Страници: [1] 2 3   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: Проблем со LED телевизор Samsung LE40M91BX/XEC  (Прочитана 2841 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« пратена : 26 Септември 2015, 17:08:24 »

Луѓе, дајте некој совет како да го решам телевизоров, душа ми извади овие денови, не можам едно филмче на раат да изгледам, ми ја осветлува сликата, преовладува сина боја и некако црните делови од сликата се blurry, како степенасто да ги процесира некако со бранови, не знам точно како да го опишам ова. Одамна почна вака да ми ја прави blurry сликата, само сега додаде и сина боја плус, и тоа некако го изразува во некои хоризонтални линии, се надевам од сликите ќе видите за што зборам. Интересно е што кога го растурив, зачистив флетовите од панелот, преконтролирав напони од напојување сите си беа уредни, го оставив да се олади и после еден саат го склопив, кога го уклучив сликата беше јасна како ден, перфекција, пуштив одма едно Bluray филмче да гледам, кога на пола филм (најверојатно кога загреа) одеднаш се осветли сликата и пак  почна да ги покажува овие глупости. Истото се случува преку HDMI и SCART, и од кабловската истиот случај, единствено што не го пробав на аналогната. Дај посоветувајте што да му правам, ако воопшто може нешто да се направи, претпоставувам дека е некој ладен лем, само не можам да го локализирам никако, не знам од каде би почнал.





Инаку кога го земав телевизорчево, (го донесов од Германија) имаше проблем исто со сликата, се дуплираше долниот дел и се прикажуваше горе, пример преводот го има долу нормално, ама го има и во горниот дел, сменив некои надувани електролити во напојувањето, зачистив конектори, се среди во моментот, потоа се појавуваше на неколку пати истото, траеше по неколку саати или денови зависи, и ќе се изгуби преку ноќ како ништо да не било, тоа се среди, се нема појавено неколку месеци, сега ова...

Се работи за Samsung LE40M91BX/XEC
« Последна промена: 27 Септември 2015, 03:45:55 од GigaWatt » Сочувана
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1066


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #1 пратена : 26 Септември 2015, 19:35:56 »

Има ли вакво нешто.



А можеш ли да ги напишеш бараните податоци!
Пример

PROIZVODITEL:
MODEL: LE40M91BX/XEC
CHASSIS: Ознака на шасијата
MAINBOARD:
PANEL: (целата ознака на панелот како "LK315T200 V.xx)
T-CON BOARD:
SMPS (мрежа):
Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #2 пратена : 26 Септември 2015, 20:28:16 »

Благодарам на брзиот одговор Тома, сега ќе го растурам и ќе пишам се што е потребно.

ЕДИТ:

CHASSIS: BN61-02749A #1 D.J Веројатно е тоа оваа, ако не сум грешка...
MAINBOARD: BN41-00733D  плус на етикета стои: BN94-01065A 00073
PANEL: LTA400WH-LL1 нема додатни бројки
SMPS: BN96-04214A
TCON: 400WHC8LV1.3 колку што прочитав на нет, ова е најголем причинител на оваков проблем :S ист е како на сликата што ја имаш постирано. Ако треба ќе закачам уште слики од внатрешноста, не закачив сега да не задржувам работа.


Споено мислење: 27 Септември 2015, 12:10:43
Се скапав од барање, не можам да најдам service manual за телевизоров :S еве слика како изгледа од внатре.



Еве и од sticker-от на капакот, може и ова да е број на шасија, не знам баш точно да го најдам, веројатно е тоа SP01



А ова го немав забележано досега, пластиката околу левиот HDMI конектор е малку стопена

« Последна промена: 27 Септември 2015, 12:10:44 од Danielco » Сочувана
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1066


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #3 пратена : 27 Септември 2015, 19:56:48 »

Види дали оваа ќе одговара (внимавај сите од 0 до 6 симни ги)

SAMSUNG LE40M91B chassis GMD40SEU

Код:
http://www.eserviceinfo.com/downloadsm/60758/SAMSUNG_LE40M91B.html
Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #4 пратена : 27 Септември 2015, 22:11:13 »

Ја имам оваа околу 20мб е, ама не одговара, за друг модел е, ни на сликата што ја има во неа, тв-то не е исто, недостасуваат кулери и други ствари.
Сочувана
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1066


