Страници: 1 [2] 3   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: Проблем со LED телевизор Samsung LE40M91BX/XEC  (Прочитана 2846 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #15 пратена : 27 Декември 2015, 22:20:06 »

Дечки, да ве поштедам од нагаѓање, грешката е во конекторот 102.5%, убаво го прегледав конекторот и увидов дека од недостаток на нерви и време, не сум ја очистил добро пастата од лемењето и баш таму биднала бељата, а може и некоја пуцна калај останала. Така да сигурно не е до Т-CON-от, имаше слика кога бидна ова и одма го исклучив. А ич не сакам да импровизирам пола контакти да одат преку конектор, а пола директно, со самото тоа треба да го оштетам LVDS кабелот кој после ни сам бог не може да го најде, едвај го најдов на некој Италијански сајт и тоа по цена од 60 евра, а да пуштам директно кабли од конекторот од матична не ми изгледа во ред, нити саглам работа, подобро ќе почекам еден месец отколку да измислувам топла вода, ако не бидне работа со новиот конектор, време е за нов телевизор, а овој ќе лета за делови Cheesy

Не знам дали прочитавте поназад, пишува дека се прелемени сите чипови и конектори на T-CON плочата.

Пред неколку дена ми изгоре рисиверот чкартен од кабелската, само беше прашање на време кога ќе направи вакво нешто, ги однесе и HDMI влезовите со него, само тој беше приклучен, па ајде го средив тоа фино лепо, заштитните зенерки беа отидени, го оставив да работи, топ си беше, го поврзав и со компјутер и со кабловска и аналогна и дигитална, го злоупотребив до максимум Cheesy
Не знам ни ја што ѓавол ме тераше да го пипкам T-CON-от, ај викам прошлиот пат не го прелемив целосно, па веќе кога е отворен телевизорот, ај и него да го фатам, и ете, си направив нов проблем Cheesy
Инаку панелот го растурив уште кога ја отворив темата, изгледа како нов, сите флетови светат ко сега да излегле од фабрика и не се ни потемнети нит ништо, немаше промени ни на греење ни на допир, се си функционираше добро до сега, освен тој проблемот со ALTERA процесорот што ги подмешуваше боите понекогаш, ама ете кога си немал ѓаволот работа... Cheesy

Чиповите (RAM-от), се камен ладни при работа, ама затоа ALTERA надокнадува за цела плоча, грее ко ќумбе, ќе видам ако не најдам друга плоча и ако се среди со конекторов, ќе ја носам на reballing.

Штом гори конектор, според мене 90% е до него, или нема добар контакт, или има премногу контакт како во мојот случај Cheesy или па е најслаба карика во системот што се однесува на останатите 10%.

Ме интересира како функционираат сервисиве, кого и да прашаш, нема конектор, ова она, тешко, вака така.... Па утре ќе му дојде ваков телевизор на сервис, што ќе прави, ќе леми жички или ќе чека конектор еден месец Cheesy
Сочувана
batka
Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 9502


оптимист до крај!


« Одговор #16 пратена : 28 Декември 2015, 01:19:50 »

Е,па ,колега,требаше ова да го кажеш на почеток ,во  првиот постот !! Грешката ќе те чини повеќе од 60 ЕУ.Сепак,јас би лемел директно еден  кабел и  би ја решил така ова *фамозна* грешка.ALTERA е веројатно проблемот,пробај со reballing ,ама тоа не е трајно решение.Стави кулер директно на него.За нова плоча...Молам? Не знам дали би ја нашол и колку би те чинела- можеби подобро нов ТВ да бараш! Зеленко
Сочувана

Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #17 пратена : 28 Декември 2015, 01:36:07 »

Штом гори конектор, според мене 90% е до него, или нема добар контакт, или има премногу контакт како во мојот случај Cheesy или па е најслаба карика во системот што се однесува на останатите 10%.

Јас ќе се обложам на поддимензионираност на број на напојувачки контакти... едноставно лоша проценка (пресметка)... а можно е и да е во прашање тоа што кажа, дека ти паднало некое топченце калај на тоа место Зеленко.

Ме интересира како функционираат сервисиве, кого и да прашаш, нема конектор, ова она, тешко, вака така.... Па утре ќе му дојде ваков телевизор на сервис, што ќе прави, ќе леми жички или ќе чека конектор еден месец Cheesy

Сервисите не зе замараат. Ако е во гарантен рок, му даваат нов, ако успее муштеријата да се избори за тоа (Превртување со очи), ако не, ќе си чека месец и кусур за нов конектор.

