Author Topic: Модификација на ламинатор за тонер трансфер  (Read 2235 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Скоро на сите им е позната тонер-трансфер методата за правење на печатени плочки. Доколку некој не знае, процедурата се состои од печатење на ласерски печатач на изгледот на печатената плочка на посебна хартија (за графоскоп, сјајна хартија од некое списание или мрсна хартија за печење) и потоа печатената страна на оваа хартија со помош на топлина се пренесува на чиста плочка со бакар. Најчесто за оваа критична фаза во припремата се користеше рамна пегла и со неа се пеглаше хартијата на плочката. Проблемот е што со пеглата најчесто се добиваа доста лоши резултати и мораше да се повторува постапката неколку пати дури трансферот да излезе комплетен.

Алтернативно решение со кое се добиваат многу подобри резултати е со користење на модифициран ламинатор за документи. Овде ќе биде опишана процедурата на модификација на еден кај нас достапен ламинатор и со користење на делови кои ги има кај нас.

Ламинаторот кој го купив е: Fellowes lunar A4. Можеби не беше евтин но битно беше да биде механички здрав за да може да издржи вметнувања на печатена плочка.



Модификацијата се состои од две работи. Првата и поедноставна работа е да се промени термостатот од 160 степени и да се стави термостат од 180 степени. Моделот на термостат што е внатре е KSD301, го има и кај нас и изгледа вака:



Втората модификација е да се успори движењето на моторот бидејќи за добар трансфер на тонерот плочката треба да помине многу бавно, т.е. да поминува неколку минути наместо неколку секунди.
За таа цел треба да се направи склоп кој го вклучува моторот многу кратко на секоја секунда со што се прави значително намалување на брзината на ролерите.

Шемата на овој склоп е следна:



Изработениот уред изгледа вака:



Со поставување на тримерите на средина се добива еден краток импулс секоја секунда со што плочката поминува три до четири минути.
Уредот се поставува на едната од жиците на моторот.

Бидејќи јас сакав да можам уредот да го користам и како ламинатор и како тонер трансфер уред ставив два прекинувачи кои едниот во вклучува термостатот од 160 степени (фабричкиот) или 180 степени (новиот) а другиот го премостува уредот за давање на импулси на моторот со што работи со полна брзина. Мојата модификација изгледа вака:

« Last Edit: 21.08.2015, Friday, 19:03:02 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Модифицираниот ламинатор склопен:

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Добра работа, како се покажа механиката кај овој ламинатор...? Некое време го меркам овој модел, можам да го набавам по големопродажна цена, ама уште се размислувам... ::)
Сега скоро модифицирав еден помал ламинатор што ми го дадоа, ги извадив термостатот и термичкиот осигуруваш и греачот го терам преку димер, со директно следење на температурата. На последната слика над запчаниците имаше метални опруги што ги притискаа надоле, ги извадив за да може да собере плочка внатре. Иначе пробав и со друг термостат, ама така премногу варираше температурата, изгледа овој греач има многу мала термичка инерција и брзо се лади, вака со димер е многу поконстантна температурата. Обично го возам од 200 степени па нагоре, неколку поминувања, после ни со нокт не можеш да го изгребеш тонерот... ;) ;D Ова со успорувањето на моторот ти е супер идеја, штета што оригиналниот се здроби на првото пробување, сега користам еден на 12V AC, со посебно напојување... ;)
Еве како изгледа:





Иначе фјузер од ласерски принтер би бил идеален за оваа намена, механиката му е доста поробустна од онаа на ламинаторите... 8)

Споено мислење: [time]21 Август 2015, 19:08:27[/time]
Еве ја првата плочка што ја направив со ламинаторот, совршен трансфер... ;) 8)

« Last Edit: 21.08.2015, Friday, 20:09:02 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Online Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Од каде може да се набави ламинатор кај нас ама по пристојна цена, знам дека во офисплус е 5000 денари, што е премногу за да го растурам и да го модифицирам. Пред некое време нарачав јас од нет ламинатор, го платив 1500 денари, сеуште не сум го модифицирал. Сменив термостат еден, ама немав да ставам од 180 степени, па ставив од 170 степени и го сменив температурниот осигурач, ако дојде поголема температура од 200 степени да изгори он а не греачот, е сега мерам со сонда и дава 175 степени дека е загреан ламинаторот, ама сепак пак не останува тонерот на плочката. Ќе пробам уште со регулацијата на движењето, можно е да е до тоа, зашто А4 формат плочка ја поминува за 1 минута што не е можно да е така.
Лордзи можеш да објасниш подетално како преку димер го тераш грејачот од ламинаторот :)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ќе ги откачиш термостатот и осигурувачот и ќе го го поврзеш греачот на мрежа преку обичен димер за сијалици, само треба цело време да ја следиш температурата за да не се прегрее и самоуништи...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Еве прв тест на ламинаторот и работи супер:



Да нема коментари зошто е испечатено криво ова беше само проба, готовиот засилувач ќе го постирам во соодветната тема за засилувачот со STK4048.

Колку за информација нацртот е печатен на сјајна хартија од женско модно списание и после плочката е потопена во вода за да омекне хартијата и потоа нежно ја подигнувате и доаѓа супер.
« Last Edit: 30.08.2015, Sunday, 21:45:35 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Добро изгледа, ваков ламинатор е многу корисна работа да се има... ;)
Борче, имаш ли пробано дали механизмот прифаќа двостран FR4+хартијата, се заедно околу 1,6-1,7mm...?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Сега пробав... прифаќа али едвај и тоа само на средина, значи за многу големи плочки може да прави проблем ама за помали е во ред.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Јас имам ламинатор, фабрички прифаќа можда 2,5мм.

Знам две еднострани плочки минуваа без проблем (една над друга), и тоа витропластот од алфа е прилично дебел.

А за тонер трансфер никогаш не сум го пробал. Фабрички оди до 160 или 180 степени не сум сигурен.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Сега пробав... прифаќа али едвај и тоа само на средина, значи за многу големи плочки може да прави проблем ама за помали е во ред.

Затоа и те прашав... :-\ И овој мојот исто се понаша, подебели плочки прифаќа ислучиво на средина, ако не се прешироки... ::)

Јас имам ламинатор, фабрички прифаќа можда 2,5мм.
Знам две еднострани плочки минуваа без проблем (една над друга), и тоа витропластот од алфа е прилично дебел.

Пиши марка или стави некоја слика, знам дека има професионални ламинатори А3 формат што прифаќаат таа дебелина, ама и цената им е соодветна...
« Last Edit: 31.08.2015, Monday, 08:43:18 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.


Вака нешто е од прилика, без дисплеј. Скапо го зедов, ама затоа си ја врши работата перфектно. Одма ги истадов парите првите месец-два така да сега и да фаќат прашина, не ми пречи.

Под капакот, валците кај шо се, држачите се со амортизери. Амортизерите со штраф се стегнати, па ако ги олабавам можда цела книга ќе можам да изламинирам, немам пробано максимум колку може. А целата метална е, немат гајле конструкцијата - јака е. :)
« Last Edit: 03.09.2015, Thursday, 08:09:32 by GigaWatt »