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #5 пратена : 27 Септември 2015, 22:58:19 »

А кој дел од шемата ти треба !
Еве помала
Код:
https://drive.google.com/file/d/0BwMEltpQoOp6enZ3NHcxNGhWbVk/view?pli=1
Еве и слики
Код:
http://tv-servis-tv.ru/le40m91b

Проблемот треба да е во T-con или Panel (матрица), и што се проблем вентилаторите (кулерите)!.
Цитирано
A picture would be nice. Is it rainbow lines without any video information on the screen? Try going to a non-HD input and see if the lines change width when you change the aspect ratio (normal to zoom). If they move it is the video process board. If they don't it is the TCON board.
Код:
http://www.avsforum.com/forum/166-lcd-flat-panel-displays/1205161-rainbow-color-lines-lcd-screen.html#post17698741

« Последна промена: 28 Септември 2015, 04:17:04 од GigaWatt » Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #6 пратена : 28 Септември 2015, 08:46:34 »

Тома, дефинитивно е нешто во T-CON-от, вчера ги прелемив четирите чипови, трите конектора и околните помали чипови, еве го работи тв-то од вчера не е изгасен, нема појавено сина боја, единствено на темни позадини, знае да измеша бои, нема чисто црна, туку како степенасто ги дава неколку бои со највеќе зелена, освен тоа сликата е перфект. Не знам дали да и го направам истото и на матичната :S
Инаку и во сред работа го прегревав со фен, ама не се смени сликата воопшто, што значи не би требало пак да се појавува истиот проблем (веројатно).
Ќе морам и да му измислам некој вид на директно ладење, ова што го има моментално е за никаде, нонстоп гори тв-то кога ќе го допреш капакот од горе, а перкиве сироти само бадијала вртат и бучат...

П.С. еве како изгледа сега

« Последна промена: 28 Септември 2015, 21:44:35 од GigaWatt » Сочувана
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #7 пратена : 26 Декември 2015, 02:45:47 »

Пак јас момци Смешко по се изгледа го најдов проблемот, само што појма немам кај да најдам во МК ваков конектор, во кина го има, ама треба да го чекам еден месец. Ако некој има ваков конектор или знае каде да најдам, нека каже, ќе си платам колку е потребно.

51PIN
0.5mm pitch
JAE



Код:
http://www.aliexpress.com/item/p-two-LVDS-connector-pitch-0-5-51P-horizontal-alternative-JAE-FI-RE51S-HF-R1500/32482348151.html
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12486


Не фалширам


« Одговор #8 пратена : 26 Декември 2015, 04:48:43 »

Секогаш ја има опцијата да лемиш жичка по жичка директно Зеленко Зеленко Зеленко.

Шала на страна, мислам дека ова е најдобра опција. Тие пинови не се за џабе изгорени. Неколку жички се врзуваат за ист вод, изгледа се напојувачки пинови.

На крајот на краиштата, може само нив да ги преспоиш Шмекерко, да не купуваш цел конектор за џабе. Број од десно на лево (според сликата) и види кои се водовите, прекини ги, заедно спој ги едните па другите (две групи се колку што видов), пушти две подебели жици (од ATX-ови ќе завршат работа Шмекерко), изгреби ја плочата и директно залеми ги за штампата, види да не си направил некој спој, провери убаво, пушти го и моли се да не мириснеш нешто изгорено Зеленко.
« Последна промена: 26 Декември 2015, 04:52:11 од GigaWatt » Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #9 пратена : 26 Декември 2015, 11:39:20 »

Знам бе друже и јас го гледав тоа како опција, само што немам веќе нерви за телевизоров, ме служи исто како една застава 101 што ја имав, повеќе време поминував под хауба отколку во кабина Смешко во сред зима морав да сменам менувач надвор на отворено, бубрези ме искинаа Смешко а кога ќе размислам подобро, ако нешто случајно направи прц прц во T-CON-от, кај да го најдам па него после, испод 100 евра ги нема, и тоа половни. А всушност јас би купил и цел T-CON ако го има кај нас некој за добра цена, најубаво така би било затоа што проблемот со чипот пак ќе остане :S

А во право си дека се напојувачки пинови, 5 пина од десно се VCC, до нив веднаш е GND, и таму биднала зафрканцијата, само не можам да експериментирам, конекторот и внатре беше стопен, па земав го извадив дури да најдам замена.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12486


Не фалширам


« Одговор #10 пратена : 26 Декември 2015, 18:21:37 »

Добро, барем на топло ќе бидеш кога ќе го поправаш телевизоров Зеленко.

