Author Topic: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020  (Read 992 times)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« on: 04.07.2015, Saturday, 08:57:46 »
Здраво момци, поздрав до сите. Имам едно да речам мало проблемче со мојот ПРВ кобајаги поправен засилувач :)
Ми го донесоа уште пред неколку месеци, се вклучуваше во рандом модови, те ќе се вклучи со изреметен дисплеј, половично или целосно осветлен со рандом бројки, те воопшто нема да се вклучи, некогаш и воопшто не светеше Standby, ниту пак вклучуваше главното реле. Тогаш околу нова година го чепкав го мерев и не можев да најдам што е, па го баталив во плакар се до вчера.
Вчера баш ми беше досадно, па пак го извадив на маса, само овојпат со добро осветлување и лупа, и наидов на неколку едвај видливи ладни лемови на самите излези за звучници. После прелемување на сите конекции од излезите, хибридите, релињата, грецовите, кондензаторите (поголемите) итн. засилувачот проработе најнормално, со нормален дисплеј и со сите функции. Задоволен и пресреќен ко мало детенце хахаах, си го приклучив да го покористам некое време, после неколку часа, малку по малку пак почнаа да се појавуваат артефакти на дисплејот, што веднаш по склопувањето ги немаше, и стануваат се повидливи и повидливи, и еве една слика како изгледа после од прилика 12 часа непрекината работа



Се мислам да го отворам пак и да прелемам буквално се внатре, меѓутоа бидејќи не е малку работа, прво сакав да се посоветувам со вас, да не губам време залудно ако е можно да е проблемот во нешто друго.

Service manual
Code: [Select]
http://www.mediafire.com/view/6uurlknkl8jrdt8/kenwood_krf-v5020,-v5020e,-v5020w,-v5020,-v6020,-v6020e,-v6020w,-v7020,-v7020e,-v7020w_vr-305,-306,-355.pdf
Однапред благодарам на сите што ќе се обидат да помогнат.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« Reply #1 on: 04.07.2015, Saturday, 09:25:38 »
Бидејќи рече дека се си прелемил можно да е контаминирана плочата. Земи чист алкохол и четка за заби и добро исчисти ја и после исуши ја плочата, има шанси да е провлемот во тоа.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Одг: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« Reply #2 on: 04.07.2015, Saturday, 10:20:37 »
Немам напоменато за чистењето, бидејќи тоа го сметам за обавезна процедура, исчистена е секоја плоча токму со четка за заби и алкохол, како што правам после секое лемење, отстранета е секаква нечистотија и флукс од истите. Сепак, одлично запазување, ми се случувало да не исчистам плоча понекогаш и да имам проблеми после.
Слични артефакти постоеја и со првобитниот дефект, кога не се вклучуваше или делумно се вклучуваше засилувачот.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« Reply #3 on: 04.07.2015, Saturday, 10:39:37 »
Ако има фолиско или флет кабелче до дисплејот исчисти го/размрдај го и него, ако не прелемување на се што е во околина на дисплејот.
Со среќа...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Одг: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« Reply #4 on: 11.07.2015, Saturday, 19:57:03 »
Не ми се верува колку време изгубив на ова чудо, ама се исплатеше. Повторно го растурив, пречистив буквално се и со нитро, и со алкохол и на крај со суви памучни крпи, ма јок, истиот проблем си остана. На крај потрошив околу 2 часа и внимателно го прелемив секој можен контакт внатре, еве го сега спие, нема никаков проблем. Значи колку банална работа, а колку компликации можат да створат тие ладни лемови. Инаку, некој што го прегледувал засилувачот пред мене, воспоставил дијагноза дека се отидени хибридите, и не се исплати да се поправа. Сопственикот на засилувачот ми го остави за мене, па си велам нема што да изгубам, ако ништо друго, за делови ќе остане :) . Само да напоменам, напоните на хибридите беа тотално погрешни, скоро никаде немаше напон според спецификација, и ете излезе дека е сосема нешто друго, а гледам по некои форуми наведуваат дека кога има погрешни напони, се работи за неисправни STK/хибриди, ги менуваат нив, и повторно не работи, па на крај го расходуваат засилувачот :)
Се надевам дека на некого ќе му се најде ова мое искуство, и ви благодарам на сите што се обидовте да помогнете, бидете ми поздравени. :)

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« Reply #5 on: 12.07.2015, Sunday, 00:35:27 »
Еден од најтешките дефекти на било кој апарат е ладниот лем.
На него може да се изгубат многу часови па и денови...
Во најлош случај можеш да расходуваш апарат!
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Одг: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« Reply #6 on: 12.07.2015, Sunday, 11:43:23 »
Богами мене малку ми недостигаше да го расходувам, претходно скоро една недела се обидував да најдам што му е, секој компонент по трипати го проверив, и си ставив на мислење дека стварно СТК-то е неисправно, дури не ме удри досада и желба за играње со електроника, па прелемив некои круцијални контакти. Инаку да спомнам дека вклучувањето зависело дури и од ротирачкиот енкодер (јас не го знаев тоа), главното реле штракаше на интервали од четврт секунда нонстоп, како да си вклучил вентилатор што гребе на решетка. Кога го погледнав со лупа, како го мрдаш, едно ноженце скоро незабележливо мрда, ги прелемив сите три и се вклучи најнормално. Човек учи до крајот на животот.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Мал проблем со засилувач Kenwood KRF-V5020
« Reply #7 on: 12.07.2015, Sunday, 13:54:46 »
Со овој новиот безоловен калај се повеќе ќе има вакви дефекти, за наша жал, а за радост на производителите... :P
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio