Author Topic: Супер кондензатори - генијален изум или лоша батерија?  (Read 3975 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
[float=left][/float]Супер кондензаторите, уште наречени и Ултра-кондензатори или EDLC (Electric double-layer capacitor) се вид на електролитски кондензатори кои случајно беа создадени во лабораториите на GE (General Electric) уште во далечната 1957 година. Се работи за рана верзија на елемент базиран на технологија која подоцна ќе биде наречена нано-технологија. Тој е направен слично на електролитски кондензатор но со електроди направени од високо порозен јаглерод и засега таен (патентиран) електролит. Се карактеризира со екстремно голем капацитет, 50 до 500 пати поголем во споредба со капацитетот на електролитски кондензатор со слична големина.

  Веднаш по пронаоѓањето идеите за негова употреба биле воглавно за директна замена на батериите за полнење. Надежта била дека во иднина (за неколку години) ќе биде направено толкаво усовршување на порозниот јаглерод (зголемување на неговата ефективна површина) што овој елемент ќе може да ги замени во целост батериите со својот капацитет за дадената големина (густината на складираната енергија). Но, дали се случи тоа? Поминаа повеќе од 50 години од неговото откривање и супер кондензаторите сеуште не се ни блиску до батериите во густината на енергија која можат да ја складираат (најмодерниот супер кондензатор има густина на енергија од 30Wh/kg додека литиум-полимер батерија има околу 7000Wh/kg).

[float=left][/float]
[float=right][/float]
Ова значи дека освен за некои специјални намени (како на пример кондензатор за зачувување на меморијата кога ќе снема струја во уредите (слика лево) или како „пеглач“ на напонот за авто-засилувачите (слика десно)) овој елемент секогаш ќе остане релативно лош кондензатор и многу лоша батерија.

« Last Edit: 13.10.2014, Monday, 14:04:41 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.