Author Topic: Дали реално може да се прислушкува мобилен телефон со ловење на сигналот ?  (Read 3118 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Према медиа.мк е можно а како се изведува тоа објасниле подоле на линкот:
Code: [Select]
http://media.mk/article/69851/eve-kako-bilo-prisilusuvano-vo-makedonija
Што мислите за ова со образложение?

Попосле или утре ке го објавам и моето мислење зошто не може да се прислушкува на ваков начин.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
  • Gender: Male
Ова повеќе ми изгледа како напамет напишано,непознавајки го ни малку принципот на работа на мобилната телефонија.,,Клонирани базни станици ,,  ::)
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
И мене исто ми изгледа. И претходно чув како се изведувало ова... и мене ми изгледа како на „рекла казала“ муабет без да се знаат основните принципи на функционирање на целуларната телефонија, конкретно на втората генерација GSM системи. „Клонирани базни станици“... како тие да се некое федерче, па ај, ќе најдеме некое слично ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Може, ако го пробиш кодот т.е. цел системна т-мобиле или вип на пр. Исто така може ако си в централа.
Мобилните користат клучеви со кои се распознааваат,т.е. претплатнички идентификациски број, заедно сосе клучот(SIN) што е малце тешко веројатно дека некој ќе го пробие, едино ако работи во некој оператор да е админ на сервер па така некако ... и пак нема да го пробие тој број него само ќе слуша муабети. А дека може да се прислушкува, може.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
значи во овој случај нема соработка на операторите туку ти со својата опрема идеш и треба да прислушкуваш без врски во операторот и информации околу клучевите ;)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Ако се зборува за домашни прислушувачи тогаш за да ги слушаат разговорите им треба човек во секој од операторите, но доколку се работи за странски служби може да се снима цел радио спектар наеднаш па потоа де се декодира што е и како е со помош на моќни компјутери. Со оглед на тоа дека GSM енкрипцијата заради компатибилност е останата иста уште од почетокот на 90тите е релативно лесно да се разбие. Да не правиме и дополнителни теории на заговор но и најсложените енкриптирачки алгоритми содржат "заден влез" за во случај на војна така да денес се е возможно.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
порано аналогните фиксни телефони можеа да се прислушкуваат само со звучниче од слушалка, а се врзе на кабелот... За да имаш клуч од таа задна врата треба да си ептен фаца... Така да ен верувам дека секој иама клуч од таа врата, а дека има имам прочитано на многу места, па најверојатно има...А башка, ајде да не мешам политики, али кога продаваш некој оператор, може и да си оставиш едно окце за ѕиркање...
Моќен, да но колку моќен, цел спектар да го разделиш, да го енкриптираш и да ги одделиш муабетите, теоретски да со некој замислен квантен компјутер од иднината...... практично без клуч од таа задна врата нема д ги енкриптира никој во догледно време.... со 64 битен клуч има повеќе комбинации одколку атоми во вцеланата. Мада раните 90-ти ваков клуч беше пробиен од машина направена специјално за таа намена, составена од 60 слота мислам со по 40 процесори кои работеле на некои си 40 хз, пребарувајќи половина од клучевите за некои 24 саати. Е сега да речиме ја имаме таа машина, имаме 2 000 000 разбовори, за секој разговор ни треба по еден саат..... ни требаат 2 милиони саати... 

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
доколку се работи за странски служби може да се снима цел радио спектар наеднаш па потоа де се декодира што е и како е со помош на моќни компјутери. Со оглед на тоа дека GSM енкрипцијата заради компатибилност е останата иста уште од почетокот на 90тите е релативно лесно да се разбие.

Кај новиве телефони повеќето се поденесени од фабрика да работат во Dual mode односно GSM и WCDMA 3G, а бидејки 3G сигналот во град е доста силен, телефоните се скоро секогаш на 3G мрежата. Ме интересира дали и кај 3G енкрипцијата е лесна за пробивање или пак тамо е по тешко да се пробие кодот?

