Author Topic: Проблем со автомат AS400FUE SoftEdge на индустриска врата Hormann H27-510  (Read 1117 times)

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
  • Gender: Male
Иако не станува збор конкретно за проблем кој јас го решавам, туку го решава автоматичар кој ме замоли да побарам помош во негово име (не е многу по Интернетот), ја отворам темава.
 
Станува збор за моторизирана индустриска врата Hörmann H27-510, вратата како и сите други врати може да се отвора и затвора наједноставно со копчиња и со клуч за нагоре и надоле, но истовремено располага со сензори за навремено отворање и затворање доколку се приближи возило пред вратата, како на пример виљушкар или камион.
 
За оваа цел, оваа конкретна врата користи автомат, или како што гласи техничкиот термин - управувачка кутија, AS400FUE SoftEdge, за која никаде не можам да најдам упатство на Интернет.
 
Овластените дистрибутери на Hörmann во Куманово не биле баш расположени за да обезбедат целосна документација за вратата и за управувачката кутија, а автоматичарот има проблем со конфигурирање на TST SVEK2 Loop detector - от, за кој е уверен дека е потребен некаков клуч или дека недостига некаков дел или дека можеби некој дел е заменет со друг дел кој треба поинаку да се конфигурира.
 
Најдов на Интернет безброј упатства за други индустриски врати од Hörmann и за управувачките кутии кои ги користат, но никако да најдам упатство за оваа конкретна индустриска врата Hörmann H27-510 со управувачка кутија AS400FUE SoftEdge.
 
Ќе ги контактирам наскоро претставништвата на компанијата во Србија и во Хрватска, со надеж дека ќе бидат пољубезни од овластениот дистрибутер на компанијата во Куманово, па можеби ќе ми пратат упатство во електронска форма, но сепак одлучив да побарам помош и на форумов, со надеж дека можеби некој ќе успее да најде упатство и да ми прати линк.
 
Има некој искуство со овие индустриски врати, со овој конкретен модел ?