Author Topic: Тајмер за бојлер  (Read 3157 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #15 on: 28.04.2015, Tuesday, 00:05:53 »
Не сум видел, ама сум чул дека само казаните од бојлерите ги боеле мат црни и ги поставувале на кров од куќа и толку ;D. Имаш топла вода цело лето. Зимно време, го затвораш тој вентил и го пушташ вентилот за внатрешниот бојлер (оној на струја ;D).

Како би се извело се ова со цевки, пумпи, вентили и други тракатанци, не знам, ама сум чул дека е можно и дека се правело.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #16 on: 28.04.2015, Tuesday, 01:00:16 »
Може,да,прават од казанчиња од нашава велешка фирма Леов.Има серии каде поцинкувањето не фатило добро,па тоа оди во отпад и поевтино се продава.Го бојат со црна боја,довод под притисок, неповратен вентил на излез и се врзува на топлата вода.Во лето и 70 степени крева температурата.Иде нешто како проточен бојлер. ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #17 on: 28.04.2015, Tuesday, 20:46:38 »
Муро, може, тие  мислам системи под притисок ги викааа во глобала секакви комбинации се прават... а и обичен бољер, како погоре споменатите, офарбај го со црна боја или катран вентил еден за него за лете ќе брка работа. Колекториве се ефикасни као 9,5 месеци.

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #18 on: 28.04.2015, Tuesday, 21:53:04 »
тоа со фарбан бојлер го имам јас направено.Недостаток е што треба многу јако сонце за да се згрее вода и треба бојлер со голем капацитет за да биде искористиво во фамилии со повеке членови.
rules are made to be broken

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #19 on: 29.04.2015, Wednesday, 18:30:27 »
бољер со колектор...

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 500
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #20 on: 30.04.2015, Thursday, 22:22:24 »
Quote
Ми треба малце помош околу идејата која ја имам. Сакам да направам бојлерот да ми се вклучува односно да работи само на евтина струја. За таа цел планирам со помош на овие дигиталниве тајмери за во штекер да вклучувам некое реле кое би го пуштало бојлерот. Дали вакво реле:
Код:

http://www.aliexpress.com/item/solid-state-relay-SSR-40AA-H-40A-actually-80-250V-AC-TO-90-480V-AC-SSR/2035757001.html

Би ми бркало работа за да ја реализирам идејава, или пак има некое друго решение?
Станува збор за бојлер за во бања.

100% добитна комбинација и гарантирано безбедна и по уредот и по луѓето кои би го користеле.


Quote
Теоретски ќе ти брка работа. Практично - прашање е колку се веродостојни тие декларирани 40А... Шмекерко

и да е лага да не се 40А нека е напола (ама не е ова е солит стејт реле) ќе врши работа најчесто бољерите кај нас се со 2-3 KW греачи што значи нема повеќе од 13-14А струја да влече константно.


Quote
Не покушавај такво нешто преку штекер! Ќе се стопи и штекерот и контактите на тајмерот,а може и искри да летаат.Ако сакаш такво нешто ти треба напонска склопка,ама малку поголема,бидејќи во моментот на вклучување влече многу голема струја.Како кажа и Лордзи оние кинески тајмери не верувам тоа да го издржат.

батка не си го разбрал прашањето до крај имаку ќе ти беше јасно дека штекерот ќе се користи само за вклучување/исклучување на солит стејт релето и преку штекот ќе течат само мили ампери потребни за контрола

значи повторувам прави го и не му се мисли ќе функционира

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #21 on: 30.04.2015, Thursday, 23:09:36 »
Сум го разбрал јас прашањето,ама не знам дали го разбра ти одговорот.Да знаеш дека сум видел стопени тајмери и штекери и други глупости како пожари,стопени жици... Јас не би охрабрувал некој аматерски да го прави ова.Сум имал можност да направам,ама и да соберам искуства од луге кои користеле системи за далечинско палење/гасење на уреди во домот и да ти кажам сите велат дека бојлерот е најголем ризик.Поготово ако користи кинески *траскалчиња* кои се декларирани како 40А ,ама не 14,ни 4А не држат реално!  Затоа лично мислам дека ако ова не е изведено со контактор и тајмер од позната фирма која гарантира квалитет,постои голем ризик од големи оштетувања.Тоа е мое мислење,а ако членот мисли поинаку ,нека работи по свое ,на свој ризик.Мое е како Модератор да изразам сомнеж за вакви и слични барања.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #22 on: 01.05.2015, Friday, 00:13:39 »

Ова е прекинувач базиран на тријак. Ако се има во предвид дека тука само тријакот BTA40 (40А тријак) е околу 500 ден ова е одлична цена. Ако го ова го ставиш помеѓу доводот на струја (кабел директно а не штекер), тогаш најлошо што може да се случи е ова реле да отиде во куса врска или пак да стане отворена гранка. И двете работи не се опасни ако бојлерот е исправен. Бојлерот освен термостатот за регулација на температурата на водата има и еден високотемпературен термостат кој се активира само ако бојлерот остане без вода. Поставен е во близина на грејачот и само во тој случај може да се активира -кога работи сув грејач. Инаку ако овој се вклучи треба потоа рачно да се ресетира. Друго - секој бојлер има сигурносен вентил кој ја испушта водата ако притисокот во бојлерот порасне во случај на прегревање. Значи бојлерот е дизајниран да биде цело време под напојување. Овдека може да страда само релето и ништо повеќе. Се разбира ако е поврзано по прописи.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 500
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #23 on: 01.05.2015, Friday, 06:35:27 »
Quote
Се разбира ако е поврзано по прописи.
да си ми жив и здрав за ова!
бидејќи јас не викам дека батка не е во право и дека не е можно да дојде до хаварија во системот и затајување на некој негов дел бидејќи јас сум видел секакви случаеви и на прегреани бољери и на распукани каде од нестручност при поврзувањето наместо преку термостат се носат фаза и нула дирекно на греач и нема спас за бољерот, но со правилна и професионална работа на склопов кој би се поврзал по следниов редослед:
фид склопка,
соодветен осигурувач,
склопов за кој разговараме на темава,
сигурносен термостат,
регулационен термостат,
безбедноста е загарантирана и по уред и по луѓе бидејќи не се исклучува ниту еден негов составен дел кој е поставен од производителот плус како дополнителна заштита ќе дојде склопов.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #24 on: 01.05.2015, Friday, 12:12:00 »
Зборот ми беше дека се може да се направи,ама треба да биде изведено од стручно лице,а не аматерски.Бидејќи членов е очигледно аматер,затоа е предупредувањето.Значи,дали е инсталацијата врзана преку фид склопка,дали има правилно заземјување,дали инсталацијата има соодветен пресек .... итд. ние вака не можеме да знаеме.Затоа е и предупредувањето.Ми се случило мене ,случајно кај еден сосед, ме викна за друго.Зимно време преку продолжен кабел децата негови ставале греалка во бањата пред да се капат.Но,кога влегов во предсобље ми мириса на пластика! Вели,па стално така мириса- но испадна дека греалката го топела постепено продолжниот кабел и можеле да се запалат! Затоа,барем на Форумов избегаваме да даваме вака на невидено совети,токму поради можноста некој да направи беља па да рече* вие ми рековте дека може!!*. 8)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #25 on: 01.05.2015, Friday, 19:04:05 »
Не сум видел, ама сум чул дека само казаните од бојлерите ги боеле мат црни и ги поставувале на кров од куќа и толку ;D. Имаш топла вода цело лето. Зимно време, го затвораш тој вентил и го пушташ вентилот за внатрешниот бојлер (оној на струја ;D).

Како би се извело се ова со цевки, пумпи, вентили и други тракатанци, не знам, ама сум чул дека е можно и дека се правело.
Многу е исплатливо Гига, кај мене имам таков, три вентили, еден од водовод до тој бојлерот, друг од болјерот до чешма, и трет од водовод до чешма. ;) Во лето кога сакаш да се капиш со вода од него, го затвораш вентилот од водовод кон чешма и го отвораш од бојлерот што ти е на куќа до чешма, просто а ефективно. А бојлерот и онака ни беше за фрлање... ;D Во лето има заштеда, е сега добро, во зима не може ама доволно е и ова во лето, а мислам најефективно би било бојлерот да се прекрие со оној материјал што ја апсорбира топлината кај комерцијалните колектори, тој има голем степен на претворање на сончевата енергија во топлинска...

Иначе, кинезите се прават, не е чудо да ставиле 15А тријак во солид стејт релето, затоа што ретко кој го користи над таа вредност, а и кинеските 15А тријаци знаеме колку крепат... :D Како и да е, треба да се обрне внимание се да се поврзе како треба, соодветно за јачината на струјата која ќе треба да ја поднесе, тоа треба да е приоритетно... Како и да е со среќа во изработката... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #26 on: 02.05.2015, Saturday, 11:18:53 »
Да кај кинезине се е можно сега еден кинески грец вика со ладилник издржува струја до 35 ампери а без 10 ампери како не упола од тоа е сега го тестирав еј а го фалат тие во продавница 35 амперски со ладилник ;) ;) 8).Инаку најубаво нешто сонцето наше да се искористи само како што ви кажаа по прописи да се изведе тоа. :) ;).Со среќа и од мене во изработката ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #27 on: 02.05.2015, Saturday, 11:53:33 »
Полупроводници (Тријаци, транзистори грецови) не се прават по гаражи и подруми туку по фабрики. Ако фабрика пишува на него дека е 40А тогаш така е без оглед дали е од Кина или Америка. Цената не секогаш е показател. Ако пишува дека е 35А тогаш е 35А. Но, она што секој го заборава е дека тие 35А се при температура на елементот од 25 степени а не од 70 и повеќе како што се појавува во пракса.  Ѕирнете ги дијаграмите во даташитот. Вака се однесува и Кинескиот и пр. Американскиот елемент. Никој не би ризикувал да го тужат или затворат поради таква работа. Ако ги исклучиме сите уреди околу нас произведени во Кина или со Кинески компоненти ќе се вратиме во шеесетите години од минатиот век. Нема ниту пекмен да го играме а не вака да се исмејуваме на кинеските производи по форуми.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #28 on: 03.05.2015, Sunday, 16:40:48 »
MURO,батка не е само во тоа проблемот.Еве последниот немил настан во Скопје кога поради подно греење  ( веројатно во самоградба направено) ,настрада дете.Значи,споменав зошто не подржувам самоградба во конкретни услови.Другото се стои и се сложувам ,но не и во конкретниов случај.За тоа каков е квалитетот на кинеските производи секој си знае и има некое искуство,но тоа е друга тема.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #29 on: 03.05.2015, Sunday, 18:23:31 »
Еве слики од еден грец што ми дојде до рака, кинезите изгледа го составуваат од по неколку 1N400x паралелно, ги заливаат и ги продаваат како 35А грец... :D 8)


People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio