Author Topic: Туториал: Преправка на авто-радио Pioneer KEH-1700 - Додавање на Aux влез  (Read 2308 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имаше неколку слични теми отворено на форумов со вакво или некое слично барање (додавање на Aux влез на стар систем кој има само CD и Tape), па затоа решив да го направам туториалов. Со оние FM предавателчињата кои работат на 12V, веќе работите се многу лесни, но мене лично не ми се допаѓа идејата да имам приклучено уште еден додатен уред кој, најверојатно, само ќе ми пречи и ќе ми ги „мрси“ работите, отколку што ќе ми ги олесни. Де се откачил приклучокот од конекторот за запалката, де не фаќа убаво, конекторот од 3.5mm-тарскиот џек зеза (Кинеска работа ::)), па не го чита USB-то (пак некој Кинески контакт зеза ::), дали од 5V-ното напојување, дали од data bus-овите, кој знае ::))... Од друга страна, не гледам поента да го менувам старото авто-радио доколку совршено добро си ја врши работата. Единствената причина поради која би го менувал би било токму тоа, нема Aux влез. Бидејќи веќе (скоро) никој не користи аудио касети, а и CD-ињата се поретко се користат (особено ако авто-радиото нема CD плеер што пушта и MP3), а најчесто кај аудио уредите (општо, не само кај авто-радиата) се бара да имаат и Aux влез, решив да го преправам Tape влезот, односно да го направам да биде обичен линеарен аудио влез (Aux).

Преправката е „универзална“ (сакам да кажам, принципот е ист) и може да се примени кај сите типови на аудио уреди, не само авто-радиа. Разликата е само во тоа кој интерен влезен сигнал (CD или Tape) ќе треба да биде пренаменет во Aux влез (екстерен влезен аудио сигнал). Притоа, не секогаш е потребно да имате шема од уредот кој го преправате, но се разбира дека е пожелно. Во секој случај, од постари аудио уреди, особено мини системчиња, авто-радиа, boom box-ови и некои слични уреди, шеми и сервисни упатства се наоѓаат прилично лесно.



Да почнеме. Еве неколку слики од авто-радиото пред преправката.













Бидејќи станува збор за преправка на авто-радио со касетник (Tape), прво што треба да се направи е да се препознае кој конектор е за аудио сигналот (кој кабел излегува од главата на касетникот). Тоа е очигледно од втората и третата слика (сивото кабелче врзано за конекторот со три пина на главната плоча).

Од ова авто-радио, online лесно може да се најде сервисно упатство со електрична шема. Во туториалов, нив ќе ги користам само за да можам полесно го објаснам начинот на кој ова се изведува, односно за да ја објаснам „универзалноста“ на оваа преправка. Реално, во повеќето ситуации, нема потреба од електрична шема (иако, како што напоменав, пожелно е да ја имаме на располагање). Да ја разгледаме електричната шема од секцијата која нас не интересира: аудио сигналот од магнетната глава.



Интегрираното коло LA3161P претставува EQ и +49dB gain за сигналот од главата. Практично, ова коло го засилува и обликува сигналот од магнетната глава, односно, го доведува до ниво на линеарен сигнал. Нас ни се потребни водовите за излезниот сигнал кој го дава ова коло. Треба да ги прекинеме тие водови и место аудио сигналот од магнетната глава, на негово место да го вметнеме нашиот екстерен (Aux) аудио сигнал. Во конкретниот случај, теба да ги прекинеме следните два вода.