А за конекторот, ништо, ќе си го залемиш пак Зеленко. Само скини ги напојувачките пинови, GND и другите до нив Шмекерко. Лесно се кинат, само свиткај ги еден по еден со тенко ноже или скалпел нагоре и после малку горе-долу виткај ги и ќе се скинат Шмекерко. За останатите, земи калафониум и калај и стопи го со леткум врз редот од контакти на плочката, нема да има спој меѓу пиновите и ќе бидат добро калаисани Шмекерко. Малку работа со SMD лемна станица и леткум потоа и завршена работа Шмекерко. И потоа, на ред се жичките Шмекерко.
« Последна промена: 26 Декември 2015, 18:28:25 од GigaWatt » Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
LordZi
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 3182


I'm gonna live forever or die trying...


WWW
« Одговор #11 пратена : 26 Декември 2015, 18:36:37 »

Може и некоја друга мака да има освен конекторот, чим протекла толкава струја за да се стопат контактите.
Сочувана

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio
batka
Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 9502


оптимист до крај!


« Одговор #12 пратена : 26 Декември 2015, 18:55:39 »

Да,ако е некој или некои сегменти во краток спој може да се повлече појака струја и да дојде до горење на конекторот.Тоагаш бадијала ке бараш и купуваш.Решение е директно лемење,па да видиш дали ке има проблеми и дали ке гори нешто.Ако водовите се греат веројатно имаш краток спој во панелот и решение е само нов панел.
Сочувана

Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12486


Не фалширам


« Одговор #13 пратена : 27 Декември 2015, 18:03:55 »

Може и некоја друга мака да има освен конекторот, чим протекла толкава струја за да се стопат контактите.

Можно е и само Кинеска направија да е во прашање... кој го знае... можно е и да преспоиле према маса, T-CON-от се поставува врз алуминиумската шасија на панелот, можно е да допреле на алуминиумот. Јас би пробал со преспојување, да видам како ќе тера. Ако тера, склопувај Шмекерко.

Исто така, на T-CON-от најчесто нема електролити, ама напојување зема од CPU board-от. Не е лошо да провери да не има и некои суви електролити на таа плочка. Дури и ако се solid state електролитски кондензатори, нека ги измери, еднаш имам менувано такви, нели, као демек, не се сушат, solid state се, арно ама, при мерење, излезе дека некои од нив се малку суви и затоа не сакал да „тргне“ мониторот :S.

И провери дали некои од чиповите на T-CON-от имаат прегреани контакти (дали се сиви). Ако има, прелеми ги со калафониум и SMD лемна станица.

И ако работи се како што треба, откако директно ќе ги прелемиш контактите, остави го така некое време да работи телевизорот, ама дај му сигнал (значи да не прикажува само сина слика, no signal). Ако уште работи после час или два, допри ги чиповите на T-CON-от, види дали прегреваат. Ако се од долната страна на T-CON-от, исклучи го од работа и преврти го за да можеш да ги допреш.

Да,ако е некој или некои сегменти во краток спој може да се повлече појака струја и да дојде до горење на конекторот.Тоагаш бадијала ке бараш и купуваш.Решение е директно лемење,па да видиш дали ке има проблеми и дали ке гори нешто.Ако водовите се греат веројатно имаш краток спој во панелот и решение е само нов панел.

Можно е да проба и да го расклопи панелот и да види дали контактите од LCD панелот се некаде прекршени и дали префрлуват према маса. Можно е да се поправи и ова... зависи на кое место се прекршени flat-чињата од T-CON-от према LCD панелот.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
batka
Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 9502


оптимист до крај!


« Одговор #14 пратена : 27 Декември 2015, 19:59:18 »

Штом толку грее дисплејот,веројатно некој сегмент или сегменти се краткоспоени на маса.Прелеми го и исчисти го конекторот  да не е таму спојот ( многу често!).За отворање на панелот - не препорачувам,ако немаш искуство.
« Последна промена: 27 Декември 2015, 21:55:33 од batka » Сочувана

Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.
Страници: [1] 2 3   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: