Author Topic: Како да поврзеш компјутер на аудио опрема  (Read 1711 times)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Многу често деновиве добивам вакво прашање и од членови ама и од други *аудиофили* 8).Прво.РС не е предвиден да дава сигнал кој би бил во * врвот* на хај-фај -от,ама рековме поради компромиси,се почесто компјутерот се користи за пренос на музички сигнали во аудио системи.Но,неретко се случува да се појави непријатен брум во целиот тој систем РС/аудио систем.Кај лап топот некој го вадат полначот и го користат на батерија додека прават *журка*,ама тоа и не е некое решение. Неретко кај некои уреди е неможно брумот да се отклони,освен со употреба на одвојувач на масите.Еве една едноставна ,би рекол проста шема од неколку елементи кои ги одвојуваат и микрофонскиот влез ,но и излезот на РС звучната карта.Најкритични делови се двата трансформатори ,кои можете да ги извадите од стари факс модеми ( оние белите,заокружени на втората фотографија).Дури и кутија е непотребна,па може да се склопи и без плочка ,на самиот аудио кабел.Работете нешто летово,ама музиката нека ви биде при рака! ;D
« Last Edit: 11.06.2015, Thursday, 08:39:32 by GigaWatt »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не знам од каде баш сега е актуелно ова прашање, звучни картици постојат од... времето на PI, а некои PII машини имаа и onboard (ретко, но некои плочи имаа).

А инаку, не би рекол дека е баш некое „аудиофилско“ решение користење на трансформаторчиња од стари модеми, но дека претставува некакво решение, да, до некаде се сложувам.

Мое мислење е дека се ова на крајот е само крпење на реалниот проблем, кој најчесто се јавува кај "YouTube DJ-ите". Лаптопите, во принцип, без дополнителни екстерни уреди, не се дизајнирани да бидат DJ опрема, ниту пак аудиофилски playback уреди. Не се лажете со рекламите од типот на "HD Audio", веќе се што дава за нешто подобар звук од обично транзисторче се дефинира како HD Audio ::). Имам чуено нискобуџетни CD плеери што даваат многу подобар звук од таканаречените HD Audio картици на денешниве PC-иња и лаптопи. Според мене, Creative Sound Blaster 16 даваше многу подобар звук од овие денешниве HD Audio чипови. Имаше високо ниво на шум, но картицата, барем според мене, беше многу подобра од денешниве аудио чипови од секој аспект.

Сакате „надпросечен“ квалитет на звук? Ќе си купите екстерна аудио картица со екстерно напојување и ќе си работите со неа. Решението со трансформаторчиња е добро, но само ако во моментот не можете да најдете друго. Кратко кажано, не би го сметал за трајно решение.
« Last Edit: 11.06.2015, Thursday, 09:05:25 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Гига Ват,само да знаеш дека сега најповеќе ми бараат постари РС со можност да свират само музика. ;D Сега е сезоната на летни тераси,забави,матурски.Екстерна звучна е околу 60 ЕУ,колку што чини и некоја * појачана* Р4. Дури ставаат и појачувачи внатре со користење на дополнителни напојувања итд. Значи ,секој, поготово *газдите* на кафиќите и терасите гледаат што поевтино да поминат,па неретко се случуваат овие работи кои ги набројав.Јас напоменав дека звукот е далеку од нормите за хај-фај,ама кој те праша- битно е да свири музика! Највеќе се бараат компилации на стара ЈУ музика,потоа народни македонски песни,староградски,па тамбураши.. ;D :D За секој гостин има посебна плеј листа.И кај нас во Велес,моментално келнерите се најголеми ди-џеи,бидејќи најчесто тие раководат со музичкиот дел! И да знаеш колку пари *радугата* ја имам инсталирано,бидејќи и врапците кај нас научија да прават плеј листи на неа. ;) Во секој случај ако некој се сретне со ваков проблем,да знае дека ова е евтино и веќе испробано решение. 8)
« Last Edit: 11.06.2015, Thursday, 14:18:17 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Една посаглам звучна картица на старо се наоѓа за 1000 ден. Мојава Creative Audigy 4 толку ја зедов пред неколку години, и презадоволен сум. Далеку подобра од интегрираната.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е да, ама ако станува збор за десктоп, а што ако станува збор за лаптоп, како ќе ја монтираш ??? ;D? Освен тоа, како што кажа batka, повеќето гледаат „нешто да дрнка во позадина“, не им се фрла пари на нешто подобро. Разлика меѓу тоа нешто подобро и onboard ќе направат пар луѓе од цела толпа, така да, нема поента.

Јас си пишав за тоа како јас гледам на работите, што не значи дека така стојат и дека е тоа реалноста. Да, навистина, ако погледнеш на ќарот што го прават газдите на кафулињата, една подобра аудио картица не би ги чинела премногу и нема да им одземе премногу од дневниот промет. Освен тоа, многу интерни аудио картици и немаат драјвери за Win7, така да, за дел од нив може да се најде купуач релативно лесно и за симболична сума на пари, а „џубокс PC-њата“, не се кој знае какви машини, така да, и со XP може да помине едно такво PC без никаков проблем.

Е сега, не секој гледа вака на работите. А и не би ги обвинил. Јас се зачудив како над 90% (ако не и повеќе) од луѓето на кои им имам пуштено MP3 снимка на 128kbps и 320kbps, не направија разлика меѓу снимките, но изгледа јас (и оние со малку по истенчен слух) сме исклучокот, а не 90% од популацијата. На пример, колку од вас може да забележат дека во станот има пуштено телевизор (од старите, CRT) само што ќе влезат од влезната врата, без притоа да видат дека има пуштено телевизор... значи, да го чујат? Под она „да го чујат“, не мислам на звучниците (тие се на mute или многу тивко пуштени, толку тивко да не може да се чуе звукот преку една врата). Мислам на зуењето. Јас ги слушам и со сите врати затворени, а понекогаш, кога влегувам дома, не морам да ја отворам ни влезната врата, доволно е да се доближам до неа. Можам да познаам и колку телевизори има пуштено, кој и во која соба (секој си има своја специфична „боја“ на зуење ;D). Неколку пати имам направено кратка анкета, сватив дека, исто така, над 90% од луѓето не го слушаат зуењето на CRT телевизорите.
« Last Edit: 11.06.2015, Thursday, 22:12:42 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Една посаглам звучна картица на старо се наоѓа за 1000 ден. Мојава Creative Audigy 4 толку ја зедов пред неколку години, и презадоволен сум. Далеку подобра од интегрираната.

Дури и многу пари си дал!! ;D Се наоѓа добра звучна и за 10 еУ,ама поентата е што цела машина имаш за 50ЕУ! 8)
Добро,отидовме на страна - темата е како да поврзеш РС со аудио опрема,а да го избегнеш оној,понекогаш,досаден брум.Ова шема сум ја проверил десетина пати и функционира,па затоа ја постирав. ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.