П.С. Мислам дека кај 3G сите телефони користат еден ист фрекфентен опсег и нема интерференција. Тоа би било како многу луѓе да зборуваат истовремено како во хор, но сепак да не си пречат еден со друг?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
не сум сигурен околу 3г ама мислам дека 2 канали се, ама ништо и чудно и еден канал да е.
Во основа така е, како примерот со хорот, само се енкриптирани сите информации, така да твојот телефон само еден сигнал ќе познае и него ќе го декодира додека другите ќе ги игнорира. Нема канал посебен како кај пеер ту пеер на пример или ако кај диал ап. Вооснва телеффонот слуша цело време, ама само еден сигнал разбира и на него реагира.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
  • Gender: Male
И така сме кај темава,така баш размислував...за мобилнава дека можи да се ,,обработува,, знаат и врапцине,е сега кој,што и како,тоа е башка прикаска

Муабетов ми е за ,,амбиенталново,, прислушкување,знаете она,мобилниот остаен покрај вас а некој батка одтаму си слуша и се тера сеир,тука не помагало ни вадење батерија ,ни завиткување во фолија...како што читав на нет

Ами тогаш ако е така ,би требало со кабловскава телефонија да е уште полесно,ова е едно чисто лаичко размислување,ко можи мобилна оти да не и кабловска (телефонија)  :-\
           кабел си е кабел  ;) 
ПС.Како шо сме фатиле вака,појде од Панда кутијата  :o
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
е сега и без батерија малце морген... мада и со батерија, не дека е невознможно ама зависи претежно од телефон до телефон, треба малце повеќе тука.
Кај кабелските претежно сигналот е аналоген така да треба само еден звучник од слишалка... и да ги жбрцниш жиците... Или има некој мултиплексиран сигнал, па мн е поедноставно да се разложи. Ти треба само демултиплексер, што значи нема ни код ни бакрач..
најефикасен метод е законска регулатива, мада добро се покажал и проточен код(црвениот телефон).До сега нема измислено НЕПРОБИВЕН метод. 

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Имам читано дека можр да се прислушкува ако е исклучен мобилниот (да не е извадена батеријата). Изгледа тој начин на предавање на сигналот е вон-GSM стандардот
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
може, ако има некое ремоте.. 
Нешто како "зомби" серверите, екранот ќе биде исклучен, но процесорот ќе работи, не е ни од далеку едноставно...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
доколку се работи за странски служби може да се снима цел радио спектар наеднаш па потоа де се декодира што е и како е со помош на моќни компјутери. Со оглед на тоа дека GSM енкрипцијата заради компатибилност е останата иста уште од почетокот на 90тите е релативно лесно да се разбие.

Да претпоставиме дека била користена техниката на секој 2km во општина Центар да имало по еден таков SRD приемник што го слуша цел спектар на мобилната телефонија од 900/1800/2100 MHz бидејки овие фрекфенции се користат кај нас. Да претпоставиме дека имале 10 такви приемници и антени кои би го фаќале и по слабиот сигнал и моќни компјутери што ке можат да снимат толку голем проток на податоци во реално време. Овие приемници би требале да бидат некаде по станови. Ако се слушаат фрекфенциите на сите базни станици и мобилни уреди во општина Центар мислам дека тие би биле и неколку стотици. Секоја фрекфенција е поделена на повеке временски канали а секој временски канал на уште повеќе логички канали, така да само еден од тие канали е доделен на еден корисник во еден момент. Во овој случај би требало да има голем тим кој ке ги обработува сите овие фрекфенции, за да дојдат до демодулиран дигитален податок, кој потоа треба да се пробие и де-дигитализира за да се чуе што се зборува. Е сега за ова би требало да има огромна маса на луѓе кои би ги слушале сите овие разговори и би ги селектирале за да се одреди кој глас вреди а кој не е битен, или пак ова го прави софтвер? Може да е софтвер.
Не знам дали странска служба би трошела толку многу пари и време на вакво нешто, или си немаат поважна работа :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Ги читам пажливо постовиве и од мене само една констатација: снимките кои го понудија членовите на една партија не може да се направат без специјална опрема.Тие се кристално чисти,без никаков шум,без ехо итд. Тоа значи дека некој е поврзан со телекомот и од таму директно може да ги лови телефоните.Ако пажливо слушате на почеток дури и има сигнал на ѕвонење, ама тој сигнал не е од телефонот ( повеќето телефони се со музика  ;D) туку сигнал на вклучување на телефонскиот број  на  базната станица.Значи некој сака да се создаде фама дека некој шета по Скопје и снима разговори ,ги *лови* броевите кои му требаат  8).Не можеш однадвор така да ловиш броеви,тоа е апсурд. Значи .снимано е на земја,без пардон,без ограничувања.Тешко дека некоја странска служба ке донесе таква софистицирана опрема во Скопје и ке снима тајно разговори,а никој тоа да не го примети! Тоа е апсурд.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.