Овие два вода се левиот и десниот канал од аудио сигналот (L и R). Кој е кој, лесно може да се дознае со тест проба ако тоа не е означено на електричната шема: пуштете тест сигнал од некој извор на звук (CD плеер, PC, било што) на некој од двата влеза, а на левиот канал на излезот од авто-радиото (каде што се приклучуваат звучниците), приклучете звучник. Ако авто-радиото е со 4 излези, како што имаат повеќето денешни авто-радиа, врзете го FL излезот (Front Left). Ако чуете звук, значи сте го погодиле левиот канал ;). Ако не чуете, значи дека другиот вод е всушност левиот канал. Притоа, се разбира, не доведувате сигнал на двата вода истовремено, туку наизменично (едниот па другиот). Исто така, не е лошо да испитате и дали работат и двата канали како што треба. Откако ќе установите кој е лев а кој десен канал од водовите, обележете ги на плочката (на местото каде што сте ги прекинале водовите) и на двата канали (L и R) истовремено донесете сигнал. Потоа, полека правете panning на сигналот („шетајте“ го од лев на десен и обратно). Правете panning од крајна лева до крајна десна позиција и обратно. Ако се е во ред, како што му правите pan на сигналот од лев на десен канал и обратно, така ќе се менува и pan-от на звучниците ;). Кога лизгачот ќе биде во крајна лева позиција, звукот треба да излегува само од левиот звучник и обратно, кога лизгачот е во крајна десна позиција, звукот треба да излегува само од десниот звучник. Во конкретниот случај, имаме две маси (GND и SGND = Signal GND), па како маса за сигналот, го користиме Signal GND. Ако уредот има само една маса (само GND), ја користите таа ;).

Ако користите PC или лаптот за тест проба, прво бидете сигурни дека сигналот навистина се гаси на десниот, односно на левиот излез при максимален left, односно right pan. Некои onboard аудио картици имаат некои „чудни“ подесувања (3D Stereo и некои слични) кои не го гасат сигналот сосема на десниот или на левиот канал кога лизгачот се наоѓа во крајната лева или десна позиција. За да не дојде до оваа збунувачка ситуација, прво, со слушалки, тестирајте дали сигналите се гасат сосема при максимален pan или не.

ВАЖНО: При пуштање на тест сигналот, задолжително ставете кондензатор за DC одвојување на излезниот сигнал од аудио уредот кој го користите за тест (PC, телефон, лаптоп) и авто-радиото. Иако повеќето од уредите веќе имаат ваков кондезатор поставено некаде по патот на аудио сигналот, сепак, доколку не сте сигурни или немате електрична шема од уредот, поставете ;). Кондензатор се поставува на секој од каналите во серија со сигналот (извор на сигнал --> кондензатор --> авто-радио). Значи, всушност ќе ви бидат потребни два кондензатори, по еден за секој канал (L и R). Пластичен кондензатор со вредност од 1uF/63V е сосема солиден. Не е пожелно да користете електролитски кондензатори бидејќи ќе треба да им го погодите и поларитетот (кој пин каде треба да оди, дали плусот кај изворот на сигнал, минусот на местото на кое се носи сигналот или обратно ???, за да не навлегуваме и во објаснување на оваа процедура, најдобро е да користите неполаризирани блок кондензатори). Вредноста на кондензаторите не е критична, може да имаат и помала и поголема вредност (на пример, може да бидат и 470nF, 2.2uF, 3.3uF, дури и 4.7uF), само пробивниот напон да не им е под 50V. Се разбира, најдобро е ако двата кондензатори се исти (не еден да биде 470nf/50V, а другиот 2.2uF/100V). Во конкретниот случај, уредот има кондезатори за DC одвојување, така да, немаше потреба јас да поставувам. Тоа може да се види од следната слика.





Сега сигурно си викате „се ова е убаво, арно ама, ова го направив и ништо не слушам на излез“. Можеби ова требаше прво да го пишам ;D. Треба да го активирате влезот за може нешто да чуете на излезот ;). Кратко кажано, треба да го излажете процесорот во авто-радиото дека има касета во касетникот ;). Најчесто, ова се изведува преку некој микро-прекинувач. И кај авто-радиата со CD ситуацијата не е многу различна, ако детекцијата за CD не е изведена преку микро-прекинувач, тогаш е изведена со некој оптички сензор или пар инфра-црвен предвател и приемник (слично како и кај trackball маусите). Во секој случај, начинот на детекција дека има касета или CD во авто-радиото е следен: преспојување на некои два пина. Се разбира, ова варира од изведба до изведба. Кај некои авто-радиа можно е да има само еден пин и треба да се донесе на ниско логичко ниво (GND) или високо (Vcc, најчесто +3.3V или +5V), кај некои мини-системи и boom box-ови можно е воопшто да нема детекција (да се користи ист рачен механички прекинувач за менување на аудио влезовите и активирање на серво-менизмот) при што нема потреба да го „лажеме“ процесорот дека има CD или касета во CD плеерот или касетникот, едноставно пуштаме аудио сигнал и толку ;). Во конретниот пример, детекцијата дека има касета во касетникот е изведена преку еден микро-прекинувач кој го преспојува пинот LOAD со GND за да се активира сигналот од Tape влезовите. Тоа може да се забележи од следната слика.



