Author Topic: Проблем со засилувач Technics SU-V7X  (Read 1803 times)

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« on: 17.04.2015, Friday, 22:03:16 »
Проблемот е предизвикан од куса врска на едниот излез од засилувачов .
Го отворив ,двата осигурувачи беа прегорени од 3А и 6А.
Излезните транзистори (парот) 2sa1265 и 2sc3182 беа во куса врска помеѓу база ,емитер,колектор (на сликата најлевиот пар)
Вкупно има 4 парови од овие излезни транзистори,сите останати беа ок.
Ја проверив целата плоча наоколу сите мали транзисторчиња и диоди,грецовиот спој, ги испитав и не налетав на нешто друго прегорено.
Реков само излезите прегореле сигурно,денес си купив нови два транзистори од горе споменатите ги сменив ,го вклучив и ништо не се случуваше.
Пробав да го измерам напонот на грец-от но не покажа никаков напон.
Релето го одлемив и испитав исто така беше ок.
Го проверив и напојувањето на интегралното коло mn1421sta и измерив 4.7v што значи дека и напонскиот регулатор 7805 е во ред.
Во меѓу време додека пробував вклучи исклучи,приметив дека осигурувачот од 3А прегорел.
И истиот проблем излезните транзистори пак во куса врска ,а предходно на првите вклучувања ги проверив уште еднаш така залемени беа ок...но повторно прегореле .Значи нешто друго го предизвикува тоа ?
Во прилог е service manual-oт.
Во која насока да го барам проблемот,секаков совет ќе ми биде од корист....



Code: [Select]
https://www.scribd.com/doc/262196499/Technics-Su-v7x
« Last Edit: 18.04.2015, Saturday, 02:34:20 by GigaWatt »

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 54
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #1 on: 18.04.2015, Saturday, 04:27:19 »
1. Најдесно на сликата се гледа дека има црно на плочата кај дватта мали транзистора, зарем се и тие ОК ?!
2. Дали на сменетите излезни транзистори имаш ставено лискун меѓу нив и ладилникот , односно дали се електрично излорани од ладилникот ? (провери ги и другите транзистори за секој случај)
3. Провери ги керамичките отпорници , јас сменив се на плоча освен нив ... и на крај и нив ги проверив, ги одлемив и кога видов дека нема никаков отпор (отворено коло) ми се идеше да ги изедам од бес !

(доколку ми текне уште нешто ке допишам)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #2 on: 18.04.2015, Saturday, 08:25:39 »
Викаш на грецот не добиваш никаков напон,
-Провери напон на излез од трафо,колку се добива или дали го има,
-колкав е напонот на кондензаторите после грцот,ако е ок спрема волтажата на мануалот одиме понатаму
-види откако ќе ги извадиш излезните транзистори,со унимер дали излезот е краткоспоен со маса,ако е провери каде е кусата врска,тргнуваќи од звучникот па према влезот.
-откако ќе замениш излезни транзистори,види дали се изолирани од ладилникот,
-никогаш не пробувај дали појачалото е исправно или не со приклучен звучник на излез,во спротивно доколку не е пак ќе летнат излезните ;D
-откако си ги направил сите мерења,замени и слично,уклучиго засилувачот на 220в,прво нешто што ќе направиш е провери со унимер дали на излез има ДЦ напон,ако има веднаш гасни и провери кој дел ти пропушта дали во позитивната или во негативната гранка зависно од измерениот напон,а ако напонот е помал од 50mv тогаш стави звучник на излез,но пак биди претпазлив првиот пат.
Со среќа.... ;)
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #3 on: 18.04.2015, Saturday, 21:46:25 »
Дали ги замени побудните транзистори?
Дарко

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #4 on: 18.04.2015, Saturday, 22:01:20 »
Прво да му одговорам на ,,Gocko,,
1.Најдесно каде што се гледа црно на плочата не е од некакво греење мене ми заликува повеќе на некоја паста за лемење ,а транзисторите што се таму се ок.
2.Првиот пат кога мерев ,мерев и на грец па и на кондензатори мерев немаше напон никаков.
3.Керамичките отпорници ги разлемив и проверив беа добри.

Наидов на проблем во прекинувачот каде што се менува опсегот за 4-6Ohm, 8Ohm или 8-16 Ohm.
Ја гледав шемата и видов дека напоните на секундар од трансформаторот доаѓаат до него а потоа од него до грец.
Го сменив .
 

Ги проверив сите транзистори,диоди отпорници што се наоѓаат во околина на 2sa1265 и 2sc3182 одев според шемата во service manual-от сите беа ок.
Го приклучив без тие два транзистора сметајќи дека треба барем да се вклучи(да светне диодата дека работи),
но тогаш прегореа и другиот пар транзистори што се наоѓаа до нив.
Засилувачов го поправавме заедно со едно другарче, поточно засилувачот е негов и после ова тој се откажа од поправкава сметајќи дека нема да биде исплатливо а и негово си е тоа јас се обидував да му помогнам и бидејќи сум член на форумов решив да го споделам проблемов.

Кои се тие побудни транзистори ?

Ви благодарам на сите што се потрудивте да ми одговорите и да ме насочите .

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 54
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #5 on: 19.04.2015, Sunday, 16:50:34 »
А да ни кажеш како ги проверуваш транзисторите ?!
Те молам постаи уште некоја слика , од целото појачало со отворен капак .... трансформатор, засилувачки дел ... напраи 3-4 фото.
« Last Edit: 19.04.2015, Sunday, 16:52:40 by Gocko »

Offline z36amb

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #6 on: 19.04.2015, Sunday, 18:53:52 »
Препоставка ми е дека е огинал купено пратими марка на производ и  це ти дадам оговр  инаце така да лутас по семата ти е бескорисно имас пред појацало тразистори  кој го побудуват главниот излез и така натака но не е само тоа има и поратни елементи кој доведуват до  прегоруванје на осигурувацот препоставка  кракоспојенос на некој траззистор



мислам е ова појацало



« Last Edit: 19.04.2015, Sunday, 21:27:43 by GigaWatt »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #7 on: 19.04.2015, Sunday, 20:45:26 »
Колега z36amb,јас ништо не те разбирам и потруди се правописно точно да пишуваш! Сликите нема да ги бришам веднаш,потруди се да ги прочиташ Правилата на Форумов.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #8 on: 20.04.2015, Monday, 11:46:44 »
Да засолувачот е тој,потполно истиот.
Инаку транзиторите ги испитувам со унимер на подрачјето за диода(база емитер,база колектор и инверзно за секој случај),некои на плоча директно а некои што ми беа сомнителни ги одлемував па ги проверував .
« Last Edit: 20.04.2015, Monday, 11:53:34 by MARK123 »

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 54
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #9 on: 20.04.2015, Monday, 11:52:16 »
Имам поправано (и растурено) повеке модели technics појачала,мислам дека  се едни од најлоши појачала за поправка бидејќи повекето од нив се со STK и SVI излезен степен. Ова што му се случува на MARK123 е навистина чудно , те прашувам по втор и последен пат , пиши како ги проверуваш транзисторите.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #10 on: 20.04.2015, Monday, 11:55:26 »
Напишав во предходниот пост

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 54
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #11 on: 20.04.2015, Monday, 12:16:29 »
Да , во ред. Сега видов , добро ти е тестирањето. Хмммм .... баш чудно.
Ајде сега некој од стручњациве нека каже според сервис менуал каде би требало да настане прва хаварија доколку се случи краток спој на едниот од излезите.
Дали може некој кондензатор да е во прашање ... бидејќи се останато е исправно , проверено и тестирано.
MARK123 провери пак , детално , дали некаде имаш контакт со шасијата , со масата.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #12 on: 20.04.2015, Monday, 12:52:19 »
контакт со маса во однос на што?

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 54
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #13 on: 20.04.2015, Monday, 13:58:03 »
Контакт - маса со позитивна или негативната гранка, или позитивниот и негативниот.  Значи има плус(+) , минус (-) и маса (GND). Провери дали се кратко споени на било кој начин.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со засилувач Technics SU-V7X
« Reply #14 on: 20.04.2015, Monday, 16:35:30 »
Сликите ги средивме, ама не знам на што ова личи:

*Препоставка ми е дека е огинал купено пратими марка на производ и  це ти дадам оговр  инаце така да лутас по семата ти е бескорисно имас пред појацало тразистори  кој го побудуват главниот излез и така натака но не е само тоа има и поратни елементи кој доведуват до  прегоруванје на осигурувацот препоставка  кракоспојенос на некој траззистор *

Нема ниту точка,ниту запирка,за правопис - да те подсетам дека во македонскиот јазик има букви како ќ,ч,ш,ѓ,џ,ѕ ,њ,љ...
Поработи на правописот.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.