Author Topic: Дрон за забава  (Read 4260 times)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 691
Одг: Дрон за забава
« Reply #15 on: 02.08.2015, Sunday, 10:12:30 »
јас имам пријател со овие работи, за секое летање ке треба од полиција дозвола да бараш :) за напојување најдобро на циганскиот пазар да купиш батерии од лаптоп да ги растуриш па да си ги маправиш како ти одговара тие бааги држат за летање ;D маана е што ќе ти треба пункт апарат за да ги спојуваш една со друга батериите ;)

Offline Ace894

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Одг: Дрон за забава
« Reply #16 on: 02.08.2015, Sunday, 13:10:22 »
После толку време чекање делови и праење не планирам да барам дозволи за летање ако решиле да ме казнат нека ме казнат и така не летам многу високо ни пак многу далеку до 150м висина и должина бидејки уште не сум научил да го летам како што треба за да идам подалеку
А за батериите од лаптоп не сум пробал незнам колку држaт само знам за еден "нов вид" на батерии кои држат дупло повеке од li-po батериите но многу се скапи и не даваат голема струја и ги користат за авиони

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Дрон за забава
« Reply #17 on: 02.08.2015, Sunday, 13:14:42 »
Тоа со дозволите можам да го разберам. Замисли да леташ дрон каде и како што ќе посакаш. Лесно би можел да леташ дрон над владата или МВР, АРМ и да снимаш. Некој ненормален би можел да го злоупотреби дронот и да постави бомба на него наместо камера и да ја пушти пред владата, некоја странска амбасада, или над толпа луѓе кои организираат протести или митинзи. Секакви злоупотреби се можни. Затоа е изваден закон и тој мора да се почитува, без исклучок!!!
Исто така некој неискусен летач на дрон лесно може да заколи некој со пропелерите доколку изгуби контрола над него летајќи во населено место. Потоа е тешко да се фати прекршителот.
Иновација дронови се интересни, но може сериозно да го нарушат редот и мирот. Закон веќе има, потребна е лиценца, дозвола, потврда дека не си осудуван, итн.

@Ace894
150м висина се сериозна работа. Не би играл јас со законот. Не те кошта ништо да си прашаш за регулативите за летање на дрон. Не верувам дека ќе те одбијат. Извади си лиценца и биди си рајат.
« Last Edit: 02.08.2015, Sunday, 13:28:51 by Z31GH »
Hams do it! With Frequency

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Дрон за забава
« Reply #18 on: 02.08.2015, Sunday, 13:20:16 »
Да, точно е дека владата некаде на почеток на годинава донесе уредба за користење на дроновите после излегувањето на снимката од студенските протести во јавност. Ако ја побарате уредбата на сајтот за цивилна и воздушна пловидба, ќе најдете само наслов дека има таква уредба, но пдф документот го нема, а за сите други правила и закони ги има документите да се симнат.
На нет можат да се најдат извадоци/тумачења од таа уредба/правилник по разни  портали, од каде јасно се гледа дека има ограничувања од 150м во висина, и 500м радиус на летање сметано од точката на управување,
 50м растојание од луѓе, животни и објекти, и плус забрана во близина на државни институции. Во принцип уредбата забранува летање во населено место,  ако се земат сите услови во предвид. Што значи дека некаде на отворено соодветно одбрано мето слободно може да си го леташ и тестираш дронот.
Ace894 кажи ми уште колку пари ти фалат за привршување на проектот, можеби ќе се собереме да ги донираме.

Offline Ace894

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Одг: Дрон за забава
« Reply #19 on: 02.08.2015, Sunday, 13:47:49 »
tubemkd мене ми фалат уште 130$ за да купам оригинален контролер со многу повеке функции малце се за разлика од тоа колку имам дадено за други  работи и глупости
еве линк од контролерот


 
Уште контролер и еден GPS модул (гпс-от е ефтин околу 15$ за него имам пари само не ми е потребен се додека не купам контролер)за да ги комплетирам двата дрона и тука завршувам со дронови за сеа
Сеа доаѓа на ред друг проект 3д принтер ако успеам да набавам делови и некој степер од циган пазар
« Last Edit: 02.08.2015, Sunday, 15:16:11 by GigaWatt »

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Дрон за забава
« Reply #20 on: 02.08.2015, Sunday, 13:55:37 »
овој сопственик на дрон, добил дозвола од полиција за снимање на студентски протести, но се држел строго според правилата, оддалечен околу 500 метри од настанот.



Само еднаш добил дозвола за снимање на протестите, додека за следните не добил одобрение и не го летал дронот, на неговата youtube страна за следните протести напишал...

цитирам:
„За жал овој пат нема снимка, не добивме одобрение од полициска станица да снимаме затоа што наводно било опасно толку тешко летало да виси директно над главите на народот. Без одобрение да пуштиме летало ќе значеше директна конфискација, а тоа не можевме да си го дозволиме.„
Hams do it! With Frequency

Offline Ace894

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Одг: Дрон за забава
« Reply #21 on: 02.08.2015, Sunday, 14:28:44 »
Да за тоа се во право многу е опасно дронот да биде блиску до луѓе зашто не се знае кога ке се случи некоја грешка во програмот или ке се откачи некоја жичка како што ми се деси мене....фалаше многу малце за да удри во мене а беше залетан со пол гас среќа не ме поткачи со пропелерите ништо не се скрши освен пропелерите али ги залепив и сеа е добар
истото можеше да се случи и на овој сопственик само тука е многу полошо бидејки е на голема височина ако изгуби контрола кога ке се залета надоле може да повреди некого сериозно или најлош случај да усмрти
Мене не ми е потребна дозвола пошо кај што летам нема многу луге ни пак куќи само празен простор



Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Дрон за забава
« Reply #22 on: 02.08.2015, Sunday, 15:05:09 »
Мое мислење е дека со дронот си го завршил проектот. Од нула со разни елементи си го склопил,  спрограмирал и пролетал. Толку, целта  е постигната. Другото е веќе комерцијализација (забава), ќе мораш да си најдеш спонзор или инвеститор кој нормално ќе си бара дел од кајмакот. Битно е дека си докажал дека знаеш и можеш.
Мој совет ти е парите да ги чуваш и да собираш донации за следниот проект 3д принтер. Си размислувал за некој кикстартер проект, терај ја работата во таа насока. Вака како што гласи насловот „за забава„ тешко за донации.

Offline garfild

  • Нов член
  • *
  • Posts: 40
Одг: Дрон за забава
« Reply #23 on: 02.08.2015, Sunday, 22:00:47 »
Еве неколку фотографии од одржано такмичење оваа година во радио командовани модели во Прилеп, можеби на некој ке му бидат интересни за гледање и инспирација за градба на модели.

Code: [Select]
https://picasaweb.google.com/106998410340492096266/Prilep20062015


« Last Edit: 03.08.2015, Monday, 23:01:54 by GigaWatt »

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Одг: Дрон за забава
« Reply #24 on: 02.08.2015, Sunday, 23:14:36 »
Овој проект го заживеа малце форумот. Одамна се нема некој проект постирано.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Дрон за забава
« Reply #25 on: 03.08.2015, Monday, 01:40:30 »
Дроновите не се ништо ново и кај нас во МК.Верувајте многу луѓе ги имат купено и воглавном ги користат за да прават снимки или како играчка. Еве овој го имам,ама не го користам,особено поради забраната.На два пати сум снимал концерт ,а еднаш го користевме каконосител на ЛЕД светилка за еден настан.Не е скап, само со стандардна батерија оди 6-7 минути не повеќе.