Во принцип, се што треба да направиме за да се активира Tape влезот е да поставиме еден прекинувач кој ќе го преспојува LOAD пинот со GND... толку ;).



Еве слики на кои е прикажано како е се ова изведено во конкретниот случај ;).























Се разбира, механичкиот дел (касетникот) е целосно непотребен по преправката, така да, не се монтира назад по преправката. Јас исто така ја имав елиминирано (одлемив) и целата секција со LA3161P, но нема потреба ова да се прави. Доволно е само да се прекинат водовите кои го носат сигналот од LA3161P кон... кој и да е нареден чип во аудио ланецот ;).

Како конектор за Aux влезот е искористен еден 3.5mm-тарски женски конектор од стара onboard аудио картица од PC, од оние старите, со MIDI/Joystick влез што беа, конекторите лесно им се одвојуваат од остатокот од MIDI/Joystick конекторот ;). Можете да го искористите било кој од конекторите, сите се исти ;). Се разбира, крајното решение останува на оној кој ја прави модификацијата ;). Некој можеби ќе сака да стави RCA конектори, кој знае ;D. Како прекинувач е искористен прекинувач од некој стар уред (не знам од каде го имам извадено). Конекторите се прицврстени за пластичната шасија со „течна пластика“ (така си ја викам јас ;D).

Горе-долу, тоа е тоа ;).
« Last Edit: 19.04.2018, Thursday, 00:21:41 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одлично објаснето... ;) ;D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Се е во ред,дури ме чуди Гига како има време толку да разглаба и пишува ( мене веќе нервоза ме фаќа! ;D).Јас би дал примедба само, мое мислење,да го ставиш џекот позади на куќиштето или да извадиш кабел со женски 3,5 мм џек директно од задната страна на кукиштето.Зависи од возилото,секаде ина некоја резервна пластика на која може да се постави влезот,па да биде забавно погодувањето од каде и како свири музиката.Имам пријател кој ова идеа би ја проширил да може од задно седиште да си пушта музика од *паметниот* телефон. 8) ;)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@LordZi: Благодарам ;).

@batka: Ако е доволо долг кабелот, ќе може и од задно седиште да пушта, не е проблем ;D.

Инаку, токму таа и ми беше идејата. Сите веќе имаат smartphones, така да, поентата беше да може телефонот да се користи како playback device ;). А инаку, може што сакаш да врзеш, се што има линеарен излез ;).

Околу пишувањето, искрен да бидам, и мене од време на време ме фаќа мрза ;D, ама понекогаш имам желба. Главна причина беа неколкуте теми година или две наназад кои беа поврзани со слични преправки ;). Затоа и ја отворив темата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gerce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 164
  • Gender: Male
Убаво објаснето.Сакам да додадам дека има модели на радија каде што без касета не работи.Имав случај со едно радио каде што ја пуштам касетата и пишува error tape  и автоматски се префрла на ФМ,слично како и кај радијата на цд.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Најверојатно има некое интегрирано коло, отпорник, преклопник или нешто трето кое стоело на механизмот за касетникот кој враќал назад кон процесорот дека касетникот е присутен/функционален. Можно е да имало и некој пар инфрацрвен сензор со приемник на главната плоча кој се прекинува ако е присутен мехнизмот (некое парче лим од касетникот го прекинува зракот) или нешто слично ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gerce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 164
  • Gender: Male
Гига зборот ми беше дека касетата беше внатре во самиот механизам,но најверојатно нешто не беше во ред со главата.Значи касетата само што ја ставам ке ја заврти малку и одма на екранот tape error.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Веројатно е до транспортот,некоја гумица е проширена ,скината или не налегнува на ваљак како треба. :(
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Гига зборот ми беше дека касетата беше внатре во самиот механизам,но најверојатно нешто не беше во ред со главата.Значи касетата само што ја ставам ке ја заврти малку и одма на екранот tape error.

