Author Topic: Изгорен трансформатор  (Read 1225 times)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Изгорен трансформатор
« on: 03.09.2015, Thursday, 17:38:15 »
Здраво на сите, пак јас со моиве зарзавати :)
Се работи за еден стабилизатор на напон со изгорен трансформатор, најверојатно од преоптеретување, би сакал да го премотам, ама ми делува доста комплицирано, посебно затоа што досега немам правено такво нешто, а не можам ни да му ги одредам точно кои жици се примарен дел, а кои секундарен дел.

Моделот е овој, само што мојот е 500VA, не како тој на сликата од 2000VA :
Code: [Select]
http://vmark-sunlogic.buy.chinapackagenet.com/iz524603c-500va-to-3kva-automatic-voltage-regulator-avr-stabilizer-with-short-circuit-images.html
Code: [Select]
http://www.ecbub.com/byp_2285680_Basic-Voltage-Regulator.htm
Доколку некој е во можност да ми помогне да ги идентификувам изводите, би било супер, досега најдов само еден излез, приклучен е директно на излезот, првиот на сликата од долна страна. Првата и последната жица се единечни, додека другите 4 жици се дводелни, т.е. имаат по две жици.

Слика од трансформаторот:



Слика од предната страна:



Исто полезна информација би била од каде да набавам жица и дали воопшто би било исплатливо да се премотува ова чудо, благодарам однапред.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #1 on: 03.09.2015, Thursday, 18:06:18 »
Фрлај ова, кутијата остај си ја, дргото се во канта, бакар имаш на кило во автокоманда, 700 денари е кило,ама тоа е најмал проблем. Како што изгледа и примарот е пепел направен, значи ке треба да моташ трафо од нула. Исто и јас вакво еднаш купив од кај ѓупцине под кале, мене ми беше за кутијата таква ми требаше, внатре имаше торус, беше разно мотан, треба на примар да му се донесува од 170 до 250 волти и со некои релиња го регулира и го спушта на 230 волти константен. Тешка глупост се овие уреди, најдобро е да го растуриш да не му се замараш ич :)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #2 on: 03.09.2015, Thursday, 19:36:38 »
Па и ја претпоставував дека не е исплатливо ни да се премотува, ни да се инвестира во друго трафо. А инаку и ја го земав од под Кале кај ѓупците за 200 денари :) очекував дека ќе има некој дефект, ама не дека баш трафото ќе му биде отидено :) тој па ми вика, абе слободно пробај го овде, гарант работи, и тоа стварно работи, ама за една минута можеш јајца да пржиш на кутијата :) за 200 денари тоа е. Инаку кога ќе видиш  бакар, па маката за премотување, па дали ќе биде како што треба на крај, а нови ги гледам по 2000 денари се ваквите. Од другата страна дури и балонче имаат направено намотките, така да целосно е спржено, нема здрав дел. Корисно ќе ми беше за лична употреба, на неколку пати се случува секундарно да ми снема струја дома и веднаш да дојде, па очекувам да ми страда некој апарат кога тогаш. Го загледав ова како евтина варијанта заради delay-от што го има, исто како и overvoltage protection. Знам дека имаше едно време на форумов некој склоп за таа намена, ама не можам да го пронајдам :S

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #3 on: 03.09.2015, Thursday, 20:20:52 »
Не бе какви работи кај нив нема исправни и да ти каже прбај го оди пробај го, зашто ваков уред се фрла само кога ќе изгори :) Мене сега во вторникот еден ми продаваше ваков уред, само 5 киловати мислам дека, абе не се подигасе од земја тоа, за 1000 денари :D цената кога ќе ја видиш одма знаеш дека е пепел направено внатре ;D

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #4 on: 03.09.2015, Thursday, 20:27:14 »
Леле, на ова трафо буквално цревата му излегоја  :o По муабетов мислам дека сакаш да кажеш дека сам сакаш да го моташ трафото, а бидејќи прашуваш како претпоставувам дека немаш некое искуство во мотање трансформатори. Батали тоа друже, нема да ти се исплати и да го моташ, плус и на динамолимовите душата им излезе. За да ти намотат ново трафо би те коштало скоро колку нов ваков уред, така да арно ти вели Hahahaha, растури го, а тоа што е здраво употреби го за нешто друго
Hams do it! With Frequency

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #5 on: 06.09.2015, Sunday, 19:27:21 »
Вака изгорено трафо 300вати, полнач за акумулатори однесов кај еден пријател...ми поклона ново и ме молеше да не го терам старото да го премотува :D

Така да тешко некој и да се нафати...

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #6 on: 07.09.2015, Monday, 15:29:21 »
Леле до сега не сум имал прилика да видам вакво нешто 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #7 on: 15.09.2015, Tuesday, 12:15:48 »
Хаха, баш ќе го размотам деновиве да видам што чудо е, како е мотано, па ако најдам жица може и ќе пробам да го премотам, чисто од љубопитност :) на вакви работи се учи најдобро ;)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Одг: Изгорен трансформатор
« Reply #8 on: 26.09.2015, Saturday, 22:36:35 »
Ама кога ќе го растураш број си колку намотки си извадил за и толку да намоташ кога ќе го правиш :)

Да се надоврзам и јас, пред некое време и јас најдов еден изгорен (стопен) торус. Кога го видов не му дадов надеж дека може да работи, ама после еден час работа испадна дека торусот е исправен. Еве неколку слики од тоа што го најдов до делот кога го средив :)



« Last Edit: 26.09.2015, Saturday, 22:57:07 by Hahahaha »