Колку што имам забележано, кај овластениве сервиси, вака иде муабетот: ако не се електролити, не се замарам - ако е во гарантен рок, RMA; ако не е, не се прави. Само за телефони се замараат... не поради друго, најубава пара се зема од нив, ситни се и скапо е да се поправаат... еве, пример, замена на стакло од touch дисплејот може да чини и до 6, 7 илјади... зависи каде ќе прашаш и зависи што телефон е.

Јас сепак би пробал само со преспојување на напојувачките контакти. Не мораш да го сечеш кабелот, може директно од CPU board да пуштиш две засебни кабелчиња, без да го оштетуваш flat-от Шмекерко. Практично, тие пинови од flat-от, ќе бидат нефункционални, само така ќе си стојат Шмекерко. Единствено што ќе оштетиш е дел од заштитниот слој на штампата на T-CON-от и CPU board-от.

Јас не би се замарал да нарачувам конектор. За тоа време за кое ќе ми стигне конекторот, нема да знам како сум го расклопил телевизорот, а камо ли како да го склопам назад Зеленко. А башка што најверојатно само пари ќе фрлам за џабе. Тие конектори се ставаат само за побрзо склопување на телевизорот и за да може различни производители да користат панел од ист производител... друга функција немаат. Така да, ако не ме мрзи, јас би прелемил се... и онака најверојатно пак нема да го расклопуваш, ако пак се расипа, се знае, кантата Зеленко.

А за процесорот, едно мало ладилниче врз него и решен проблем Шмекерко. Може да искористиш ладилник од northbridge од оние што се монтираа со челични стеги Шмекерко. Ако не го собира во кутија цел, го сечам до потребната висина Шмекерко. Така имам преправено неколку SOC-ови на различни уреди. Последно беше Set-Top Box, од ние од One што беа, белите Шмекерко. Кутриот, прегревал и почнал да губи контакт, па укочува сред работа Зеленко. Го дувнав чипот, му ставив ладилник од nortbridge и ене го, неколку месеци, ни сецка ни укочува, супер си работи Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #18 пратена : 28 Декември 2015, 16:31:38 »

@batka

Јас сепак се надевам дека нема да ме чини толку  Зеленко
Инаку еве колку чини нова
Код:
http://www.aliexpress.com/wholesale?catId=0&initiative_id=AS_20151228065951&SearchText=400whc8lv1.3
Имам видено како е фино изведено со heatsink и плус вентилатор монтирано на него, само не можам да ја најдам сликата.

@GigaWatt

Најубави пари се земаат од вакви дефекти што никој не сака да ги прави, само да направиш баланс измеѓу цена на нов телевизор, друг T-CON и да си го цениш трудот, но не да бидеш апаш Зеленко
Еве сега пример некој да ми понуди reballing за, да речеме 3000 денари, дали не ми се исплати да прифатам? На искусен мајстор не би му требало повеќе од 2 часа, еве 3 нека се за да ја направи поправката. Тројца како мене денес да има, ете му 9000 денари, а ќе има и повеќе со сигурност. Само тоа е незгодното кај нас, сакаме леб без мотика, сите бараат да работат што помалку, а да заработат повеќе, тука единствено народот губи трошејќи пари без потреба, само тоа е веќе друга тема Зеленко

Ти викаш конекторите се ставаат за полесно склопување, и да, во право си, ама тој конектор ти ја олеснува работата и за сервисирање, зар не? Што ако сите контакти беа залемени и без конектори, иди па сервисирај го да те видам Зеленко
А за заборавање, па и нема што да се заборави, единствено има 4 штрафчиња од T-CON-от, два флета, еден LVDS кабел да боцнеш и капак да заклопиш и заштрафиш Зеленко
Само да се ослободам малку со време, и еве ќе ви направам мерак ќе пуштам жици директно од матична, па што биде нека биде, иако не сакам така, затоа што знам дека така ќе остане Зеленко
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #19 пратена : 28 Декември 2015, 21:55:09 »

Најубави пари се земаат од вакви дефекти што никој не сака да ги прави, само да направиш баланс измеѓу цена на нов телевизор, друг T-CON и да си го цениш трудот, но не да бидеш апаш Зеленко

Не верувам... можеби си во право, но од моето досегашно искуство, на луѓето им е поважно да имаат нов, убав, скап и исправен телефон отколку да имаат исправен телевизор. Освен тоа, колку е стар овој телевизор? 5, 6, 7 години? Ехееее, повеќето ќе си кажат „Ајде, си го отслужил своето, ни илјадарка не давам за него, ајдеееее, во канта, ене кај е AMC, за 10 илјади има нови со триста тракатанци на нив“.