Code: [Select]
http://www.helipal.com/hubsan-h107d-x4-fpv-drone-2-4ghz-edition.html?osCsid=rvqni5mck2hkjkb3vpii6dfam1
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Дрон за забава
« Reply #26 on: 03.08.2015, Monday, 09:46:23 »
Со овааа тема се заинтересирав каде и како може да се добие дозвола и лиценца за пилот на дрон.
Некако не можам да најдам никаде каде се регулативите за добивање лиценца.

На страната на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Репубика Македонија, во делот на сите дозволи кои ги издава агенцијата не можев да најдам дозвола за беспилотно летало дрон.

Code: [Select]
http://www.caa.gov.mk/Upload/Document/MK/Licenciranje/Spisok-na-site-vidovi-dozvoli-noemvri%202014.pdf
Изгледа сеуште не е среден законот како што треба, ако грешам поправете ме
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Дрон за забава
« Reply #27 on: 03.08.2015, Monday, 14:15:10 »
Принципот е таков: одиш до Подрачната единица на МВР во општината каде живеете и барате Одобрение за користење дрон.Ке ве прашаат за која намена ,каде и колку долго ке го користите ( пример за фотографирање на младенците од 17-18 часот на хххх дата ),ке покажете документ дека сте  фотограф или некоја друга фирма која има допир со работата и ке ви дадат Одобрение за користење дрон за комерцијални сврхи. Не те интересира друго освен некој полицаец да не дојде (по кажано) и да не те глоби 300 ЕУ! 8)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline stru4nak

  • Нов член
  • *
  • Posts: 46
Одг: Дрон за забава
« Reply #28 on: 04.08.2015, Tuesday, 15:34:59 »
tubemkd мене ми фалат уште 130$ за да купам оригинален контролер со многу повеке функции малце се за разлика од тоа колку имам дадено за други  работи и глупости
еве линк од контролерот


 
Уште контролер и еден GPS модул (гпс-от е ефтин околу 15$ за него имам пари само не ми е потребен се додека не купам контролер)за да ги комплетирам двата дрона и тука завршувам со дронови за сеа
Сеа доаѓа на ред друг проект 3д принтер ако успеам да набавам делови и некој степер од циган пазар
Имаш намалување моментално 5 дена на контролеро(трансмитеро) 108долари
Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/item/2015-Radiolink-2-4G-AT9-Radio-Control-System-9CH-Transmitter-Receiver-TX-Transmitter-Bag-Easy-to/32299298566.html е иначе јас го имам Turnigy 9xr го купив 50Dolari + 45долари за модулот што се клава назад 35долари ресиверот достигнува доста солидни далечини исто многу добро е што можиш да смениш друг модул со UHF за големи далечини менување на софтвер и такви ствари. Што се однесува до моторите за квадкоптери хексакоптери итн не ти треба големи KV и со 600-1200KV ќе постигниш да нема тресење а и поголема носивост ако веќе не ти треба брзина

« Last Edit: 04.08.2015, Tuesday, 20:54:14 by GigaWatt »

Offline Ace894

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Одг: Дрон за забава
« Reply #29 on: 04.08.2015, Tuesday, 20:25:54 »
Го има радиолинк и на ебау за 104$ али за него е потребен уште еден модул за да има data telemetry и тоа се фаќа околу 130$
Иначе за мојот квадкоптер добри се и тие моторчиња но има многу вибрации со нив а сензорот неможе да одреди што е вибрација а што движење затоа имаше многу осцилации при што морав да активирам филтер за сензорот и сега е доста стабилен но проблемот е во мојот домашно направен трансмитер кој не ги дава истите вредности пример кога ке дигнам throttle на 50% некогаш ми дава 40% некогаш 60% внатре потенциметрите се од оние што ги има во обичните џоистици од playstation
Како и да е кога ке соберам пари ке го купам тој радиолинк пошо како што читав сегде и гледав најефтини се и се супер за тие пари
Баш гледав видео каде еден русин со овој радиолинк трансмитер лета на далечина од 4.4км без никакви додатоци на отворено без пречки