Author Topic: Помош околу дизајн со сензор за температура и влага DHT22  (Read 957 times)

Offline denis

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Здраво дечки потребна ми е помош треба да направам проект за температура и влага каде ке користам DTH 22 сензор кој ке комуницира преку паралелна порта со компјутер.Кодот ке треба да го напишам во асемблер.Можете ли да ми помогнете околу електрониката  за сензорот и комуникација со PC.
« Last Edit: 11.08.2015, Tuesday, 13:53:36 by GigaWatt »

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Тешко дека од Windows 64 битен дека ќе "излезеш" на паралелна порта па уште преку Асемблер, ама ај пробај баш ме интересира што ќе направиш. Ова ми личи на DOS -овски проект од девесеттите. Е, тогаш лесно се излегуваше на паралелна порта. За 32 битниот Windows постои начин преку C/C++ да излезеш на ППорт. Некој напишал добар драјвер ( inpout32.dll ) кој содржи само две run-time функции (влез и излез) но 64- биниот OS не работи со овој драјвер иако има некоја модификација. Мене не ми успеа.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Што помош ти треба ? Заглави негде при интерфејсирањето или сакаш некој тоа да го направи за тебе ?

Предлог: види како работи DHT22 сензорот - работата е многу слична како I²C. Види дали можеш да користиш пин од паралелната порта како Input + Output комбинација - за да можеш да комуницираш со DHT22-ката.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Се слагам со Муро дека ова е некој проект од деведесетите малце ќе биде проблем околу комуникацијата со LPТ портот. Прво кажи дали имаш на плочата LPT порт или користиш некаков USB-to-LPT адаптер? Ако е ова второто, тогаш од одма да ти кажам да се откажеш од идејата, пошто нема да ти работи. :) Тие адаптери се исклучиво за принтер и ништо друго.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Типувам дека му е за проект на факултет :-) Така да, сигурно нема да користи USB-to-whateva адаптер :)

Offline denis

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Точно се работи за проект на факултет и знам дека нема да мозам да користам адаптер туку преку I2C.

Споено мислење: 12.08.2015, Wednesday, 11:04:23
Дали некој е заинтересиран да ми помогне околу изработката на целиот проект бидејки неможам баш да се снајдам за сето тоа ке се договориме да платам.Пишете во порака.
« Last Edit: 12.08.2015, Wednesday, 11:04:23 by denis »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Сензор DHT22 на LPT1 ? Практично е неможно или ако е можно треба цел проект да се прави ,а тоа е скапо! Имаш поедноставни ( поевтини) решенија со Ардуино ,на пример .Еве отприлика вака нешто:
« Last Edit: 14.08.2015, Friday, 23:49:52 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.