Веројатно е до транспортот,некоја гумица е проширена ,скината или не налегнува на ваљак како треба. :(

Можно е да имало детекција за јачина на струја низ моторот, ако повлече повеќе струја, значи дефектен механизам или лентата е заглавена/изџвакана и процесорот враќа назад Error/Defect. А можно е да имало и детекција за движење на лентата, па ако не сака да се придвижи, враќа Error/Defect.

А проба да видиш дали може да му вметнеш Aux сигнал или детектира дека и механизмот не е присутен во авто-радиото?
« Last Edit: 23.06.2015, Tuesday, 22:04:19 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gerce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 164
  • Gender: Male
Да да ги најдов влезовите од tape во интегрираниот еквилајзер и му залемив лев и десен канал.Мене ми е дека најверојатно самиот процесор не прима сигнал од магнетната глава па затоа и се јавува грешка.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Извод за аux. може да се направи и потоа постојано дисплејот да покажува tape error. Значи , се работи за било кој дефект на транспортот,што во случајов не значи ништо.Како што кажа треба да се најде само механичкиот прекинувач кој го активира касетата,за да се вклучи или исклучи напонот за погон на пп за главата.Другото е се работа на конкретен случај,зависно од моделот.Универзална е постапката,а друго зависи од касетофон до касетофон.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Патот на сигналот од магнетната глава оди само до EQ/Gain IC-то. Немам видено магнетна глава која комуницира со процесорот. Исто така, немам начекано вакво коло кое комуницира со процесорот „имам сигнал/немам сигнал“. Овие кола се најчесто најобични операциски засилувачи со специфична преносна карактеристика. Евентуално, можно е кривата или засилувањето да се определува со екстерни пасивни компоненти, како во конретниот случај, но да комуницира со процесорот ???... немам начекано такво нешто.

Ако имаш шема од авто-радиото, дај баш post-ирај ја, можно е да ја решиме мистеријата ;).
« Last Edit: 23.06.2015, Tuesday, 22:12:39 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gerce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 164
  • Gender: Male
Батка штом покаже tape error автоматски се префрла на фм.Гига а тие радија што се со менување на песната ,т.е притиснеш next за наредна песна и касетата автоматски ке ја изврти додека не дојде до паузата помегу две песни?
Инаку гига не се секавам што радио беше само знам дека беше фабричко на bmw кола.
« Last Edit: 23.06.2015, Tuesday, 22:22:46 by gerce »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Бадијата пишуваме километарски постови.Како што стално повторувам опишете го докрај кварот,па ако има шема стави шема,како рече Гига,да видиме што е што.Вака само ке се допишуваме без конкретен резултат.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имам видено такви декови, ама не и авто-радиа. А инаку да, ако е таков декот, тогаш најверојатно некој дел од ланецот на EQ/Gain, комуницра со процесорот. Ама тие беа ретки, немаше премногу такви, само поскапите модели имаа таква детекција.

Не се разбирам премногу во авто-радиа, но немам начекано авто-радио со таква детекција. Можно е да има, не викам не, но и таа „заштита“ може да се „прескокне“. Најверојатно станува збор за некое коло кое само враќа назад високо или ниско логичко ниво, имам сигнал или немам сигнал. Освен тоа, оваа детекција беше опционална. Лентата ќе врти без разлика дали има сигнал (музика) на излез од главата или не. Само ако ја активираш auto search функцијата (next song, previous song), само тогаш се активира оваа детекција. Во секоја друга ситуација, дури и да враќа назад нешто некое IC кон процесорот, процесорот ја игнорира оваа информација.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."