таа електроника супер слики се јасно може да се види.А не она СМД компонентине јас кога ќе ги видам бегам од нив уште си фураме разни плочки правиме но никако СМД не сум пробал.Првин алат треба ;D.
Но сепак ете како изгледале 386-те.Стварно ова е електроника јасно можеш да видиш ;D ;D ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Мојата книга за MS-DOS. Права библија за компјутерџиите  ;D Пред 20 години ми беше најдобар пријател и сеуште ја чувам. Немаше команда што не сум ја совладал. Отсекогаш сум ја пазел и чувал. Иако веќе ја прегазе времето и не вреди повеќе, ќе ми остане како сувенир. Во тоа време досот не науче да мислиме што како треба со компјутерот. Тогаш научивме како „мисли„ компјутерот и за секоја појавена грешка знаевме како да ја средиме. Мозокот на човекот и компјутерот еден без друг не можеа. Интересни времиња беа тоа во тогашно време 1994 или 1995, но за тогаш.





MS-DOS 3.3 во 420 страни, сите можни команди и примена на истите  ;)
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ISA slot - сум заборавил како изгледа! ;D

Баш така ;D, и јас исто ;D.

За разлика од SATA скази дисковите имаа и интетегриран процесор.

Сите веќе имаат интегрирани CPU-a во нив. Некои и по три дури имаат, Marvell чиповите имаат по два ARM Cortex-A9 и еден Cortex-M3.

Code: [Select]
http://spritesmods.com/?art=hddhack&page=3
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
  • Gender: Male
PC картици од 386-ка, оваа првата дури и целосно е through hole, башка што има променливи калеми и тример кондензатори и сл. на неа...



На графичкиве (или аудио се ? )фазла пари би му зел на делови отколку топтан  :)Туку ај ако сакаш види на првата шо ОП се, и тој регулаторот на 5волти шо ознаки има,па можи и бизнис ќе правиме  
Изгледа двата се ЛМ....
Изгледа нешто трето се...контролер ли е ,по интегралциве
« Last Edit: 25.02.2015, Wednesday, 13:08:50 by Otpor »
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Првата ми личи дека е некоја fancy (на времето скапа) видео картица, пошто има на неа TDA3561A, LM1881N, CA3318, delay line, калеми, тример кондензатори и сл. работи, можда е и некоја мерна картица, кој знае... Иначе само LM1881 кошта две фунти да го купиш во Mouser, другите пошто се obsolete можда и повеќе... ;)  Овој LM1881 го приметив прв пошто баш пред некој ден гледав шема со него за приклучување PlayStation2 на обичен VGA монитор, типот се жалеше дека нигде не можел да го најде...
Еве покрупно сликано да видиш што други има:




Втората е дефинитивно видео картица, каква - кој знае, можда од првите VGA...



People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Што е тоа на првата слика во долниот лев ќош? И јас имам такви слични неозначени и само така ги чувам ако успеам некогаш да дознаам што се... ;)
Патем, татко ми и сегашниот градоначалник на Прилеп, биле многу добри пријатели како деца (знаете славата како ги расипува луѓето...), и татко ми кога виде дека ја гледам темава ми рече: "Ми текнува кога градоначалникот купи Commodore 64... Се мачевме една недела за да откриеме како работи, а кога откривме како да го натераш да пресмета нешто, а кога ја купи првата игра, учевме по цели денови за да дознаеме како да играме без упатство за употреба..."
Е тоа биле времиња, сега се на готово... ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Абе стварно биле деца ! ;D ;D Еве на што најпрво се * спрепнав* во животот  ;D ;D Има ли некој друг вакво чудо составено од КИТ??  :D :D Е,ова беше 1982 година. Секоја чест на Клајв Синклер!!  8) Потоа набргу купив варијанта ZX spectrum, фантазија! Беше побрз. ;D ;D



« Last Edit: 26.02.2015, Thursday, 00:40:46 by GigaWatt »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Во мојот мини музеј имам ZX Spectrum, работи и сега брзо го играв на него Magic Miner ;)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Manic miner? Ја има сега и како ДОС игра може на модерниве ПЦ да се игра. Многу јака игра, ама и фрустрира! :D

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Ете гледате? Сите ние постарите си имаме зачувано по нешто од тоа време  ;)
Hams do it! With Frequency