Author Topic: Осцилоскоп Iskra MA4046 - помош за поправка  (Read 999 times)

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Има ли некој искуство со поправка на серијата на осцилоскопи од Искра (МА4041 до 4049).
Пробувам да го оправам, ама не иде. Ми гореше стабилизаторот 7812 од напојувањето на +12в линијата, му стаив отпор на влез како струен лимитер, работеше некое време , но после престана. Заклучив дека проблемот е во ВН плочата, која се напојува со 21.5в (кој го зима од истата намотка од трафото за +12в, само пред 7812), и во ВН делот повторно се стабилизира со друг 7812. Нешто ми влече струја во ВН делот и несака да заосцилира примарот на ВН трафото. Проверени се сите транзистори, отпори и дел од диодите во ВН делот (делуваат исправно), сменети три тантал кондензатори со обични електролити. Има таму едни диоди BYF1202 на искра за кои неможам да најдам дата, и сите делуваат мртви на диоде тест со дигиталец? (не верувам дека сите се изгорени???). Во прилог шема.
« Last Edit: 14.06.2015, Sunday, 22:13:53 by GigaWatt »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Диодата е 12 A, 200 V, SILICON,.Овде е ставена во умножувач на напон.Откачи ги сите напони ,срави на 12В оптоварување и види дали влезниот мултивибратор со BSJ xx осцилира или не.ТРгни оттука.Потоа постепено врзувај ги напоните и следи ги промените на температура,на напон итд,па ке дојдеш до оној степен кој е во квар и влечемногу струја.Не кажа какви се другите напони,особено 70V ,кога осцилаторот работи.Совет да ги смениш електролитите и кондензаторите во ВН степенот,без мерење,се што е сомнително.Исто и за  BSJ xx .
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Имам пробано со откачени двата секундара (за греење и за ВН), пак не сака. Транзисторите BFJ46,2N708, диодите BA533, се извaдени и проверени на дигитален со диода тестер и покажуват како би требало. Останува уште двата кондензатора од 4,7nF, да ги проверам. Намотката во примарот има отпор 2x0.6Ohm, ако нешто значи. Мислам дека и со откачени секундари треба да заосцилира, така? Инаку другите напони се стабилни 70V, -12V, 5V, и екстерно му носам +12V, оној 21,5V го оставам само за VN делот, но кога ќе го вклучам паѓа на 7V, нешто се мачи со мултивибраторот? И плус ме копка зошто сите диоди BYF1202, не покажуваат ништо на инструмент, има 6 комада, 5 во мултипликаторот и една таму горе на -570V? И плус 7812 е изваден и проверен екстерно, добро стабилизира.
« Last Edit: 14.06.2015, Sunday, 14:12:37 by tubemkd »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Не е мултивибраторот туку проблем е нешто во степенот кој се напојува со тој 21,5V.Провери ги повторно сите делови во тој степен.Исклучи го целиот степен прво и види дали *на голо* го дава потребниот напон ,мислам беше 7V па со утростручување се добива 21 V.Ако така напонот држи 7 V,тогаш провери го целиот степен со диоди и кондензатори.Потоа откачи го од цевката само тој напон,вклучи и мери дали ке добиеш * во воздух* 21,5V,без напонот да биде вклучен на цевката.Ако имаш можност смени ги сите елементи во тој степен.Ако и сега не оди проблемот е во катодната цевка веројатно.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Погледни ги шемите што ги ставив. Тој 21,5V е добива од мрежното трафо, одма после грецот М2, и оди на ВН плочата, каде го дочекува еден 7812, и после со тој 12V се напојува примарот на VN трафото (т.е. мултивибраторот). Е сега со откачени секундари на VN трафото, пак не сака. Инаку на голо тој 21.5 e некаде околу 25V, но кога работеше добро, си паѓаше на точно 21,5V и не се користи за ниеден друг степен.
« Last Edit: 14.06.2015, Sunday, 14:22:26 by tubemkd »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Види вака: тргни од мрежното трафо.Ти реков да го откачиш цел степен од трафото и да мериш дали иде 22 В наизменичен напон на секундарот,без оптоварување.Потоа уклучи го грецот,ама откачи го L1 150 мХи види дали на  22mF имаш 12V.Ако е до тука во ред.сега откачи го R35-1K и мери дали имаш 6,3V за греење.Ако го има овој напон значи мултивибраторот работи.Потоа кварот барај го во степенот од кој ги добиваш сите други напони за цевката.Ако немаш напон за греење,без друго оптоварување, започни со менување на ВА диодите ,708 транзисторите,BFJ,,Иако изгледа на инструментот дека е во ред често во динамички режим има транзистори кои не работат.Мој совет да менуваш без да мериш!
« Last Edit: 14.06.2015, Sunday, 18:27:56 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Се изнамачив да испроверам доста делови, но на крај го средив. Цело време ме зезал грецот M2.  Пола бил цркнат (од четири диоди две рикнале). Сега работи, па ќе видиме до кога.
Фала на помошта.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Најдобро да му ставиш нешто појак,а истовремено јас би го сменил и оној елко 470 мФ пред стабилизаторот 12V.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Да да, така и направив веќе. Стаив 4700uF, појак грец, и плус одгоре му намонтирав вентилаторче од процесор да ги лади четирите ТО-3 куќишта, бидејќи доста греат. Ми остана само во ВН делот на 7812 (ТО-3), кој исто грее, да му го решам ладењето. Ќе го тестирам подолго време  па ќе видиме. Инаку вкупната струја во таа гранка кај што е М2 грецот, не надминува 450mA, но мислам дека стабилизаторите греат пошто морат да дисипират преку 10V разлика во напон.
« Last Edit: 14.06.2015, Sunday, 19:29:26 by tubemkd »