Според мене, пројде времето на сервисирање на домашна опрема (телевизори, системи, ова она). Само телефони се исплати да сервисираш... особено кога ќе ти дојде некој со Samsung од 700 евра што го купил пред 5 дена, а вчера му паднал Зеленко... да видиш како ќе фрли и 200 евра да го оправи Шмекерко. Со телефониве работа има колку сакаш, само да имаш нерви да работиш под „микроскоп“ Зеленко... јас немам.

Ти викаш конекторите се ставаат за полесно склопување, и да, во право си, ама тој конектор ти ја олеснува работата и за сервисирање, зар не? Што ако сите контакти беа залемени и без конектори, иди па сервисирај го да те видам Зеленко

Петти пат нема да го отвараш, така Зеленко? Што има везе како се врзани CPU board и Т-CON Шмекерко? Среди ги сега сите проблеми, стави ладилник на чипот (не мора кулер), прелеми ги само конекторите за напојување (ајде еве, не мора сите, лесно се одлемуваат два контакти, нели Шмекерко) и тоа е тоа. Дури и ако треба пак да го отвораш во иднина, најверојатно нема да биде за проблем со T-CON или CPU board, најверојатно ќе треба да менуваш електролити во напојување, а тоа не е директно залемено со жици за CPU board, така да, што има везе, нема ни да ги отшрафиш T-CON и CPU board Шмекерко.

Ова не е компјутер, па ај, сакам да му ставам друг RAM, па да мора да има слот, а не лемени жички со DIMM-от Зеленко. Поентата е, го правиш и забораваш. Затоа, ако го правиш, прави го да не мора да го отвораш по шести пат Шмекерко... барем не за истиот проблем.
« Последна промена: 28 Декември 2015, 21:57:00 од GigaWatt » Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
batka
Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 9502


оптимист до крај!


« Одговор #20 пратена : 28 Декември 2015, 22:50:40 »

Е,убаво ти одговори ГигаВат! Ладен Ладен За сервисерите - најдобро на друг не му  прави рачун!! Молам? Не е се така розово,затоа и се помалку серисери има.А ,за цената на нова плоча и  за цената на ребајлингот - што е многу многу е! Земи најди некоја дувалка и продувај го,па стави му кулер,како ти кажавме - можеби нема да грее току кога ке ги прелемиш водовите. Ако е тогаш во ред,затвори го и не му ја мисли! Ако не - во канта и оди за тие пари колку ја рачунаш поправката ,купи си нов ТВ.
Сочувана

Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1197


« Одговор #21 пратена : 30 Декември 2015, 19:01:06 »

Кога одев на пракса минатато лето во еден друг сервис да не го именувам сега тука доста научив како се поправаат како се прелемува се убаво конектори како се менуваат на вакви слични телевизири.Имаше еден ваков телевизор и дури газдата го направи тоа што го вика гига што ќе чекаме месец дена конектор пуштање кабли од CPU и директно се залеми решен проблем и истото го рече не е ова матична па RAM да мењаваш конектор да има.Инаку многу сте во право сите за тоа сервисерине баш така се одвиваат работите јас помлад па го заклучив истово а не вие со толкаво искуство зад вас.Што вика Гига сега само телефони тие што се разбираат и имаат нерви профитираат полни се сервисите Ладен Зеленко
« Последна промена: 30 Декември 2015, 19:03:18 од nsu » Сочувана

Talk Hard Steal The Air
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #22 пратена : 19 Април 2016, 14:56:35 »

Дечки, ја решив ситуацијава. Нарачав ново конекторче од Кина, го наместив, ја фатив и Алтерата од T-Con-ot  ја прекуглав во домашни услови, си реков или ќе го фрлам или ќе го оправам Cheesy

Фала богу, се излезе во ред и тв-то си работи без проблем, сега дури и нема потреба од додатен ладилник бидејќи не грее чипот толку, може нормално да се држи со рака и при највисока резолуција, сепак ќе ставам некое ладилниче за секој случај, а ќе постирам и слики од процесот на поправката само да се ослободам малку.
Дури сега забележувам колку поживи и подречливи бои имал овој телевизор, досега се некако испрана слика даваше, без премногу детали, сега репродукција на Blu-Ray е чиста уживанција, да ти е мерак да гледаш.

