Author Topic: Дали реално може да се прислушкува мобилен телефон со ловење на сигналот ?  (Read 3117 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Тачно да јапан не е штогоде али...


Споено мислење: 17.03.2015, Tuesday, 06:24:13
Code: [Select]
http://www.filmovita.com/the-imitation-game-2014/   во слободно време.... иначе е нешто као документарка, по вистинска пиказна.
« Last Edit: 17.03.2015, Tuesday, 06:24:13 by bicikle »

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Дали реално може да се прислушкува мобилен телефон со ловење на сигналот ?
Одговорот е не.Треба да си имаш човек внатре во компанијата.Секој телефон било каков да е мобилната мрежа знае каде е.Тој слуша се и го мери зрачењето од базните станици онаа базна станица која има најако поле таа му е значи најблиска и комуницира со неа тоест ги прифаќа нејзините пејџинг пораки која таа ги испраќа.И со тоа мрежата знае каде се наоѓаме и додека ние не збориме.И ако вршиме префрлување од една базна станица во друга handover мрежата пак знае кај сме.Во HLR Home Location register во овој регистар во оваа база на податоци се запишани сите домашни претплатници сите претплатници на територијата на македонија.И тој се знае за нас и цело време не прати е сега кога ние ќе преминеме во друга базна станица овој регистар само се ажурира знае дека сме ја смениле локацијата инаку во него се сместени сите информации кои сме што сме и најважно дали имаме кредит.Е сега што се случува кога ние ќе побараме некој тогаш нашиот телефон почнува да зрачи радио сигнал нормално тој си знае ако полето е многу јако значи блиску е до антената на базната станица и не мора да зрачи со толкава моќност кога се одалечуваме од базната станица он полека ја јача моќноста се додека ако шетаме не се префрлиме во друга базна станица процедурата е иста понатака.Нашиот говор од микрофонот го претвара во дигитален сигнал со бинарен проток од 13 килобити во секунда и со пропусен опсег од 200 килохерци секако ако се работи на пример за ГСМ900 мобилниот предава сигнал во опсегот од 890 до 915 мегахерци.А прима во опсегот од 935 до 960 мегахерци.Реков нели со тие пејџинг пораки ГСМ мрежата знае секој мобилен телефон во која клетка се наоѓа и ако некој нас не бара она ќе даде наредба само во таа клетка да се испрати сигнал.Две соседни клетки не користат иста фреквенција за да не дојде до мешање.Е сега е јасно мислам да се навратам кога ние бараме некој од таа базна станица тој сигнал со ширина од 200 килохерци дигитален мислам дигитално модулиран и со бинарен проток од 13 килобити во секунда се прекодира тоест од 13 килобитен станува 64 килобитен.Тоа се прави во BSC Base Station Controller контролерот на базната станица само извршил едно прекодирање и тој ја координира работата на базните станици кои се приклучени на него.Ова прекодирање го прави за да биде компактибилна со PSTN јавната фиксна дигитална телефонија.Пошто таа работи сo дигитални сигнали со бинарен проток од 64 килобити во секунда.Потоа сигналот од контролорот на базната станица оди во MSC Mobile Switching Center тоа е комутациски центар и тој врши поврзување дали со фиксната дали со мобилната мрежа или со интернет ако користиме сите тоа го користат денес сите се со триџи скоро.Е сега во тој HLR-от што го спомнав освен тие податоци во регистарот има и податоци тоест има шифри кои служат да се види дали претплатникот е регистриран во мрежата и дали да му се дозволи да бира број е сега тука во AC Authentication Center центарот за автентизација  тие со HLR-от се една целина се издвојува и шифрата од СИМ картичката пошто и таа ја праќа мобилниот и се генерира еден код нули и единици бинарно нормално и тој код се собира со комплемент тоест со операција ЕКСИЛИ со ЕКСИЛИ коло и така се врши заштитно кодирање.И како сега некој да те прислишкува кој ги знае тие шифри само тие што си работат во компаниите.Тие се јаки учени луѓе тие го надгледуваат системот.Затоа нели ги фатија тие двајца и ги судат.Секој си знае што си работи.Зборот ми е ние обичните луѓе не можеме да ги знаеме овие шифри и да имаме опрема и да го фатиш сигналот тој пак е кодиран.И кој    го знае овој код нормално тој што работи со тоа.Ние сме обични луѓе така да се тоа е приказна за нас.
Насловот на темата вели Дали реално може да се прислушкува мобилен телефон со ловење на сигналот ? Моето мислење е не. :).Ова беше само онака најопшто околу организацијата уште многу имам да пишувам но да не досаѓаме тоа е теорија добро но во секој случај тие што се внатре во тие центри за автентизација тие знаат.Ние можеме да си нагаѓаме.Но како што вика насловот мислам дека со ловење на сигналот ништо улови го и што.Не е само да го уловиш туку и да го разбереш 8) да го декодираш а тоа е многу сложено го знаат малку луѓе само тие што работат го знаат :D 8) 8).Така да тешко дека со ловење ќе постигнеш нешто
« Last Edit: 23.03.2015, Monday, 17:56:44 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
така де теоретски нема кој кој што е непробивен, бидејќи сите множества се конечни, и секој рсеудо-рандом генератор е предвиидлив... Е ој некој нека го предвиди генераторот или нека ги проба сите елементи од мнжеството на генераторот на пример....

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Башка тие 200KHz се поделени на 8 временски слотови, па тоа е дополнително компликација за тој што сака да прислушкува. Да претпоставиме дека жртвата што е прислушкувана се наоѓала во Ramstore mol а базната снатница се наоѓа на зградата на НИП Нова Македонија, а пак шпионот се наоѓал во нај-строгиот дел од градот каде има најмногу минувачи и во близина се сите министерства, на пример во стан на улица Никола Вапцаров и сега жртвата од Ramstor остварува повик со некого, сигналот на мобилниот телефон емитува силен сигнал кој без никаков проблем може да се фати до Никола Вапцаров и шпионот со фаќа и снима сигналот, по само неколку секунди сигналот на мобилниот телефон драстично се намалува бидејки базната станица е премногу блиску а со тоа ситгалот се губи кај шпионот. Значи ако прислушкувањето го вршеле со слушање и снимање на радио опсегот би имале многу неуспешни снимки, односно куп разговори од по неколку секунди  ;D

« Last Edit: 24.03.2015, Tuesday, 01:20:59 by DX-er »
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Можеш да го следиш, ама прво треб да го одвоиш... Значи треба прво некој да ти ја даде картицата, да му кажеш, абе браат извини, сакам да те прислушкувам, ако може картицата 2-3 дена, или бројот барем да не се мачам да филтрирам 200.000 муабети,  ќе ти ја вратам..