Author Topic: Проблем со Aux влез на авто-радио Pioneer DEH-1500R  (Read 1104 times)

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Поздрав дечки имам авторадио pioneer deh-1500r назат на радиото има аух џек но кога ке го поврзам телефонот на радиото пише ATT ON и се намалува гласот на 3% и не пренесува од мобилен музика е сега дали е тоа аух или е за нешто друго незнам... Сепак доколку може да се поврзи аух би било добро доколку некој знае.. Поздрав





« Last Edit: 22.07.2015, Wednesday, 16:39:03 by GigaWatt »
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Како да вградам "aux" на авторадио
« Reply #1 on: 22.07.2015, Wednesday, 14:21:18 »
Kiko9595 кодирај ги линковите!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Како да вградам "aux" на авторадио
« Reply #2 on: 22.07.2015, Wednesday, 14:55:37 »
Батка,насловот ти е скроз погрешен,би требало пример *Проблем со "aux" влез на авторадио *,бидејќи ти веќе имаш вграден "aux" во авто радиото! Но,проблемот ке се реши најверојатно со намалувањето на волумето на музиката (од телефонот) ,бидејќи е можно автоматски да се вклучува атенуацијата.Веројатно постои можност да се исклучи атенуацијата од  ATT ON во  ATT OFF,  со некое копче веројатно или од постоечкиот софтвер на радиото.Друг проблем е и дали приклучуваш соодветен кабел .
« Last Edit: 22.07.2015, Wednesday, 14:58:48 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не е тоа Aux, тоа е конектор за Remote. Тоа авто-радио нема Aux.

Code: [Select]
http://jvde.net/node/7
Прочитај го делот кај што пишува ATT, ќе ти стане јасно што му прави телефонот на радиото.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
И јас мислев дека не е аух... А ке може ли да се додади аух??
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имаше некоја тема на форумов отворено за додавање на Aux на авто-радио со CD. Наједноставно е ако снимиш CD со тишина и ако го „додадеш“ сигналот од телефонот на сигналот од CD плеерот (тишината).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Сум се обидувал и јас на моето радио во автомобилот да ставам aux, бидејќи ЦД-плеерот рикна. Можев само радио да слушам. Добив некаква идеа кај предпојачалото ако може да се залеми некаков таков излез за да прикличам ајпод. Ни сам не знаев дали е воопшто можна таква операција. Не ни можев да го извадам радиото, кој знае како е монтирано, најверојатно со некакви специјални алати за да се спречи евентуална кражба.
Слушајќи само радио, ретко да се погоди некоја песна која што ќе ми се бендиса.  Возењето ми беше монотоно на долги патишта, поготово кога возам сам на подолги релации. Доколку ЦД-то работеше ќе слушав музика која што јас ќе ја одберам, а не да слушам нешто што друг ќе го пушта на радио. Сите имаме разни вкусови кога се работи за музика, нели?
Јас најдов едноставно и евтино решение и му препорачувам на @Kiko9595 даго примени истото.
Значи, кико, не ти треба AUX доколку сакаш да слушаш музика.
Како го решив тој проблем? Едноставно, со радиобранови :)
На пазарот лесно ќе најдеш мини предавател кој што можеш да го приклучиш на напојувањето за запалката која дава 12 волти. Таквите предаватели се релативно евтини, и на него можеш да приклучиш SD-карта, USB стик, а имаат и аудиовлез. Може и телефонот преку аудио кабел.
На твоето пионир радио намести некоја фреквенција која не е зафатена, и намести ја фреквенцијата на малиот предавател на истата незафатена фреквенција, и проблемот е решен.
Предавателот што го имам ги има трите наведени влезови и со тоа проблемот е решен.



Еве и како би звучело, ете направив и мала видео демонстрација



Воопшто не му смета ни на пепељарата, ниту ќе ти смета за менување на брзините како што се гледа на самото клипче.
Вакви мали предаватели се наоѓаат за околу 300 денари поевтините до 500-600 денари подобрите.
Се надевам дека ти помогнав со мојот предлог :)
« Last Edit: 24.07.2015, Friday, 00:27:06 by GigaWatt »
Hams do it! With Frequency

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
@Z31GH Фала ти на предлогот но имав вакво порано и искрено нерви искинав... Работи на главниот контакт значи мора да ја оставиш на контакт колата или пак да е запалена, после тоа при возење на дупки губеше спој и се исклучуваше.. :) Сепак доколку ненајдам како да му поврзам аух ке земам едно вакво.. Поздрав


@GigaWatt барав нема таква тема...
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Има таква тема, само треба подобро да бараш.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11269.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."