Ова риболингов интересна работа било бе Cheesy додуша чипот налегна малку повеќе од едната страна, меѓутоа така е кога имаш кинески Warp 9 стенсили и стар стврднат калај во паста, не излегуваат баш сите куглици исто. Ако во меѓувреме има некој проблем, а претпоставувам дека ќе има после некое време, ќе земам ке го прекуглам со нормални калај кугли од 0.6мм.

Како и да е, одлично едукациско искуство беше ова, ќе се најде некогаш во животов Смешко

Благодарам за одговорите и помошта на сите, и се извинувам што ми требаше толку време да одговорам, сепак чекав делови а и бев зафатен со обврски, се надевам нема да ми замерите.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #23 пратена : 19 Април 2016, 19:34:06 »

Фала богу, се излезе во ред и тв-то си работи без проблем, сега дури и нема потреба од додатен ладилник бидејќи не грее чипот толку, може нормално да се држи со рака и при највисока резолуција, сепак ќе ставам некое ладилниче за секој случај, а ќе постирам и слики од процесот на поправката само да се ослободам малку.

Ладилниче задолжително... не поради друго, можно е втор пат reflow или reballing да не фати. Контактите од долната површина на чипот внатрешно се врзани со контактите на чипот со многу тенки златни жички. Ако на повисока температура си го изведувал reflow-от (што е скоро секогаш случај во домашни услови, кога се прави reflow со обична SMD лемна станица, со „од око“ надзор на температурата на површината на чипот и плочката), често се случува некоја од позлатените жички делумно да се стопи во внатрешноста. Чипот ќе работи, но ако reflow-от не е изведен како што треба или ладењето не му е подобро од претходното (фабричкото), можно е повторно да треба да му се прави reflow или некој од делумно стопените златни жички целосно да се стопи и да се изгуби контакт. Во првата ситуација, ако треба по втор или трет пат да се прави reflow, на вториот или третиот пат, некоја од овие делумно стопени златни жички, сигурно целосно ќе се стопи и ќе изгуби контакт и чипот е... практично исправен, но може слободно во ката да го фрлиш :S. Во втората ситуација, ако настане топење на делумно стопената златна жичка поради повторно прегревање на чипот, имаш ист проблем како во првиот случај: чипот најверојатно е исправен, но дури и ако пак направиш reflow, нема да работи чипот. Наједноставно решение во ваква ситуација е целосна замена на чипот... под услов да не е прескап и да е некој вид на SoC и да има и EEPROM со софтвер во него, што подразбира и репрограмирање на софтверот во него и... практично е неисплатливо... барем не за волку стар телевизор.

Некое ладилниче од стар northbridge од PII или PIII или евентуално некој понизок ладилник од понов northbridge (LGA775) би дошлo супер Шмекерко. На крајот на краиштата, каков и да најдеш, ако не го собира во висина, секогаш можеш со шмишајбна да го скратиш до адекватната висина Шмекерко.

Најпрактични, барем според мене, во вакви ситуации се оние ладилни тела со челични куки од краевите, како на сликата подолу. Често може да се најде слободно место на плочката за додавање држачи за куките, а и не мора да се баш на точно растојание од чипот, може и да ги подвиткаш челичните држачи со куките во случаи кога не е можно баш симетрично да се постават држачите за куките на плочката Шмекерко.



А инаку, не знам зошто reballing си правел. И со reflow со RMA-223 најверојатно истиот ефект ќе си го постигнел, но, ти си знаеш Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #24 пратена : 21 Април 2016, 14:43:52 »

Вршев мониторинг на температурата, колку-толку прецизно, не преминав 230 кога го вадев, а за назад со оловниот калај над 200 не отидов, и таму се задржав доста кратко, неколку секунди, мислам јасно ми е дека сте повеќето професионалци овде (во позитивна смисла), ама не сум ни ја за фрлање, ми текнува по нешто Зеленко може имам професионална Infrared страница, само ја работам во домашни услови, меѓутоа иако ја немам, не донесувај заклучоци пребрзо Шмекерко Јазик

Чипов не вреди да се купува, ем е скап, ем треба да се програмира, барем така мислам ако памтам убаво од тоа што гледав пред некој месец, некој ASIC мислам дека беше, или така нешто, стварно врска немам. Има EEPROM на плочата, ама не сум сигурен за чипот.

