Author Topic: „бувљакот“ под Кале во Скопје  (Read 6010 times)

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« on: 16.05.2010, Sunday, 18:18:58 »
Еве еден предлог за кутии, какви што користам јас.

За помали уреди, земете од оние радија-саати - сместени во пластично кутивче, ги има во неколку големини. За евтини пари се наоѓаат на „бувљакот“ под Кале во Скопје, - ако се исценкаш може и за 30 ден. да земеш. Башка доколку ви одговара напонот, имаат и трафо 2х9 V, и кабелче за напојување.

За поголеми уреди, добри се оние старите Аналогни сателитски ресивери - доста ефтино одат бидејќи не се употребливи за друго. Јас купив 5 ком. за 300 денари - од пазарот под Кале, и тие слично како радиото доколку можеш да искористиш имаат трафо, кабел, и ЛЦД дисплеј.

Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #1 on: 16.05.2010, Sunday, 18:32:39 »
Браво, сепак тоа да знаеш како да се ценкаш  :) иначе почетна цена на мало ладилниче за процесор е 100 денари, малце поголем ладилник за мало појачало е 100 денари, стари мобилни 10 години по 200-300 ден. Аналог. сат. ресивер 300-350 денари. Видео 300 денари. Не се мнпогу расположени за попуштање, ма да еве се е до тоа како ти иде ценкањето и на што човек ке наидеш. Иначе многу пазење тамо рачунајте дека работите се вадени од канта за отпад за повекето работи мислам а нашите пари не се вадени од канта  :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #2 on: 16.05.2010, Sunday, 20:59:28 »
Јас сега ретко имам можност, пошто сум на работа, ама додека бев студент одев што е можно порано.
Значи околу 7:00 да си таму (па и порано:)..
Тогаш можеш да начекаш најдобри и најефтини работи, пред да ги разграбаат....
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #3 on: 16.05.2010, Sunday, 21:08:26 »
Јас сега ретко имам можност, пошто сум на работа, ама додека бев студент одев што е можно порано.
Значи околу 7:00 да си таму (па и порано:)..
Тогаш можеш да начекаш најдобри и најефтини работи, пред да ги разграбаат....


Во право си, така и мене ми имаат кажувано дека рано сабајле има нешто што е вредно а потоа останува ѓубрето
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #4 on: 16.05.2010, Sunday, 21:09:55 »
така е ако сакате да најдете нешто убаво, ама ако сакате да поминете ефтино
тогаш одете при крај тогаш им се бега на луѓето и даваат за помали пари :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #5 on: 16.05.2010, Sunday, 21:14:04 »
Да тоа е логично но овие напротив, еве јас еднаш бев и беше на собирање тој "продавачот" и викам колку пари е ладилничево (алуминиумски ладилник) и ми вика 100 ден. јас му викам ако го дадеш за 50 во ред. Тој ми вика може за 150 ама за 50 не.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #6 on: 16.05.2010, Sunday, 21:20:35 »
Е добро де, нема да го купиш и крај :D.

Брем за ладилници кога станува збор, не е проблем, јас имав купено алуминиумски шипки/рамки од Алумина за 150 денари еден тон, какви сакаш, дебели, тенки профили, лакирани, нелакирани, какви ти душа сака... ;)
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #7 on: 16.05.2010, Sunday, 21:59:27 »
одењето на бувљак зависи од тоа што сакате да добиете:
сабајле ако отидете има се, но тоа е скапо па
ако отидете накај 10-11 саат нема баш се (од сабајле се земале) ама па поевтино е и можете да се ценкате.... јас обично одам какај 9 саат +/- 15-20 мин. зависи како ке станам...и увек си наоѓам некои интересни работи....
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 230
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
„бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #8 on: 16.05.2010, Sunday, 22:13:58 »
одењето на бувљак зависи од тоа што сакате да добиете:
сабајле ако отидете има се, но тоа е скапо па
ако отидете накај 10-11 саат нема баш се (од сабајле се земале) ама па поевтино е и можете да се ценкате.... јас обично одам какај 9 саат +/- 15-20 мин. зависи како ке станам...и увек си наоѓам некои интересни работи....

Кога одам и јас сум тоа време некаде +/- 20 минути околу 9:00.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: „бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #9 on: 17.05.2010, Monday, 00:15:55 »
Сметам дека дискиусијата е одлична и штета ке беше да ги избришев постовите бидејки беа офф топик во таа тема па затоа темите ги разделив. Сега нека биде тука темата некое време додека видат другите дека за бувљакот има посебна тема но потака ке биде преместена темата во Општа дискусија
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: „бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #10 on: 17.05.2010, Monday, 00:40:30 »
Да да, добро што ја подели, и баш сакав да предложам да се премести во општа дискусија (баш сега прочитав дека имаш пишано), зашто таму се може да се најде, не само кутии ;).

Јас малку подоцна идам (ако воопшто отидам, не сум бил 2 месеци сигурно), некаде накај 12 одам, а некогаш и на затворање. Доста често можат да се најдат за „гага“ (без пари) интересни работи по работно време ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: „бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #11 on: 17.05.2010, Monday, 00:48:41 »
хммм...јас секогаш одам пред школо (у вторник ке си киднам од некој час порано за да одам таму ако имам пари) и никогаш не сум останал после пазарот, да видам што работи има...а и едно другарче ми има кажувано дека интересни работи се наоѓале...двапати имам најдено полначи за телефон и си ги растурив па делови некој вадев од нив...и у вторник ако идам ке седам до крај..да видам што ке најдам....
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: „бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #12 on: 17.05.2010, Monday, 01:01:52 »
Него дали некој од вас би купил мекици или скара од тој пазар ?  :D Видов тамо се пече скара у сред прашина и имаат ставено 2 маси и ете ресторант па луге и седнуваат :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: „бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #13 on: 17.05.2010, Monday, 01:05:49 »
Во принцип се што е печено или пржено (особено пржено, а под пржено мислам deep fried), и да имало бактерии во него, сигурно се мртви од темепратурата, така да јас би змал, не знам за вас ;D. А тоа дали месото е коњско или кучешко, баш ми е гајле, месо си е месо ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: „бувљакот“ под Кале во Скопје
« Reply #14 on: 17.05.2010, Monday, 01:16:46 »
Ама ако е месото од мртво животно или пак ако крцка при грицкањето (им паднала плескавицата на земја и ја вратиле назад на печење) ?  :D

Ова подоле го мислам општо а и лудо прашање е
Дали некој би ја однел девојката на тој пазар или дали би ја седнал на скара  :D :D :D :D :D :D :D :D
« Last Edit: 17.05.2010, Monday, 01:20:52 by DX-er »
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.