Ладилниче ќе му ставам секако, тоа и ми беше во план точно како што е на сликата, имам малце сомнежи дека ако е многу силен федерот, ќе ја стиска плочката надолу бидејќи е доста фрагилна и витлива, ама ќе му најдам чаре и на тоа, малку ќе се попуштат куките чисто колку да допира ладилникот до чипот, термалната паста ќе си го заврши своето, а плус и ќе додадам термокондуктивен материјал позади плочката, т.е. помеѓу плочката и панелот. Да бидам искрен, се мислев едно време и за оние ладилничиња што се со самолеплива термална лепенка, ама тоа би било хаос доколку некогаш има потреба да се вади (секогаш размислувам на подолги патеки), дури и ако погрешно го залепиш нема вадење, барем не без штета, така да ќе одам на оваа верзија со алки и федер од некоја матична, барем тие ги имам за извоз.

Reflow со RMA-223? Дали вреди телевизорот или не, според мене Reflow е губење време и одлагање на проблемот, и сам добро го знаеш тоа, кога тогаш пак ќе излезе дефектот, а џабе работење ич не ми е по мерак, ако се прави нека се прави како што треба, секако е подобро да се очистат сите контакти и да се замени безоловниот со оловен калај кој е поотпорен на температурни промени, т.е. не е толку крут, па ќе има можност за температурни физички варијации во иста бранова должина со плочата и чипот.

Еве го моето мислење за Reflow и Reballing, има понекоја грешка или глупост лупната тука и таму, па се надевам нема да замерите туку ќе ја согледате поентата.

Код:
http://forum.it.com.mk/threads/reballing-reflow-i-mitovite-okolu-niv.55896/

Уште еднаш ви благодарам на сите за одговорите и помошта Смешко
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #25 пратена : 22 Април 2016, 07:54:47 »

Вршев мониторинг на температурата, колку-толку прецизно, не преминав 230 кога го вадев, а за назад со оловниот калај над 200 не отидов, и таму се задржав доста кратко, неколку секунди, мислам јасно ми е дека сте повеќето професионалци овде (во позитивна смисла), ама не сум ни ја за фрлање, ми текнува по нешто Зеленко може имам професионална Infrared страница, само ја работам во домашни услови, меѓутоа иако ја немам, не донесувај заклучоци пребрзо Шмекерко Јазик

Не, не донесувам заклучоци пребрзо... поентата ми беше следна: повеќето „домашни сервисери“ немаат на располагање повеќе од некоја Кинеска SMD лемна станица како алат за вакви работи (вклучувајќи ме и мене Зеленко), а само со неа тешко е прецизно да се определи која е температурата на површината на чипот и плочката, така да... тоа ми беше почетната точка за претпоставката Шмекерко.

Reflow со RMA-223? Дали вреди телевизорот или не, според мене Reflow е губење време и одлагање на проблемот, и сам добро го знаеш тоа, кога тогаш пак ќе излезе дефектот, а џабе работење ич не ми е по мерак, ако се прави нека се прави како што треба, секако е подобро да се очистат сите контакти и да се замени безоловниот со оловен калај кој е поотпорен на температурни промени, т.е. не е толку крут, па ќе има можност за температурни физички варијации во иста бранова должина со плочата и чипот.

Мислев на флуксот, RMA-223, најчесто користен за залемување на SMD, иако за SMD подобра работа врши калафониум од RMA-223, но може и тој да се користи, но при reflow, најдобра опција е RMA-223 како флукс. Имам пробано и со еден друг, не ми текнува сега кои му беа ознаките, но не се покажа баш толку добро.

А за тоа дека reflow е само одложување на решението... зависи. Ако ставиш подобро ладење на компонентата (што не е случај кај лаптопите), најчесто е перманентно решение. Еве, на пример, сум средувал и некои графички картички со пасивно ладење, по reflow и додавање на кулер, ниедна не ми вратиле пак назад како дефектна Шмекерко. Слично е и во оваа ситуација, ако додадеш добро ладење, нема да има проблем, чипот ќе си тера и само со reflow Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #26 пратена : 22 Април 2016, 12:04:09 »

Види, калафониум немам користено да бидам искрен, ама за смд, па и за нормално лемење на trough-hole компоненти понекогаш, рма-223 не е воопшто лош, иако го користам кинескиот, нели Зеленко
Го немам пробано тој NC-559 гледам го фалат, ќе мора и такво да набавам, да видам што чудо е. Во главно РМА-223 го тестирав на колку степени станува неупотреблив, тера докај 260-70 без проблем, после тоа испарува, фаќа кори и слично, а за нормален reballing или rewflow нема никаков проблем. Ја неретко го користам и за нормално лемење, едноставно ми се свиѓа каков сјај му дава на лемот.

А имам и ја печено графички, некогаш со флукс, некогаш и без. На една дури двапати и правев reflow, ама после месец два користење пак истиот проблем. Некои па и јавуваат coil whine при терет, не вадат коцки на монитор, него едноставно греат повеќе и цвичат. Ако е оксидиран некој вод, мислам дека ни reflow ни било каков флукс не го спасуваат. Оно и калајот после некое време станува неупотреблив, со оглед на mass production, знај дека не треба да се очекува некој врвен квалитет на компонентите. Поготово па оние карти што немаат bracket одзади, за тие знај дека не тераат ич долго после некоја интервенција на нив. Ок, игра улога и тоа дали се прави у домашни услови како нас, или на саглам станица. Али имам едно пријателче што работи во сервис и секојдневно се соочува со такви проблеми, вика reflow е буквално глупост, колку пати ми се имаат враќано назад, и веќе не правам такви заебанции, освен да видам дали ќе проработи, т.е. дали е до тоа проблемот.

Си ги видел русите што прават? Порачува чип од странство, му стига со куглици на него. Вика не, мене не ми е сигурно колку стар и каков е тој калај, ќе си го прекуглам сам па ќе го местам.

А тоа дека не ти имаат вратено ниедна, не ми имаат вратено и мене, има и друга страна на прикаската. Може човекот не сака веќе да ја прави картата, или нема веќе доверба во мајсторот, сеедно, може да има милион причини. А и во денешно време кога се ефтини деловите, кој ќе ти плати да речеме 2-3000 денари за поправка кога ќе најде друга карта за тие пари.

Инаку за мобилните телефони, викаш дека има пари во тоа. Ок, има, не викам не. Ама да речеме дека ти му наплаќаш 200 еври за поправка, уствари му мењаш матична или дисплеј со тач, тоа ја не го рачунам како поправка, него како продажба и замена на делови. И ти мораш да го платиш тој дел дебело, колку ќе наплатиш ти за себе, кога ќе тргнеш настрана царини, ддв, транспорти ова она? 30 евра? А да не спомнувам и тоа што те чека пипава работа од неколку часа. Кај е тука огромната конкуренција на пазарот со мобилни?
4 пати ми менуваа тач на мобилен во Мегамобил, и никако да се погоди да работи затоа што не е оригинален, и после еден месец се откажаа, ми го вратија телефонот со скршен тач. Дали вреди таа заебанција и за нив и за мене?

Батка ми вика да не му правам рачун на друг. (Батка ми личи на лош чичко наставник што тегне за бакембарда и маа чушки ако не се слагаш со него Зеленко ) Не му правам на никого рачун, само го користам она што другите го отфрлаат како неисплатливо. Пријател инженер, со неколку вработени електроничари под негов надзор, ми носи километража од априлиа мотор, неговите електроничари рекле дека е неисплатливо да се прави, можело три дена да се поправа и пак да не работи на крај. Вика дај молимте види дали можеш да ја оправиш, нова кошта 250 евра. Пробале со исправувач за камиони со quick boost да го запалат моторчето, и биднало што биднало.

Мене не ми требаше ни пола ден да установам што е точно проблем, да набавам делови и да ја оправам плочата, а колку си наплатив, тоа јас си знам Зеленко





Што ми е подобро, да си фатам некоја ваква работа, или да си трошам нерви на кинески мобилни со надеж дека делот што го вградувам 2 саата е исправен и нема да треба пак да ја повторувам процедурата?
Поентата е, исплатливо е да се поправа нешто вакво и тоа на саглам начин. Сега се земам сам себе за пример, половен T-Con чини 200 долари, и тоа половен, не нов. Чипот е 60 евра, кабелот уште толку.. ТВ-то не вреди толку, но немам пари за нов, а богами ни потреба. Единствена опција ми е да платам на некого 3-4000 да ми го среди како што треба, или сам да го средам. И нормално дека би платил мајстор кога не би имал друг излез или некакво познавање. Излезе дека сепак се исплати на крај, не потрошив ни 500 денари за делови, а ја завршив работата како што треба и плус научив нешто. И да платев некои 3-4000 за поправка, пак ќе ми се исплатеше.  Зеленко

Плус нешто што забележав и ме мотивираше да си го поправам тв-то, сестра ми зема ново самсунг телевизорче за некои ~20000, и ептен сум разочаран од квалитетот на истиот, бледи испрани бои, никакви функции, горе долу истите што ги имам на мојот, а башка и помал, 32инчи. Во денешно време секој кој бара да купи нов телевизор а ги разбира работите малку од малку, ќе сфати дека испод 500 евра нема саглам телевизор, а не секој може да фрли толку пари за тв.
« Последна промена: 22 Април 2016, 12:09:27 од Danielco » Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #27 пратена : 22 Април 2016, 22:56:26 »

Да да, јасно, и јас го користам Кинескиот RMA-223 Зеленко. За парите, не е лош Шмекерко, си брка работа Шмекерко.

NC-559 го немам користено, но и јас планирав да го пробам, и јас имам прочитано на неколку места дека е добар Шмекерко.

А тоа дека RMA-223 фаќа кори и испарува, не е ништо ново, и калафониумот испарува ако гледаме така на работите Шмекерко. Затоа ставаш малку повеќе, за да има што да испарува Зеленко, и потоа, откако ќе се олади чипот и плочката, го бришеш остатокот со влажно марамче Шмекерко.

А за графичката што си правел reflow, додади и дополнително ладилно тело и да видиш дали ќе откаже Шмекерко... или ако е со активно ладење и има PWM контрола за брзина на кулерот, одлеми го пинот за PWM, цело време нека тера на full speed и нема да има проблем Шмекерко. Бучи, ама не откажува Шмекерко.

Добро, во право си и за тоа што пиша, можеби никој ми нема вратено бидејќи не бил задоволен од тоа како сум ја направил картицата Зеленко. Но, од друга страна пак, сум правел и за пријатели и роднини, а со нив, кога тогаш, ќе се видиш, баш сум прашувал како тераат ваквите поправки (ме интересирало) и сите ми имаат кажано дека по reflow на картиците, немало проблем. Се разбира, они можеби и не знаат што сум правел, само сум прашал дали има сега проблем со картиците, никој не ми се пожалил, баш напротив секогаш сум добивал одговор „супер, топ си тера“. Јас врз база на ова искуство го пишав тоа „никогаш не ми вратиле назад картица“ Шмекерко.

А за мобилниве телефони, пишав дека има работа и, од она што јас го имам разбрано, има пари во тоа. Тргнав по проста логика дали е тоа вистина или не: ако нема пари во тоа, зошто има толку сервиси за мобилни телефони Шмекерко. За разлика од тоа, сервиси за уреди за домаќинство и бела техника има се помалку и помалку.

А дека е се поисплатливо да се работи на електроники за мотори или коли, да и тоа е вистина, не поради друго, сервисерите за машинскиот дел појма немаат од електроника Зеленко, така да, тука може многу убава пара да извадиш Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #28 пратена : 06 Мај 2017, 17:07:10 »

Дечки, само да известам дека телевизорот сеуште си работи беспрекорно и тоа без никаков ладилник Зеленко ме мрзеше да му монтирам Зеленко

Плус, како што гледам, тешко може да се најде софтвер за овој телевизор, затоа што и самиот чип е малку комплициран, TSOP48 па решив сам да го исчитам и да го поставам овде, можеби на некого некогаш ќе му заврши работа Смешко

Чипот е ATMEL AT49BV802AT TSOP48 IC 3001

Код:
http://www.mediafire.com/file/h9f53l36e5pb43t/Samsung_LE40M91BX-XEC_SP01_IC3001.BIN

Поздрав дечки, благодарам на потрошеното време и секое добро. Смешко

* Samsung LE40M91BX-XEC SP01 IC3001.7z (325 KB - преземено 0 пати.)
« Последна промена: 06 Мај 2017, 23:27:53 од GigaWatt » Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #29 пратена : 06 Мај 2017, 23:28:24 »

Со каков програматор го исчита EEPROM-от?
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Страници: 1 [2] 3   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: